Правото на информирана согласност на родителите за вакцинација, е законски основана категорија, која е е потиснувана, сокривана од јавноста. Многумина не знаат дека таа постои, и на неа родителите имаат право според позитивните законски прописи во нашата земја!
Доколку сте решиле да не го вакцинирате своето дете, темелено на својата свест, совест и информации, кои се надеваме сте ги собрале во поголемо количество, тогаш може да ви бидат од полза следните чекори, (кои постапки ви се на располагање и какви последици можат да донесат тие), при што ВИЕ треба да донесете одлуки како ќе се движи вашиот случај низ институциите.
Пред се, задолжително прочитајте го текстот „Вакцинирањето Е право на избор в1.5“, преку кој детално ќе се запознаете со вашите законски права за избор при вакцинирањето, како би знаеле и можеле да ги употребувате правилно во иднина. Во него ДЕТАЛНО е објаснето дека правото на информиран избор при вакцинирањето (а со тоа и одбивањето на вакцинацијата) е законски основано и е право на родителот, и секој кој е запознаен со него може да го употреби, и за тоа не може и не смее да биде глобен.
ОТКАКО ќе се запознаете со своите права од погоре посочениот документ, еве ги начините со кои тие права може да ги примените:
1. Постапување во Здравствените установи
1.1 При породување, доколку не сакате вашето новороденче да биде вакцинирано, тогаш во родилиштето приложете изјава за новороденче (се наоѓа во датотеката – за еден родител http://on.fb.me/1DIPML8, или за два родитела http://on.fb.me/1shN3CT), при самиот прием за породување или/и најавете ја многу порано, и повторувајте на секого (сестри, доктор(к)и, акушерки) дека не сакате детето да ви биде вакцинирано, како некој не би испаднало дека „некој“ „не дочул“, „не разбрал“ или „заборавил“
1.2 Во натамошниот живот на детето, доколку не се јавите самите на вакцинација според имунолошкиот календар, ќе добиете повик/покана за вакцинација од страна на надлежниот здравствен дом (тој повик може да биде и после невакцинација на новороденче, доколку немаат изјава, или била усна.. или… од трета причина), може да се одзвете, а може и да не го сторите тоа.
Знајте дека Педијатарот надлежен за вакцинација има задолжение да пријави секого кој нема да прими вакцина, и да го наведе основот: времена контраиндикација, трајна контраиндикација, одбивање или нејавување. За времената може самиот да направи поместување на вакцинацијата (н.пр.: дојдете за еден месец црвено му е грлото…или сл), а за трајна треба да има мислење – одобрение од комисија.
1.3 Доколку решите да не се јавувате и воопшто да не ги контактирате, педијатарот ќе ве проследи во извештајот до Државната здравствена и санитарна инспекција (ДЗСИ), каде ќе наведе – „не се јавил/а/е на повик на здравната служба за вакцинација“.
1.4 Доколку решите да не се јавувате на повикот за вакцинација, туку на здравствената установа да и испратите (со препорачана пошта) Изјава за невакцинација, (може да ја симнете од датотеката на нашата група – за еден http://on.fb.me/124iMLr или за два родитела http://on.fb.me/1Fko8ig) тогаш педијатарот ќе ја проследи до ДЗСИ со образложение дека сте ја одбиле вацинацијата.
1.5 Доколку се одзвете на повикот за вакцинација, и појдете лично ја однесете изјавата во здравствената установа, задолжително имајте 2 примерока, еден за установата, а еден за Вас, кој треба да содржи доказ за прием од установата/лекарот (печат, потпис, дата). Големи се шансите на Вашата изјава никој да не сака да ви потпише прием (се разбира тоа може да е потпис и печат на самата изјава и никаде на друго место), нешто на кое треба на настојувате, зошто е во ваша полза. Без доказ за прием, таа изјава може „да се изгуби“, и вие да бидете правно третирани како во случајот 1.3 погоре. Доколку одбиваат да дадат доказ за прием, тогаш појдете до писарницата/архивата на установата и таму сторете го тоа. Иако е противзаконски таму да ви одбијат прием на документ и издадат потврда за прием, не е искључено тоа сепак да се случи, зошто стравот е со големи очи, ТОГАШ изјавата пратете ја со препорачана пошта. Препорачливо е да не се потпишува „нивната“ изјава за одбивање, за да не дојде до забуна, или манипулација (да ја „заборават“ изјавата која сте им ја дале и да процесираат само со она кое тие ви го подметнале за потпишување). Оттука педијатарот го пријавува вашиот случај кај ДЗСИ со опис – „одбил/а/е да вакцинира“.
