Ова е напис оригинално објавен на страната на VaxTruth, 2015 година, по серијата на заплашувачки вести за епидемии на магарешка кашлица, пласирани од мејнстрим медиумите, во кои секако се обвинуваат невакцинираните деца. Неверојатно познати ситуации, барем денес. Со оглед на тоа дека во соседните држави почнаа со пријавување на случаи на магарешка кашлица ( очигледно морбилите не се веќе толку страшни), логично би било да очекуваме појава на случаи и кај нас. Затоа потребно е да се запознаеме со болеста, нејзиниот третман, но и придобивките и ризиците од вакцината против оваа болест. Написот се однесува за САД, но работите кај нас се исти.
Марсела Пајпер -Тери е мајка на дете повредено од вакцина. Таа дава одлично резиме за вакцините користени против пертусис,за нивната ефикасност, како и фактот дека истите може да бидат двигатели и поттикнувачи на т.н. епидемии со голема кашлица.
Ајде да зборуваме за оние епидемии на голема кашлица. Еве неколку примероци од извештаите, од кои се забележува дека или СИТЕ или многу висок процент (99,5% во овој случај) од учениците кои биле болни со голема кашлица биле целосно вакцинирани:
- На 19 деца во Самит Ко. им беше дијагностицирана голема кашлица и покрај тоа што се во тек со вакцинациите
- Епидемија на пертусис во училиштето Салинас
- Седумнаесет студенти од Фалмут со голема кашлица
- Епидемија на пертусис во Калифорнија, 2010 година
И додека сме на тоа, дали можеме да зборуваме за DTaP? Вакцина против дифтерија, тетанус и ацелуларна пертусис? Мораме. Затоа што тоа е она што ги предизвикува овие појави. Се обложувам дека во овој момент 98% од оние кои се про-вакцината веќе престануваат да читаат. Ме чуди колку луѓе одлучиле и изгледаат како да мислат дека „знаат“ сѐ што треба да се знае за епидемиите на голема кашлица и вакцините DTaP/Tdap. Може да грешам во врска со ова, но се чини дека многумина го слушаат Пол Офит како да е „пророк“ и не чувствуваат потреба да размислуваат сами или да гледаат подалеку. Кога зборуваме за науката и човечкото тело, едноставно не гледам како можеме да кажеме дека нема што да научиме. Фактот дека никогаш не знаеме сè што треба да знаеме е основата на научното истражување – а тоа ја вклучува и науката што влијае на процесот на донесување медицински одлуки. За оние кои сè уште се со мене, благодарам што останавте и што бевте доволно храбри да го искористите сопствениот интелект и проникливоста што Бог ви ја дал. Еве одиме…
Првото нешто што сакам да го кажам за ацелуларната вакцина е дека причината што таа беше развиена на прво место беше затоа што целоклеточната вакцина против пертусис беше толку опасна и премногу бебиња умираа. SIDS, или синдром на ненадејна смрт на доенчиња беше еден од најсериозните несакани настани по вакцинацијата со целоклеточната вакцина против пертусис. Пред воспоставувањето на Програмата за компензација на повреди од вакцини (VICP) од 1986 година, родителите чии деца беа сериозно повредени или убиени од вакцини можеа да преземат правна постапка против производителите на вакцини. Имаше толку многу тужби што беа поднесени што производителите на вакцини во основа ја држеа федералната влада на САД како заложник и се заканија дека целосно ќе престанат да прават вакцини доколку владата не се вклучи и не ги заштити од тужби. И затоа сега, ако вакцините го повредат или убијат вашето дете, не можете да го тужите производителот на вакцината. Повеќе информации за историјата на ДТП прочитајте овде.
Се знаеше дека вакцината DTP (или DTwP или DPT) е многу опасна. Во 1991 година, првата вакцина DTaP беше лиценцирана во САД со премиса дека ацелуларната верзија ќе биде побезбедна и ќе предизвика помалку несакани ефекти и смртни случаи од верзијата на вакцината DTwP (целоклеточна). Постојат две верзии (и повеќе производители) на ацелуларната вакцина. DTaP се дава на доенчиња и деца до седум години. Tdap се дава на лица постари од седум години, вклучително и возрасни. Голем дел од информациите во овој пост се однесуваат и на DTaP и Tdap, бидејќи и двете се ацелуларни вакцини против пертусис.
