Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Како jавната политика за вакцините го нарушува правото на информирана согласност

Владата постојано ја лаже јавноста за важни прашања. Мејнстрим медиумите послушно служат за производство на согласност за криминални политики“. – Џереми Р. Хамонд

Јавната политиката за вакцините ја третира целата популација како субјекти на масовен неконтролиран експеримент – без нивна информирана согласност

 

Во мејнстрим дискусиите за предметот на вакцините, едно прашање кое никогаш не е директно поставено – е правото на информирана согласност. Ова право е едно од најфундаменталната етика во медицината, а сепак владата и медиумите го третираат како уникатно ирелевантно, кога станува збор за овој еден конкретен фармацевтски производ. Реалноста е дека јавната политиката за вакцините го подложува целото население на масовен неконтролиран експеримент, а легислативата за нивна потрошувачка претставува сериозна закана и за нашето здравје и за нашата слобода. Главните корпоративни медиуми, од своја страна, одбраа да ја преземат улогата на послушни  и верни на државата, на политичкото застапување, а не на новинарство.

Затоа ајде да го поправиме тој неуспех со сериозно разгледување на политиката за вакцините, во контекст на правото на информирана согласност. (Иако се фокусира првенствено на популацијата во САД, информациите што следат, исто така, важат за други земји.)

Несоодветноста на испитувањата за безбедност пред лиценцирање

 

Ние треба да веруваме дека на некој начин науката е „решена“ за вакцините. Но, тоа верување е апсурдно. Реалноста е дека постои бесконечна дебата и контроверзност во врска со вакцините во медицинската литература. Главните корпоративни медиуми дури и не допираат до површината, во известувањето за вакцините. Има безброј сериозни проблеми поврзани со вакцинацијата, за што јавноста нема идеја бидејќи здравствените работници и медиумите одбиваат да ги допрат. Медиумите само ги повторуваат истите рутински појдовни точки во буквално секое емитување или статија на оваа тема, плукајќи ја дезинформативната пропаганда, наместо образовните содржини.

Едно нешто што повеќето луѓе не знаат за вакцините – затоа што не им е кажано ниту од службениците за јавно здравје, ниту од големите медиуми, ниту од педијатрите или други лица кои работат во медицинскиот естаблишмент – е тоа што тие не се држат до истиот стандард како други фармацевтски лекови кога станува збор за безбедноста. Ние треба да веруваме како божествена вистина дека вакцините препорачани од страна на американскиот Центар за контрола на болести и превенција (CDC), биле опширно проучени и докажани како безбедни и ефективни. Но тоа не е точно. Всушност, една значајна разлика помеѓу начинот на кој Агенцијата за храна и лекови (FDA) ги регулира вакцините наспроти другите лекови, е дека фармацевтските компании не се задолжени за спроведување на долгорочни, рандомизирани, плацебо контролирани студии за да ја демонстрираат безбедност на вакцините за употреба кај човечки популации.

Ниту, пак, го прават тоа. Ова може да се види едноставно со одење на веб-страницата на FDA и да се прочитаат упатствата на производителите за вакцини, кои се со  дозвола за употреба на пазарот во САД.

Во упатствата се бара со закон да се откријат соодветни предупредувања до потрошувачите за придобивките и ризиците од вакцината. Неуспехот да се обезбедат соодветни предупредувања е еден од двата услова според кои производителот на вакцина може да биде тужен во граѓански суд за штети предизвикани од вакцинација. Другата е неуспехот да се произведе вакцината според спецификациите. Покрај тоа што не успеале во било која од овие точки, производителите на вакцини имаат целосен правен имунитет против тужби за повреда од вакцини, кои Владата им ги додели според законот од 1986 година. Овој закон е дизајниран да ја зачува постојната јавна политика за вакцините, а и да не ги исфрли од бизнисот производителите. Поради големиот број на тужби за повреди од вакцинацијата, производителите се заканувале дека нема да можат да го снабдат пазарот со дволен број на вакцини.

