Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Д-р Сузан Хемфрис: Натриум аскорбат/Витамин Ц како третман на голема кашлица

 

Д-р Хемфрис е конвенционално образован лекар кој работеше во конвенционалните болнички системи од 1989 до 2011 година како интернист и нефролог. Таа ја напушти  конвенционална болница во која работеше, по своја волја, во 2011 година. Оттогаш, таа го унапредува своето истражување во медицинската литература за вакцините, имунитетот, медицинската историја и функционална медицина.

Има одржано голем број на предавања во различни делови на светот за имунитетот на доенчињата, витаминот Ц, алуминиумот и вакцинацијата.

Медицински квалификации: тековни сертификати за интерна медицина на Американскиот одбор за интерна медицина и нефрологија.

Автор е на две книги:Rising From The Dead (автобиогарфија) и бест селерот Dissolving Illusions: Disease, Vaccines, and the Forgotten History.

Повеќе за нејзината автобиографија може да прочитате овде.

Д-р Хемфрис го започнува своето истражување за големата кашлица и го пишува првичниот протокол во 2012 година, врз основа на на 30-годишното истражување на Хилари Батлер и нејзиното сопствено искуство и знаење за болестите со посредство на токсини.

 

 

Мотивот да најдам решение дојде од тоа што гледав две млади девојки кои ми беа блиски како страдаат од голема кашлица. Ниту конвенционалните антибиотици ниту хомеопатски опции воопшто не помогнаа. Еден вешт и почитуван хомеопат бил толку загрижен што дури препорачал антибиотици. Едната девојка одбила, а другата веднаш ја повратила првата доза и нивната мајка била доволно мудра да не ги налага антибиотиците. Подоцна дознав дека има малку до никаков доказ, дека антибиотиците помагаат при сериозноста или времетраењето на кашлицата.

Двете деца закрепнаа од болест која ниту една од нив никогаш нема да ја заборави. Нивното одлично основно здравје и исхрана без сомнение им помогна да преживеат без огромна драма. Гледајќи ги како кашлаат, ме натера да разберам зошто некој некогаш сакал да развие вакцина против магарешка кашлица. Проблемот е што вакцината воопшто не функционира добро и има проблеми со токсичноста. Да знаев за третманот со натриум аскорбат, на девојките ќе им беше многу полесно.

Проучувањето на медицинската литература покажа дека постои научна основа за таков третман, што ме мотивираше да почнам да им препорачувам витамин Ц на оние кои имаат потреба и да го напишам оригиналниот документ. По неколку години проширено разбирање за големата кашлица кај бебиња на возраст од 2 недели и постари деца, добив стотици писма со благодарност кои ми кажуваат како протоколот функционирал кај родителите што го користат самостојно.

Поширокото искуство и набљудување ги истакнаа индивидуалните разлики и уникатни ситуации и резултираа со усовршување на техниката и подобрувања на претходно постоечкиот протокол. Додадени се и нови референци од медицинска литература.

Мора внимателно да го прочитате секој збор од овој долг документ. Ве молам, не префрлајте се на протоколот ако не ја разбирате целосната слика. Ако го правите тоа, може да ви биде тешко да откриете како, кога и зошто да го прилагодите дозирањето на витамин Ц. Здравјето и закрепнувањето на вашето дете вредат неколку часа од вашето време за учење.

Ако имате доктор кој е расположен за соработка, овој документ може да послужи како упатство за него и вие да работите заедно. Сепак, како што ќе видите од искуствата на родителите на drsuzanne.net, повеќето родители успешно го користат документот сами. Нивните приказни ќе ви дадат надеж да ги оставите настрана негативните пораки што ги пропагираат неуките и погрешно образованите мејнстрим медиуми и конвенционалниот медицински систем.

 

B. pertussis инфекцијата НЕ е за потценување. За многу луѓе тоа е тешка и загрижувачка кашлица. Ако вакцината за Б. пертусис беше безбедна и ефикасна, можеби вредеше да се користи. Сепак, вакцината за B. pertussis е докажано една од најнеефикасните. Таа има многу недостатоци и пружа сомнителна, минлива заштита на поединецот, што резултира со бројни дози и засилувачи –  од лулка до гроб. Всушност, колку повеќе вакцини против голема кашлица прима лицето, толку тие стануваат помалку ефикасни.[1] Дијаватопулис дури ја спореди ацелуларната вакцина што се користи денес, со алергиски вакцини, бидејќи клеточниот имунолошки систем реагира сè помалку и помалку по последователни дози кај оние кои се првично вакцинирани со ацелуларни вакцини. Спротивно на тоа, една епизода на природна голема кашлица го прави закрепнатото лице имуно многу подолго од која било количина на вакцини.

Информациите дадени овде се извадени од широката литература која покажува дека молекулата на аскорбат, во чести дози, е исклучително безбедна. Искуството покажува дека е клучен во биохемиското закрепнување од инфекцијата со Bordetella pertussis (голема, магарешка кашлица). Природното закрепнување од голема кашлица има предности за цел живот.

 

 

Бордетала пертусис инфекција

 

Иако не е идеално новороденчето да фати голема кашлица, може да се справи и во домашни услови. Успешно лекување ќе бара трудољубивост и возрасен човек да ги лула многу малите доенчиња особено во пикот на инфекцијата, 24 часа, неколку дена. Бебињата не можат да се вакцинираат додека не наполнат два месеци, а дотогаш кашлицата може да се лекува многу полесно отколку кај помладите доенчиња. По три месеци, целосно доено бебе ќе реагира добро. Инаку, здрави бебиња постари од шест месеци со голема кашлица, не треба да загрижуваат ниту еден родител доколку ги разбира принципите и протоколите за справување со инфекцијата и се добро опремени и организирани.

Бактеријата B.pertussis е многу незгодна, а дел од нејзиниот оклоп вклучува неколку токсини. Производството на токсини е главната причина за најлошите симптоми. Конвенционалните лекари не знаат како да го решат проблемот со токсините кај повеќето инфекции. Тие даваат антибиотици, кои никогаш не биле докажани со сигурност, за да го ограничат времетраењето или сериозноста на големата кашлица кај добро утврдена болест. По долгогодишно искуство во лекувањето на доенчиња од сите возрасти, стана очигледно дека постојат некои исклучоци од проблемот со антибиотиците:

  • Кај бебињата на возраст од 2 недели до 2 месеци, ако антибиотикот се дава на првиот знак на кашлица, сериозноста на кашлицата често може да се намали. Го дознав тоа со набљудување и употреба, но двете дози антибиотик треба да се дадат уште при првите знаци на првата фаза од болеста. Ова може да се случи само ако случајот е претходно идентификуван и родителите знаат што доаѓа.
  • Се чини дека ова не е случај кај постарите бебиња, каде што родителите речиси секогаш пријавуваат влошување на симптомите откако ќе се даде антибиотикот. Ова може да се должи на започнувањето на антибиотиците откако кашлицата е целосно во тек. Не го пробав дводневниот третман со азитромицин кај постарите бебиња, бидејќи користа во однос на ризикот ја нема на таа возраст. Еден исклучок може да биде некој со цистична фиброза или други проблеми со белите дробови. Но, повторно, веројатно ќе направи разлика само ако кашлицата се очекува како резултат на сознанието дека се појавила изложеност.
  • Се чини дека антибиотиците не помагаат со симптомите на големата кашлица кај никого на која било возраст, откако таа станала целосно развиена инфекција.

 

Дали аскорбатот е лек? Не, но поголемиот дел од родителите кои го користат кај нивните инфицирани бебиња и мали и постари деца, пријавуваат значително намалување на интензитетот на кашлицата, со разредување и олабавување на лепливата слуз, во првите 24 часа од правилното дозирање. Аскорбат, во правилно распоредени, многу високи орални дози, ќе ви овозможи  вас и вашите деца значително намалени симптоми во неделите што следат, додека ќе се развие траен имунитет кој подоцна ќе ги заштити луѓето околу нив поефикасно отколку што можат вакцините.

Студија од 2010 година сугерираше дека природниот имунитет на голема кашлица трае најмалку 30 години[2], додека имунитетот од вакцина трае најмногу три години.[3] Поради ограниченото времетраење на минливиот имунитет по вакцинацијата, бустерите за B. pertussis сега се препорачуваат за 8-12 годишни деца, возрасни, жени за време на секоја бременост и контакти со новороденчиња.

Ако мислите дека вакцинирано лице не може да добие голема кашлица, на најтешкиот начин, размислете повторно. Повеќето бебиња на возраст над 6 месеци кои добиваат голема кашлица се целосно и „соодветно“ вакцинирани. Во 2012 година, нов рецензиран документ од професорот по заразни болести, д-р Максвел Вит од Keyser Permanente во Калифорнија, покажа дека B. pertussis е неконтролирана кај целосно вакцинираните детски популации.