*Во Македонија ДТаП компонентата е дел од поливалентините вакцини PENTAXIM и HEXAXIM.
Безбедносните студии за вакцината DTaP се проблематични по тоа што новата вакцина беше тестирана наспроти старата вакцина. Немаше вистинска плацебо група. Ова е вообичаена практика во студиите за безбедност на вакцините. Други проблеми со клиничките студии за безбедност вклучуваат и употреба на нееднаков број на субјекти меѓу групите и многу кратко следење на учесниците; генерално 3-4 дена по вакцинацијата. Исто така, забележано е дека во клиничките испитувања постои конзистентна стапка на редукција (деца кои се откажале или биле отстранети од студијата од нивните родители), што резултирало со сѐ помалку и помалку учесници како што напредувале студиите. Во упатствата на производителот на вакцината не се споменува зошто децата биле отстранети од студијата. Можеме да шпекулираме дека една можна причина поради која родителите го повлекуваат своето дете од студија може да се должи на тоа што детето има несакана реакција, а родителот не сака повторно да го преземе тој ризик, но тоа би било само шпекулација од наша страна. Постојат некои докази кои укажуваат на тоа дека можеби е така, судејќи според фактот дека во клиничките испитувања, процентот на деца кои доживеале системски реакции се зголемувал со секоја наредна вакцина во серијата. Со други зборови, процентот на деца чии родители пријавиле несакани реакции бил поголем во дозите 4 и 5 отколку во дозите 1 и 2. За да ги прегледате овие информации сами, можете да ги добиете упатствата од производителите на овие вакцини овде.
Повторно, кога користите мали групи во вашите клинички испитувања и ги следите само 3-4 дена по вакцината, не е ни чудо што не можете да направите сигурни проценки за тоа што навистина се случува кога ќе ја дадете вакцината на четири милиони новороденчиња секоја година, како да се сите исти. Значи… тоа е мала историја за тоа како дојдовме до ацелуларната верзија на вакцината и зошто. Како резултат на штотуку дискутираните прашања, навистина нема многу докази дека DTaP е многу побезбедна од DTP. Кога донесуваме одлуки за тоа дали медицинската интервенција е соодветна за нашите деца или за нас самите, треба да го направиме она што се нарекува анализа на ризици и придобивки. Во основа, она што треба да го знаеме е:
-
Кои се пријавените ризици (несакани реакции) за интервенцијата?
-
Кои се пријавените придобивки од интервенцијата?
- Врз основа на доказите, дали придобивките ги надминуваат ризиците?
Кога правиме анализа на ризиците и придобивките, мора да ги земеме предвид и индивидуалните разлики и семејната историја. Секој кој некогаш работел во клиничка пракса каде што се цени безбедноста на пациентот, ќе ви ја каже важноста на индивидуалната и семејната медицинска историја, кога размислувате дали пациентот е добар кандидат за лекови или за инвазивни медицински процедури. Добрите лекари нема да препишуваат апчиња за контрацепција на млади жени со историја на згрутчување на крвта. Тие нема да препишуваат одредени лекови на деца кои имаат епилепсија. Дури и лековите без рецепт не се безбедни за секого, како што ќе ви каже секој со висок крвен притисок и настинка. Добрите лекари сфаќаат дека нема ништо во медицината (без рецепт, без процедура) што е безбедно за 100% од нивната популација на пациенти, и ја сфаќаат важноста да одвојат време и да внимаваат пред да препишат или препорачаат каков било лек или процедура. Тоа се нарекува грижа за пациентот.
