Прашање: Од градинката усно ми кажуваат дека нема да го запишат детето во градинка доколку не однесам потврда за примени сите вакцини (или само МРП, варира од градинка до градинка)
Прашање: Детето оди во градинка, запишано е, но ми прават притисоци да го вакцинирам со пропуштените вакцини (или само МРП, варира од градинка до градинка)
Одговор: Предучилишната установа нема основ за вакво барање ниту има законски одредби според кои може да се повикува за да ви бара таква изјава, вклучувајќи го и Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, според кој градинките само ги собираат потврдите за вакциналниот статус, а не преземаат никакви активности во врска со тоа.
Имајте на ум дека вакцинацијата е пропишана во повеќе закони од здравствената заштита, помеѓу кои и Законот за заштита на правата на пациентите. Според последниот секој има право на информирана согласност откако ќе биде известен за сите користи и ризици од вакцината.
Подготвивме Изјава за вакцинација и ослободување од одговорност која можете да ја однесете во архивата на градинката. Симнете ја, пополнете ја и архивирајте ја кај нив во два примероци. Едниот архивиран примерок ви го враќаат и го чувате на сигурно место.
ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДОКОЛКУ НОСИТЕ ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ГРАДИНКА, ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕТЕ И БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ и ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ДО ДИСПАНЗЕР КОЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА ОВАА СТРАНИЦА (ДОКУМЕНТИ БРОЈ 4 И 7).
Доколку од некои причини, установата одбие да ја прими Изјавата, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препорачана пратка во еден примерок (на опачината на обвивката (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со копија од Изјавата.
8_Изјава_за_вакцинација_и_ослободување_од_одговорност_градинки_општа