Законот, National Childhood Vaccine Injury Act, исто така, воспостави Програма за компензација на повреди при вакцинација (Vaccine Injury Compensation Program -VICP), која се финансира со акциза од секоја доза на вакцини што се администрира и ефикасно го префрла финансискиот товар за повредите од вакцината далеку од фармацевтската индустрија кон потрошувачите – даночните обврзници.

Како пример за тоа како не се потребни соодветни студии за безбедност за да се добие одобрување од FDA, земете ја вакцината против хепатит Б (HepB). Постојат два марки кои се лиценцирани во САД за употреба кај доенчиња и ваквата вакцина обично се администрира на новороденчиња на првиот ден од нивниот живот. CDC ја  препорачува оваа вакцина  универзално, иако огромно мнозинство на бебиња не се со значителен ризик од инфекција. (Вирусот се пренесува преку телесни течности првенствено преку споделување на игли, со сексуален контакт или инјектирање на дрога, па освен ако мајката или друг близок контакт од домаќинството е носител, инфекцијата на новороденчето е неверојатна.) ЦКБ исто така ја препорачува вакцината кај жените за време на бременоста. Ова е така и покрај тоа што вакцината содржи алуминиум, кој се користи за да предизвика посилен имунолошки одговор, но исто така е и познат невротоксин. Додека не беше отстранета од повеќето детски вакцини, почнувајќи од 1999 година, вакцината HepB исто така содржела и конзерванс наречен тимеросал, кој по тежина е половина етил-жива. Тимеросалот е уште еден познат невротоксин, кој како алуминиумот ги преминува плацентарната и крвно-мозочната бариера и се акумулира во мозокот.

Ниту една од двете HepB вакцини на пазарот, препорачана за употреба кај новороденчињата и бремените жени, се изучува за да се утврди безбедноста на овие практики. Двете вакцини се на Merck – Recombivax B  и Engerix-B на GlaxoSmithKline. Во упатсвото на обете производи е напишано експлицитно дека „не се направени соодветни и добро контролирани студии“ за да се оцени безбедноста на вакцината кај бремени жени. Мерк ги вклучил доенчињата во три клинички испитувања, но тие вклучија и постари деца до 10 годишна возраст, со што резултатите беа неразбирливи во однос на безбедноста на вакцинираните бебиња. Понатаму, студиите опфатиле само 147 деца, немале плацебо контролна група и имале период на следење од само пет дена. Оттука, испитувањата не можеле да забележат било какви реакции, освен оние кои биле моментални по вакцинирањето. Испитувањата на ГСК биле поголеми, вклучувајќи 5,071 субјект. Но, уште еднаш, доенчињата биле вклучени кај здрави возрасни и деца, нема плацебо контролна група за споредба, а периодот на следење бил само четири дена.

За друг пример, земете ја вакцината против грипот. Инактивираните вакцини против грип, исто така, се препорачуваат од страна на ЦКБ за употреба кај бремени жени, како и доенчиња на возраст од шест месеци. Со оглед на тоа што беше отстранет од другите рутински препорачани вакцини за деца, вакцината против грип сеуште содржи жива. Како и кај вакцината против HepB, производителите на оваа вакцина откриваат во нивните упатства дека безбедноста и ефикасноста на вакцината не се утврдени кај бремени жени. Систематскиот преглед на литературата во 2014 година од страна на престижната Cochrane Collaboration (меѓународна организација специјализирана за овој тип на студии, исто така наречена мета-анализа) – истакна дека бројот на рандомизирани контролирани испитувања, за да се утврди безбедноста на вакцината кај бремените жени –  е нула. Метаанализата од  2012-та година не најде добар доказ дека вакцината против грип е ефикасна во спречувањето на грип кај деца под три години и „нема податоци за употреба“ за безбедноста на вакцинирање деца под две години. Со оглед на препораката на ЦКБ за вакцинирање на доенчиња на возраст од шест месеци, авторите на студијата истакнаа дека студиите за одредување на безбедноста и ефективноста на оваа пракса се „итно потребни“.

Овие и бројни други прегледи од страна на организацијата Кохреин, исто така, предупредија дека многу од вклучените студии биле финансирани од индустријата и дека финансирањето на индустријата, не е изненадувачки, покажало пристрасност во корист на производите под истрага.