Кога станува збор за детските вакцини, грижата за пациентите паѓа во вода и сѐ е до држењето при распоредот за вакцинирање на пациентот. Ако го слушаме Пол Офит, сите треба да ја игнорираме семејната медицинска историја и генетиката, и да се наредиме и да правиме како што ни е кажано. Д-р Офит е вакцинален екстремист. Тој изјави дека доенчињата можат да примат 10.000 вакцини во еден ден без никаков проблем. Во овоа неодамнешно пропагандно парче од Австралија, д-р Офит, исто така, се чини дека го изразува ставот дека на родителите кои сакаат да бидат претпазливи или кои одлучуваат да не ги вакцинираат своите деца, државата треба да им ги одземе децата. Не знам за вас, но не сакам некој толку екстремен да донесува одлуки за здравствената заштита на моето дете. И додека сме на темата д-р Офит, треба да се знае дека тој е на истражувачка позиција во Детската болница во Филаделфија и неговата плата ја плаќа Мерк – производителот на голем број вакцини за деца. Не знам која е неговата сегашна плата, но пред неколку години (2008-2009) беше објавено дека изнесува 1,5 милиони долари годишно. Се сомневам дека тој заработува помалку пари деновиве, со оглед на тоа што неговата позиција како глас на универзалната вакцинација стана само погласна и поекстремна од тоа време. Д-р Офит, исто така, разви вакцина за ротавирус – и патентот за таа вакцина беше продаден за пријавени 182 милиони долари. Но, сигурна сум, кога станува збор за вакцинација на 4 милиони деца годишно, со вакцини кои се продаваат за некаде од 10 до 395 долари секоја – „парите воопшто не се влијание“.
Да почнеме со пријавените придобивки од вакцината.
Според ЦКБ, вакцината е безбедна и ефикасна. Ако веруваме во она што ни го кажува ЦКБ, вакцината ќе нѐ заштити и е најдоброто нешто што можеме да го направиме за да се осигураме дека нашите деца, особено нашите доенчиња, се заштитени.
Сега да ги погледнеме ризиците од нашата анализа на ризик-придобивка од вакцината DTaP. Треба да појаснам дека кога се проценуваат ризиците, тоа може да се наведе во однос на познатите или пријавените дејства од вакцината DTaP. Кога се обидувате да ги откриете вистинските ризици, има некои проблеми; Главен меѓу нив е фактот што немаме точни податоци за проценка.
Единствената база на податоци што ја имаме е Системот за известување за несакани настани од вакцини (VAERS), кој го одржува Министерството за здравство и човечки услуги на САД. Проблемот е што иако Федералниот закон од 1986 година вели дека е должно лекарите и другите здравствени работници да пријават познати и сомнителни несакани реакции на вакцините, тие не го прават тоа. Резултатите од студијата нарачана од ЦКБ за анализа на системот VAERS покажа дека се пријавени помалку од 1% од несаканите настани на вакцината. Наодите од студијата на Харвард Пилгрим се во согласност со претходните наоди од 1990-тите, кои проценуваа стапка на известување од 1-2%. Значи, кога ќе ги погледнеме бројките што ни се достапни, треба да запомниме дека вистинската бројка е многу поголема.
Бидејќи VAERS е сè што можеме да разгледаме, да видиме како изгледаат тие бројки.
Овие бројки се од пребарувањето што го направив во октомври 2014 година:
До 14-ти септември, 2014 година во VAERS, како последица од ДТаП вакцината пројавени се : 20 449 посети на Итна помош, 7 047 сериозни несакани настани, 5 532 хоспитализации, 745 пациенти здобиени со повреда што резултира со инвалидитет, 954 животозагриживачки настани и 820 смртни случаи.
Кога првпат ја напишав оваа статија за VaxTruth во јануари 2015 година, се вратив во базата на податоци за да видам колку броевите се променија од моето претходно барање. Првото барање даде резултати за реакции пријавени до 14 септември 2014 година. Второто барање вклучуваше податоци за извештаи до 14 ноември 2014 година.
Овие бројки го претставуваат вкупниот број на несакани реакции пријавени во VAERS, бидејќи DTaP беше лиценцирана во раните 1990-ти. Запомнете, овие бројки многу веројатно се мал дел од реалната бројка, поради сериозно недоволно пријавување од страна на лекарите, медицинските сестри и фармацевтите. Родителите, исто така, можат да пријават несакани реакции во VAERS… ако знаат за тоа и ако можат да скокаат низ обрачите за да го сторат тоа.
Забележете дека за два месеци имаше зголемување на броевите за: · 50 посети на Итна помош ; 31 сериозен несакан настан; 8 пациенти со повреди кои резлутирале со некаков вид на инвалидност, 7 опасни по живот реакции, 2 смртни случаи.
