Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Покана за редовно собрание

 

 

 

Врз основа на Член 24 од Статутот на Здружение на граѓани за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје за одржување на редовно Собрание, Претседателот до сите членови на здружението на ден 28.9.2022 година, испраќа:

ПОКАНА

за редовно Собрание

Претседателот на Собранието и Претседател на Управен одбор на Здружение на граѓани за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје Ве поканува на редовно Собрание кое ќе се одржи на 28.10.2022 година преку телекомуникациска мержа односно електронски во 19:00 часот со следниот:

ДНЕВЕН РЕД

I. Процедурален дел

  1. Регистрација и верификација на учесниците
  2. Отворање на редовното собрание и воведни обраќања
  3. Избор на записничар
  4. Избор на бројач на гласови

II. Работен дел

  1. Предлог Одлука за измена односно бришење на основач на Здружението
  2. Предлог Одлука за разрешување на член на Управен одбор и избор на нови членови на Управен одбор на Здружението
  3. Предлог Одлука за измена на Статут на Здружението

Предлог дневниот ред, и сите пропратни документи односно работни материјали, ќе ви бидат испратени по електронски пат заедно со оваа покана.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 28.10.2022 на службената е-пошта на Здружението: info@odnaszanas.com

Во Скопје,

28.9.2022 година

                                                                                                                                Претседател,

                                                                                                                                 Гордана Гоџо

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.