Како што прегледот од 2012 година, објавен во American Journal of Obstetrics & Gynecology забележал: „Податоците, пред лиценцирањето, за безбедноста и ефикасноста на вакцината против грип во текот на бременоста практично не постојат, поради строгите истражувачки насоки кои го регулираат учеството на бремените жени“.

Ова го покренува очигледното прашање: Ако се смета за неетичко да се вклучат бремени жени во безбедносни испитувања за клиничка вакцина, како не е исто така неетички да препорачаме сите бремени жени да бидат вакцинирани во отсуство на клинички испитувања кои покажуваат дека ова е безбедно?

Како ова не ги третира бремените жени како субјекти на масовен неконтролиран експеримент без нивна информирана согласност?

Несоодветноста на студиите за безбедност и надзорот пост-лиценцирање

 

Откако вакцините ќе стигнат на пазарот, тие се подложени на дополнителна студија. Сепак, бидејќи  вакцината е „стандард на грижа“ (по препорака на ЦКБ) рандомизираните, плацебо-контролирани студии генерално не се спроведуваат.  Тоа би било „неетичко“, бидејќи на плацебо контролната група,  би им се скратиле претпоставените придобивки од веројатно безбедната вакцина.

Како резултат на тоа, повеќето студии кои CDC ги цитира за да ги поддржи своите препораки и политики, се ретроспективни опсервациони студии. Овие типови на студии не се способни да ги контролираат сите многубројни променливи што треба да се разгледаат. Иако тие можат да бидат корисни за да се утврди дали постои асоцијација помеѓу вакцината и даден несакан настан, тие не можат да ја докажат, ниту да ја побијат каузалноста.

За да се илустрира, сите студии кои CDC ги цитира за да го поддржи своето тврдење дека „вакцините не предизвикуваат аутизам“ – се набљудувачки студии. Иронично, една од студиите што ги наведува е преглед од 2004 година од страна на Институтот за медицина (IOM), кој ја потврди хипотезата дека вакцините кои се администрираат според распоредот на CDC, можат да придонесат за развој на аутизам кај деца со генетска или чувствителност од надворешни фактори и не треба да бидат исклучени од вакви студии. Понатаму, ниту една од студиите цитирани од страна на CDC и разгледана од страна на IOM, всушност не беше дизајнирана да ја тестира таа хипотеза, па така не беше ни пронајдена асоцијација, иако IOM подоцна го потврди ова.

Покрај недостатокот на соодветни студии за безбедност на индивидуалните вакцини, никогаш не е напревена долгорочна, рандомизирана, плацебо-контролирана студија која ги споредува здравствените резултати – вклучувајќи ги и стапките на алергии, астма, автоимуни заболувања, невроразвојни нарушувања и рак – помеѓу децата вакцинирани според распоредот на CDC и децата кои останале целосно невакцинирани. CDC одбива да го направи овој тип на студија.

Според законот од 1986 година, со кој им се дава правен имунитет на производителите на вакцини, поради инсистирањето на организирани родители чии деца биле повредени од вакцини, се воспостави систем за набљудување наречен Систем за известување nа несакани ефекти од вакцини (VAERS). Но, овој пасивен систем за надгледување е несоодветен и не е разумна замена за правилно дизајнирани студии за безбедност, кои производителите на вакцини имаат малку поттик да ги спроведат, особено во поглед на нивниот законски имунитет против штетите. Еден голем проблем со VAERS е познатото недоволно известување за несакани настани.

Конгресот и Одделот за здравство и социјални услуги (HHS), под чие покровителство функционира CDC, а кои исто така ја спроведуваат Програмата за компензација на повреди од вакцини, потврдија дека извештаите на VAERS претставуваат само мал дел од реалните несакани настани. Една студија на Агенцијата за здравствени истражувања и квалитет (AHRQ), која исто така функционира во рамките на HHS, покажа дека несаканите настани од вакцините „се вообичаени, но недоволно пријавени“, што претставува „помалку од 1% од вкупниот број на несакани ефекти од вакцината“. Агенцијата предложи метод за автоматизирање на пријавување на несаканите настани, наместо да се потпира на пасивно известување, но проектот достигна ќор-сокак кога CDC одби да соработува за нејзиниот понатамошен развој и имплементација.

