Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

И покрај вакцината против ХПВ, стапката на рак на грлото на матката постојано расте

Анализа на д-р Џозеф Меркола

 

На кратко:

-Идентификувани се повеќе од 200 видови на хуман папиломавирус (ХПВ), а околу 40 од нив може да предизвикаат рак, вклучувајќи рак на грлото на матката, рак на пенисот, орален, вагинален, рак на вулвата и анален рак. Од нив, ракот на грлото на матката е најчестиот тип на рак поврзан со ХПВ во САД;

-Првата вакцина против ХПВ, Гардасил, беше лиценцирана во 2006 година. Вакцината беше величана како откритие што ќе ја намали стапката на рак на грлото на матката, но во реалниот свет, таа во голема мера не успеа. Оригиналната вакцина содржела четири соеви на ХПВ. Најновата верзија содржи девет;

-Од 2006 година, ракот поврзан со четирите видови на ХПВ вклучени во оригиналната четиривалентна вакцина се намали за 88% кај 14-19-годишните и 81% кај жените на возраст од 20 до 24 години;

-Меѓутоа, кога се гледа ракот на грлото на матката воопшто, сега има „вознемирувачки скок“ во стапките. Помеѓу 2001 и 2018 година, стапките на рак на грлото на матката се зголемија за 1,3% годишно. Примарната причина за овој континуиран пораст се чини дека е затоа што се зголемуваат канцерите поврзани со соеви кои не се од вакцините;

-Доказите сугерираат дека вакцинацијата против ХПВ ги прави жените поподложни, од нивните невакцинирани врсници, на ХПВ генотипови кои не се опфатени со вакцината. Значи, во суштина, жените кои ја примиле вакцината замениле еден ризик за друг.

 

 

 

Идентификувани се повеќе од 200 видови на хуман папиломавирус (ХПВ), а околу 40 од нив може да предизвикаат рак, вклучувајќи рак на грлото на матката, пенисот, оралниот, вагиналeн рак, рак на вулвата и анален рак. Од нив, ракот на грлото на матката е најчестиот тип на рак поврзан со ХПВ во САД. Некои видови се исто така одговорни за генитални брадавици.(1)

Деведесет проценти од ХПВ инфекциите поминуваат сами без третман, бидејќи добро функционирачкиот имунолошки систем ќе го држи вирусот под контрола. Меѓутоа, во ретки случаи, инфекцијата со високоризичен ХПВ кој останува нетретиран и неконтролиран може да се претвори во рак.

Во САД, 3% од сите видови на рак кај жените и 2% од ракот кај мажите се поврзани со нетретирана хронична ХПВ инфекција (2).  Бидејќи ХПВ инфекцијата ретко предизвикува симптоми додека не стане канцерогена, на жените им се советува да направат ПАП тест барем еднаш на секои три до пет години, со што ќе се идентификува присуството на ХПВ.

 

 

ХПВ вакцината не успеа да ја намали стапката на рак на грлото на матката

 

Во 2006 година, првата вакцина против ХПВ, Гардасил, беше лиценцирана; прво во Европа во февруари (3), а потоа во САД во јуни (4).  Вакцината беше поздравена како откритие што ќе ја намали стапката на рак на грлото на матката, но во реалниот свет, таа во голема мера не успеа. Кога Гардасил првпат беше воведен, истражувачката за ХПВ, д-р Дајан Харпер предвиде дека ќе бидат потребни 60 години вакцинација на најмалку 70% од сите 11-годишни девојчиња за да се намалат стапките на рак на грлото на матката во САД, поради многу успешниот ПАП тест во земјата.

Сега, речиси 17 години по воведувањето на вакцината, има „вознемирувачки скок“ во стапките на рак на грлото на матката (5) и покрај стапките на вакцинација високи до 80% (6), (иако стапките варираат во голема мера помеѓу полот и етничката група. Во 2019 година, 73% од тинејџерките примиле една доза, а 57% ги примиле двете дози во серијата) (7). Како што е објавено во изданието од декември 2022 година на Меѓународниот весник за гинеколошки рак (8):

„Во текот на последните 18 години [2001 до 2018 година], на 29.715 жени им беше дијагностициран карцином на грлото на матката во одмината фаза… При испитување на трендовите со текот на времето, имаше годишен пораст на ракот на грлото на матката во одмината фаза со стапка од 1,3% годишно. најголем пораст е забележан кај цервикалниот аденокарцином со просечна годишна процентна промена од 2,9%“.

