Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Прашање: Ги подготвив сите документи кои се бараат согласно Закон, но надлежните не ги примија со усно образложение дека потврдата за вакцинален статус не содржи една или повеќе вакцини. Што треба да направам?

Одговор: Во однос на оваа прашање, постојат 2 опции:

1) Да им ги испратите документите во 1 (еден) примерок по пошта како препорачана пратка со која имате доказ за доставени документи во законскиот рок кој е месец мај. Понатамошниот тек на настаните ќе се одвива зависно од реакцијата на училиштето. Доколку не бидат примени документите, мора да ве известат на писмено зошто е тоа така. Во тој случај контактирајте нѐ.

2) Кога ќе одбијат да ги примат документите и да го тестираат вашето дете, можете да појдете во Архива и да им доставите БАРАЊЕ ЗА УПИС во 2 (два) примероци. Еден архивиран примерок е за вас кој го чувате како доказ. Доколку евентуално не сакаат да го примат ова барање иако се должни да го сторат тоа, повторно можете и него да го испратите по пошта како препорачана пратка во 1 (еден) примерок заедно со потребните документи за упис на детето кои ќе ги наведете како прилог кон барањето.

БАРАЊЕ-ЗА-УПИС-ВО-УЧИЛИШТЕ

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.