Нашите податоци сугерираат дека сегашниот распоред на дози на ацелуларна вакцина против пертусис е недоволен за да се спречи појава на пертусис. Забележавме значително зголемена стапка на заболување од 8 до 12 години. . . . Ацелуларните вакцини не се проучувани за клиничка ефикасност во Северна Америка и не постојат студии на долг рок.“[4]

Доста импресивно, нели? Табела 1 на крајот од документот на д-р Вит го покажува процентот на случаи кај вакцинираните, и тоа како што следува: 86% на возраст  од 2-7, 86% на возраст 8-12, 62% на возраст 13-18, 81% на возраст од 2-18 години . Па сега знаете кој добива повеќе B. pertussis. Не се невакцинираните. Тој дури и во воведот вели:

Се чини дека нашата невакцинирана и недоволно вакцинирана популација не придонесува значително за зголемената стапка на клинички пертусис. Изненадувачки, најголемата инциденца на болеста била кај претходно вакцинираните деца во возрасната група од осум до дванаесет години“.

Стапката на инфекција кај вакцинираните е огромна. Погледнете ја оваа табела подготвена од Одделот за јавно здравје во Калифорнија:

 

Случаи на пертусис на возраст од 0-18 год., според вакциналниот статус – Калифорнија, 2010

 

 

Оваа табела последен пат беше издадена во Извештајот за пертусис на калифорнискиот оддел за јавно здравје[5], 10 ноември 2011 година. Потоа, извештајот за случаите според вакциналниот статус престана. Всушност, пребарувањето на зборот „вакцина“ не дава никакви податоци за неодамнешните извештаи. Само се вели да се дава вакцината во детството и при бременост.

 

 

Инциденца на случаи со пертусис на годишно ниво,Калифорнија, 1945-2016

 

Бранителите на вакцините ќе речат дека високата стапка на инфекција кај вакцинираните е само затоа што поголемиот дел од луѓето во популацијата се вакцинирани. Постојат познати и објавени причини зошто вакцинираните деца се инфицираат, дури и при високи стапки на усогласеност со вакцината, за кои зборував на друго место. Факт е дека без разлика дали детето е вакцинирано или не, секој треба да биде способен и подготвен за лекување на голема кашлица.

 

Лична заштита: Кој победува?

 

Вакцинираните бебиња, деца и возрасни не се во можност да го зајакнат сеопфатниот бронхијален и клеточен имунитет што невакцинираниот човек природно го развива во текот на болеста.[6] Зошто? Бидејќи вакцината го подготвува телото да се бори со токсинот на B. pertussis, а понекогаш и со неколку други бактериски антигени, во крвта, но не обезбедува заштита на внатрешниот дел на белите дробови, каде што се случува вистинската битка. Неефикасниот имунитет „научен“ од серијата вакцини (наведен од д-р Џејмс Чери како „оригинален антигенски грев“)[7] ќе реагира на ист начин при на последователна природна изложеност. Научениот имунолошки одговор на ацелуларна вакцина резултира со бројни разлики во споредба со нормалниот одговор на природна инфекција. Некои од клучните разлики кај вакцинираните луѓе се:

  • Антителата преференцијално се создаваат во крвта, наместо во белодробниот интерфејс.
  • IgG антитела наместо IgA антитела.
  • Релативно различно и неефикасно антитело, бидејќи антигените на вакцината не се со иста форма како антигените од реалниот живот.[8]
  • Релативно, прогресивно губење на заштитата со секоја доза на вакцина, бидејќи одговорот на Т-клетките е сличен на она што го прават алергиските инјекции.[9]
  • Далеку пониско убивање на бактерии со посредство на комплементот. Неоптимални воспалителни реакции што резултираат со нарушен клиренс на бактериите во белите дробови.
  • Нарушена фагоцитоза.

 

Добро е познато дека невакцинираните деца закрепнати од болеста на B. pertussis развиваат важни имунолошки одговори што вакцинираните не ги развиваат[10]. Производителите на вакцини се обидоа да го компензираат овој феномен со создавање вакцини со повеќе антигени. Поентата што ја пропуштаат е дека тоа е само првата линијата на фронтот, за разлика од вродените и природно стекнатите комплексно-клеточни и бронхијални одговори, кои даваат целосна заштита. Се покажа дека одговорот на токсинот на B. pertussis[11] и токсинот аденилат циклаза[12] е многу посилен кај невакцинираните отколку кај вакцинираните. Поради ова, природно имуни луѓе, по повторна изложеност, ќе ги исчистат бактериите многу побрзо отколку вакцинираните. Постои огромна разлика помеѓу широкиот, долготраен имунитет од нормалната болест и ограничениот развој на антитела и краткорочниот псевдо-имунитет од вакцината.

Ако вашето дете има голема кашлица, лекарот ќе се обиде да ве натера да давате антибиотици иако антибиотиците не ја скратуваат болеста и  не прават ништо за да ја намалат сериозноста на болеста штом кашлицата целосно ќе се развие[13]. Но, често, дури и алтернативните лекари ќе предложат антибиотици затоа што не ја познаваат медицинската литература и затоа што сакаат само да направат нешто. Се чини дека конвенционалната медицинска култура не ја разбира штетата создадена од бескрупулозната употреба на антибиотици.

Се чини дека антибиотиците дадени за време на напредната инфекција ја влошуваат болеста кај повеќето луѓе. Тие всушност можат да ги отежнат нападите на кашлање со ослободување на LPS (липополисахарид) од други грам-негативни цревни бактерии за време на микробното изумирање што се случува. Ова ќе ја зголеми потребата за детоксикација на црниот дроб од сите телесни токсини во време кога бактериите на белите дробови ослободуваат дополнителен токсин. Този објави дека децата кои примале антибиотик имале времетраење на кашлицата 6 до 11 дена подолго и спазматично 4 до 13 дена подолго од нелекуваните пациенти.[14] Авторите инсинуираа дека поболните пациенти можеби биле преференцијално третирани со антибиотици. Сепак, комбинирањето на тоа со резултатите од Кохрејн[15] и моето практично искуство, ме увери да знам дека антибиотиците веројатно нема да ја подобрат добро воспоставената кашлица.

Конвенционалното мислење е дека антибиотиците го спречуваат примателот да искашла количина на бактерии во околината од која можат други да се инфицираат. Тоа е точно до одреден степен, но видов дека многу бебиња добиваат антибиотици, продолжуваат да кашлаат, се тестираат повторно неколку недели подоцна – и сепак култури се култивирани или се позитивни. Се развива проблем со антибиотици отпорни на B. pertussis. Азитромицин се чини дека ја одржува својата сила против бактериите со само еден случај пријавен во литературата за можна отпорност.[16] Сепак, видов дека бебињата третирани со азитромицин и понатаму остануваат заразни при понатамошно тестирање.

Ако вашето дете има голема кашлица, вие имате можност да ја контролирате првиот пат, за да не се грижите за тоа наредните неколку децении. Повеќето луѓе кои се природно опоравени и не им биле дадени антибиотици, нема да ја доживеат кашлицата подоцна во животот. Причината за тоа е што во околината ќе се сретнат низа природни бустери, бидејќи се чини дека бактеријата B. pertussis постојано циркулира.

 

 

Бактеријата на големата кашлица

 

Прво, треба да се знае дека видот бактерија одговорна за големата кашлица, Bordetella pertussis, има својства што ги немаат сите бактерии, а тоа е она што го прави таков единствен проблем за справување: лачи неколку токсини и се има приспособено да се лепи.на клетките на дишните патишта.

 

Оние делови означени како „неусогласени клетки“ се оние кои се оштетени. Изгледаат како косилка да ги исекла.

Поголемиот дел од поставата на респираторниот тракт (од носот до бронхиите) е покриена со епителни клетки слични на влакна. Цилиите пулсираат во една насока, движејќи ја слузта кон грлото каде што се голта. Движејќи се надолу по бронхиите, клетките се менуваат во форма, но сепак се цилијарни. Во здравјето, бронхијалните влакна постојано ја движат слузта нагоре и нанадвор. Токму ова континуирано движење ги одржува дишните патишта без инвазија од патогени. Ако белите дробови не го сторат тоа, тогаш микробите во околината ќе можат да се размножат.

Слузот кој ги обложува дишните патишта е дел од вродениот имунолошки систем и е исполнет со имуно глобулини. Затоа, мора да ја одржувате слузта во движење, особено кај болно дете. Откако бактеријата B. pertussis ќе се зацврсти на цилиите, таа лачи трахеален цитотоксин, кој ги сече влакната, го спречува нивното треперење и ги уништува клетките одоздола[17]. Слузот потоа престанува да се движи нормално и наместо тоа, се собира подлабоко во белите дробови. Потоа се акумулира, дишењето станува потешко, а телото сигнализира кашлање за да се обиде да ја исфрли слузта од патот и да дојде до правилно дишење.

Сè додека ја одржувате слузта во движење, вашето бебе не треба да добие секундарна инфекција. Аскорбатот и добрата хидратација ќе помогнат слузот да биде тенок. Кога првпат ќе почнете да користите аскорбат, слузта може брзо да се разреди и лицето кое кашла може да создаде големи количини слуз во првите 24 часа. Тоа е знак за успех.

