Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Нова искра во очите на фармацевтската индустрија – гРНК вакцини за РСВ

Сега кога вакцините за КОВИД ја воспоставија mRNA технологијата  како „нова граница за развој на вакцини“, фармацевтските гиганти се насочија кон mRNA вакцината  за респираторен синцицијален вирус (RSV) – која се надеваат дека ќе ја додадат во веќе преоптоварениот календар за детски вакцини.

– Објавено од Children’s Health Defense Team.

 

 

ЗАБЕЛЕШКА: Ова е прв од серијата написи на The Defender за респираторниот синцицијален вирус, попознат како RSV. Прочитајте го вториот дел – „Од шимпанзата до децата: потеклото на RSV – респираторен синцицијален вирус“.

 


 

Во текот на децениите откако детските вакцини  почнаа да бидат широко распространети, повредите од педијатриските вакцини оставија многу родители да жалат што ја заборавиле или игнорирале основната лекција по историја. Таа лекција, според зборовите на медицинскиот историчар од Харвард, Дејвид Џонс, е дека „кога станува збор за вакцини и имунизација… секогаш постоел ризик и секогаш ќе има ризик“.

 

Пред шеесет и пет години, семејствата дознаа за ризиците од медицинските експерименти на потешкиот начин кога им дозволија на истражувачите да ги користат нивните доенчиња како тест субјекти за вакцина против новооткриената болест наречена „респираторен синцицијален вирус“ (RSV), обична настинка. Вообичаената болест слична на настинка, која сега се смета дека ги погодува „практично сите деца“, главно без проблеми, до двегодишна возраст.

Катастрофалната вакцина против RSV доведе до смрт на две доенчиња и до хоспитализација на повеќето други млади учесници во клиничкото испитување.

Оттогаш, вознемирените истражувачи продолжија да користат „пристапи со обиди и грешки“. Но, тие признаваат дека „патот до ефикасна RSV вакцина е поплочен со предизвици“, во голем дел поради незгодниот проблем на „егзацербација на болеста поврзана со вакцината“ – проблем што се појави и кај вакцините против корона вирус.

Суштината на проблемот со „егзацербацијата“, исто така наречено имунолошко засилување зависно од антитела или патогенен прајминг, е тоа што вакцината ги „наведува“ примателите подоцна да развијат потешка болест наместо да ги заштити.

Привлечени од изгледите за голем неискористен глобален пазар на вакцини против РСВ, производителите сепак го насочуваат својот поглед кон развојот на вакцината против РСВ – и тоа не само за доенчињата, туку и за бремените жени и постарите лица.

До 2019 година капитализирајќи го ширењето на новите технологии за вакцини, клиничките испитувања проценуваа околу 30 кандидати за RSV вакцини, а научниците радосно најавуваа дека светот „можеби наскоро ќе биде на работ на клиничка имплементација“. Преполното поле на кандидати за RSV вакцини вклучува гласник РНК (mRNA) вакцини. Всушност, со оглед на тоа што инјекциите за Ковид ги отворија вратите за да ја воспостават mRNA технологијата  како „нова надеж за развој на вакцини“, фармацевтските гиганти изгледаат посигурни од кога било дека се блиску до конечно производство на победникот за RSV вакцината. Како знак на овие надежи, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) штотуку ѝ додели ознака за „брза патека“ на Модерна за нивната експерименталната  mRNA-1345 вакцина  против РСВ. Иако брзата ревизија на FDA засега се однесува само на постарите возрасни лица, во фаза 1 испитувањата на Модерна за нејзината RSV инјекција се вклучени и деца на возраст од 1 година.

 

Но, што е со безбедноста?

 

РСВ вакцината од 1960-тите беше катастрофа во однос на безбедноста, но истражувачите вклучени во последователните обиди за вакцина против РСВ се обидоа да го насочат вниманието на јавноста подалеку од ризиците и кон еднонасочно фокусирање на ефективноста. Со помош на индустриски стандардни трикови за дизајнирање студија – како што е следење на несаканите настани само за кратко време или споредување на вакцината против алуминиумски адјуванси кои го активираат имунитетот или други вакцини (наместо инертно плацебо) – производителите успеаја да ги задржат потенцијалните безбедносни проблеми во сенка.

Основните етички стандарди кои го поткрепуваат истражувањето на човечки субјекти бараат посебно внимание на ранливите популации, вклучувајќи ги фетусите, новороденчињата, бремените жени и институционализираните стари лица. Сепак, ова се токму популациите што ги таргетираа студиите на РСВ – еден до еден пропуст,  при што ниту еден не води до лиценцирана вакцина и  откривање на некој минимум за безбедноста. На пример:

-Без споредбена група, Lederle Laboratories (подоцна купена од Wyeth Pharmaceuticals, потоа Pfizer, а сега познат како Њујоршки центар за иновации) тестираше рекомбинантна (со генетски инженеринг) subunit вакцина на триесетина хронично болни институционализирани лица (средна возраст=87) во средината на 1990-тите. На половина од нив, на почетокот, „ им беше потребна   помош при одење или користеа инвалидска количка“. Петмина починаа во рок од пет месеци по инјектирањето, но истражувачите објавија: „Сите смртни случаи се должат на медицински состојби кои не се поврзани со студијата“.

– Вајет (Wyeth) администрираше алуминиумска адјувантна субединична RSV вакцина или адјувант  алуминиум фосфат како „контрола“ на неколку стотици деца на возраст од 1-12 години со цистична фиброза (крајот на 1990-тите). Цистичната фиброза е состојба која се карактеризира со дефекти на имунолошкиот систем, а алуминиумските адјуванси може да го нарушат, „запалат“ имунолошкиот систем.