 

 

Канцерите поврзани со соеви од вакцините се намалија

 

И покрај долготрајните прашања за нејзината ефикасност, медицинскиот естаблишмент сè уште ја прикажува вакцината против ХПВ како успешна, бидејќи ракот на грлото на матката поврзан со видовите на вакцината всушност се намали. Од 2006 година, ракот поврзан со четирите видови на ХПВ вклучени во оригиналната четиривалентна вакцина се намали за 88% кај младите од 14 до 19 години и 81% кај жените на возраст од 20 до 24,9 години, освен фактот дека само 14 случаи на рак на грлото на матката една година се јавувале кај жени на возраст од 15 до 19 години пред вакцината (10) (што значи дека падот од 88% не е толку импресивен), падот можеби не се должи целосно на вакцината, бидејќи стапките се намалени и кај невакцинираните жени.

Уште повеќе, кога се гледаат канцерите поврзани со ХПВ воопшто, без да се земе во предвид видот, стапките постојано се зголемуваат од воведувањето на вакцината. Како што објави Фондацијата Кајзер фамилија (KFF) во јули 2021 година (11),  „Ракот поврзан со ХПВ значително се зголеми во изминатите 15 години (12) – во 2015 година, 43.000 луѓе развија рак поврзан со ХПВ во споредба со 30.000 во 1999 година“. Зголемени се и оралните и аналните карциноми поврзани со ХПВ инфекцијата. Додека ракот на грлото на матката порано беше најраспространет рак поврзан со ХПВ, оралните карциноми сега се најчести (13).

 

 

ХПВ вакцината го зголемува ризикот од рак од други ХПВ

 

Примарната причина за овој континуиран пораст се чини дека е затоа што се зголемуваат канцерите поврзани со соеви кои не се содржани во вакцините. Навистина, новите докази сугерираат дека вакцинацијата против ХПВ ги прави жените поподложни од нивните невакцинирани врсници на генотипови за ХПВ кои не се опфатени со вакцината (14). Значи, во суштина, жените кои ја примиле вакцината штотуку замениле еден ризик за друг. Како што пренесува Medscape (15):

„Податоците доаѓаат од испитувањето за ХПВ вакцината во Костарика (16), во кое учествуваа повеќе од 10.000 жени на возраст од 18-25 години. ХПВ вакцината користена во испитувањето беше Cervarix, од Глаксо Смит Клајн. Таа ги опфаќа двете водечки причини за рак на грлото на матката, ХПВ 16 и 18 и обезбедува делумна заштита од три други генотипови. По следење од 11 години, меѓу вакцинираните жени, имаше зголемување на преканцерозни цервикални лезии предизвикани од генотипови кои не се вклучени во вакцината, што резултираше со негативна ефикасност на вакцината за тие ХПВ варијанти…

Резултатите веројатно се прв доказ за ‘клиничко демаскирање’ со вакцинација против ХПВ, што значи дека заштитата од видовите покриени со вакцината ги остава жените посклони кон напади од други канцерогени ХПВ варијанти. Овој феномен ‘може да го ублажи долгорочното намалување на болеста со висок степен по успешното спроведување на програмите за вакцинација против ХПВ’, коментираат истражувачите. Пораката од испитувањето е дека ‘мораме да бидеме внимателни’, рече д-р Марк Стебен, копретседател на HPV Global Action и професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Монтреал“.

 

Феноменот на замена

 

Овој „феномен nа замена“ е токму она што се случи со пневмококната вакцина, поради што компаниите за вакцини беа принудени да продолжат да додаваат нови соеви во вакцината.