Постојат два бактериски токсини од првата линија на напад[18]; токсин на пертусис (PTx) кој го спречува телото да испраќа неутрофили (имунолошки клетки) за да ги убијат бактериите, и токсинот аденилат циклаза (ACT). ACT ја инхибира функцијата на имунолошките клетки и го оневозможува нормалниот имунолошкиот одговор[19], дејствувајќи како „поле на сила“ за заштита на бактериите од имунолошкиот систем додека бактериите почнуваат да ги оттргнуваат цилиите на белите дробови од епителните клетки. Вакцинираните деца не можат да формираат антитела на ACT[20]. Аскорбатот ќе помогне да се неутрализираат овие токсини додека телото формира соодветен имунолошки одговор, што трае со недели.

Ако болеста излезе од контрола, токсините можат да влезат во крвотокот и да го иритираат телото. Ако имунолошкиот систем на бебето не е толку добар, или системот за детоксикација на црниот дроб е инхибиран, тогаш токсините од B. pertussis исто така можат да стигнат до мозокот, но тоа е многу ретко. Ова е една од причините зошто 1 од 200 бебиња може да умре според официјалните бројки. Она што е поверојатно е дека 1 од 200 бебиња кои примиле стандарден медицински третман или без никаков третман со аскорбат, може да умре. Овие бројки се користат за да се заплашат родителите да вакцинираат, но бројките се генерираат со броење на децата кои биле третирани конвенционално, а не од оние од нас кои успешно ја третирале инфекцијата кај доилки, со помошна нега и аскорбат – дома. Тие деца ретко пристигнуваат во болница и затоа не се вбројуваат во статистиката.

Ако слузта не се искашла, може да се развијат други бактерии и да предизвикаат секундарна бактериска инфекција, која лекарите ќе сакаат да ја третираат со антибиотици. Се верува дека големата кашлица може да предизвика долготрајни проблеми со белите дробови, во ретки случаи. Да, може, ако ја третирате како што прават конвенционалните лекари, не правејќи ништо друго освен давање антибиотици. Самото користење на антибиотици не се справува со акумулираната слуз, ниту се справува со кашлицата, ниту се справува со токсините. Ако ја одржувате слузта во движење, не би требало да има дополнителни проблеми освен самата кашлица.

 

 

Клиничко сценарио и дијагноза

 

Големата кашлица има две фази. Првата фаза на колонизација е како мала настинка, која може, но не секогаш се зголемува во интензитет во текот на околу 10-дневна временска рамка. Тогаш се чини дека настинката поминала и нема што да се грижите. Втората или токсемична фаза на B. pertussis започнува постепено. Детето почнува чудно да кашла, а по околу две недели, кашлицата почнува да станува силна, со продолжено и пароксизмално кашлање кое често (но не секогаш) завршува со карактеристичен инспираторен здив (вуп). Кашлицата е често поизразена ноќе. Ако кашлицата се промени и станува повеќе како лаеж и е поредовна – развивајќи шема ноќе „ на час, секој час“ – тогаш постои можност дека тоа може да биде голема кашлица.

Ако ви треба лабораториска дијагноза, достапни се  PCR (полимеразна верижна реакција) и бактериска култура. И двете имаат предности и недостатоци. Тестот за култура е помалку сигурен од PCR тестот. Негативниот тест не мора да ја исклучи можноста за B. pertussis. Тестирањето на крвта понекогаш се користи подоцна при кашлица, но повеќето луѓе ја добиваат својата дијагноза со посигурен метод на PCR. Прочитајте повеќе за достапното тестирање на веб-страницата на ЦКБ.[21]

Повеќето родители имаат корист од потврдувањето на дијагнозата. Најпрво, точно знаете со што се соочувате, а неодамнешните контакти може да бидат предупредени. Второ, имате евиденција за инфекција која подоцна може да се користи како доказ за имунитет. Потенцијалниот недостаток од барањето тест е како би можеле да ве третира лекарот консултант. Не е невообичаено родителите и на вакцинираните и на невакцинираните деца да ја дијагностицираат кашлицата пред лекарот и откако лекарот погрешно дијагностицирал и препишувал лекови повеќе пати. Лекарот изненадувачки продолжува да им го ускратува правото на родителите да го тестираат своето дете. Често, кога тоа ќе се случи, родителите ќе одат во друга установа и ќе го направат тестот, кој се враќа позитивен.

Како што кашлицата станува посилна, разни стимули може да ја поттикнат. Класичен начин на дијагностика е да ја допрете средината на јазикот со прстот за да видите дали тоа ќе ја предизвика кашлицата. Или ако јадењето (т.е. префрлање храна преку јазикот) предизвикува кашлица, размислете за голема кашлица. Доколку се случи детето да дише, како и да јаде кога храната го допира јазикот, а кашлицата започне при вдишувањето, постои можност храната да се спушти на погрешен начин. Ако тоа се случи, можеби ќе треба да направите нежно туркање под дијафрагмата за да ја префрлите храната назад од душникот. Кога детето што трча наоколу, тоа е уште еден предизвикувач на кашлица.

Ако го гледате детето, кашла, кашла (и во овој момент почнуваат да стануваат розови во лицето и почнуваат да се прашуваат кога можат да имаат вдишување) кашлаат, кашлаат, а потоа веднаш на крајот, кога престануваат со кашлање,  вдишуваат навистина брзо, затоа што сакаат да ги прошират белите дробови, а резултатот може да биде „вуп“. Постарите деца не вдишуваат на овој начин по кашлањето многу, дури и воопшто.

 

 

Раната прогресија на кашлицата

 

Кашлицата ќе стане поредовна и предвидлива, прво навечер. Може да имате кашлица секој час, на час. Тоа е затоа што е потребно околу еден час слузта да се собере подлабоко во белите дробови. Обично родителите почнуваат да се сомневаат на голема кашлица штом кашлицата ќе стане редовна и во текот на денот. Ако се сомневате дека е голема кашлица, запишете или електронски запишете го  времето на почетокот на секое кашлање, за да видите дали се воспоставува шема. Ова ќе помогне во дијагнозата. Зошто да го запишете? Затоа што животот ќе стане толку бурен што нема да можете да се сеќавате, а вашата хартија или телефон ќе бидат ваше сеќавање. Ќе ви овозможи јасно, без паника да погледнете назад и да видите каква е прогресијата. Откако ќе се воспостави кашлицата, на крајот на некои кашлања, може да се појави прилично густа слуз. Тоа е затоа што бактериските егзотоксини ги еродирале повеќето влакна во бронхиите кои вообичаено ја придвижуваат слузта нагоре и наоколу, како река без престан за да ги одржуваат површините влажни. Колку порано во болеста почнете да користите аскорбат, толку помалку бронхијални влакна ќе се губат. Откако ќе се изгубат бронхијалните влакна, кашлицата звучи суво, а тоа е затоа што мукозните мембрани не се одржуваат редовно влажни како што е нормално. Повеќето деца не акумулираат слуз, сè додека постојано ја придвижуваат. Здравите бебиња, малите деца и постарите деца со голема кашлица изгледаат сосема нормално помеѓу нападите на кашлање.

 

 

Грижа за негувателот

 

Прво, ајде да зборуваме за тебе, родителот. Повеќето луѓе кои го пронајдоа овој напис, најпрво беа тероризирани од изјавите на мрачност над нивното дете кое кашла и огромното поле на страв што постои во пошироката јавност. Тие, исто така, можеби нема да веруваат дека можат да ја третираат кашлицата без лекар со тефетер рецепти, кој исто така може да ги критикува што не вакцинирале. Ако тоа ве опишува, тогаш првото нешто што треба да направите е да земете длабок здив и да размислите. Ако на почетокот, вашите емоции се силни, тоа е природно – тоа може да му се случи на секого. Но, тоа не му помага на детето. Треба да застанете настрана и јасно да ја анализирате ситуацијата. Земете хартија и пенкало. Анализирајте кога започнале симптомите со размислување наназад и запишување на прогресијата, работејќи нагоре од дното на парче хартија. Започнете да пишувате за денес и оставете празно место помеѓу секој ден додека пишувате, бидејќи ќе бидете изненадени од она што го паметите и што можете да го пополните, како што одминува времето. Пополнете колку што можете повеќе листови и кога ќе сфатите кога мислите дека било изложено, нумерирајте ги страниците од почетокот на инфекцијата до сега, а потоа продолжете да запишувате што точно гледате и слушате секој ден. (Ако навистина ви треба стручна помош, овој писмен запис станува непроценлив. Дајте им примерок да прочитаат.)

Има родители ширум светот кои знаат дека секое бебе, на која било возраст, може да се контролира ако мајката е поддржана и знае што да прави. Столчето за лулка е задолжително за родителите и старателите да ја зачуваат сопствената енергија и да можат лесно да ги нишаат многу малите бебиња. Ова ќе послужи за да го одржи доенчето опуштено и слузта да се движи. Натриум аскорбат во прав е добар за почеток. Секогаш треба да го имате ова во куќата за лекување на многу различни надворешни и внатрешни состојби. Погрижете се да добиете формулација што не е ГМО. Имам најмногу искуство со натриум аскорбат од брендот Nutribiotic. НЕ КОРИСТЕТЕ Естер-Ц или калциум аскорбат. Кога се користат високи дози неопходни за повеќето болести, никому не му треба толку многу калциум. Покрај тоа, цревата го транспортираат аскорбатот во телото со помош на транспортери на натриум и поради таа причина, натриум аскорбат е биомедицински покомпатибилен.