Повторно, ова е она што беше пријавено во VAERS како несакани реакции на вакцината DTaP, за само 2 месеци. Ова не ги вклучува реакциите пријавени за Tdap, така што бројките овде вклучуваат САМО тешки несакани реакции кај деца под седум години. Ајде да ги погледнеме бројките за Tdap:
Зошто броевите за Tdap се толку пониски отколку за DTaP? Веројатно има неколку причини, но двете најважни се дека Tdap беше лиценциранa во 2005 година, така што DTaP е на пазарот многу подолго. Другата навистина голема причина е што во последните неколку години Tdap се наметнува агресивно на адолесцентите и возрасните – ова е во строг контраст со DTaP, што се администрира пет пати на секое новороденче и дете родено во САД и вакцинирано според Календарот за вакцинирање во детството на ЦКБ. Дадени повеќе вакцини = посериозни несакани дејства и смртни случаи. Значи, ако го разгледаме бројот на смртни случаи од ацелуларната пертусис вакцина (само оние што се пријавени во VAERS), тој број беше 871, заклучно со 14.11.2014 година. Бидејќи ја ажурирам оваа статија, се вратив во базата на податоци на VAERS. Еве ги тековните броеви за DTaP:
И еве ги најактуелните бројки за Tdap:
Пријавени се 1.857 смртни случаи на VAERS од ацелуларната вакцина против пертусис (DTaP и Tdap). Она што исто така го забележувам е дека за 9 години (од 2014-2023), бројките за DTaP се зголемени повеќе од двојно во речиси секоја категорија. Една од причините зошто луѓето умираат од вакцината е анафилакса – тешка алергиска реакција на компонента на вакцината. Упатстватата на производителот на вакцината предупредуваат за ова и тие наведуваат дека секој кој имал претходна тешка реакција или кој има позната алергија на НЕКОЈА од состојките на вакцината не треба да ја прими вакцината. Колку луѓе познавате со алергии на млеко? Ги има многу. Дали знаевте дека вакцините DTaP и Tdap содржат млечни протеини? Ниту јас не знаев додека ќерка ми не доживеа сериозна реакција. Таа има алергија на млеко.
Овој напис известува за набљудувањата на група лекари кои биле сведоци на неколку случаи на анафилакса кај нивните пациенти, по администрацијата на вакцината DTaP. (Забелешка: онлајн извештајот наведува дека децата примиле ДПТ вакцина. Ова е грешка, бидејќи вакцината ДПТ повеќе не се користеше во САД во тоа време.) Лекарите ги презентираа своите набљудувања на годишниот состанок на Американската академија за астма , алергија и имунологија во 2011 година. Она што ми е најинтересно е дека на почетокот, лекарите (кои се обучени за алергија и имунологија) на почетокот беа шокирани кога пронајдоа млечни протеини во вакцините што ги тестираа. Мислеа дека тоа е поради контаминација. Тие знаеле дека протеините од храната не треба да се инјектираат во телото – тие треба да поминат низ гастроинтестиналниот тракт каде што можат соодветно да се разложат. Па, погодете што? Тоа не беше контаминација. Бактериските компоненти на вакцината се одгледуваат на каз-амино киселини (со хидролиза на казеин) – млеко. Овој проблем е познат барем од 2011 година. Дали сте слушнале нешто за тоа? Дали вашиот лекар праша дали вие или вашето дете имате алергија на млеко пред да ја препорача вакцината DTaP или Tdap? Нашиот лекар знаеше за алергија на млеко на ќерка ми, но тој ѝ препорача (настојуваше) сепак да ја прими Tdap. Зошто би го направил тоа? Тој не знаеше. Тој никогаш не го прочитал упатството на производителот.