Истото сега се случува и со ХПВ вакцината. ХПВ16 и ХПВ18 историски се одговорни за околу 70% од случаите на рак на грлото на матката (17) поради што овие два вида, плус ХПВ6 и ХПВ11, беа вклучени во оригиналната четиривалентна вакцина – Гардасил, пуштена во употреба во 2006 година. Во декември 2014 година, Gardasil беше ажурирана, за да вклучи пет дополнителни видови – HPV 31, 33, 45, 52 и 58 –  вкупно девет, за рак на грлото и анусот, како и повеќето генитални брадавици. (Cervarix, друга вакцина против ХПВ, е достапна во Европа и во други делови на светот, но од 2017 година, Gardasil®9 е единствената ХПВ вакцина одобрена за употреба во САД.)

 

Сериозните несакани реакции сè уште се деградираат

 

Додека медицинскиот естаблишмент тврди дека Гардасил е безбеден и има малку несакани ефекти, значителен број млади девојки и момчиња биле сериозно повредени во текот на годините. Сериозните несакани реакции пријавени во Системот за известување за несакани настани од вакцините (VAERS), во врска со Гардасил  вклучуваат, но не се ограничени на следниве сосотојби (19):

 

Анафилакса;

Гилен-Баре синдром;

Попречен миелитис (воспаление на ‘рбетниот мозок);

Панкреатитис;

Венски тромбоемболични настани (згрутчување на крвта);

Автоимуно иницирано заболување на моторните неврони (невродегенеративно заболување кое предизвикува брза прогресивна мускулна слабост);

Мултиплекс склероза (МС);

Ненадејна смрт.

 

Сите овие несакани ефекти се признати од FDA (20) и се вклучени во упатството на Gardasil. Покрај овие, во него се наведени и (21):

Нарушувања на крвта и лимфниот систем како што се автоимуна хемолитична анемија, идиопатска тромбоцитопенична пурпура и лимфаденопатија;

Белодробна емболија;

Артралгија и мијалгија (мускулно-скелетни нарушувања  и  нарушувања на сврзното ткиво);

Нарушувања на нервниот систем како што е акутен дисеминиран енцефаломиелитис.

 

 

Откриен е безбедносен сигнал за предвремена оваријална инсуфициенција

 

Според студијата (22) објавена во јули 2020 година, во анализата на податоците од VAERS, исто така, откри непропорционален број на извештаи за предвремена оваријална инсуфициенција (ПОИ) и поврзани проблеми, вклучувајќи аменореа (отсуство на менструација), неправилни менструации, зголемен фоликуло-стимулирачки хормон (FSH) и предвремена менопауза. POI (23) е кога јајниците на жената престануваат да работат нормално пред да наполнат 40 години, што ги намалува нејзините шанси за забременување. Тоа, исто така, го зголемува нејзиниот ризик за анксиозност и депресија, одредени болести на очите, срцеви заболувања, хипотироидизам (ниска функција на тироидната жлезда) и остеопороза (ниска густина на коските). Според авторите (24):

„Сигналот е откриен со методите на Bayesian Confidence Propagation Neural Network (BCPNN) и Multi-item Gamma Poisson Shrinker (MGPS). Кога двата методи открија позитивен резултат, беше генериран сигнал. Покрај тоа, мапата за временско скенирање е нацртана врз основа на вредноста на IC и 95% CI на BCPNN, ако кривата IC покажа постојан нагорен тренд и 95% CI се стесни, сигналот беше стабилен и има силна асоцијација… Нашите резултати претставуваат само статистичка асоцијација помеѓу вакцината против ХПВ и настаните поврзани со POI, причинско-последичната врска треба дополнително да се испита“.

 

 

Се зголемува загриженоста за безбедноста на Гардасил

 

Со текот на годините, родителите сѐ повеќе се загрижени за безбедноста на Гардасил.

Според истражувањето од 2021 година (25), 23% од родителите кои одбиле вакцинација против ХПВ за своето дете во 2018 година навеле загриженост за безбедноста, во споредба со 13% во 2015 година. Нормално, лековите со текот на времето стануваат сѐ поприфатени бидејќи нивната безбедност се демонстрира во реалниот свет. Меѓутоа, не е така со Гардасил, што може да биде показател дека сѐ повеќе луѓе знаат или слушнале за млади кои страдаат од сериозни проблеми по вакцинацијата (26):

Животниот ризик за дијагноза на рак на грлото на матката кај жената е само 0,7%, така што тешко дека вреди да се преземат значителни ризици за да се избегне.