Негувателите/родителите ќе сметаат дека големата кашлица е стресна. Стресот може да влијае и на вашето здравје. Јадете добро и ако сметате дека ви треба, можете да земете 5-10 грама аскорбат распореден во текот на времето кога сте будни.. Ако кашлате или сте под голем стрес, можеби е добра идеја да си дадете  „доза на полнење“ од 5 грама во половина чаша вода. Ако ова ви причинува цревни проблеми (дијареа), намалете ја дозата. Измешајте го натриум аскорбатот во кој било волумен на вода што најдобро ви одговара и поделете го на можеби 4 дози во текот на денот за ВАС возрасните. Можете исто така да направите концентриран раствор, па дури и да го разредите многу повеќе, во зависност од тоа колку добро го поднесувате „соленото чувство“. Без оглед на тоа како го земате прашокот, мора да останете хидрирани со обична вода цел ден, особено почнувајќи од утрото кога вашата урина е најконцентрирана. Хидратацијата е важна и за бебињата.

Постои еден важен момент за мајките што дојат, што сум го видела многу пати, особено ако вие, мајката, имате голема кашлица. Треба да ги одржувате нивоата на аскорбат постојано високи цел ден и ноќ, бидејќи ако не го правите тоа, вашиот егзотоксин може да се пренесе на бебето преку вашето млеко. Значи, мора ефикасно да го неутрализирате токсинот во сопственото тело.

 

 

Видови аскорбат што треба да ги имате при рака

 

Натриум аскорбат кристален од извор кој не е ГМО. Препорачувам Nutribiotic бренд достапен од Аmazon или iHerb.

Липозомален натриум аскорбат. Препорачувам  од брендот Livon labs достапен од Amazon и iHerb. Имајте предвид дека ова е производ на база на соја и исто така содржи 12% алкохол, околу 1/8 лажичка по пакување. Не сум имала никакви проблеми дури и кај многу мали бебиња. За деца кои не се чувствителни на соја, тој е идеален. Ако се знае дека детето или мајката се чувствителни на соја, наместо тоа, можете да најдете производ базиран на сончогледово масло.

Поновото  мое откритие беше аскорбинска киселина од брендот Sufficient-C. Придобивката од овој бренд е тоа што има неверојатен вкус. Малку е поскап од НА на Нутрибиотик и е аскорбинска киселина, а  не НА, но ви препорачувам да го користите за постари деца и постари мали деца кои се одвикнати од мајчиното млеко АКО треба да давате многу високи дози на НА во прав или ЛНА. Зошто? Затоа што можете да ги скриете НА во прав и ЛНА во него. Сè уште не сум видела некој возрасен или дете да каже дека не ја сака оваа марка на аскорбинска киселина. Најдобро од сѐ е што засладен со стевиа и ништо штетно. Исто така, содржи екстракт од зелен чај без кофеин, Л-лизин и бромелаин. Можете да користите комбинација од 50:50 НА во прав и Sufficient-C или да додадете малку ЛНА на Sufficient-C за да го скриете вкусот на ЛНА.

Можно е во случај на благи основни бубрежни проблеми, да се добие одреден оток со високи дози на натриум аскорбат. Ако тоа е проблем, аскорбинската киселина може да се користи со натриум аскорбат за да се намали натриумот. Можеби ќе ви треба стручна помош ако отокот стане проблем. Тоа е многу ретко кај деца, но може да се појави кај возрасни или деца со срцева, бубрежна или црнодробна инсуфициенција.

 

 

Општа грижа за детето

 

Внимателно следете го детето во текот на денот и запишете сè, вклучително и како се чувствувате. Ако на детето му е жешко, измерете му ја температурата. Во никој случај не користете супресанти за кашлица од кој било вид, или ацетаминофен, редуцирачи на треска или лекови за настинка . Родителите се условени да се плашат од треска, но треската е вроден механизам на телото да се справи со болеста. Сепак, знајте дека бактериите од голема кашлица не продираат во крвта и дека треските не се вообичаени во ниту една фаза на големата кашлица. Ако температурата е над нормалната, треба да се размислува за други инфекции. Никогаш не сум видел секундарна инфекција кај деца третирани со аскорбат, но кај конвенционално третирани луѓе тоа може да се случи, најверојатно како резултат на субклинички скорбут, недоволна функција на белите крвни зрнца и употреба на антибиотици што може да го наруши микробиомот. Оставете го детето да си игра дома, но ако трча или се напрега, ќе има кашлица.

Чувајте го детето подалеку од осетливи луѓе, бремени жени и браќа и сестри на многу мали бебиња додека тоа повеќе не е заразно. Можноста за ширење на заразата кај природно третираните деца е помеѓу 3 и 6 недели. Ако кашлицата сè уште не е намалена во 4-та недела, претпоставете дека детето е сè уште заразно.

 

 

Токсичност на витаминот Ц?

 

Во пресрет на фармацевтската катастрофа по катастрофа во сите области на медицината, иронично е што дури се зборува за ниво на токсичност за витаминот Ц – особено за болно лице. Витаминот Ц никогаш не е отров во телото, бидејќи толку многу функции на телото го бараат тоа, а кога и да земете премногу, ќе имате епизода на дијареа, бидејќи вишокот се отстранува од телото. Вака знаете дека сте имале повеќе од доволно.

Ако некој смета дека витаминот Ц би имал токсичност значи дека тој има ограничено разбирање за различните улоги што ги има овој витамин во телото. Постои огромна маса на истражувачка литература која ја поддржува вистината дека витаминот Ц е нетоксичен и безбеден во наведени околности, дури и во големи дози. Има многу докази кои укажуваат дека метаболизмот на витамин Ц се менува за време на инфекции и тоа може да ја промени врската помеѓу дозите и негативните ефекти[22] во состојба кога го „согорувате“ витаминот Ц. Бидејќи вашето тело бара сѐ повеќе и повеќе и користи огромни количини од него, нема да страдате од токсичност. Ќе страдате ако не користите доволно витамин Ц.

Еден од најголемите проблеми, особено кај болестите при кои се произведуваат токсини, како што е B. pertussis, е тоа што луѓето се двоумат да ги користат високите дози што се потребни. Им беше испран мозокот за тоа колку е опасен аскорбатот во големи дози. Тие ги гледаат 20-30-те грама за возрасен или 5  до 10-те грама за дете како неверојатна количина. Овие навидум високи дози на аскорбат често се доволни само за да се задржи истиот, бидејќи телото ќе го користи многу брзо додека работи за да се справи со тековното производство на токсини, заедно со оксидативен стрес што следи. Тоа е како да истураш вода во кофа со дупки што протекуваат. Внесот на витамин Ц треба да се зголеми за да биде во тек со потребите на телото за него. Никој никогаш не умрел од предозирање со витамин Ц или синтетички аскорбат.

LD50 е конвенција што се користи за претставување на смртоносна доза на супстанција за 50% од тестираната популација. LD50 за аскорбат е 11.900 mg/kg, за кујнска сол е 3000, ацетаминофен – 1944 , аспирин – 200, кофеин – 192 mg/kg. Размислете за тоа малку. Никој не би размислил двапати пред да користи агресивна кофеинска терапија на предвремено родено бебе кое имало респираторна депресија по вакцина[23], или аспирин и ацетаминофен за какви било болки или ацетаминофен за треска. Зошто се грижите за витамин Ц/аскорбат? Поради незнаење.

Пријавено е[24],[25] дека луѓето со сериозни инфекции можат да внесуваат преку 50 g/ден витамин Ц без гастрични проблеми . Истиот принцип според кој употребата на супстанција која му е акутно потребна на телото нема да предизвика токсичност, важи и за неколку други хранливи материи за време на инфекцијата, како што е витаминот А. Можете да му дадете на детето со мали сипаници витамин А во дози кои вообичаено би се сметале за токсични. бидејќи дејството на вирусот на мали сипаници го извлекува витаминот А од телото со неверојатна брзина. Сè што правите е да го замените она што инфекцијата во телото го влече. Затоа, во контекст на малите сипаници, високите дози на витамин А нема да бидат токсични.

