Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Како првата вакцина за полио беше направена

 

Д-р Џозеф Меркола даде одличен опис на тоа како оригиналната вакцина против полио беше направена, но и ефектите од неа предизвикани од самиот процес на производство и нејзината апликација..Дали денешното производство на вакцини се разликува од тогашното?

 

На кратко:

  • Во текот на 1950-тите, инактивираната полио вакцина создадена од Џонас Салк беше направена со помош на резус мајмуни  кои беа заразени со симиан вирус 40 (SV40), мајмунски вирус кој подоцна беше поврзан со рак кај луѓето.
  • Додека вакцината против детска парализа на Салк се сметаше за медицински триумф на своето време, нејзиниот процес на производство вклучуваше употреба не само на мајмунски бубрези контаминирани со вирус, туку и на токсични соединенија како што се азбест и формалдехид.
  • Откако започна масовната вакцинација, се појавија извештаи за парализа и смрт, а неправилно инактивираната вакцина ослободи жив вирус во 100.000 дози.
  • SV40 е поврзан со рак кај луѓето; туморите на мозокот и мезотелиомите се чини дека се најчестите тумори поврзани со SV40, со некои студии кои покажуваат стапка на позитивност до 60%
  • Промоторите на SV40 се откриени и во mRNA инјекциите за COVID-19

 

Во текот на 1950-тите, инактивираната вакцина против детска парализа создадена од Џонас Салк била направена со помош на резус мајмуни кои биле инфицирани со симиан вирус 40 (SV40), вирус на мајмун, кој подоцна беше поврзан со рак кај луѓето.

Од 1955 до 1963 година, стотици милиони луѓе ширум светот, во Северна и Јужна Америка, Канада, Европа, Азија и Африка – ги примија вакцините, кои во тоа време беа најавувани како медицински пробив. Во архивираното видео од 1956 година погоре, можете да видите пропагандно парче од таа ера, што покажува како е направена несреќната вакцина.

„Малкумина тогаш сфатија дека овие вакцини исто така може да бидат огромен, ненамерен, неконтролиран експеримент за пренос на вируси меѓу видовите“,  забележа напис од 2004 година во The Lancet.

 

 

Пропагандата од 1950-тите открива како е направена вакцината против детска парализа

 

Додека вакцината против детска парализа на Салк се сметаше за медицински триумф на своето време, нејзиниот процес на производство остава многу да се размислува.

„Добредојдовте во модерната вакцинација. Ненамерно ненаучен процес заснован на лудо варварство, преполн со измами и огромно надменост“, напиша Инверзионизм на X, поранешен Твитер (5). Истражувачкиот новинар го детализираше процесот на производство на вакцината против детска парализа наведен во видеото како што следува:

„1. Сите стаклени садови ставете ги во топла парна бања или стерилизирајте ги.

2. Увезете мајмуни Macaca mulatta од Индија за експериментите.

3. Подгответе смеса наречена ‚Медиум 199‘ – која содржи 2% телешки серум, 200 единици/мл пеницилин, 200 г/мл дихидрострептомицин и 50 единици/мл микостатин (нистатин Сквиб); pH на медиумот беше доведен до 7,0 со додавање на раствор на NaHCO3.

4. Еутанизирајте ги мајмуните, извадете ги нивните бубрези, а потоа ставете го бубрегот во туба и рачно иситнете го со ножици на мали парчиња.

5. Откако ткивото на бубрезите беше измерено и декапсулирано, тие го ставија ткивото во цевка за центрифуга каде што го измија во физиолошки раствор со фосфатно зајакнат салин  и го ставија во колба за трипсинизација. Ензимите на трипсин ги разградуваат протеините, кои потоа се центрифугираат на 800-1000 вртежи во минута за време од 10 минути за да се одвојат ткивото и клетките.

6. Бубрежните клетки потоа се мешаат со медиумот 199 и се инкубираат (ферментираат, скапуваат суштински) на 37C за 6-8 дена. До крајот на периодот од 6-8 дена, цевките беа покриени со ‚конфлуентен лист за клеточен раст‘.

7. Штом медиумот 199 ќе се исцрпи, половина се испушта за да се замени со свеж медиум 199.

8. Потоа за прв пат го додаваат ‚полио вирусот‘. 3 различни видови наводно, без други детали за изворот, процесот на изолација или определување на геномот.

9. Шишињата продолжуваат да се лулаат 4 дена во растворот култивирајќи, ферментирајќи, распаѓајќи се и потоа е подготвен за собирање.

10. Научниците потоа визуелно ги гледаат ампулите под микроскоп за да направат ‚титрационен тест‘ за да увидат колку жив вирус има во растворот, рачно броејќи ги честичките што би можеле да бидат СЀ. (многу научен метод …)

11. Следно е филтрацијата, најеклатантниот дел. Тие го филтрираат растворот прво преку порцелански филтри (ризик од тешки метали), а потоа преку ПОВЕЌЕ ЛИСТОВИ ОД АЗБЕСТОС за да се исцеди секое бубрежно ткиво или залутани бактерии. (Овој дел од процесот не е откриен во видеото, но е детално опишан во оригиналниот труд за процесот на вакцинација против детска парализа. Тие направија повеќе тривалентни базени со вакцини, при што некои имаат дополнителни адитиви како натриум бисулфит, заедно со парабени, познати за  канцерогени и ендокрини нарушувања).

