Вистиномер рецензираше пост на претседателот на Здружението ОД НАС ЗА НАС Скопје, Гордана Гоџо искривувајќи ја вистината и селективно прикажувајќи информации, кои секако одговараат на омилената наратива дека вакцините спасуваат животи.
Рецензијата започнува и завршува со линкови до т.н. релевантни страни, на уште порелевантни институции, успешно прикријувајќи го фактот дека во неодамнешната епидемија на морбили најголем процент не беа невакцинираните деца, туку вакцинирани лица на возраст од 20-40 години. Но познати ни се веќе ваквите обиди за оцрнување и правење на „црна листа“.
„Во текот на периодот од 2000 до 2017 година, вакцинацијата против мали сипаници спречи околу 21,1 милиони смртни случаи, што ја прави вакцината против мали сипаници една од најдобрите инвестиции во јавното здравје“.
Немаме податок според кој стандард СЗО проценила дека токму 21,1 милиони смртни случаи спречила вакцината, а со оглед дека Вистиномер овој момент го посочува како контра доказ, за истиот треба да достави соодветен линк до доказот врз основа на кој СЗО го дава овој заклучок. Напомена: за доказ се смета релевантна студија, со добра методологија, без конфликт на интереси, а не компјутерски модели со игра на статистички податоци кои не можат да ги земат во предвид сите варијабли од животот.
„Пред воведувањето на оваа вакцина во 1963 година и пред вакцинацијата широко да се распространи во светот, големи епидемии на мали сипаници се појавуваа просечно на 2-3 години предизвикувајќи по проценка 2,6 милиони смртни случаи секоја година. Оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина“.
Според наши истражувања, повторно се работи за ПРОЦЕНКА без релевантен доказ дека имало 2,6 милиони смртни случаи годишно, ( што се должат единствено на морбилите, без притоа да се земат во предвид и другите фактори) пред да се воведе светиот спасител – ВАКЦИНА! Но, доколку Вистиномер располага и со овој доказ, истиот треба да достави соодветен линк до доказот за оваа проценка.
Покрај проценките од СЗО, следува ТВРДЕЊЕ од страна на Вистиномер дека „засилените активности за имунизација имале големо влијание врз намалувањето на смртноста од ова заболување“, без да приложи релевантни докази со линкови, туку користи препишани ПРЕТПОСТАВЕНИ броеви изоставувајќи го најважното во постот што го „рецензираат“: Имено, тие велат:
„Во текот на периодот од 2000-2017 година, вакцинацијата против мали сипаници спречи околу 21,1 милиони смртни случаи…
На глобално ниво, бројот на смртни случаи од мали сипаници се намали за 80 проценти од проценетите 545.000 во 2000 година на 110.000 во 2017 година. Повеќето смртни случаи поврзани со мали сипаници се предизвикани од компликации поврзани со оваа болест. Компликациите се почести кај деца на возраст под 5 години или кај возрасни над 20 години. Најсериозните компликации вклучуваат слепило, енцефалитис (инфекција која предизвикува оток на мозокот), тешка дијареа (проливи) следена со дехидратација, инфекции на увото или тешки респираторни инфекции како на пр. пневмонија“.
Во „рецензираниот“ пост, пак, се вели дека „вакцината за морбили е воведена кога смртноста од оваа инфекција била намалена за 98%“ (подолу се наведени официјални статистички податоци ПРЕД и ДО воведувањето на вакцината), а Вистиномер наведува информации за периодот од 2000-2017 на глобално ниво, иако мора да признаеме дека навеле точен факт за тоа која група е најподложна на овие смртни случаи: – „Тешките форми на мали сипаници се поверојатни кај слабо ухранети мали деца, особено оние со недостаток на витамин А или чиј имунолошки систем е ослабен од ХИВ/СИДА на пр. или други болести“.
Потоа Вистиномер повторно, го цитира својот извор велејќи дека „според ИЈЗ, невакцинираните мали деца се во најголем ризик од заболување од мали сипаници и нејзини компликации, вклучувајќи и смрт. Невакцинираните бремени жени се исто така изложени на ризик“, без притоа да наведе линк до доказот за ова тврдење, како што за тоа исправно постапува Здружението.
