Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Систематски преглед: Сериозни штети од КОВИД вакцините

Д-р Мариен Демаси е истражувачка медицинска репортерка со докторат по ревматологија, која пишува за онлајн медиуми и највисоки медицински списанија. Повеќе од една деценија, таа продуцираше ТВ документарни филмови за Австралиската радиодифузна корпорација (ABS) и работеше како пишувач на говори и политички советник за министерот за наука на Јужна Австралија. Повеќе за нејзината работа може да се прочита на нејзината веб-страница maryannedemasi.com.

Заедно со д-р Питер Готче направија систематски преглед на достапната литература во врска со сериозните штети предизвикани од КОВИД вакцините. Заклучоците од овој преглед се застражувачки. Текстот е превземен од Substack профилот на д-р Демаси.


 

Неодамна, мојот колега и јас завршивме систематски преглед за сериозните штети поврзани со вакцините против Ковид-19. Мојот коавтор Питер Готче, е дански лекар со четиридецениско истражувачко искуство, има објавено 97 трудови во „големата петорка“ (BMJ, Lancet, JAMA, Annals of Internal Medicine и New England Journal of Medicine) и 19 Кохранови прегледи.

Мојот претходен извештај за тоа како сериозните штети беа минимизирани или исклучени од испитувањата за КОВИД-19, стана поттик за овој преглед. Исто така, се покрена загриженост за веродостојноста на податоците од клиничките испитувања поради долгата историја на фармацевтската индустрија со фалсификување податоци и намерно криење на штетите.

Во случајот на вакцините против КОВИД-19, ниту производителите на вакцини, ниту регулаторите за лекови не дозволија независни истражувачи да ги испитаат необработените податоци од пробните тестирања, принудувајќи ги застапниците за транспарентност да ја тужат АХЛ за пристап до документите.

Во нашиот преглед, се фокусиравме на сериозните несакани настани (serious adverse events – SAEs) поврзани со вакцините против Ковид-19, документирани во објавената литература (крајниот датум за пребарување беше 4 април 2022 година).

Ги дефиниравме SAE според дефиницијата на Европската агенција за лекови:

„Несакана реакција која резултира со смрт, е опасна по живот, бара хоспитализација или продолжување на постоечката хоспитализација, резултира со постојан или значителен инвалидитет или неспособност или е вроден дефект“.

Еве ги најважните точки:

  1. Многу од студиите што ги прегледавме беа со многу слаб квалитет и објавени во списанија кои не успеаја да ги идентификуваат основните грешки.

  2. До денес, методолошки најригорозниот систематски преглед на SAE беше спроведен од страна на Fraiman и сор. Ризикот од SAE по вакцинацијата го надмина ризикот од хоспитализација од ковид-19.

  3. Вакцините со вектор на аденовирус го зголемија ризикот од венска тромбоза и тромбоцитопенија. (Властите одговорија со суспендирање на употребата на вакцината на AstraZeneca во многу европски земји, а во САД, регулаторите советуваа ограничена употреба на вакцината на Janssen).

  4. Вакцините базирани на mRNA го зголемија ризикот од миокардитис, со смртност од околу 1-2 на 200 случаи. Тој беше почест кај помладите мажи.

  5. Најдовме докази за сериозни невролошки штети, вклучително и Белова парализа, Гилејн-Баре синдром, мијастенично пореметување и мозочен удар, кои најверојатно се должат на автоимуна реакција од mRNA вакцините  и аденовирусните вектори.
  6. Тешките штети, т.е. оние што ги спречуваат секојдневните активности, беа недоволно пријавени во рандомизираните испитувања.

  7. Тешките штети беа многу чести во студиите на целосно вакцинирани луѓе кои примаа бустери (3-та доза) и во студијата за вакцинација на претходно заразени луѓе (т.е. оние со природно стекнат имунитет).

  8. Регулаторите за лекови и другите власти беа многу бавни во следењето на сигналите за сериозни штети.

  9. Со оглед на тешкотиите за пристап до регулаторни податоци, наведувањето и документираното недоволно пријавување, сметаме дека е веројатно дека има други сериозни штети од вакцините за КОВИД-19, од оние досега откриените.

  10. Препораките за вакцинирање и засилувачи на целото населението ја игнорираат негативната  рамнотежа на односот корист – штетата кај нискоризичните групи како што се децата и луѓето кои веќе се опоравиле од КОВИД-19 (природен имунитет).

 

Целосниот напис е објавен како пред рецензија ( PRE-PRINT).