Да се вратиме на нашата анализа на штета и придобивки и на прашањата: „Дали интервенцијата е корисна и ако е така, дали придобивките ги надминуваат ризиците?“ Веќе слушнавме што има да каже ЦКБ. „Вакцините се ОДЛИЧНИ! Вакцините спасуваат животи! Редете се и земете ја вашата вакцина!“ Како луѓе кои размислуваат, треба да копаме подлабоко и да видиме дали тоа што ни го кажуваат е вистина. Со други зборови… Дали вакцината НАВИСТИНА функционира? Ни е кажано дека е така, а исто така ни е кажано дека треба да ја земеме вакцината за да го заштитиме „имунитетот на стадото“. За жал, нема докази дека „постои имунитет на стадо предизвикан од вакцина“. Тоа е теорија. Ајде да размислиме за оваа теорија уште малку…
Луѓето кои се про-вакцините, кои се обидуваат да ве засрамат да вакцинирате за да го заштитите „стадото“ честопати велат дека мора да имаме 90-95% покриеност со вакцини за да спречиме појава на заразни болести. Колкумина од вас што го читаат ова се постари од 30 години? Јас сум. Имам 63 години. Мојата последна вакцина против ДТП беше во петто одделение. Кога бев дете, тинејџерите, студентите и возрасните не беа цел на вакцинација, така што откако ги добив моите засилувачи во петто одделение, тоа беше сè. Истото важи и за повеќето возрасни на моја возраст. Така е, и имајќи предвид дека најмалку 50% од возрасната популација со години се шета со имунитет предизвикан од вакцината НУЛА (бидејќи сега знаеме дека функцијата на вакцините со текот на времето, односно за 3-5 години ја снемува, ако воопшто делувала). Тоа некако го соборува целиот аргумент за „имунитетот на стадото“, нели? Има нешто во врска со имунитетот на стадото, и тоа порано беше вистинска придобивка за доенчињата и малите деца чии мајки имаа природен имунитет од детските болести кои ги прележале. Тој природен имунитет им бил пренесен на доенчињата во текот на првата година од животот и тие биле заштитени од работи како што се мали сипаници и голема кашлица. Значи, иако е точно дека вакцините имаа ефект врз имунитетот на стадото, тоа не беше позитивно. Можете да прочитате повеќе за имунитетот на стадото во оваа статија.
И покрај доказите (и здравиот разум) кои ни кажуваат дека имунитетот на стадо предизвикан од вакцини е измама, сите сме ги слушнале извештаите во утринските ток-шоуа и сме ги виделе вестите кои ги обвинуваат невакцинираните деца и нивните родители за појава на епидемии. на пертусис. Треба да земеме длабок здив и да видиме колку е веројатно тоа да биде така. Еден начин да се направи тоа е да се види дали има други објаснувања за она што се случува.
Според оваа студија, бактеријата број еден што предизвикува голема кашлица мутира како одговор на притисокот од употребата на ацелуларната вакцина против пертусис. (Ви текнува?) Каде го слушнавме ТОА неодамна? Дури и долго пред КОВИД-19, имаше проблеми со нефункционирањето на вакцините бидејќи опфатените видови не се совпаѓаат со она што циркулира. Како пример, уште во 2014 година: ЦКБ вели дека вакцината против грип 2014-2015 не функционира толку добро како во повеќето години, бидејќи видот на грип мутира. Тоа го прават вирусите и бактериите. Тие постојат од почетокот на времето и тие се многу издржливи. Ќе се менуваат и ќе мутираат за да преживеат. Дали ова ве изненадува? Не, не треба. Ако некогаш сте земале антибиотик за бактериска инфекција, размислете што ви кажал докторот. Веројатно се случило вака…
„Задолжително земете го овој антибиотик во текот на 7-10 дена и земајте го точно како што е пропишано. Не престанувајте да го земате кога ќе се чувствувате подобро. Ако не го земате точно како што е пропишано, може да предизвика промена (мутација) на бактериите и да станат отпорни, а следниот пат кога ќе ви треба антибиотик, може да не делува“.
(Ви текнува?) Еве што е… Ако бактеријата може да се промени за да избегне искоренување во текот на 7-10-дневната администрација на антибиотици, како би требало да веруваме дека вакцината развиена во 1991 година против еден вид на повеќе бактерии кои предизвикуваат пертусис е сè уште ефикасна?
Ах! Еве го! Момент на просветлување! Да. Во времето кога DTaP беше развиена во 1991 година, Bordatella Pertussis беше главната проблематична бактерија што предизвикуваше голема кашлица. Сепак, тоа не е единствената бактерија која МОЖЕ да предизвика голема кашлица. Тоа значи дека DTaP е „вакцина со делумно покривање“. Делумно покривање само значи дека има и други видови на вируси или бактерии кои исто така можат да ја предизвикаат болеста за која станува збор. Во моментов, зборуваме за голема кашлица. Други вакцини со делумно покривање вклучуваат пневмококна вакцина, вакцина против грип, вакцина против менингокок и вакцина против ХПВ.