Факт е дека толеранцијата за штетата предизвикана од Гардасил треба да биде далеку помала отколку што е. Треба да биде екстремно ниска поради едноставниот факт дека вакцината се дава на совршено здрави деца и тинејџери чиј иден ризик да умрат од рак на грлото на матката е нула во моментот кога се дава, а само 2,2 на 100.000 до 58 години (27). Исто така, вреди да се напомене дека факторите на ризик за ХПВ инфекција кај младите жени се (28):

Рана возраст на сексуална активност;

Голем број на сексуални партнери;

Кратки интервали помеѓу различни партнери;

Употреба на хормонски контрацептиви;

Пушењето;

Исхрана со недостаток на одредени микронутриенти.

Значи, имајќи предвид дека главните фактори на ризик се модифицираните избори на однесување, зарем нема да има повеќе смисла да се охрабруваат младите жени да работат на избегнување на ризиците, наспроти едноставното сметање на вакцината за да ги заштити? Дополнително, животниот ризик од дијагноза на рак на грлото на матката кај жената е само 0,7%, така што тешко дека вреди да се преземат значителни ризици за да се избегне.

Прагот на толеранција за ризиците предизвикани од вакцините е дополнително намален со фактот што тоа е задолжително барање за посетување на училиште во некои јурисдикции, а е достапно без согласност од родителите во други.

Исто така, има многу докази кои покажуваат дека евтините ПАП тестови се најефективниот начин да се идентификува ХПВ инфекцијата и со нејзино лекување, да се спречи нејзиното претворање во рак.

 

 

Мерк обвинети за измама при тестирањето на безбедноста на Гардасил

 

Има и други причини да се сомневаме во безбедноста на Гардасил.

Според Роберт Ф. Кенеди Џуниор, Мерк извршиле измама во нивното  тестирање за безбедноста со:

Тестирање на Gardasil против токсичен плацебо и

Прикривање на 2,3% инциденцата на автоимуна болест која се јавува во рок од седум месеци од вакцинацијата.

 

Табела 1 во упатството  на Gardasil (29) ги разгледува повредите од вакцината на местото на инјектирање. Тоа покажува дека Гардасил бил даден на 5.088 девојчиња; уште 3.470 го примиле контролниот, аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат (AAHS) – невротоксичен алуминиумски адјувант за вакцина кој е поврзан со многу сериозни повреди од вакцините во медицинската литература. AAHS е исто така адјувантот што се користи во Gardasil, така што тоа тешко дека е  разумна контрола. Тие во основа ја тестираа целосната вакцина против нејзината најтоксична компонента. Третата група, составена од 320 лица, добила соодветно плацебо (солен раствор). Во контролните групи Gardasil и AAHS, бројот на повреди беше прилично близок; 83,9% во групата Gardasil и 75,4% во контролната група AAHS. Во меѓувреме, стапката на повреда (повторно, поврзана само со повреди на местото на инјектирање) беше значително помала и изнесуваше 48,6%.

Табела 9 од упатството на вакцината е „Резиме на девојчиња и жени на возраст од 9 до 26 години кои пријавиле инцидентна состојба потенцијално индикативна за системско автоимуно нарушување по запишувањето во клиничките испитувања на Gardasil, без оглед на каузалноста“. Овие состојби вклучуваат сериозни системски реакции, хронични и изнемоштувачки нарушувања и автоимуни болести. Сега одеднаш, има само две колони, а не три како што е прикажано за повредите на местото на инјектирање. Колоната што е изоставена е онаа на плацебо групата со солен раствор. Според Кенеди, Мерк вешто ги сокрил опасностите од Гардасил со комбинирање на плацебо групата (солен раствор) со алуминиумската контрола, а со тоа ги намалува несаканите ефекти пријавени во контролите. Гледајќи ги ефектите пријавени во двете групи, 2,3% од оние кои примале Gardasil пријавиле ефект од оваа природа, како и 2,3% од оние кои примале AAHS (алуминиум) контрола или плацебо со солена вода. Истиот точен сооднос на штета е пријавен во двете групи, што прави да изгледа како Gardasil да е безопасена вакцина.

