Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Прашања – упис првачиња

Прашање: На објавениот список за запишани првачиња го нема името на моето дете. Како треба да постапам?
Прашање: Добив писмено известување дека моето прваче нема да биде запишано во училиште. Како треба да постапам?

 

Одговор:

Најпрво, доколку до 15 јуни не бидат истакнати списоци за запишани првачиња или не добиете писмено известување (зависно од праксата на училиштето), родител би требало да пријави до Државниот Просветен Инспекторат за истото. Тоа не е ништо сложено, може како било да составите претставка. Само наведувате име на училиште и кажувате дека до законскиот рок, 15 јуни не се објавени списоци за запишани првачиња.

Доколку вашето прваче го нема на список на запишани првачиња или пак на писмено сте добиле известување за незапишување, можете да поднесете Приговор до градоначалник, односно Комисија формирана од него. Рокот за ова е 8 календарски дена од објавување на списоци или 8 календарски дена од прием на известување од училиштето до родителот, доколку се добие вакво известување. Но, сепак, не чекајте краен рок, реагирајте бргу.
Одберете кој документ е погоден за вас (зависно на кој начин сте известени), пополнете го и однесете го во Архива на општината во 2 примероци. Едниот заверен примерок е за вас и го чувате.

Доколку имате проблем или поради специфичностите од случај до случај, контактирајте нѐ на страницава или пишете на е-пошта: info@odnaszanas.com.

Приговор_до_општина_за_незапишано_дете_списоци

Приговор_до_општина_за_незапишано_дете_писмено_известување