Но и додаваат дека: „Секое лице без имунитет кон ова заболување (невакцинирано или вакцинирано лице кое не развило имунитет) може да се зарази. Мали сипаници сеуште се вообичаени во многу од земјите во развој, особено во делови од Африка и Азија. Високиот процент (повеќе од 95 отсто) на смртност кај малите сипаници се јавува во земји со ниски приходи по глава на жител и слаба здравствена инфраструктура. Епидемии на сипаници може да бидат особено смртоносни во земјите што се соочуваат или се опоравуваат од природна катастрофа или конфликт. Оштетувањето на здравствената инфраструктура и здравствените услуги ја прекинува рутинската имунизација, а пренатрупаноста во резиденцијалните кампови значително го зголемува ризикот од инфекција“.
Вистиномер излегува со невистинити и контрадикторни тврдења служејќи се со добро утврдените стратегии на заплашување – ризикот од смрт, цитирајќи ја ИЈЗ со изјавата дека „малите сипаници се болест којашто е опасна“, од една страна, а од друга страна го пренесуваат тврдењето дека тој ризик, таа „опасност“ е само кај одредени групи деца кои се неухранети, имаат недостаток на витамин А или други коморбидитети или во земјите во равој (повеќе од 95 отсто)!?
Потоа велат дека: „Вакцината против мали сипаници е безбедна, ефикасна и евтина и се користи од 60-те години на минатиот век. СЗО препорачува имунизација на сите деца и возрасни лица за кои вакцинацијата против морбили не е контраиндицирана. Се смета дека примањето на двете дози на вакцината против Morbilivirus треба да биде стандард во сите национални програми за имунизација.
По примени две дози МРП вакцина, ефикасноста за стекнување на имунитет е 97 отсто против морбили, 88 отсто против паротит и 97 отсто против рубеола. Вакцината се препорачува кај лица за кои нема евиденција за претхoдно стекнат имунитет, кај оние со добро контролирана ХИВ/СИДА и кај нецелосно имунизирани лица, до 72 часа по изложување на морбили“, користејќи линкови од Википедија, кои не можат да се сметаат за релевантни извори на факти.
…„Дека вакцината е безбедна и не предизвикува сериозни несакани ефекти, потврдува и УНИЦЕФ:
Вакцината е многу побезбедна од заболувањето со мали сипаници, заушки или рубеола. Повеќето деца немаат никакви сериозни проблеми. Вакцините, како и секој лек, може да имаат несакани ефекти. Чести несакани ефекти се: болка во раката од боцкањето, температура и благо исипување. Многу ретки несакани ефекти се алергиска реакција или грчеви“.
За безбедноста и ефикасноста има многу да се зборува иако во рецензираниот пост на Гордана Гоџо не станува збор за тоа.
Да започнеме со статистиката.
Во постот кој Вистиномер го „рецензираат“ се вели: „вакцината за морбили е воведена кога смртноста од оваа инфекција била намалена за 98%“, изјава која Гоџо ја дава користејќи официјални статистички податоци наведени подолу.
Вистиномер не успеа да го негира тврдењето што навидум го рецензираат со податоците изнесени во нивната „рецензија“. Наведуваат ПРОЦЕНКИ, ПРЕДВИДУВАЊА, периоди кои им одговараат, бројки за смртност ПОСЛЕ воведување на вакцинацијата на глобално ниво, но НИКАДЕ не наведуваат статистички податоци за смртност ПРЕД воведувањето на вакцинацијата. Фактички она кое тврдат дека го „рецензираат“.
Врз основа на кои факти и докази се базираат тврдењата за бројот на смртни случаи? Врз основа на кои факти и докази се базираат податоците со кои тврдат дека вакцините спасиле милиони животи? Дали приложија официјални факти, докази, статистики, рецензирани студии и линкови до истите?
За разлика од нив, ние доказите ги бараме во статистиките. Според сите официјални статистики смртноста од морбилите во светот, очигледно е драстично опадната уште пред воведувањето на вакцината во 1963 година!
Најчесто кога сакаат да нѐ плашат со страшните морбили се повикуваат на т.н. релевантни институции каде не се точно утврдени податоците за смртноста од морбилите.