12. Сега, на зајаци, мајмуни, заморчиња и кокошки им се инјектираат раствори од вакцина со ‚жив вирус‘ … за да се осигураат дека е без други патогени.

13. Сега ‚кулминацијата‘ на процесот како што го нарекуваат – деактивирање. Ова е местото каде што тие го мешаат растворот од вакцината со формалдехид, а потоа го оставаат да отстои со него 66-68 часа. Нараторот потоа урнебесно вели ‚тогаш она што останува може да направи само добро, може да им обезбеди на луѓето заштита од паралитична детска парализа. Непријателот на човекот сега може да стане негов слуга‘.

.14. Потоа процесот на масовна дистрибуција. Тие ги добиваат овие масивни резервоари и ги мешаат сите раствори, адјуванси, хемикалии и состојки за масовно производство и ‚конзервирање‘.

.15. Пред масовна администрација, тие прават неколку експерименти на глувци и мајмуни за да се осигураат дека вакцината создава доволно ‚антитела против детска парализа‘ кај луѓето.

16. Остатокот од процесот ги детализира различните ‚тестови‘ што ги прават додека се дистрибуираат вакцините, пред навистина да се вклучи пропагандата и да се покаже дека синот на претседателот Ајзенхауер ја прима вакцината против детска парализа“.

 

 

Парализирани деца, пријавени смртни случаи по вакцинацијата

 

До 1954 година, беше спроведена голема студија за вакцината на Салк против детска парализа, која опфати 1 милион деца. На 12 април 1955 година, Салк изјави дека инјекциите се безбедни и ефикасни. Покрај тоа што беше широко давана низ САД, до 1959 година веќе 90 земји почнаа да ја  користат . Но, имаше знаци на проблеми од самиот почеток.

Откако започна масовната вакцинација, некои испитаници останаа парализирани во екстремитетот каде што им беше аплицрана вакцината. Следеше отповикување на вакцини од две лаборатории поради пријава на 250 случаи со паразитско заболување.

„Имаше извештаи за парализа и смрт кај неколку деца“, објави Singapore Medical Journal. „Истражувањата покажаа дека неправилно инактивираната вакцина ослободила жив вирус во повеќе од 100.000 дози од вакцината“(9). Како што е објаснето во The Lancet:

„Кога Салк ја разви својата вакцина, наместо да користи човечки ткива, како што направија научниците кои добија Нобелова награда за првиот полио вирус  кој се размножува во култура на човечко ткиво, тој користеше мелени бубрези од резус макаки мајмуни, кои беа неверојатно ефикасни фабрики за полиовирус.

Оние кои се обидоа да ја заменат Салковата  инактивирана со формалдехид вакцина, со жива, атенуирана орална вакцина, исто така, користеа култури на бубрези од мајмуни. И покрај производствениот проблем кој, во најдобар случај, остави шест деца кои ја примиле вакцината парализирани во раката, и покрај загриженоста за дивите мајмунски вируси, вакцините на Салк беа прогласени за безбедни и ефективни по теренските испитувања во 1954 година.

Следната година, по присилното одобрување од скептичните владини регулатори, бесплатни Салкови вакцини  беа достапни низ САД. До 1960 година, научниците и производителите на вакцини знаеја дека бубрезите на мајмуните се плодна почва за мајмунските вируси“.

 

 

Американците не беа известени за мајмунските вируси во полио вакцината

 

Беше 1959 година кога покојната Бернис Еди, истражувач во Националниот институт за здравје, спроведе студија, инјектирајќи им на хрчаците супстрат од бубрег од резус мајмун што се користи за производство на вакцини против детска парализа. Поголемиот дел од нив развиле тумори.

„Надредените на Еди се обидоа да го премолчат откритието, но Еди ги презентираше своите податоци на конференција за рак во Њујорк. Таа на крајот беше деградирана и ја изгуби својата лабораторија“, објави Атлантик, но набргу потоа истражувачите од фармацевтската компанија Мерк го идентификуваа вирусот што предизвикува рак во бубрежните клетки на резус мајмуните и го нарекоа SV40, бидејќи тоа беше 40-тиот откриен вирус на мајмун.

Според Барбара Ло Фишер, ко-основач и претседател на Националниот информативен центар за вакцини, во презентација пред Претставничкиот дом на САД во 2003 година:

„За жал, на американскиот народ не му беше кажана вистината за ова во 1960 година. Залихите на контаминираната SV40 вакцина против детска парализа на Салк – никогаш не беа повлечени од пазарот, туку продолжија да им се даваат на американските деца до почетокот на 1963 година со целосно знаење на федералните здравствени агенции. Помеѓу 1955 и почетокот на 1963 година, на речиси 100 милиони американски деца им била дадена вакцина против детска парализа контаминирана со мајмунски вирус – SV40“.