Приложувањето на оваа изјава лично или по пошта е значајно опоради тоа што со неа јасно давате на знаење на здравствените власти дека ја познавате правната регулатива на земјата која се однесува на вашите права, , т.е. си ги знаете правата и се ползувате од нив.
2. Постапки пред Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Откако извештајот за Вас од педијатарот стигне до ДСЗИ, (иако тоа е во противзаконски), тогаш таа може да не постапи по вашиот предмет (делувајќи во склад со законската регулатива), или да го процесуира (во спротивност со законската регулатива). Во случај да Ве процесуираат ќе добиете:
2.1 Доколку дописот од Здравствената установа е со опис „ Не се јавил/а/е на повик за вакцинација“ (види точка 1.3), голема е веројатноста да ДСЗИ да ви испрати т.н. „Наредба за вакцинација“ (изгледот на тој документ може да ко видите, доколку го симнете од тука http://on.fb.me/19NZsG3). Ова е незаконски допис кој ДЗСИ го користат за да се наметнат од позиција на сила, со цел сеење страв. Одговорете им назад со документот кој е подготвен и насловен „Одговор на наредба за вакцинација“, во датотеката на нашата група (http://on.fb.me/1vRcuNf) Доколку и оваа „наредба за вакцинација ја игнорирате ДСЗИ речиси сигурно ќе изготви пријава за вас пред подрачниот прекршочен суд. Но освен за невакцинирање, поради целосното игнорирање, постои опасност ДСЗИ да ја проследи документацијата до социјалните служби а тие да ве теретат и за несовесно родителствување.
2.2 Доколку дописот од здравствената установа до ДСЗИ е со опис: Одбил вакцинација, а притоа до нив не е стигната изјавата која ја симнавте од тука – тоагаш веројатно ќе ви пратат т.н. „повик на порамнување“ (може да го видите изгледот, доколку го симнете од тука http://on.fb.me/1MzfXbb) кое не е ништо друго освен убедување да вакцинирате под закани за глоба. Во основа ќе ви понудат да платите помала глоба од онаа со која се закануваат… а на мала врата ќе ви понудат да ја прекинат постапката ако сепак решите да го вакцинирате детето.
Забелешка: Доколку при посетата на здравствената установа сте поднеле (со заверка) од горепосочената изјава за невакцинација, тогаш веројатно нема да ви испратат ваков „повик“.
Значајно е да се забележи дека при средбата за порамнување ДЗСИ изготвува „записник“ на кој на крајот бараат да се потпишете. Категорично одбијте да се потпишете на ово памфлет остаток од комунизмот, бидејќи таму се потпишувате под графата „сторител на прекршок“, и со тоа признавате дека сте сториле некаков прекршок.
При посетата на ДСЗИ од голема полза ќе ви бидат знаењата кои ги стекнавте од есејот „Вакцинирањето Е право на избор“ и треба да се повикате на истите.
Не се препорачливи медицински расправи!
Вие имате право на избор темелено на закон, без оглед на медицинската состојба и држете се само до тоа право. Како дополнителен аргумент користете го фактот дека никој не ви дал соодветна информација за вакцината – т.е. декларацијата на производителот (се разбира, само доколку навистина не сте го добиле, а огромното мнозинство не го добиваат). Внимавајте, само увид во декларацијата не е соодветна информација! Немојте НИШТО ДА ПОТПИШУВАТЕ, доколку ви донесат на потпис! Најдобро е – да им одговорите во писмена форма. Документот за одговор го има до датотеката на нашата група со наслов „Одговор на повик за порамнување“ (http://on.fb.me/1MzfXbb)
Откако ќе постапите пред ДСЗИ според една од опциите посочени погоре, ДСЗИ веројатно ќе се откаже од натамошна обработка на Вашиот случај, но може и да го процесуира пред суд за прекршоци.