Ефектите на ниво на популацијата од масовната вакцинација

 

Освен прашањето за ефективноста во спречувањето на целните болести и ризикот од несакани настани, постојат бројни други фактори кои едноставно не се земаат предвид од оние кои тврдат дека знаат што е најдобро за нас и кои имаат моќ да не принудат да се однесуваме како што сакаат. На пример, покрај индивидуалните ефекти, постојат и ефекти на поулациите. Исто како што неодговорната, прекумерна употреба на антибиотиците доведоа до „superbugs“ отпорни на антибиотици, масовната вакцинација потенцијално може да предизвика еволуција на вирусите и бактериите во уште повирулентни соеви. Ова не е само хипотеза, туку е докажано кај кокошки масовно вакцинирани против вирусот на Марековата болест. Масовната вакцинација, исто така, може да го префрли ризикот на болеста од една субпопулација кон друга.

Меѓу хуманите вакцини, вакцината против пертусис претставува корисен пример. Иако на јавноста е кажано дека мора рутински да се вакцинираат против пертусис за да се обезбеди „колективен имунитет“ за доенчињата што се премногу млади за да бидат вакцинирани, функционерите за јавно здравје знаат совршено добро дека теоријата за „имунитетот на стадото“ предизвикан од вакцина е фалсификуван. Самата FDA покажа во една студија дека вакцината не успева да го спречи пренесувањето, така што асимптоматските вакцинирани поединци сeуште можат да ги носат и да ги шират бактериите на другите (веројатно не знаат дека го прават тоа и затоа е помалку веројатно да се стават во карантин).

Дополнително, имунитетот стекнат со вакцина е со многу кратко времетраење, од само две до четири години, што резултира со префрлање на ризикот од помалите деца на адолесцентите (така што, повторно, постарите вакцинирани браќа и сестри претставуваат ризик за доенчиња).

Друг факт кој не е споделен со јавноста е дека поради масовната вакцинација, бактеријата на пертусис, која предизвикува магарешка кашлица, претрпела генетска промена, така што денес доминантните циркулирачки соеви се дефицитарни во протеинот наречен пертактин (PRN), што е антигенска компонента на вакцината. Ова придонесе за неефективноста на вакцината, а според зборовите на ЦКБ, врз основа на наодите од една студија која ги испитува епидемиите во Вашингтон и Вермонт, „вакцинираните пациенти имале значително повисоки шанси од невакцинираните пациенти, да бидат инфицирани со соеви со дефицит на PRN“.

Друг пример на ефект што го има масовната вакцинација на ниво на популацијата, е тоа како може да го премести ризикот од болеста. На пример, вакцината против мали сипаници го префрла ризикот од децата, кај кои тоа е генерално бенигна инфекција (кај популацијата во САД), врз оние кај кои претставува значително поголем ризик од потенцијално смртоносни компликации: доенчиња и возрасни. Ова е поради тоа што имунитетот што се стекнува од вакцините е инфериорен во однос на природниот имунитет, а не толку долготраен и иронично, затоа што вакцинацијата толку успешно го прекина пренесувањето. Во периодот пред вакцинацијата, циркулацијата на вирусот обезбеди природен ефект на бустер кај оние кои веќе го имале како дете, со што се заштитуваат возрасните генерално за цел живот. Денес како вакцинскиот имунитет исчезнува, возрасните стануваат ранливи во случај на изложеност. Доенчињата се поранливи бидејќи мајките денес се помалку способни да им пренесат пасивен имунитет (антитела пренатално пренесени преку плацентата и постнатално преку мајчиното млеко).