 

 

Дали SV40 во вакцините предизвика рак?

 

Иако немаше „епидемија“ на карциноми што следеше по широката примена на вакцини против детска парализа контаминирани со SV40, што сугерира дека вирусот сам не може да ги предизвикува ракот, истражувачите забележаа дека „се чини дека е можно SV40 да делува како кофактор во патогенезата на некои тумори“. Како што понатаму е објавено во Oncogene, најмалку три независни научни панели се согласија дека „постојат убедливи докази дека SV40 е присутен кај некои човечки канцери и дека SV40 може да придонесе за патогенезата на некои од нив“. Се чини дека туморите на мозокот и мезотелиомите се најчестите тумори поврзани со SV40, со тоа што некои студии покажуваат стапка на позитивност до 60%.

На пример, истражувањето објавено во New England Journal of Medicine во 1992 година откри дека половина од туморите на хориоидниот плексус и повеќето проучувани епендимоми содржат сегмент од генот Т-антиген поврзан со SV40. „Овие резултати сугерираат дека SV40 или тесно поврзан вирус може да има етиолошка улога во развојот на овие неоплазми во детството“, напишаа истражувачите.

Во меѓувреме, во 2002 година, The Lancet објави докази кои покажуваат дека SV40 е значително поврзан со некои типови на не-Хочкин лимфом откако го откриле кај 42% од тестираните не-Хочкинови лимфоми. И во прегледот од 2004 година на тогаш достапните докази, беше истакнато:

„Убедливи докази сега покажуваат дека SV40 предизвикува инфекции кај луѓето денес и претставува нов патоген. Мета-анализа на молекуларни, патолошки и клинички податоци од 1.793 пациенти со рак покажува дека постои значителен вишок на ризик од SV40 поврзан со примарниот рак на мозокот на човекот, примарниот рак на коските, малигниот мезотелиом и не-Хочкиновиот лимфом“.

 

 

Што друго се крие во вакцините?

 

Додека контаминацијата на полио вакцината со SV40 се случи пред неколку децении, контроверзноста продолжува, како и потенцијалот за контаминирање на денешните вакцини.

Истражувањето на клеточниот и молекуларен биолог, д-р Џуди Миковиц, покажа дека многу од нашите вакцини се контаминирани со гамаретровируси. Како се случи ова? Накратко, вирусите од вакцините беа реплицирани и одгледувани во култури на животински клетки кои веќе беа контаминирани со ретровируси. Со други зборови, коренот на проблемот произлегува од употребата на контаминирани линии на клеточна култура, слични на проблемите со оригиналната вакцина против детска парализа.

Во меѓувреме, микробиологот Кевин Меккернан – поранешен истражувач и лидер на тимот за Проектот човечки геном на MIT — го процени составот на нуклеинска киселина на четири ампули со истечен рок на траење на mRNK инјекциите на Модерна и Фајзер за КОВИД-19. Откриена е „контаминација со ДНК што ги надминува барањата на Европската агенција за лекови (EMA) од 330 ng/mg и барањата на FDA од 10 ng/доза“.

Покрај спајк протеинот и гРНК, во вакцините за КОВИД-19, тимот на Меккернан откри промотори на SV40 . Меккернан објаснува дека во многу случаи, кога туморите се секвенционираат, откриено е дека содржат секвенци од SV40 и други вируси, кои можат да се интегрираат во вашиот геном, предизвикувајќи пореметувања и нестабилност што може да предизвика клеточната линија да расте надвор од контрола .

Во случајот на вакцините за  КОВИД-19, тој вели: „Грижата е ако оваа ДНК се интегрира во геномот,  аеден дел од секвенцата SV40 е промотор на SV40, многу силен промотор, што значи дека ја поттикнува транскрипцијата каде и да се допре до геномот.

Ако ова се случи да се допре пред прото-онкоген [ген кој има потенцијал да предизвика рак] и да поттикне голема експресија од познат ген, ако го хипер-експресирате и ја претворите клетката во канцерогена, тогаш постои загриженост дека ДНК-та всушност и го прави тоа“.

Меккернан и неговите колеги се обидоа да ја запознаат јавноста за промоторот и компонентите на SV40 во вакцините за КОВИД-19, но медиумите продолжуваат да се обидуваат да ги дискредитираат нивните наоди. Слично како што се случи со SV40 во оригиналните вакцини против детска парализа. Понатаму, поради тоа што промоторот и засилувачот SV40 се на прво место во вакцините за КОВИД -19, тој повторно е поврзан со медиумот за раст на плазмидот, кој во овој случај е E. coli.

Бидејќи многу типови на клетки продолжуваат да се користат како средства за раст за време на производството на вакцини, вклучително и  животински клетки од кокошки, кучиња, мајмуни, хрчаци и инсекти, како и клетките од бактерии или квасни габи, и вакцините продолжуваат да се пуштаат со брза постапка на пазарот – за научниците и производителите е поважно од кога и да било, да се осигураат дека третманот или превентивата не предизвикува повеќе штета отколку корист.

 

Автор: д-р Џозеф Меркола

 

 

 

 

 

 

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.