Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ: Смртоносната причина заради која парацетамолот треба да се отстрани од пазарот

 

Tylenol, заштитена форма на хемикалија позната како ацетаминофен или парацетамол, е еден од најчесто користените лекови против болки во САД и светот денес, но исто така е и едna од најопасните. На пример, речиси 500 умираат, а 30.000 се хоспитализирани секоја година во САД како резултат на добро воспоставените, но ретко дискутирани токсични ефекти. – објавено на Greenmedinfo.com

 

 

 

Рекламирани од Johnson & Johnson првенствено за олеснување на болката и треската (вклучувајќи ги и високо ранливите популации како што се доенчињата и децата), малкумина потрошувачи се свесни за вистинскиот степен на ризиците што ги носи, како што е документирано од сѐ поголем број биомедицинска и клиничка литература, но и кои побезбедни, природни алтернативи може да постојат.

На пример, една статија од 2017 година објавена во Journal of Hepatology со наслов, „Јавно здравје: Хепатотоксичност на ацетаминофен (APAP) – не е ли време APAP да замине?“, ја резимира алармантната природа на проблемот со токсичноста на парацетамолот на следниов начин:

„Ацетаминофенот (APAP) е најчесто користениот лек за третман на болка и треска низ целиот свет. Во исто време, APAP е способен да предизвика хепатоцелуларна некроза (поврзана со дозата), одговорна за речиси 500 смртни случаи годишно само во САД, како и 100.000 повици во Американскиот центар за контрола на отрови, 50.000 посети на Итна помош и 10.000 хоспитализации годишно. Како производ без рецепт и на рецепт (со опиоиди), токсичноста на АПАП ги надминува сите други лекови на рецепт како причина за акутна хепатална инсуфициенција во САД и Европа, но не е регулирана на некој значаен начин“.

Во написот се истакнува дека ацетаминофен (APAP) е „токсин поврзан со дозата“ и дека таканаречената токсичност на АПАП е причина за 46% од целокупната акутна хепатална инсуфициенција во САД и помеѓу 40-70% од сите случаи во Велика Британија и Европа. Земени заедно, ова го надминува бројот на смртни случаи поврзани со акутна хепатална инсуфициенција (АЛФ) што произлегува од сите лекови на рецепт заедно, како што можете да видите на следниот графикон.

 

 

Според прегледот, ацетаминофен е производ со вредност на пазарот од повеќе милијарди долари, но и покрај тоа што има репутација дека е исклучително безбеден и има мал регулаторен надзор од FDA бидејќи е лек без рецепт, тој е сепак е „смртоносен“.

Препознавањето на овој факт започна пред половина век, бидејќи лекот стана поврзан со обиди за самоубиство, од кои многу беа успешни. Еден уредник на Лансет од 1975 година мислеше: „Сигурно е дојдено време да се замени парацетамолот [синоним за ацетаминофен] со ефективен аналог кој не може да предизвика оштетување на црниот дроб“. (1)

Во 2016 година, групната тужба со над 100 тужители, која вклучува тврдења дека Тајленол предизвикал оштетување на црниот дроб и смрт, беше спогодбено решена од Мекнил (дел од Џонсон и Џонсон). Како резултат на тужбата, беше откриено дека FDA и McNeil/Johnson & Johnson го одложиле спроведувањето на предлозите за подобрување на безбедноста на ацетаминофенот и покрај неговите добро познати штети. (2)

 

 

Дали парацетамолот треба да се класифицира како невротоксична хемикалија со психијатриски ефекти?

 

Иако штетните ефекти од Tylenol на црниот дроб се оние кои најчесто се препознаваат од страна на медицинската заедница, се чини дека малкумина се свесни за акумулираното истражување кое покажува дека употребата на парацетамол има сериозни невролошки и психијатриски влијанија, вклучително и придонес во нарушувањата од спектарот на аутизам, ризично однесување, нарушување на  вниманието (attention deficit disorder) и затапување на емоционалните одговори, вклучително и намалување на човечката емпатија (на пр. рамен афект).