-Во раните 2000-ти, во една студија спонзорирана од Националниот институт за здравје, Вајет им ја дал на триесетина здрави жени во третиот триместар од бременоста, својата алуминиумска адјувантна субединична РСВ вакцина или плацебо (солен раствор), кој работи под премисата  (контрадикторни со значителни докази) дека бремените жени „добро реагираат на вакцините“. Производителот ги следел локалните и системските реакции кај мајките само седум дена. Истражувачите не пријавиле забележителни разлики во резултатите за двете групи доенчиња во текот на нивната прва година од животот, иако две од вакцинираните бебиња сепак развиле РСВ.

– Помеѓу 2015 и 2018 година, Новавакс им дал на повеќе од 4600 здрави трудници (28-36 недела од бременоста) „вакцина со наночестички од фузирани протеин“ или буфер формулација (се користи за стабилизирање на протеините и генерално недоволно проучена за токсичност). Педесет и седум од учесниците на возраст од 18 до 40 години, повеќе од половина, регрутирани во Јужна Африка, не издржале до раѓање на живо дете. Четири од 10 жени во групата со вакцини, наспроти една од 10 во плацебо групата, пријавиле реакции на местото на инјектирање.

-Во јуни 2020 година, Фајзер започна тестирање во  фаза 3 за вакцинирање на бремени жени со subunit RSV вакцина (плацебо неодредено). Дизајнот на студијата вклучува следење на сериозни несакани настани кај доенчињата 24 месеци, но само шест месеци кај мајките. Истражувањето е во тек.

 

Една од вакцините против РСВ што влегува во клинички испитувања во последниве години – вклучувајќи ги и планираните фаза 3 испитувања со „целна популација“ од двомесечни деца – е вирусна векторска вакцина произведена од GlaxoSmithKline (GSK) која, како и КОВИД вакцината на AstraZeneca , користи аденовирус на шимпанзо како вектор. Интересно е тоа што истражувачите кои го идентификуваа  РСВ во средината на 1950-тите првично го пронајдоа кај шимпанза, а не кај луѓе, и го нарекоа „агенс за кориза кај шимпанза“.(Кориза –катарално воспаление на мукозната мембрана во носот, предизвикано особено од настинка или од полен). За потеклото на РСВ прочитајте повеќе овде.

 

 

Златната треска е во тек

 

На глобално ниво, најголемото оптоварување на болестите припишани на РСВ е во земјите со низок и среден приход, каде што се случуваат 99% од смртните случаи. За поголемиот дел од американските бебиња кај кои РСВ се одигрува како краткотрајна кашлица или течење на носот – исто како и сите други зимски шмркања – вакцината против РСВ нема да понуди никаква корист. Ниту, пак, најверојатно вакцините ќе им помогнат на подгрупата на доенчиња кои продолжуваат да развиваат посериозно воспаление на белите дробови (бронхиолитис) или пневмонија, деца кои имаат тенденција да имаат коморбидитети или слабости кои произлегуваат од недоносеност, вродени проблеми, невромускулни нарушувања или компромитиран имунолошки систем.

Сепак, како што се покажа со  катастрофалните инјекции за КОВИД,  стравот од вирусите – помогнат со пропаганда и манипулација со општествено-психолошки концепти како што е социјалното влијание – можат да ги убедат родителите да усвојат и промовираат мерки што се спротивни на интересите на нивните деца. За да се обезбеди постојана паника, медиумите и болниците сега известуваат за летна појава на РСВ-плус-КОВИД. Иронично, експертите го објаснуваат „невообичаено високиот“ број на случаи на РСВ како „резултат на тоа што децата во голема мера биле ставени во карантин минатата есен и зима, што ги спречило да изградат имунитет“.

За жал, извештаите за овој „злобен удар“ сигурно ќе испратат некои родители во очекуваните прегратки на производителите кои нудат спас во форма на РСВ вакцина, дури и ако инјекцијата, како што е веројатно претстојната гРНК РСВ вакцина на Модерна, користи технологија за која самиот креатор  предупредува дека е ризична.

ГСК искрено признава во материјалите споделени со Светската здравствена организација дека визијата на компанијата за нејзината РСВ вакцина со две дози за новороденчиња е „ко-администрирање со рутински педијатриски вакцини“ – со други зборови, инкорпорирање во веќе преоптоварените календари за детските вакцини. Во САД, распоредот за вакцини за деца и адолесценти моментално вклучува дури шеесетина дози до 18-годишна возраст: до 27 дози од 10 вакцини (14 антигени) до 15-месечна возраст, уште 13 дози од 8 вакцини (11 антигени) до 18-годишна возраст, плус една до две годишни дози на вакцина против грип. САД, исто така, штотуку ја лансираа првата шест во еден вакцина за доенчиња и покрај загрижувачките безбедносни сигнали во Европа.

Шокирани од обемот и сериозноста на повредите од вакцините за КОВИД кај нивните адолесценти, некои родители се спротивставуваат на наративот „еден во милион“, потсетувајќи го светот дека не постои одговорност за повредите предизвикани од која било експериментална или лиценцирана вакцина.

Со приближно 400 несакани настани документирани во упатствата на постојните детски вакцини, некои родители би можеле и би требало добро да размислат дали ризиците од РСВ инјекциите или КОВИД вредат за слабите придобивки.

 

 

 

 

Извор