 

 

Камења во бубрезите

 

На здравиот човек не му требаат мега дози аскорбат кога е здрав, туку само во услови кога се потребни такви дози. Истражувањата покажуваат случаи на формирање на кристали на оксалат во бубрезите кај луѓе кои користат високи дози на аскорбат за разни болести и здравје, но тоа е многу ретко и може да се спречи. Имајте предвид дека присуството на кристали во урината не значи дека ќе се формираат камења. Кристалите треба да се таложат и да се спојат за да направат камен. PH на урината, концентрацијата на цитрати и други фактори можат да го контролираат спојувањето на елементите кои ги формираат кристалите во камен. Постојните извештаи за случаи кои имплицираат аскорбат, не мора да докажуваат дека аскорбатот бил единствениот фактор. Луѓето кои имаат состојба позната како примарна оксалоза, се склони да формираат оксалат во телото. Некои луѓе кои имаат малапсорпција на масти апсорбираат повеќе оксалат од цревата, а тие луѓе може да имаат основен ризик од оксалатни камења. Ако внесат аскорбат, аскорбатот обично ќе биде вмешан, а во некои случаи може и да придонесе.

Ако сте загрижени за камења во бубрезите, консултирајте се со вашиот лекар. Ако имате историја на камења во бубрезите, ве молиме информирајте се за ризиците и не заборавајте да пиете многу вода и да ја алкализирате урината. Сè уште немам слушнато или сум била сведок за новороденче со бубрежни проблеми или формирање на камења во моментот или по дозирањето со аскорбат. Дали може да се случи? Да. Можно е. Но, кога ќе видам сино дете на лицето и знам дека аскорбатот ќе помогне, се чини неетички да се прекине третманот. Доколку истото новороденче е септично, никој не би размислувал да одбие антибиотици иако шансите за анафилактичен шок или повреда на бубрезите од антибиотици се приближно исти или повисоки од шансите за формирање на камења во бубрегот од витамин Ц кај тоа новороденче. Всушност, антибиотиците рутински им се даваат на пациентите со B. pertussis и покрај недостатокот на докази дека тие прават нешто корисно за примателот, откако инфекцијата е добро воспоставена. Секогаш им кажувам на родителите дека формирањето на камења е потенцијален, но многу низок ризик. Не познавам ниту еден родител кој размислувал да не користи аскорбат кај раскашланите бебиња, откако ќе ја научат физиолошката корист.

Ако постои загриженост за формирање на камења во бубрезите или откажување на бубрезите, не земајте витамин Ц или аскорбат без консултација со вашиот лекар. Кај постарите деца и возрасните, хидратацијата со вода и свеж лимон ќе ја алкализира и разреди урината, со што формирањето на оксалатни камења е речиси невозможно. Ако постои позната историја на нарушување на формирањето на камења наречено хипероксалурија, тогаш треба да се внимава. Сепак, за да бидете најбезбедни, држете ја урината разредена и алкална бидејќи оксалатните камења се формираат во кисела, концентрирана урина.

 

 

G6PD

 

Секој со многу ретко нарушување наречено дефицит на гликоза 6 фосфат дехидрогеназа (G6PDD), кое може да предизвика анемија и „кршење“ на црвените крвни зрнца кога се даваат одредени видови храна и лекови, не треба да користи мега дози на витамин Ц, освен под специјалистичка нега. Ова прашање, како и други прашања за токсичност се дискутирани во претходниот блог[26]. Ако вие или вашето семејство имате историја на анемија или недостаток на G6PD, консултирајте се со лекар добро информиран за имунобиологијата на витаминот Ц пред да земете витамин Ц. Ако се сомневам дека може да има семејна историја, секогаш испраќам тест на крвта што е можно порано. Луѓето со ова нарушување сè уште можат да земаат умерени дози на аскорбат кога се многу болни. Генот G6PD се носи на Х-хромозомот, но жените и девојчињата сè уште можат да ја имаат болеста, затоа немојте да претпоставувате дека тоа е само машко прашање.[27]

 

 

Како функционира аскорбатот

 

Аскорбатот, како антиоксидативен дел од целиот витамин Ц, е донатор на електрони, ги неутрализира токсините во крвта и ќе го стабилизира детето. Ако доите, ќе треба сами да го земете и/или да му го дадете на детето додека не престане кашлањето. Подобро е да им давате витамин Ц директно на бебињата, наместо да се обидувате да погодите колку доаѓа преку мајчиното млеко. Дури и ако земате високи дози, нема да ја пренесете потребната доза кај бебето.

Аскорбатот нема да ги убие бактериите, но ќе ги мобилизира неутрофилите и фагоцитите (имунолошките клетки кои ја обработуваат инфекцијата), кои без него престануваат да функционираат, бидејќи аскорбатот е нивното гориво[28],[29]. Бактерискиот токсин формира бариера за имунолошкиот систем. Со користење на аскорбат, вие ја отстранувате бариерата и му дозволувате на имунолошкиот систем да влезе и да се справи со бактериите. Сè уште може да бидат потребни цели 100 дена за да се справи со B. pertussis и да почнат  да растат цилиите повторно – но детето ќе има ПОМАЛКУ сериозни симптоми, бидејќи го одржувате телото колку што е можно почисто од токсини, а имунолошките патишта функционираат правилно . Моето искуство е дека повеќето луѓе кои се лекуваат со аскорбат нема да кашлаат цели 100 дена, обично 50-75 и тоа е многу посовладлива ситуација, при што најтешка е една недела со пик на кашлањето.

Функциите на витаминот Ц и аскорбатот кај секоја болест посредувана од токсини (која вклучува тетанус, дифтерија, голема кашлица, Staph. aureus, Strep. A, менингококна инвазивна болест, пневмококна инвазивна болест итн.) се многубројни. Три од многуте основни функции на аскорбатот се зајакнување на клеточните и васкуларните колагенски врски, детоксикација на телото и одржување на правилно функционирање на митохондриите. Многу честа причина зошто луѓето кои се болни долго време имаат екстремна летаргија – е недостатокот на витамин Ц[30]. Не можете да имате функционални митохондрии без аскорбат. И не е случајно ако компетентен лекар ги тестира бебињата по SIDS (синдром на ненадејна смрт кај доенчиња), тие често можат да најдат незабележливи нивоа на витамин Ц/аскорбат и коскени докази за скорбут. Окамото најде репродуктивна експериментална врска помеѓу SIDS, дефицит на аскорбат и дефицит на карнитин[31].

 

Еве неколку функции на витаминот Ц, користејќи ја големата кашлица како пример:

  • Првата функцијата на витаминот Ц е да го неутрализира циркулирачкиот токсин, кој потоа се отстранува од телото пред да може да го уништи ткивото и да ги наруши нормалните масни киселини и функцијата на клетките. Со големата кашлица, телото управува со токсинот со своите антиоксидантни резерви, додека не му снема антиоксиданси. Тогаш токсинот се акумулира, кашлицата се интензивира и доаѓа до пробивање на токсинот во крвотокот. Кај бебињата со субклинички скорбут, крвно-мозочната бариера може значително да ослабне – и да резултира со преминување на токсините во мозокот.
  • Кога бебето со голема кашлица нема доволно витамин Ц, мајката може да забележи дека непцата на детето може да поцрвенат околу рабовите – прв знак на скорбут. Тогаш кашлицата станува многу полоша, бидејќи неутрофилите стануваат помалку функционални. Бактериите се шират подлабоко низ белите дробови, еродирајќи ги влакната на бронхиите, што значи дека наместо слузта да тече нагоре и нормално да се рециклира, таа сега се собира на дното на бронхиите, а токсинот владее со областа. Во овој момент, аскорбат во доволно големи дози го намалува токсичниот товар, но нема да ја спречи потребата за кашлање, бидејќи влакната не се недопрени, па детето сè уште треба да ја искашла таа акумулирана слуз. Аскорбатот ја разредува слузта, што му го олеснува искашлувањето на детето, избегнувајќи ја фазата на сина или црвена боја во лицето, бидејќи слузта не е толку густа и полесно се движи нагоре и надвор. Меѓутоа, бидејќи слузта брзо се движи нагоре, може да добиете чудна сесија „повраќање“, особено ако детето штотуку јадело храна или ако ја проголтало слузта наместо да ја искашла. Повраќањето, според моите набљудувања, се чини дека е резултат на проголтаната слуз што содржи токсини во стомакот.
  • Без соодветен витамин Ц, интегритетот на колагенските меѓуклеточни врски на телото во крвните садови и капиларите почнуваат да слабеат, а детето ќе добие розови очи од кранијалната сила, белите дробови може да почнат да се пренатрупуваат, а крвно-мозочната бариера може да ослабне и да станат пропустливи. Слабата јачина на ткивото, исто така, ќе придонесе за реткото колабирано белодробно крило што го известува медицинската литература за време на голема кашлица.
  • Витаминот Ц е доста продуктивен антиоксиданс. Без него, неутрофилите и црниот дроб не можат да се борат и да се справат со слободните радикали и токсините генерирани од бактериите[32].
  • Витаминот Ц има голема улога во митохондријалната функција. Пациентот може да се чувствува исцрпен без соодветни резерви, бидејќи карнитинот нема да ги повлече масните киселини во митохондриите, а со тоа митохондриите ќе произведуваат помалку енергија.

Без аскорбат, постепено се исклучуваат сите основни функции на телото, а ако не се замени, има само еден резултат, а тоа е смрт. Можете да фрлите сè друго во човечкото тело – секоја друга добра храна или хранлива материја,  но ако нема аскорбат, ќе следи смрт.