3. Постапување пред Судот за прекршоци по пријава од ДСЗИ
Откако добиете покана за суд вие може:
3.1 Воопшто да не се појавувате на рочиштето, туку во писмена форма со препорачана пошта, во законскиот рок да одговорите на обвинението со поднесок кој може да го симнете од датотеката на нашата страна насловен како „Одговор на обвинение за невакцинација – поднесок“ (http://on.fb.me/1ylk2qf). Заедно со овој одговор, приложете и копии од претходно поднесените „изјава на родителот за невакцинација“, „одговор на наредба за вакцинација“ и „одговор на покана за порамнување“, доколку имате такви кои сте ги поднеле и се со потврда за прием од соодветната установа.
Ова е топло препорачаната опција.
3.2 Да се појавите на рочиштето откако претходно сте поднеле писмен одговор и други прилози (соодветно на точка 3.1)
Забелешка: Во оваа опција, појавувањето на рочиштето воопшто нема да влијае врз одлуката на судот
Вреди да се нагласи: немојте пред судот да изнесувате медицински аргументи, тие за него се НЕВАЛИДНИ, доколку не се од овластен и надлежен (медицински) орган. Логиката наложува дека доколку сте имале такви, немало да стигнете до суд. Држете се до законските права на информиран избор кои ги имате а се образложени во поднесокот!
3.3 Да се појавите на рочиштето со план – таму да го поднесете одговорот на тужбата и други прилози (види т 3.1)
Во оваквата опција сте изложени на низа опасности. Може и да се случи судиот поднесокот судот „да го прими“, а во записникот тој воопшто да не фигурира, а тоа во правниот промет значи – не сте поднеле таков поднесок. Или пак во текот на расправата која судијата ја диктира безмилосно и да не стигнете/да не можете да го приложите.Или пак – судијата да одбие да го прими овој поднесок.
Имајте предвид дека расправата се одвива под диктат на судијата (кое често се случува безмислосно доколку се појавите без адвокат, а веројатно во поблаг облик – ако сте со адвокат) да не можете соодветно да ги представите своите аргументи, се создава напната атмосфера, психоза на итност, мешаница, подведувања, ….па се до навреди.
Доколку не сте со адвокат, веројатно помали се шансите да се случи наведеното, но сепак – зошто би ризикувале тоа да се случи? Топло препорачано – точка 3.1 да НЕ се прескокне како постапка.
После ова НАЈВЕРОЈАТНО ќе бидете ослободени од обвинението.
4. Постапка пред апелациониот суд
Доколку првостепениот суд сепак Ве глоби, задолжително се праќа жалба согласно правната поука во пресудата до надлежниот Апелационен суд, во рок од осум дена ОД ПРИЕМОТ на пресудата. Истата можете да ја симнете на нашата страничка со датотеки и е насловена „Жалба до Апелационен суд – поднесок“ (http://on.fb.me/1CASLT9)
Тука со голема сигурност обвинението паѓа.
5. Постапка пред Уставниот суд
Доколку и апелациониот суд ве осуди ( по некаква луда коинциденција), задолжително поднесете „барање за заштита на слободите и правата“ (https://goo.gl/xagZrV) до Уставниот суд (https://bit.ly/2CRiRs9) .
6. Постапка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Доколку и уставниот суд се убиде да се прави „на удрен“ задолжително се праќа жалба до Европскиот суд за за човекови права во Стразбур (https://bit.ly/2EToSr2), со пополнување на образецот за жалба, (https://bit.ly/2P0M7nB).
Извор:
Вакцинирањето – право на избор, слободата над сѐ