Во реалноста, на огромното мнозинство од контролите им била дадена токсична супстанција и тие не ни кажуваат колку од оние кои примале навистина инертна супстанција ги развиле овие системски повреди. Сепак, можеме да извлечеме некои образовани претпоставки, гледајќи како односот на повредата на местото на инјектирање помеѓу Gardasil и алуминиумската група биле слични. Накратко, употребата на Мерк на AAHS, невротоксичен алуминиумски адјувант наместо биолошки неактивен плацебо, ефикасно го поништува  тестирање за безбедност пред лиценцирање на Gardasil.

 

 

Алуминиумот може да предизвика изнемоштувачки здравствени проблеми

 

Употребата на алуминиум (AAHS) во Гардасил и неговите катастрофални ефекти врз здравјето, исто така беше посочена во судски случај од јануари 2019 година (Џенифер Роби против Мерк и Кајзер Перманенте).

Кенеди беше еден од вештаците во овој судски процес. Како што информираа од Детската здравствена одбрана (CHD) тогаш (30):

„… Пол Пенок од Вајц и Луксенберг… презентираше  50-минутна слајд презентација, во која се демонстрираше како супермоќниот аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат (AAHS) на Gardasil прекумерно го стимулира имунолошкиот систем на примателите на вакцини,  доведувајќи ги во автоимуни состојби во кои нивната имунолошка одбрана почнува да ги напаѓа сопствените органи во нивните тела. Овој ‘автоимун процес’ предизвикува каскада од болести кои, во случајот на Џенифер Роби, резултираа со оштетување и влошување на различни системи на органи низ нејзиното тело. Жртвите како Џенифер се исцрпени додека телото се бори против болеста на повеќе фронтови.

Пенок објасни дека производителите на вакцини додаваат алуминиумски адјуванти … за да предизвикаат имунолошки одговор, надевајќи се дека ќе го продолжат краткорочниот имунитет што инаку го обезбедуваат повеќето вакцини. Меѓу вакцинолозите, аксиоматично е дека времетраењето на имунитетот директно корелира со токсичноста на адјувантот; колку е потоксичен адјувантот, толку подолго трае имунитетот.

Промоторите на Gardasil ветуваа доживотна заштита и им требаше супер токсичен адјуванс кој ќе го обезбеди ова невидено ниво на заштита. На крајот на краиштата, Мерк им ветуваше на регулаторите, педијатрите и јавноста дека инокулациите дадени на девојчиња од 9-12 години ќе обезбедат имунитет против релативно редок рак кој обично не убива до 58-та година!“

 

Колку и да изгледа лудо, AAHS никогаш не бил тестиран за безбедност од владата или Merck. Меѓутоа, независните студии на животни покажаа дека животните како што се глувците и овците, кога се изложени на алуминиумски адјуванти во концентрации споредливи со она што се користи во човечките вакцини, „развиваат чудни модели на однесување и заболувања кои наликуваат на автоимуни болести“, забележаа од CHD (31).

 

 

„Измамнички приказни“

 

Кенеди, исто така, одржа презентација пред судот, „опишувајќи ја парадата на измамнички приказни кои ги составија со клиничките испитувања на Мерк“, беше објавено од CHD.

Покрај користењето на токсични AAHS адјуванти како „плацебо“, други измамнички трикови вклучуваа и чистење на студиската група од учесници кои имаа сензитивност, ранливост на вакцината или на која било од нејзините состојки. Притоа, тие ефикасно ги маскираа ефектите што првенствено би се случиле кај одредени ранливи подгрупи. Субјектите на студијата исклучени од испитувањето ги вклучуваа оние со алергии, имунолошки или нервни нарушувања, четири или повеќе сексуални партнери, генетски ранливости на која било позната болест (вклучувајќи рак) и оние со општи инфекции, историја на злоупотреба на алкохол или дрога и/ или сериозна или хронична болест.

Проблемот, се разбира, е што децата не се претходно проверени за ниту една од овие ранливости пред да ја добијат вакцината. Во реалноста, секој со една или повеќе од овие состојби не треба да добие Gardasil врз основа на фактот дека никогаш не бил проучувана кај некој со овие состојби. Таа е тестирана само на најздравите можни деца.