 

 

Општи правила

 

Ако користите аскорбат за врзување и неутрализирање на токсините при голема кашлица или која било друга болест, мора да користите онолку колку што телото ќе апсорбира, за да ги изврши сите функции и да го заврши процесот. Сè што внесувате, брзо се користи за да се спои со егзотоксинот и да го исфрли, да ги задржи неутрофилите да се движат наоколу и да се справуваат со отпадот; за одржување на добро функционирање на црниот дроб; за одржување на правилно функционирање на митохондриите; да ги задржи сврзните ткива непроменети; да се справи со кашлањето.

Липосферичен натриум аскорбат или НА во прав е сѐ она што треба да го имате во домот. Достапен е во вашата продавница за здрава храна или онлајн од Amazon или iHerb. Липосферниот аскорбат може да се користи сам по себе кај бебиња исклучиво доени. Понекогаш ќе треба да додадете НА во прав дури и на доенчињата кои се доени, кога цревата се слаби. Секој што јаде храна ќе има потреба од натриум аскорбат во прав бидејќи се спушта до тенкото црево и дебелото црево каде што живеат други бактерии кои исто така произведуваат ендотоксин.

Некои луѓе сакаат да користат IV аскорбат (преку инфузија), со идејата дека повеќе е подобро и интравенозно е подобро од оралниот аскорбат. Ова не е точно за повеќето случаи на голема кашлица. Имав луѓе кои ми кажаа дека пробале интравенски аскорбат и тоа немало влијание на кашлицата. Има причина за тоа: аскорбатот, кај секој што јаде нешто освен мајчиното млеко, мора да дојде до долниот дел на цревата за да се справи со секојдневното производство на ендотоксин и егзотоксинот на пертусис што се голта. Ако многу младо новороденче е на Интензивно одделение со добро воспоставена и тешка голема кашлица, пред да можам да го лекувам дома, би им препорачала на лекарите да дадат една доза IV аскорбат плус продолжување на оралното дозирање на аскорбат или назогастрично аскорбат со внимателно следење на излез на урина и функција на бубрезите. Исто така, би препорачала да се администрира интравенска хидратација и да се продолжи со мајчиното млеко или орално или преку назогастрична цевка. Но, јас никогаш не би користела само IV без орално дозирање. Значи, ако сте во искушение да одите на IV третман за возрасен или тинејџер, продолжете, но знајте дека тоа веројатно не е неопходно и дека оралниот аскорбат отсекогаш бил доволен кај моите доенчиња и мали пациенти.

Справувањето со ендотоксинот во цревата со користење на аскорбат во прав, го поштедува црниот дроб да ја преземе таа работа, што вообичаено ја прави. Тогаш црниот дроб може полесно да се справи со другиот отров што го произведува B. pertussis. Натриум аскорбат во прав ќе биде неопходен за секое дете што се храни со млеко во прав за доенчиња и за секој што не е исклучиво доен. Мајките кои дојат можат да истурат малку мајчино млеко во шолја и да стават прстофат натриум аскорбат во прав во него и да го измешаат. Потоа, со помош на пластична капалка за очи, капнете го во устата на бебето постепено во текот на неколку минути за секоја доза. Не го истурајте наеднаш – само капнете го, малку по малку. Ако вашето бебе се храни со вештачка храна, на тоа бебе ќе му треба повеќе аскорбат отколку на доено бебе, и тој треба да се дозира во формулата во текот на денот.

Липозомалниот аскорбат е истата хемикалија, но вградена во масен слој кој не бара транспортери во цревата за апсорпција. Затоа, тој навлегува во телото поинаку и веројатно побрзо, користејќи помалку од енергијата на телото за да го внесе.Навистина е лесно да се дозираат новороденчиња затоа што сè што треба да направите е да го земете со чист прст правот и  да го повлечете во образот на доенчето. Бебињата не го сакаат вкусот, но одлично го толерираат. Доенчињата на возраст од две недели што го земаат имаат добар ефект. На бебињата стари две недели обично им е потребна цела кесичка од 1000 mg на ден, која се дава на секои 15-20 минути и може да бара до две кесички дневно при врвот на кашлицата.

За постарите деца и возрасните, липозомалниот аскорбат земен непосредно пред спиење го намалува кашлањето во текот на ноќта и може да се користи на почетокот на кашлицата, со цел брзо да се зајакне нивото на крвта. Може да се зема и во болус по силна кашлица. Кај едно дете кое имало благи основни проблеми со бубрезите, имало одреден оток при високи дози на натриум аскорбат. Ако тоа е проблем, аскорбинската киселина може да се користи со натриум аскорбат за да се намали натриумот. Можеби ќе ви треба стручна помош ако отокот стане проблем. Тоа е многу ретко.

 

 

Протоколот

 

Натриум аскорбат првично се дозира на мг/кг/ден. Ве молам бидете сигурни дека вашиот натриум аскорбат е бренд што не е ГМО. Не користете калциум аскорбат или естер-Ц. За бебиња постари од 6 месеци, ако треба да користите аскорбинска киселина бидејќи тоа е сè што можете да добиете во итен случај, треба да се неутрализира со натриум бикарбонат. Ви препорачувам да користите натриум аскорбат веднаш штом ќе го добиете и да користите исклучиво НА исклучиво кај доенчиња помали од 6 месеци. Екскрецијата на токсинот на B. pertussis може да се намали на многу податливи нивоа за 12 часа со правилно дозирање на аскорбат. Мора да продолжите со аскорбатот цело време додека бактериите продолжуваат да создаваат токсин, што може да биде и до три месеци. Аскорбатот не ја спречува или запира болеста. Помага во отстранувањето на токсините и го прави кашлањето многу, многу поблаго, ја зголемува способноста на телото да ги исчисти бактериите и природно да развие имунитет и значително ги намалува компликациите.

Почетната доза кај деца за натриум аскорбат е 200-375 mg на kg во тек на 24 часа. Но, при пикот на кашлањето, потребната доза кај малите и постарите деца може да биде висока до 1000 mg/kg/ден. Ако кашлаат додека не станат виолетови или без здив, тогаш вашите дози се премногу мали или ретки. Зголемете ги до нивото од 375 милиграми на килограм телесна тежина во текот на будните часови, како почетна доза и знајте дека можеби ќе ви треба уште многу повеќе.

 

 

Липозомален натриум аскорбат или натриум аскорбат во прав?

 

Родителите сакаат да знаат како да одлучат што да дадат. Општо земено, на бебињата кои не се исклучиво на доење и на постарите луѓе ќе им треба НА во прав, а вие ќе го дозирате толку почесто колку што е помладо доенчето или детето. Почнувате со НА во прав во чести дози бидејќи колку почесто дозирате, толку повеќе телото и дебелото црево ќе толерираат. Штом ќе добиете цревно жуборење, смрдливи гасови или дијареа, ќе дојдете до нивото на интолеранција на дебелото црево и веројатно ќе ја достигнете максималната доза и фреквенција што ќе се толерира. Ако сè уште се јавува силна кашлица, тогаш ќе треба да додадете малку липозомален натриум аскорбат.

Испирање: Дијареа по одредена количина на НА во прав, најчесто се нарекува цревно испирање. Мојата цел е минимум две празнења на дебелото црево кај доенчиња, деца и возрасни. Доенчињата кои се доени често имаат столица почесто од двапати, така што на тие бебиња не им треба никакво поттурнување за повеќе столица. На секој кој нема барем две течни (не нужно водени) столици дневно му треба повеќе НА во прав. Ако некое постаро дете или возрасен развие дијареа, веројатно ќе забележите дека кашлицата е подобра веднаш по тоа испирање. Тоа не е лоша работа, но не сакате некој да има постојана дијареа или да дехидрира. Ако се случи испирање, тогаш или намалете ја дозата на НА во прав или давајте помали дози почесто. Можеби ќе треба да се префрлите на LSA ако дијареата не престанува по едно „испирање“.

Липозомалниот аскорбат може сам да се користи кај доенчиња исклучиво доени. Понекогаш ќе треба да додадете НА во прав. Липозомалниот може да се користи заедно со НА во прав кај некој кој веќе зема НА во прав, но сепак има потреба од повеќе аскорбат, но ја достигнал интолеранцијата на цревата со НА. Липозомалниот НА не предизвикува дијареа освен кога се зема во многу високи дози. Доенчињата кои се доени исклучиво, обично може да се дозираат само со LSA. Ако поради некоја чудна причина имаат запек и сè уште кашлаат, тогаш дајте малку НА во прав, во измолзено мајчино млеко со капалка.

Не се потпирајте на ниту еден витамин Ц што го земате за да дојде до вашето дете преку вашето млеко. Потребни се околу 8 часа за витаминот Ц што го внесува мајката да дојде до мајчиното млеко, а ако потребите за аскорбат на вашето бебе се високи, не го сакате тој јаз. Ако вашата потреба се зголеми, уште помалку ќе влезе во мајчиното млеко. НИКОГАШ НЕ ДОЗИРАЈТЕ БЕБЕ ИЛИ ДЕТЕ ПРИ СПИЕЊЕ. ТИЕ МОЖАТ ДА ВДИШАТ ОД АСКОРБАТОТ ШТО МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ. АКО МИСЛИТЕ ДА МУ ДАДЕТЕ ДОЗА, РАЗБУДЕТЕ ГО БЕБЕТО.