Така, пример за тоа е на веб-страницата на ЦКБ насловена како „Компликации од морбили“ , кадешто ЦКБ вели:
„Скоро 1 до 3 од секои 1.000 деца кои ќе се заразат со сипаници ќе умрат од респираторни и невролошки компликации“
ЦКБ не наведува извор за поддршка на таа изјава, но доволно е лесно да се проверат фактите со тоа што ќе го провериме медицинскиот водич на ЦКБ „Епидемиологија и превенција на болести кои можат да се спречат со вакцина“, инаку познат како „Розова книга“. Еве што вели ЦКБ за смртноста од морбилите во поглавјето за вирусот (нагласено е):
„Пред 1963 година, приближно 500.000 случаи и 500 смртни случаи од сипаници биле пријавени годишно, со епидемиски циклуси на секои 2 до 3 години. Сепак, вистинскиот број на случаи се проценува на 3 до 4 милиони годишно“.
Така, за време на ерата пред вакцинацијата, стапката на смртност (CFR) од морбили беше 0,1 процент или една смрт на 1.000 пријавени случаи. Сепак, повеќето инфекции со морбили никогаш не биле пријавени. Според сопствената проценка на ЦКБ, некогаш биле пријавени само 13 до 17 отсто од случаите. Така, стапката на смртност од инфекција (IFR) од морбили, според сопствената пресметка на ЦКБ, била помеѓу 0,0125 проценти и 0,017 проценти.
Тоа не е еден до три смртни случаи на секои 1.000 деца заразени со сипаници, туку еден до две смртни случаи на секои 10.000 инфекции од сипаници!
Еден труд објавен во Американското списание за епидемиологија во 1975 година ја проценува стапката на смртност од морбили за време на ерата пред вакцинацијата во САД како една смрт на 10.000 случаи. Преглед на Институтот за медицина од 1994 година со наслов „Несакани настани поврзани со детските вакцини“ потврдува дека во развиените земји како САД, „стапката на смртност од морбили е 1 на 10.000 случаи“ или 0,01 процент.
Историските податоци покажуваат дека во 1960 година, три години пред воведувањето на вакцината против морбили, стапката на смртност од морбили била 0,2 на 100.000 жители (или една смрт од морбили на 500.000 жители) во САД.
Во 1960 година, имало 380 смртни случаи од морбили, што би ја ставило стапката на смртност од инфекција на 0,01 процент претпоставувајќи дека имало само 3 милиони случаи, точно во согласност со изјавата на ИМ.
Во истите овие историски записи може да се најдат податоци и за смртноста од заразните болести за кои не е воведена вакцина – и таа стапка опаѓа и покрај непостоењето на вакцина.
Чудно…
Бидејќи Вистиномер сакаат колоритни фотографии, еве убави графикони со референци.
Слични вакви официјални статистики постојат и во другите високо развиени земји.
Ако ги погледнеме податоците од 1838 до 1970 година во Англија, се бележи пад од дури 99,8% во стапката на смртност од морбили пред воведувањето на вакцината.
Доколку се спореди стапката на смртност од морбилите во САД за периодот од 1900-1970 година, се забележува намалување на стапката на смртноста од 98,6%!
Кога ќе се споредат стапките на смртност од морбили во САД и Англија и Велс за истите периоди, се добиваат слични криви.
Слична ситуација е и во Франција, каде стапката на смртност продолжува да се намалува и покрај малата покриеност со вакцина по воведувањето.
Всушност стапката на смртност за сите заразни болести опадна над 90% пред воведувањето на вакцините во САД и во светот.
Како што е и објавено во Годишниот преглед на виталната статистика: „Трендови во здравјето на Американците во 20-иот век“:
„Вакцинацијата НЕ Е заслужна за импресивното опаѓање на смртноста забележано во првата половина на 20-от век…скоро 90% од опаѓањето на смртноста од заразни болести кај децата во САД се случило пред 1940 година кога имало само мал број на антибиотици и вакцини што биле расположиви и употребувани“.
Покрај овие графици, ако се разложат податоците по возраст, години и смртност најдобро се гледа како и за колку проценти опаднала смртноста од морбили ПРЕД воведувањето на вакцините.
Како и во Англија, во САД и Австралија смртноста од заразните болести опаднала за различни категории од 94-99% пред вакцината да биде воведена.
Но, ајде да ја потсетиме и јавноста и Вистиномер и „релевантните институции“ на неколку лекции од историјата, односно статистички факти.
Англија и Велс
Извор: Office for National Statistics, 2000.