Едно нешто што се случува со вакцините со делумно покривање е дека кога вакцината покрива само еден или неколку соеви и не ги покрива другите, оние што не се покриени можат (и го прават тоа) да станат посилни. Оние кои не се опфатени можат (и предизвикуваат) да почнат да предизвикуваат епидемии на болеста кога не биле или барем не толку сериозни, како пред вакцината да стане широко распространета. Ова се случи со пневмококната вакцина, и затоа сега постојат пет различни верзии: Prevnar7 (со 7 соеви на стрептококни бактерии), Prevnar13 (со 13 видови на стрептококи), Prevnar 20 (со 20 соеви), Vaxneuvance (со 15 соеви на стрептокок) и Pneumovax23 (со 23 соеви на стрептококи). Бидејќи соевите на стрептокок што не се опфатени со вакцините стануваат сѐ попроблематични (ова е познато како „смена“), дизајнерите на вакцините мора да продолжат да се враќаат на таблата за цртање (лабораторија) за да направат нови вакцини за покривање на повеќе соеви. Еве една статија од рецензирана медицинска литература која го опишува ова прашање. Забелешка… не се работи само за премногу вакцини. Исто така и премногу антибиотици. Целокупното прашање е што бактериите мутираат и тие стануваат повирулентни и се поверојатно отпорни на антибиотици. Ова не е мал проблем. И тоа не е затоа што децата не добиваат доволно вакцини или доволно лекови на рецепт. Тоа е затоа што тие добиваат премногу.
Луѓето кои се про-вакцини веројатно превртуваат со очите и врескаат на компјутерот (или телефонот): „Немаш никаков доказ за тоа!“
Продолжете да читате…
Ајде да погледнеме некои неодамнешни студии кои се направени во лабораторија, користејќи не-човечки субјекти. Да. Нечовечки субјекти. Зошто? Затоа што тоа е местото каде што се прави истражувањето. Што се однесува до д-р Офит и другите про-вакцини луѓе, сите прашања се поставени и одговорени и не треба да бараме понатаму. За жал, тоа не е начинот на кој функционира науката. Тоа е начинот на кој функционира религијата.
Како што изјави д-р Бернадин Хили (поранешен шеф на НИЈЗ) со Шарил Аткисон, во интервју за CBS во 2008 година – треба да го погледнеме истражувањето што се прави кај животински модели и да не го намалуваме тоа истражување само затоа што не се согласува со веќе одлучен став на оние кои имаат финансиска корист од продажбата на вакцините. Кога зборуваме за животински модели и истражувања, има некои кои носат поголема тежина од другите, едноставно поради фактот што човечките суштества споделуваат повеќе ДНК со одредени животни (примати) отколку со други. Жал ми е ако тоа навреди некого, но тоа е факт. Во овој момент, ќе се оддалечам малку и ќе разговарам за една студија со модел на животни која, иако нема никаква врска со големата кашлица, е многу добра студија за илустрација на одредени точки.
Оваа студија, објавена во 2010 година, ги истражуваше ефектите од распоредот за вакцини за доенчиња (оној што им се дава на доенчињата – оној што Пол Офит сака да го наложи без исклучоци или исклучоци за индивидуалност), кога се прилагоди за тежината и се дава на доенчиња мајмуни макаки. Истражувачите користеле макаки бидејќи тие споделуваат 93,5% од ДНК со луѓето. Во оваа студија, истражувачите ги поделија доенчињата макаки во две групи. За разлика од студиите за вакцини спроведени со човечки учесници, ова беше вистински експериментален дизајн, со една експериментална група (оние кои примиле вакцини) и една плацебо група (оние кои не примиле вакцини). Еве ги резултатите:
„Добиените резултати беа неверојатни. Вакцинираните мајмуни покажаа зголемен раст на мозокот… Поголемата големина на главата е белег на човечките доенчиња кои подоцна развиваат аутизам. Вакцинираните примати, исто така, покажаа различна стапка на созревање на делот од амигдалата на мозокот, од невакцинираните мајмуни. Дисфункција на амигдалата долго време е вмешана во аутизмот. Регионот на амигдалата е одговорен за емоции, меморија и учење. Поединците со аутизам често имаат проблеми во овие области“.