 

 

Дозирање

 

Еве како ќе дојдете до количината на милиграми натриум аскорбат, која ќе се распореди во текот на 24 часа, во повеќе дози. Ќе треба да ги поделите дозите на бебето или децата во мали количини вода или мајчино млеко во текот на денот, а бидејќи се мали, им треба концентрирано. Сепак, мора да внимавате да ги одржувате сите добро хидрирани со мајчино млеко или вода цел ден, а ако доите, треба да бидете многу добро хидрирани за да ја пренесете таа вода на бебето. Не препорачуваме да му давате вода на бебето кое се дои чија мајка добро продуцира млеко, туку само да го нахрани со мајчино млеко колку што е можно повеќе. Сакате да видите навистина влажни гаќи/пелени.

Понекогаш бебињата добиваат голема кашлица веднаш откако ќе се запознаат со храната. Во тој случај ви препорачувам да ја прекинете храната и да се вратите на целосно хранење со мајчино млеко, секогаш кога е можно. Причините се во тоа што бебињата кои се исклучиво доени подобро ја толерираат кашлицата од оние хранети со вештачка храна или бебињата кои веќе се на храна. Покрај тоа, аспирацијата за време на кашлица може да биде проблем со храната.

Ако користите kg, само користете ја тежината во kg помножена со 375 и ќе ја добиете вашата доза на натриум аскорбат за 24 часа во mg на kg. Оваа доза да се подели на многу дози во текот на 24 часа. Чувајте табела на фрижидерот за да можете да видите што сте направиле, а исто така запишете сè што ви кажува дека сте достигнале интолеранција на дебелото црево или кој било факт што сметате дека е релевантен и можеби ќе треба да се провери подоцна. Ако пациентот конзумирал повеќе отколку што сте пресметале пред 24 часа, а немало интолеранција на дебелото црево, тоа очигледно било потребно. Не се грижете. Ако на детето му се потребни повисоки дози, само дајте му. Повеќето родители се загрижени за давање премногу и може да не сакаат да даваат доволно високи дози. Само погрижете се тие да останат хидрирани и пелените да бидат влажни или повлажни од вообичаеното.

Прстофат аскорбат е околу 250 mg. Ако сакате да бидете попрецизни во врска со дозирањето, пресметајте ја количината што ја проценувате дека ќе биде потребна за 24 часа, ставете го прашокот во мал контејнер и само додавајте прстофат во исцеденото мајчино млеко во текот на денот и ноќта. За постарите деца со повисоки дози, пресметајте ја дневната доза и давајте ја на час или онолку често колку што е потребно во поделени количини. Ако користите липозомален аскорбат кај доенчиња, ќе треба да дозирате на секои 15 минути до секој час. Ако има голема кашлица, ќе треба да дадете поголема количина од прстофат во образот и да ја зголемите дозата или зачестеноста. Доенчињата од две до четири недели обично бараат 1-2 кесички липосферен аскорбат на 24 часа. За бебињата од пет до осум недели обично се потребни 1-3 пакувања. За лекување на такви многу мали доенчиња обично е потребна помош од лекар и многу внимателно следење, честопати нишање на бебето цел ден и ноќ за време на деновите со пик на болеста.

Ако имате какви било проблеми или сомнеж за дозата, ве молиме проверете со некој кој може да ја направи оваа пресметка за вас. Откако ќе почнете да користите аскорбат, слузта значително ќе се разреди. Првите 24 часа може да бидат време кога се чини дека слузот излегува во големо изобилство, бидејќи се разредува. Ако вашата доза е соодветна, во рок од 8 часа треба да има значително намалување на зачестеноста и сериозноста на кашлањето. Ако прерано почнете да го намалувате аскорбатот, на пример, пред две до четири недели, може да забележите зголемување на кашлицата. Потоа ќе треба да ги зголемите дозите до старата доза. Веројатно не е добра идеја ниту да се обидете да престанете пред 4 недели. Ако вашето дете развие дијареа, тогаш можеби давате премногу. Во овој случај намалете за 50% и следете. Нетолеранцијата на дебелото црево, исто така, ќе ви каже кога е време да се намали. На пр. кашлицата ќе биде помалку интензивна, а цревата нема да толерираат толку многу аскорбат. Почнете полека да  намалувате. Ако кашлицата се влоши, тогаш само вратете се на повисока доза за да ја контролирате кашлицата.

Забелешка: враќањето на училиште или во дневен престој ќе бара зголемување на дозата во текот на денот бидејќи сè што се случува надвор од домот го зголемува стресот, дури и ако децата се забавуваат. Испратете го детето на училиште со вода што содржи НА во прав или со неколку кесички ЛА во случај да се засили кашлањето додека е надвор од домот.

Кашлицата кај повеќето деца ќе се намали на најмалку една четвртина од интензитетот што бил, откако ќе се дадат соодветни дози на аскорбат. Но, сепак треба да знаете како да се справите со количината на слуз што ја произведува дури и при добро менаџираната голема кашлица, особено кај бебињата. Релативната неспособност на бебињата да ги користат стомачните мускули за правилно кашлање и нивните тесни бронхии ги ставаат во физички неповолна положба во споредба со постарите деца. Ако таа слуз не се помести, тогаш може да се појават секундарни бактериски инфекции, што може да предизвика нови проблеми. До сега немало потреба да се справувам со секундарна инфекција во сите стотици случаи со кои лично сум се сретнала.

Заситеноста со кислород може да падне кај секое доенче за време на кашлицата, а тоа обично не е проблем, па дури и не се дијагностицира. Меѓутоа, кај некој кој живее на голема надморска височина и има основни проблеми со белите дробови или какви било претходно постоечки коморбидитети, тоа може да биде проблематично. Во тој случај, може да биде потребна надворешна помош, па дури и пренослив резервоар за кислород за слаб проток на кислород. Ако давате висока доза и се чини дека не делува, може да има причини зошто.

 

Некои важни прашања и како да се справите со нив:

  • Шеќер во исхраната. Ова вклучува мед, ориз, јаглехидрати и сите добри шеќери. Шеќерот се натпреварува со транспортерот на витамин Ц во клетките. Ограничете го. Ако кашлицата е сè уште лоша, ограничете ги сите шеќери уште повеќе.
  • Апсолутно треба да се избегнува пастеризирано млеко. Некои постари деца можат да толерираат свежо сурово млеко, но ако тоа ја влоши кашлицата, мора да го прекинете. Доилките можат да пијат свежо сурово млеко, но ако забележите дека кашлицата се влошува кај бебето, тогаш мора да прекинете.
  • Путер, јајца и тврди сирења се добри за мајките и повеќето деца. Повеќето мајки вегани земаат путер и јајца на мое барање за време на периодот на лекување на нивните доенчиња. Исто така, ги замолувам да имаат при рака супа од коски, но повеќето од нив се одушевени од идејата.
  • Размислете да избегнувате пченица и глутен неколку недели, особено ако вие или детето имате некоја позната чувствителност.
  • Педијалитот (електролит) или било кој производ што содржи сукралоза е отровен и го потиснува имунитетот. Избегнувајте ги.
  • Ако сте загрижени за дехидрација или електролитен дисбаланс, тогаш користете вода или кокосова вода кај постарите бебиња и деца. Свежата органска кокосова вода е многу слична на човечката плазма што всушност била давана интравенозно во итни воени времиња со успех. Кокосовата вода не е иста како кокосовото млеко, затоа не користете кокосово млеко за хидратација. Човечкото млеко секогаш се претпочита кога е достапно.
  • Ако млекото на мајката која дои се намалува, често може да се зголеми со повеќе цицање и ставање на бебето на дојка колку што е можно повеќе. Друга успешна интервенција за зголемување на производството на млеко е домашниот пијалок познат генерички како „тигарско млеко“. Гуглајте ги рецептите. Клучните хранливи материи кои го зголемуваат производството на млеко содржат инозитол и витамини од групата Б. Јадете и храна со инозитол.

 

 

Справување со кашлица кај мали бебиња

 

При секоја кашлица, особено при голема кашлица, свртете го бебето обратно од вас, свртено со грбот кон вашиот стомак. Додека седите, раширете ги нозете, така што бебето е потпрено околу стомакот, но нозете се исправени надолу помеѓу вашите бутови. Вашите раце прават нежна мрежа околу реброто и стомакот на бебето, а кога бебето кашла, вие малку се наведнувате нанапред за да го наклоните бебето, дозволувајќи му на бебето да има нешто за стомачните мускули да го притисне додека кашла. Му давате на бебето одреден притисок да се потпира, но не го притискајте кон себе. Тие сè уште не научиле да ги контролираат своите мускули за да добијат ефикасна кашлица, па вашите раце им даваат ѕид да се притиснат и им олеснува многу. Може да добиете чиста мукозна топка исфрлена на вашиот под. Подобро надвор отколку внатре. Не обидувајте се да ја фатите, или може да го испуштите бебето.