Од воведувањето на вакцината во 1968 година, до крајот на 1980-те, стапката на вакцинација против морбили во Англија и Велс била многу ниска. МРП вакцината беше воведена во октомври 1988 година. Поголема кампања за вакцинација за морбили беше имплементирана во ноември 1994 година со МР вакцина, за да во октомври 1966 година биде воведена МРП.
Во периодот од 1901-1905, стапката на смртност од морбили била 311,72 на 100 000 деца под една годишна возраст. За периодот ПРЕД воведување на вакцината (1963-1967) просечната стапка на смртност од морбили падна на 2,32.
Што значи дека има опаѓање на смртноста од 99,25% во споредба со иницијалниот период. Со други зборови смртноста била намалена за 134 пати, кај оваа група на деца.
Просечната стапна на смрт од морбили кај деца под пет години за периодот од 1901-1905 година била 272,05 на 100 000 деца. Периодот ПРЕД воведувањето на вакцината (1963-1967) е со просечна стапка на смртност од 1,69 на 100 000 деца под 5 годишна возраст.
Ова значи дека просечната стапка на смртност се намалила за 99,37%, или смртноста веќе била намалена за 161 пат.
Кај децата под 15 годишна возраст, смртноста била 101,61 на 100 000 за периодот од 1901-1905, а 0,81 за периодот ПРЕД воведувањето на вакцината (1963-1967).
Ова значи дека смртноста во однос на иницијалниот период опаднала за 99,2% за оваа група на возраст. Значи смртноста се намалила за 125 пати!
Просечната стапка на смртност од морбили била 32,69 на 100 000 наслеление за периодот од 1901-1905 година, а во периодот пред воведување на вакцината (1963-1967год) опаднала на 0,21.
Што значи имало опаѓање на смртноста од морбили, за целото население од 99,35%! Значи стапката на смртност од морбили кај населението (независно од годините) се НАМАЛИЛА за 155 пати.
Стапката на смртност продолжила да се намалува, но сепак кон крајот на 1980-те, почетокот на 1990-те се направени првите напори за масовна вакцинација против морбили.
На засебната табела можете да забележите дека од 1990 година скоро и да нема смртни случаи поврзани со инфекција на морбили, што се совпаѓа со дел од податоците и тврдењата на СЗО, дека нема смртни случаи во развиените земји. Сепак нагласуваме дека во Англија до 1980-те иако вакцината била воведена, покриеноста со истата била многу мала.
САД
Извор: Federal Security Agency, 1947; US Department of Health, editions 1964-2002.
Првите вакцини против морбили, инактивирана и жива атенуирана вакцина биле (Едмонстон Б сој) лиценцирани во 1963 година во САД. Инактивираната вакцина била повлечена од употреба во 1967 година. Оригиналната вакцина со сојот Едмонстон Б била повлечена во 1975 година. Живата, повеќе атенуирана со Шварц сојот вакцина била воведена во 1965 година, но и таа не се користи повеќе. Друга ваква вакцина била лиценцирана во 1968 година (Едмонстон-Ендерс сој).
Просечната стапка на смртност од морбили за периодот од 1900-1904 година била 10,02 на 100000 жители, својот пик го достигнала во периодот од 1916-1918 година кога стигнала до 12,1/ 100 000, Во периодот ПРЕД воведување на вакцината (1958-1963) просечната стапка на смртност паднала на 0,24/ 100 000 жители.
Ова значи дека настапило опаѓање на стапката на смртност од морбили од 97,6% во однос на иницијалниот период, 98,01% во споредба со периодот кога имало пик во смртноста од морбили (1916-1918).
Значи смртноста од морбилите била намалена за 42 пати ПРЕД воведувањето на вакцината.
Во табелите може да се забележи дистрибуцијата на случаи по години, како и процентот на опаѓање на смртноста во однос на периодот ПРЕД воведување на вакцинацијата.
Австралија
Намалувањето на стапката на смртност од морбилите во Австралија е слична со САД и Англија. Бележи пад од 98% од последниот квартал на XIX век до периодот пред воведување на вакцината (1964-1968год).
Што значи стапката на смртност од морбили била намалена од 16-67 пати.
Во Автралија стапката на вакцинација беше многу мала од воведувањето на вакцината. Од горните графици може да се забележи дека стапката на смртност од морбили исто така опадна со слични стапки и во Франција, иако и Франција како и Англија немаа значителна стапка на вакцинација сѐ до почетокот на 1990-те.