Сите овие можни последици детално се документирани во следниве написи, кои можете дополнително да ги истражите на линковите подолу:

Нарушување со дефицит на внимание,  хиперактивност и парацетамол

Однесување со преземање ризик и парацетамол

Намалување на емпатијата и парацетамол: Студија 1

Намалување на емпатијата и парацетамол: Студија 2

Она што треба да се истакне е дека во студиите за преземање ризик и намалување на емпатијата, единечна доза од 1.000 mg ги предизвика овие негативни невробиолошки и психијатриски ефекти. Ова е крајно загрижувачко и веројатно покажува колку е исклучително токсична оваа хемиска класа; особено затоа што ефектите на  парацетамолот за затапување на болката и емоциите всушност може да ја намали свесноста на корисникот за  штетните ефекти од него.

 

 

 

Кои природни алтернативи, засновани на докази, постојат за да се спречи токсичноста од парацетамолот или со кои може целосно да се замени?

 

Постојат голем број на супстанции кои се проучувани за да се спречат или ублажат негативните ефекти од токсичноста на парацетамолот. Всушност, истражувачката заедница проучи над 125 природни супстанции кои може да го постигнат ова, можете да видите многу примери за ова во базата на податоци на  GreenMedInfo за токсичноста на параетамолот овде.

На Greenmedinfo.com, исто така, собрале голем број на студии за природни супстанции кои се истражувани од научната заедница како можни алтернативи на лекови против болки како што е Tylenol. Следниве три природни супстанции се проучувани во споредба со Tylenol и беше откриено дека споредбата е во корист на овие супстанци:

Внесување на формулација од куркума-босвелија (1.000 mg на ден во тек на 7 дена)

Конзумирање семе од сусам (40 грама на ден во рок од два месеци)

Локална апликација на масло од црно семе (1 милилитар масло од црно семе се нанесува на зглобот на коленото 3 пати на ден на секои 8 часа во тек на 3 недели).

Има многу поширок опсег на студии достапни за природни алтернативи засновани на докази за лековите како ибупрофен, уште еден високо токсичен (конкретно, штетен за срцето) лек, од кои шест може да се прочитаат овде: „6 Природни алтернативи на ибупрофен поддржани од клинички истражувања“.

Аспиринот, кој исто така неодамна падна од пиедесталот бидејќи повеќе не се препорачува за примарна превенција од срцев удар, е проучуван заедно со екстракт од кора од бор, кој изгледа супериорен на повеќе начини. Можете да дознаете повеќе за оваа можна алтернатива на аспирин овде: „Моќната алтернатива за аспирин за која вашиот лекар никогаш не ви кажал“.

 

 

Подалеку од апчиња, хемиски или други

 

Без разлика какви здравствени состојби може да имате,  решавањето на истите треба да е фокусирано на основната причина. Во 9 од 10 случаи, модификацијата на исхраната и промените во животниот стил, како што се повеќе вежбање и позитивна поставеност на умот, ќе бидат многу поефикасни во подобрувањето на нечија благосостојба, среќа и целокупното здравје отколку да голтнете полна рака со витамини или да се обложите на магични пилули, без разлика дали се „нутрацевтски“ или фармацевтски.

Ако имате болка, вашето тело ви испраќа јасна порака дека работите треба да се променат. Симптомот не е непријател, освен ако не го третирате на тој начин, и на крајот сите ние сме на свои индивидуални здравствени патувања и треба да ги откриеме вистинските причини – некои физички, некои емоционални, а некои духовни – за она што нѐ мачи.

Ако сакате да дознаете повеќе за пристапот на Сајер Џи (основачот на Greenmedinfo.com), прочитајте ја неговата книга REGENERATE: Unlocking Your Body’s Radical Resilience with the New Biology.

 

Референци:

1. 26. Lancet Editorial (unsigned) 1975 Dec 13;:1189.

2. 2015, Propublica, “Johnson & Johnson Emerges Victorius in Lawsuit on Tylenol’s Risks“.

 

 

Автор: Сајер Џи

Sayer Ji е основач на Greenmedinfo.com, рецензент во International Journal of Human Nutrition and Functional Medicine, ко-основач и извршен директор на Systome Biomed, заменик-претседател на одборот на Националната здравствена федерација, член на Управниот одбор член на глобалната анти-ГМО фондација

Извор: Greenmedinfo

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.