„Дури и овие измами не можеа да го сокријат хаосот предизвикан од Гардасил“, напиша CHD (32). „Кенеди ги презентираше на судот, податоците од упатството на Мерк, кои покажуваат дека 2,3% од девојчињата кои ја примале вакцината се пожалиле на симптоми на автоимуна болест во рок од 7 месеци“. Со оглед на тоа што ракот на грлото на матката убива само 1,5 Американци на секои 100.000, тој истакна:

Сопствените податоци на Мерк покажуваат дека шансите за добивање на автоимуна болест од оваа вакцина се 1.000 пати поголеми од ризикот од смрт од рак на грлото на матката. Не само што неверојатни 50% од испитаниците и во студиската група и во групата со ‘засилено плацебо’, доживеале сериозен несакан настан во текот на седумте месеци од испитувањето, стапките на смртност кај девојчињата во студијата всушност биле енормно поголеми. Имено, стапката на смртност кај девојчиња, за време на клиничките испитувања (85/100.000) била 37 пати поголема од стапката на смртност од рак на грлото на матката! Вродените дефекти кај децата зачнати во текот на периодот на студијата беа 5 пати поголеми од оние на контролната група и спонтаните абортуси беа двојно зголемени во однос на основните стапки. Репродуктивните проблеми кај вакцинираните девојчиња беа 10 пати поголеми во однос на нормалните стапки. Конечно, сопствените податоци на Мерк покажаа дека администрирањето на вакцината Гардасил кај девојчињата кои претходно биле изложени на ХПВ всушност го зголемува нивниот ризик од развој на преканцерозни лезии (или уште полоши) за речиси 45%“.

За уште повеќе детали за тоа како Мерк ги наместил своите испитувања на Gardasil, видете ја мојата статија од 2018 година, „Шокантните недостатоци во дизајнот на клиничките испитувања  за Гардасил, ја спречува проценката за безбедноста“, објавена на LewRockwell.com (33).

 

 

Внимателно измерете ги ризиците и придобивките пред да се вакцинирате

 

На крајот, дури и ако Гардасил е одговорен за намалување на стапките на одредени видови на рак поврзани со ХПВ, негативните ефекти, според мене, сè уште ја надминуваат таа придобивка. Бр. 1, станувате посклони кон други ХПВ инфекции, кои исто така можат да предизвикаат рак, а бр. 2,  си играте руски рулет со вашето здравје и на краток и на долг рок, бидејќи многумина доживуваат сериозни несакани ефекти од AAHS во вакцината. Верувам дека на тинејџерките и на жените им е многу подобро да прават редовни ПАП тестови и едноставно да ја третираат секоја пронајдена инфекција.

 

Автор: д-р Џозеф Меркола

Референци:

 

1, 2 Cancer.gov HPV
The Pharma Letter February 10, 2006
FDA.gov, Gardasil Vaccine
5, 6 Medscape September 7, 2022
7, 9, 11, 13, 17, 18 KFF July 12, 2021
International Journal of Gynecological Cancer December 1, 2022; 32(9)
10 Obstet Gynecol. 2012 Nov; 120(5): 1117–1123
12 CDC MMWR August 24, 2018; 67(33): 918-924
14, 15 Medscape June 21, 2022
16 The Lancet Oncology July 1, 2022; 23(7): 940-949
19, 20 FDA Gardasil Vaccine Safety August 20, 2009
21, 29 FDA.gov Gardasil Vaccine Insert
22, 24 Sci Rep July 2020; 10(1): 10762
23 Medline Plus POI
25 Cancer.gov October 22, 2021
26, 30, 31, 32 CHD January 29, 2019
27 Cancer.gov Cervical Cancer Stats
28 Epidemiology and Transmission Dynamics of Genital HPV Infection. Vaccine. March 2006
33 Lew Rockwell October 1, 2018

Повеќе за ХПВ вакцината:

 

Нова студија открива дека вакцините за ХПВ предизвикуваат сериозни нарушувања на нервниот систем

 

 

 

25 причини да се одбие вакцината Гардасил