Од сите погоре набројани информации недвосмислено може да се заклучи дека воведувањето на вакцината против морбили немала никакво влијание врз стапката на смртност од морбилите. Воведувањето на вакцината против морбили не нѐ спаси од изумирање, таа беше воведена кога стапката на смртност од морбили веќе беше намалена до 99% во одредени држави!
Тврдењето дека вакцините имаат било каква улога во намалувањето на стапката на смртност е ПОГРЕШНО, НАВЕДУВАЧКО, НЕТОЧНО и НЕ Е ПОДДРЖАНО со било какви НАУЧНИ СТАТИСТИЧКИ ДОКАЗИ!
Тврдењата дека вакцинацијата против морбили е основната и единствена мерка за да се спречат смртните случаи од морбили се во најмала рака непрофесионални и ненаучни!
А уште понепрофесионални и неетички се кога „релевантните“ институции ги користат за да ја наметнат својата наратива и погрешно да ја наведат јавноста да мисли дека вакцините нѐ спасија, кога во исто време се потпираат на „информирана“ согласност!
Поради сето погоре наведено, како и врз основа на сите доставени докази со линкови и користени официјални податоци, рецензијата на Вистиномер не е вистинита и не е поткрепена со факти поради што БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА БИДЕ КОРИГИРАНА И ОТСТРАНЕТА!
Што се однесува до безбедноста и ефикасноста на вакцината, не би навлегувале овде затоа што тоа не беше тема на „рецензираниот пост“, само ќе ставиме флаер од Лекари за информирана согласност во кој има линкови и информации за безбедноста на МРП вакцината, па повелете, истражувајте.
Понатаму Вистиномер продолжуваат:
„Што се однесува до тврдењето во постот дека „ковид вакцината се воведува во закон сега кога никој не зборува за ковид“, не е вистина. Оваа вакцина не се воведува како некаква задолжителност со закон. Како што Вистиномер веќе пишуваше, станува збор за предлог да се додаде времена мерка која не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е во случај на епидемија. Со предлог законот се предлага дополнување со уште една времена мерка забрана на влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.
Значи, задолжителна вакцина против ковид-19 не се воведува, туку се додава можност во Законот, во случај на епидемија, да се воведе забрана за влез во објекти без вакцинален сертификат. Таа мерка не е на сила, не се знае дали ќе стапи на сила и кога би стапила на сила, тоа не би можело да се прави без стручно мислење на Комисијата за заразни болести. А, доколку се усвои ваква мерка, таа би важела само времено, додека трае влошена епидемиолошка состојба“.
Во слободен превод: „Не по врат, по шија“! Вакцината не е задолжителна, но преку уцени и закани слободното движење може да ви биде ограничено, спротивно на одредбите од Уставот! Впрочем така и направија, го ограничија слободното движење. Никогаш нема да ги заборавиме полициските часови, забраната за влез во разни објекти…
Секако, Вистиномер мора да ги напомене и останатите основни точки од наративот како тоа дека ковид вакцината е безбедна, дека пријавувањето на несаканите реакции не значи дека вакцините се причина и ред други работи што ниту беа спомнати во „рецензираниот пост“, ниту имаше некаков контекст.
Затоа сметаме дека Вистиномер ја љуби само нивната вистина и не пропуштаат шанса да ги повторуваат нивните наративи, со проценки, мислења и без адекватни, релевантни податоци, односно докази.
За Вистиномер, но и сите кои сакаат да прочитаат повеќе за тоа како вакцините не го спасија човештвото препорачуваме да започнат со две обемни книги и сѐ уште незабранети, во кои се собрани мноштво од информации – Идеолошки конструкции на вакцинацијата од д-р Матеја Черниќ и Разоткривање на илузиите од д-р Роман Бастријаник и д-р Сузан Хемфрис.
И за крај, еден од најпознатите епидемиолози – др. Александар Ленгмур, сега наречен „татко на епидемиологијата“, напиша конкретно за морбилите, во Весникот за јавно здравје од 1962 година, дека тие се „самоограничувачка ИНФЕКЦИЈА со кратко траење, умерена сериозност и ниска фаталност“, токму како што Гоџо наведува во својот пост.
Така што ако цитатот од „таткото на епидемиологијата“ е лажно тврдење, Вистиномер мора подобро да си ја „наштелува“ вагата.