Некои родители сакаат да го ставаат бебето на рамо и да отскокнуваат и да го лулаат. Некои татковци ги ставаат на подлактицата. Мора да ја пронајдете позата која најдобро функционира за вас и за бебето. Сето ова се само предлози. Ако кашлицата на вашето дете е голема кашлица, таа може да трае нормално – наводно 100 дена, но кашлицата ќе биде вознемирувачка само по 5-7-дневниот период на пик на болеста.

Кај малите деца, јадењето понекогаш може да предизвика напад на кашлање. Знајте го тоа и прво дајте му на детето мала порција. Ако тоа предизвика напад на кашлање, понекогаш тие ќе го повратат и она што штотуку го изеле, особено ако проголтале слуз по кашлањето. Откако ќе кашлаат и/или повраќаат, тие обично ќе можат повторно да јадат без кашлање или повраќање.

Ако доите, може да забележите дека секој пат кога се храните, тоа може да предизвика кашлица, обично за време на брзо „отпуштање“. Справете се со кашлицата прво – оставете млекото да истече ако е потребно. Помогнете му да ја исфрли слузта од стомакот на бебето, а потоа веднаш вратете го на градите. Ако го правите тоа на тој начин, не треба да има кашлица бидејќи слузта исчезнала, а бебето ќе ја прими целата храна. Најдобро е да ја извадите таа токсична слуз од бебето ПРЕД целосното хранење. Ова може да бара да го ставите бебето на градите и да го соблечете по 30 секунди до минута, да му дозволите да повраќа, а потоа повторно да започнете со хранење. Зависи дали повраќаат или не. Целта е да се зголеми повраќањето пред целосното хранење. Истиот процес важи и за бебињата кои се хранат со вештачка храна.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако прерано го прекинете аскорбатот, брзо ќе откриете дека кашлицата станува многу посилна. Штом децата знаат дека аскорбатот е тој што го намалува интензитетот на кашлицата, а родителите прерано го прекинат тоа, децата ќе се вратат и ќе се изјаснат за тоа. Треба да се користи неколку недели, или во спротивно ќе имате континуиран циклус на рецидив и навидум закрепнување. Правилно управувано бебе или дете со голема кашлица не треба воопшто да губи тежина кога правилно се управува со кашлањето и внесот на храна. Иако, одвреме-навреме има многу мало губење на тежината кое брзо ќе се врати, плус повеќе веднаш по закрепнувањето.

 

 

Периодот по закрепнување

 

Ако вашето дете настине во рок од 6-9 месеци откако ќе се опорави од голема кашлица, детето може да почне да кашла, на ист начин како и при инфекцијата со B. pertussis. Причината за тоа е што е потребно време за повторно да пораснат влакната од белите дробови. Секоја инфекција без соодветно цилијарно движење, ќе резултира со задржување на слуз. Бидејќи дошло до губење на влакната во бронхиите, ова задружување на слуз е неопходно за да предизвика кашлица доволно силна за да дојде слузта од дното на бронхиите до врвот. Не користете супресанти за кашлица бидејќи може да завршите со пневмонија. Некои бебиња ја завршуваат кашлицата и набргу потоа се префрлаат на редовна храна. Забележете дека ова може да предизвика минлива поголема потреба за аскорбат.

 

 

 

 Автор:д-р Сузан Хемфрис

Извор

 

 

Референци

[1] Diavatopoulos 2017, What Is Wrong with Pertussis Vaccine Immunity?, PMID: 28289059
[2] Wearing, HJ, Rohani P.2009. “Estimating the Duration of Pertussis Immunity Using Epidemiological Signatures.” PLoS Pathog. Oct;5(10). PMID 19876392
[3] Feunou 2010, Long-term immunity against Pertussis induced by a single nasal administration of live attenuated Pertussis BPZE1, PMID:20708998
[4] Witt et.al, 2012. “Unexpectedly Limited Durability of Immunity Following Acellular Pertussis Vaccination in Pre-Adolescents in a North American Outbreak.” Clin Infect Dis. 2012 Jun;54(12):1730-5. Epub 2012 Mar 15.
[5]https://archive.cdph.ca.gov/programs/immunize/Pages/PertussisSummaryReports.aspx
[6] Mills K.,2001. “Immunity to Bordetella Pertussis.” Microbes and Infection, (3)655−677 PMID: 11445452
[7] Cherry AD., 2004 “Determination of Serum Antibody to Bordetella Pertussis Adenylate Cyclase Toxin in Vaccinated and Unvaccinated Children and in Children and Adults with Pertussis.” Clin Infect Dis. Feb 15;38(4):502-7
[8] Eberhardt 2017, “What’s wrong with Pertussis vaccine immunity?”, PMID: 28289058
[9] Ibid Diavatopoulos 2017  PMID: 28289059
[10] Cherry JD et. al., 2004. “Determination of Serum Antibody to Bordetella Pertussis Adenylate Cyclase Toxin in Vaccinated and Unvaccinated Children and in Children and Adults with Pertussis.” Clin Infect Dis. Feb 15;38(4):502-7 PMID 14765342
[11] Cherry JD et. al., 2010. “Antibody response patterns to Bordetella Pertussis antigens in vaccinated and unvaccinated young children with Pertussis.”Clin. Vac. Immun. May 17(5): 741-747. PMID 20335431
[12] Ibid Cherry 2004
[13] Altunaiji S et al.,2007.”Antibiotics for whooping cough.”Cochrane Database Syst Rev. Jul 18;(3) PMID 17636756
[14] Tozzi et. al, 2012. “Clinical Presentation of Pertussis in Unvaccinated and Vaccinated Children in the First Six Years of Life.” PMID: 14595048
[15] Ibid Altunaiji 2007.
[16] Guillot et al, 2012. “Macrolide-Resistant
Bordetella Pertussis Infection in Newborn Girl, France”. PMID 22608348
[17] Cookson, BT.,1989. “Primary structure of the peptidoglycan-derived tracheal cytotoxin of Bordetella Pertussis.” Biochemistry.Feb 21;28(4):1744-9 PMID 2541765
[18] Carbonetti NH et al., 2005. “Pertussis Toxin and Adenylate Cyclase Toxin Provide a One-Two Punch for Establishment of Bordetella Pertussis Infection of the Respiratory Tract.” Infect Immun. 2005 May;73(5):2698-703 PMID 15845471
[19] Goodwin MS. 1990. “Adenylate Cyclase Toxin Is Critical for Colonization and Pertussis Toxin Is Critical for Lethal Infection by Bordetella Pertussis in Infant Mice.” Infect Immun. 1990 Oct;58(10):3445-7. PMID 2401570.
[20] Ibid Goodwin
[21] CDC last accessed August 24, 2017 https://www.cdc.gov/pertussis/clinical/diagnostictesting/diagnosis-confirmation.html
[22] Harri Hemilä. 2006. “Safety of Vitamin C: Urban Legends”, Department of Public Health, University of Helsinki, Helsinki, Finland.
[23] DeMeo 2015, Adverse Events After Routing Immunization of Extremely Low-Birth-Weight Infants. JAMA Pediatrics, PMID:26030302
[24] Luberoff BJ (1978) Symptomectomy with vitamin C: a chat with Robert Cathcart, MD. CHEMTECH 8:76-86
[25] Cathcart 1985, Vitamin C: The Nontoxic, Nonrate-Limited, Antioxidant Free Radical Scavenger, Medical Hypotheses 18: 61-77.
[26] Humphries, Suzanne, Aug 3, 2012, “Why is nobody studying vitamin C in whooping cough?” http://www.vaccinationcouncil.org/2012/08/03/why-is-nobody-studying-vitamin-c-in-whooping-cough-by-suzanne-humphries-md/
[27] G6PDdeficiency.org  http://g6pddeficiency.org/wp/g6pd-deficiency-home/women-with-g6pd-deficiency/#.WaiJYIpLdE4
[28] Bozonet et.al 2015, Enhanced Human Neutrophil Vitamin C Status, Chemotaxis and Oxidant Generation Following Dietary Supplementation with Vitamin C-Rich
SunGold Kiwifruit, Nutrients, PMID:25912037
[29] Schorah 1996 Total vitamin C, ascorbic acid, and dehydroascorbic acid concentrations in plasma of critically ill patients.PMID:8615361
[30] Sagun KC et al.2005. “Vitamin C enters mitochondria via facilitative glucose transporter 1 (Glut1) and confers mitochondrial protection against oxidative injury.” FASEB J. Oct;19(12):1657-67 PMID 16195374.
[31] Okamoto M. 2005. “Is sudden death with vitamin C deficiency caused by lack of carnitine?” J Clin Forensic Med. Jan;13(1):26-9 PMID 16084747
[32] Chatterjee et al. 2008. “Ascorbate sustains neutrophil NOS expression, catalysis, and oxidative burst.” Free Radic Biol Med. Oct 15;45(8):1084-93. PMID 18675339