Доказите исто така укажуваат на тоа дека вакцинацијата против вирусот на варичела, која предизвикува и крупна сипаница и херпес зостер, исто така предизвика поместување во ризичното оптоварување подалеку од децата, кај кои обично е лесна болест – на адолесцентите и возрасните, за кои инфекцијата претставува поголем ризик. Поради губењето на природните имунолошки бустери од повторно изложување, постарите лица кои имале крупна сипаница како деца, сега се изложени на поголем ризик од заспаниот вирус кој може да се реактивира и да предизвика херпес зостер. Сепак, наместо да ја преиспита својата постојна политика, одговорот на ЦКБ беше само да препорача, (почнувајќи од 2008 година),  старите лица да добиваат ново-развиена вакцина против херпес зостер (исто така, се прошири и на помладите возрасни лица). Вакцина создадена за да се реши проблемот создаден од друга вакцина (слично на практиката на пропишување на друг лек за лекување на симптомите предизвикани од лек претходно пропишан за лекување на симптомите, наместо да се направи нешто за да се одговори на основната причина).

Во една студија објавена во престижниот весник Вакцина во 2013-та година, поранешен истражувач на ЦКБ и неговиот коавтор, гледајќи ги податоците на ЦКБ, проценува дека нивната политиката не е рентабилна, туку има зголемени трошоци за нето здравствена заштита. Како што коментира, имунитетот со вакцина е „помалку ефикасен од природниот имунитет што постои во заедниците пред да се лиценцира вакцината против варичела. Оттука, наместо да се елиминира варичелата кај децата како што беше ветено, рутинската вакцинација против варичела се покажа како исклучително скапа и создаде континуирани циклуси на лекување и болести“.

Други „неспецифични ефекти“ на вакцините

Постои термин во научната литература што се користи за опишување на ненамерните последици од вакцинацијата, било да се корисни или штетни – „неспецифични ефекти“. Еден неспецифичен ефект кој е пронајден за вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис (ДТП) е зголемена стапка на морталитет во детството.

ЦКБ ја препорачуваше вакцината за американската детска популација, но поради загриженоста за нејзината безбедност, таа беше отстранета во корист на вакцината со ацелуларна пертусис компонента (DTaP). Сепак вакцината против ДТП сеуште се користи во целиот свет во земјите во развој, како што се кампањите на Светската здравствена организација (СЗО) во Африка. Таму, истражувачите откриле дека вакцината и покрај тоа што е ефикасна во намалувањето на инциденцата на целните болести, е поврзана со зголемена стапка на смртност.

Хипотетизираните објаснувања за ова повторно се поврзани со разликите помеѓу природно стекнатиот и имунитетот од вакцина. Инактивираните вакцини како што се ДТП имаат тенденција да го приспособат имунолошкиот систем кон хуморалниот или антитело – имунитетот, на сметка на имунитетот посредуван од клетки (клеточен), предизвикувајќи имунолошка дисфункција која може да го зголеми ризикот од други болести за кои вакцината не е дизајнирана да ги заштити. Како што објавија авторите на една студија објавена во списанието EBioMedicine во 2017-та година – „сите достапни докази покажуваат дека вакцината против ДТП може да убие повеќе деца од други причини отколку што штити од дифтерија, тетанус или пертусис. Иако вакцината ги штити децата од целните болести, истовремено може да ја зголеми подложноста на неповрзани инфекции“.

Вакцината против грип нуди уште еден добар пример за неспецифичен ефект. Годишното вакцинирање против грип, всушност, може да го зголеми ризикот од добивање на грип. Додека вакцината е дизајнирана да заштити од три или четири вирусни соеви со стимулирање одговор на антитела, инфекцијата со природна инфлуенца не само што дава хуморален, но исто така и робустен имунитет посредуван од клетките. За разлика од вакцината, природниот имунитет нуди вкрстена заштита од не само прележаниот вирус, туку и други видови на инфлуенца, како и очигледно, дури и против други вируси.

Нападот врз нашето право на информирана согласност

 

Правото на информирана согласност е една од најфундаменталната етика во медицината. Во пресрет на Втората светска војна и откровенијата за употребата на луѓето од страна на нацистите за медицинско експериментирање, меѓународната заедница формално ја признава информираната согласност како основно човеково право. Кодексот од Нирнберг ги воспостави принципите на медицинската етика, почнувајќи од ова: „Доброволната согласност на човечкиот субјект е апсолутно неопходна“.