Значи, еве ви. Во една вистинска експериментална истражувачка студија на вакцинирани наспроти невакцинирани доенчиња макаки, оние кои биле вакцинирани развиле физиолошки симптоми во согласност со она што често се гледа кај децата кои претрпеле реакции на вакцините и подоцна им бил дијагностициран аутизам. Бебињата макаки во плацебо групата, кои не биле вакцинирани, немале такви проблеми..
Назад на DTaP… Како што е дискутирано во оваа рецензирана научна студија, има некои животни кои се покорисни од другите кога зборуваме за експерименти кои ја истражуваат човечката физиологија. Најчесто се користат глувци. Павијаните се најпосакувани бидејќи споделуваат 91% од ДНК со луѓето, и затоа можеме да направиме посилни претпоставки за тоа дали резултатите од истражувањето можат да се применат или не на човечките суштества. Значи, што учиме од студиите за павијаните?
Според оваа студија, павијаните кои се вакцинирани со ацелуларна вакцина против пертусис (DTaP или Tdap) сè уште можат да ги задржат бактериите во грлото (со или без симптоми) и да ги пренесат на други!!!
ШТО???
Да. Вакцинираните павијани можат да шират пертусис на други ДУРИ И КОГА ИМААТ НУЛА СИМПТОМИ. Нека ви легне тоа. Сега… размислете за практиката на „кожурeц“. „Cocooning“ е луда практика на вакцинирање на членовите на семејството на доенчињата (често пред новороденчето да се врати дома од болница), под премисата дека со тоа, доенчето ќе биде заштитено од добивање на голема кашлица. Малите бебиња се НАЈранливи на сериозни исходи од пертусис. Ако наодите од студиите за примати кои не се поврзани со луѓе се точни, оваа пракса е веројатно НАЈопасното нешто што може да се случи, од гледна точка на малото новороденче.
Сега размислете за ова… Ако невакцинираното дете има пертусис, родителите ќе го знаат тоа и ќе можат да преземат чекори за да се држат настрана од новороденчињата. Ако резултатите од оваа студија важат за луѓето, вакцинирано дете или возрасен може да го прегрне и бакнува новороденчето и да шири пертусис без воопшто да го сфати тоа. Ако резултатите се вистинити за луѓето, тоа исто така значи дека колку повеќе луѓе се вакцинирани со вакцината DTaP или Tdap, толку е поголема веројатноста тие да придонесат за појава на голема кашлица. Дали тоа е причината зошто, во поновата историја, секоја епидемија на пертусис се јавува кај популации каде што процентот на вакцинирани лица е повисок од националниот просек?
Сè уште не сте убедени? Добро… Ајде да истражиме уште малку.
Се сеќавате кога ви кажав дека Bordatella Pertussis е само ЕДЕН од повеќекратните соеви на бактерии кои предизвикуваат голема кашлица? И запомнете кога зборувавме за „смена“ и како тие соеви кои не се опфатени во вакцината можат да станат попроблематични? Досега, зборувавме за докази од нечовечки студии. Како што веројатно сте свесни, најголемите и најшироко објавени „епидемии на пертусис“ беа во Калифорнија. („Пертусис“ е во наводници, бидејќи според Одделот за јавно здравје во Калифорнија, не е само Бордатела пертусис што ги предизвикува епидемиите.)
Видете го замаглениот дел под насловот Инциденца на болеста ???
„Се проценува дека од 1% до 35% од познатите инфекции со Bordatella се предизвикани од B. parapertussis. Познато е дека се појавуваат епидемии и неодамна беа пријавени во Калифорнија“.
Одделот за јавно здравје во Калифорнија ги има истите информации на нивната веб-страница денес, со датум од 2023 година, овде.
И еве една студија која известува за појава на голема кашлица од 2014 година во Минесота, во која 31 заболено дете, со средна возраст од 5,9 години (точно на време за „засилувач“) биле позитивни на B. parapertussis. Сите беа целосно вакцинирани со DTaP.