Ова значи, меѓу другото, дека субјектот мора да биде во позиција „да може да остварува слободна моќ на избор, без интервенција на кој било елемент на сила, измама, принуда, манипулација или друга надворешна форма на ограничување“.

Освен тоа, субјектот „треба да има доволно знаење и разбирање за дадената интервенција, за да му се овозможи разбирање и просветлена одлука“.

Правото на информирана согласност исто така е кодифицирано во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на Обединетите нации од 1966 година, во кој се наведува според член 7 дека „никој не смее да биде подложен без негово слободно согласување на медицинско или научно експериментирање“.

Ажурираното издание од 2002 година на International Ethical Guidelines for Biomedical Research Involving Human Subjects – промовирани од Светската здравствена организација (СЗО) и Советот за меѓународни организации на медицинските науки – наведува дека „за сите биомедицински истражувања кои вклучуваат луѓе, истражувачот мора да добие доброволно информирана согласност на потенцијалниот субјект или во случај на физичко лице кое не е способно да дава информирана согласност, дозвола на законски овластен претставник…“

Ова право е исто така кодифицирано во Универзалната декларација за биоетика и човекови права, усвоена во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во октомври 2005 година – „Секоја превентивна, дијагностичка и терапевтска медицинска интервенција треба да се спроведе само со претходна, слободна и информирана согласност на засегнатото лице, врз основа на соодветни информации… Научните истражувања треба да се вршат само со претходна, слободна, изразена и информирана согласност од засегнатото лице. Информациите треба да бидат соодветни, дадени во разбирлива форма и да вклучуваат модалитети за повлекување на согласност… Во никој случај не треба колективен договор на заедницата или согласност на лидер на заедницата или друг орган да ја замени информираната согласност на поединецот“.

Сепак, замената на индивидуална согласност за согласност на државната власт е токму она што федералните и државните власти го прават кога станува збор за практиката на вакцинација. Кога државата користи принуда за да постигне согласност, тоа претставува напад врз ова основно човеково право. Понатаму, ниту медицинските професионалци, ниту главните медиуми ја извршуваат својата должност, со тоа што би им обезбедиле на луѓето информации кои им се  потребни за да можат да направат информиран избор. Туку, наместо тоа, ја повторуваат измамничката пропаганда за вакцините, за да ги убедат или да ги заплашат да се однесуваат како владините бирократи би сакале.

Населението е малтретирано во согласност со опасно кратковидни владини диктати. Моќните бирократи и технократи ја третираат вакцинацијата како решение за сите и покрај големата варијабилност во индивидуалниот ризик од болестите што вакцините се дизајнирани да ги спречат и од вакцините. Тие немаат почит кон индивидуалните права или односот лекар-пациент.

Кога станува збор за децата, само родителите и нивниот семеен лекар имаат специјализирано знаење за детето, кое е неопходно за да може да направи индивидуална анализа на ризик и корист, што е потребна за информирана согласност.

Многумина кои одлучуваат доброволно да се придржуваат кон јавната политика, тоа го прават затоа што тие без сомнение веруваат во догмата која им е кажана, дека „вакцините се безбедни и ефикасни“ и кои затоа остануваат неспособни за анализа на ризик и корист. Сите вакцини не се безбедни. Не се сите ефективни. Ризиците и придобивките не се исти за сите. И долгорочните несакани последици треба исто така да бидат разгледани.

Многу други кои се доволно свесни за да ја преиспитат јавната политика, сеуште се придржуваат кон истата, бидејќи ако не се придржуваат ќе има државна одмазда. Информираната согласност не се случува. Како резултат на тоа, јавната политиката за вакцините ефективно го третира целото население како субјекти на масовен неконтролиран експеримент. Повеќето луѓе не се свесни дека со нив експериментираат слепи авторитарци кои се обидуваат да си играат Бог преку нашето контролирање.

Време е ова да запре и мејнстрим новинарите да започнат со работа и сериозно да известуваат за ова критично важно прашање. Животот, здравјето и слободата на целата иднина на генерациите на човештвото зависат од тоа.

Автор Џереми Р. Хамонд

Извор