Ќе ви дадам момент да го апсорбирате тоа. Знам дека е тешко. Ова е сосема различно од сè што ни е кажано од мејнстрим изворите на вести на што многумина од нас се потпираат. Да не звучам како мајка ти, но… „Не верувај во сѐ што ќе слушнеш на телевизија“. Особено кога во секои 60-минутни вести има помеѓу 10-15 реклами за фармацевтски производи. Да. Исто како Пол Офит, вашите „вести“ ги купува и плаќа фармацевтската индустрија. Шокантно. Знам.
Значи, ако до 35% од случаите на голема кашлица се предизвикани од B. parapertussis, што би можело да предизвика она што изгледа дека е зголемување на тие случаи? За ова, немаме студии за луѓе и немаме студии за примати. Имаме модел на глушец.
„И покрај повеќе од 50 години вакцинација низ населението, инциденцата на голема кашлица е во пораст. Иако Bordetella pertussis се смета за главен предизвикувачки агенс на голема кашлица кај луѓето, инфекциите со Bordetella parapertussis не се невообичаени. Широко користените ацелуларни вакцини против голема кашлица (aP) се состојат исклучиво од антигени на B. pertussis кои имаат мала или никаква ефикасност против B. parapertussis. Овде, прашуваме како вакцинацијата со aP влијае на конкурентните интеракции помеѓу видовите Bordetella во ко-инфицираните домаќини на глодари, а со тоа и на силата и насоката на селекција во домаќинот управувана од aP. Покажуваме дека вакцинацијата со aP помогна да се исчисти B. pertussis, но резултираше со приближно 40-кратно зголемување на единиците на формирање на белодробни колонии (CFU) на B. parapertussis. Таквото олеснување на B. parapertussis со посредство на вакцината не се појави како резултат на конкурентно ослободување; B. parapertussis CFUs беа повисоки кај aP-во однос на лажно вакцинирани домаќини без оглед на тоа дали инфекциите се единечни или мешани. Понатаму, покажуваме дека аП вакцинацијата го попречува имунитетот на домаќинот против B. parapertussis – мерено како намалени белодробни инфламаторни и неутрофилни реакции. Така, заклучуваме дека вакцинацијата со aP го попречува оптималниот клиренс на B. parapertussis и ги подобрува перформансите на овој патоген. Нашите податоци ја зголемуваат можноста дека широко распространетата аП вакцинација може да создаде домаќини поподложни на инфекција со B. parapertussis“.
ВАКЦИНАЦИЈАТА ВОДИ ДО 40-КРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОЛНИЗАЦИЈАТА ВО БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА Б. парапертусис… „Се шпекулира дека вклучува специфични имунолошки реакции искривени или ослабени од ацелуларната вакцина…“
Ова истражување од Центарот за динамика на заразни болести на Универзитетот во Пен Стејт силно сугерира дека и покрај тоа што ви се кажува за тоа како невакцинираните шират болест, спротивното е точно, а ВАКЦИНИРАНИТЕ се тие кои се инфицираат меѓусебно преку комбинација на фактори, вклучително и вакцините кои не делуваат и кои предизвикуваат развој на нови, повирулентни соеви на бактерии (и вируси), кои се шират во отсуство на симптоми и кои се значително зголемени во белите дробови на примателите на вакцината КОГА ТИЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ.
Така.. Многу ми е мило што го расчистивме тоа. Ве молам. Едуцирајте се за вакцините пред да ги вакцинирате вашите деца. Ако одлучите да вакцинирате, не правете го тоа затоа што сте вакцинирани или имате грижа на совест за тоа. Размислете од каде доаѓаат вашите информации и кој плаќа за да обезбеди какви информации добивате. И запомнете, ако нешто му се случи на вашето дете, д-р Офит нема да биде тој што ќе плати за погребот или за доживотната грижа за вашето дете. Вие ќе треба да го сторите тоа.
За оние кои се загрижени за голема кашлица, ве молиме прочитајте и зачувајте ја оваа важна статија од мојата пријателка, д-р Сузан Хамфрис, за третман на голема кашлица со висока доза на витамин Ц (натриум аскорбат). Кога знаеме како ефикасно да ги третираме детските инфекции како голема кашлица, можеме слободно да донесуваме вистински информирани одлуки за нашите семејства.