Кога САД започнаа со вакцинирање против морбили во 1960-тите години, помогнато со дарежливо федерално финансирање. И во тоа време имаше експерти кои ја доведоа во прашање потребата за вакцина, со оглед на ниската стапка на морбидитет и големиот пад на смртноста – 98%, од 1900 година. Во март 1963 година првите две вакцини против мали сипаници беа одобрени за употреба во Соединетите Држави: жива вакцина произведена од Мерк (Rubeovax) и инактивирана со формалин вакцина, произведена од Фајзер (Pfizer-Vax Measles-K).
Во 1967 година започна кампања за елиминација на морбилите од Соединетите држави.
Александар Ленгмур (главен епидемиолог од 1949 до 1970 година во Центрите за контрола и превенција на болести): „На оние што ме прашуваат: ‘Зошто сакате да ги ерадицирате морбилите?’, одговарам со истиот одговор што Хилари го искористи кога го прашаа зошто тој посака да се искачи на планината Еверест – ‘Затоа што е таму.’.“ На ова може да се додаде: „… и може да се направи“.
Денес, 50 години по воведувањето и широко распространетата употреба на вакцината против морбили – продолжува појавата на епидемиите на морбили. Овде се поставува прашање колку е можна целта за искоренување на малите сипаници. Нашите јавни здравствени агенции честопати упатуваат прст кон оние кои одбиваат вакцини или „антиваксерите“ (обично родители на деца кои имале значителни несакани реакции по вакцинацијата), како одговорни за појавата на епидиемии. Ваквите посочувачки изјави се премногу симплистички и не ги прифаќаат огромните научни докази кои ја доведуваат до прашање ефикасноста и безбедноста на вакцината против морбили.
Наместо да се признаат бројните неуспеси на вакцината за морбили како:
– несоодветноста на мајчините антитела добиени од вакцина, за заштита на новороденчињата од инфекција во првата година од животот, пред да бидат доволно стари за да бидат вакцинирани;
– драматично зголемениот ризик од развој на прогресивено и фатално мозочно нарушување субакутен склерозирачки паненцефалитис (SSPE), кој може да се јави доколку новороденче се зарази со морбили првата година од животот;
– еволуција на мутирани морбили вируси, кои се отпорни на вакцините против морбили
и да работат на решавање на овие критични точки во вакцинилната политика, промотерите на вакцините продолжуваат да ги рециклираат овие очигледни неуспеси на вакцината во апсурден и опасен аргумент во корист на се повеќе вакви настани.
Несоодветни антитела на морбили
Повеќето новороденчиња се раѓаат со имунитет на сипаници стекнат преку мајчински антитела пренесени во бременоста, што полека се намалува со текот на времето. Сепак, во средините каде што морбилите не циркулираат ендемично и поголемиот стекнат имунитет е од имунизација отколку од инфекција, нивото на мајчините антитела е пониско. Тоа се должи на фактот дека антителата на морбили, предизвикани од вакцинирање кај мајките, исчезнуваат побрзо од антителата предизвикани од болеста. Ова резултира со имунитет кај новороденчињата што исчезнува порано кај вакцинирани популации и се јавува поширок јаз на осетливост помеѓу исчезнувањето на антитела од мајките и имунизацијата на новороденчиња.
Природно имуни бремени и доилки, кои во детството имале инфекции од сипаници, порано ги заштитувале своите бебиња преку пренесување на мајчини антитела од плацентата и преку мајчиното млеко.
За разлика од нив, откриено е дека новороденчиња родени од вакцинирани мајки имаат значително помалку антитела отколку што имаат новороденчиња од природно имуни мајки, што резултира во губење на имунитетот на морбили пред да се квалификуваат за вакцинација. Студија од Канада покажа дека 92% од тримесечните и 100% од шестмесечните деца имаат нивоа на антитела „под заштитниот праг“.
Ова резултираше со ситуација кога вакцината за морбили не успеа да произведе соодветен број на антитела кај вакцинирани мајки, доволни за да им овозможи на новороденчињата имунитет од мајката во првата година од животот. Се создаде кризна ситуација, бидејќи новороденчињата под една година сега се многу ранливи на инфекција со морбили. Овие млади доенчиња страдаат од поголема смртност во споредба со популацијата, историски погодена од диви сипаници, подоцна во детството.
Поголем ризик од компликации
CDC препорачува вакцинација со МРП помеѓу 12 и 15 месеци. Во првите четири месеци од 2019 година, една четвртина од случаите на морбили во САД беа кај деца помлади од 15 месеци. Ова е загрижувачко затоа што овие млади доенчиња се изложени на поголем ризик од сериозни компликации и смрт во споредба со деца над пет години.
Една потенцијална компликација на сипаници е фатална невродегенеративна болест наречена субакутен склерозирачки паненцефалитис (SSPE), „разорувачка ‘бавна вирусна’ болест на мозокот како резултат на перзизтентна инфекција на невроните со вирусот од морбили“. Инфекцијата со сипаници пред две години е еден од најконзистентните фактори на ризик за ССПЕ, но заради долготрајната латентност на состојбата (во просек од 6-10 години), староста на презентацијата на ССПЕ е обично околу 8-11 години. Карактеристични симптоми на SSPE вклучуваат постепен когнитивен пад, промени во однесувањето, напади, губење на контрола на мускулите и нарушувања на видот, кулминирајќи со вегетативна состојба, проследена со смрт во рок од неколку години од почетокот на симптомите.
Во ерата пред вакцинирање за морбили, ССПЕ беше многу ретка, проценета на 1 на 100 000. Сепак, студијата од Калифорнија објавена во Клинички инфективни заболувања во 2017 година, даде драматично повисоки проценки за периодот 1998-2015 година: стапка од 1 на 609 за новороденчиња кои добиле сипаници пред една година. Од 17 случаи на ССПЕ откриени од страна на истражувачите, 12 деца имале позната историја на инфекција со сипаници „или компатибилен фебрилен осип“, што во 11 од 12 случаи се случило пред една година (Во дванаесетиот случај, детето имало 14 месеци). Слична студија во источноевропската нација Грузија идентификуваше 12 случаи на ССПЕ (2008-2017) со позната историја на инфекција со сипаници пред две години. Како и нивните американски колеги, грузиските истражувачи заклучија дека ризикот од ССПЕ „е поголем отколку што претходно се мислеше“.
Научниците негираат дека вакцината против сипаници може да предизвика ССПЕ, но тие цитираат докази кои укажуваат на „дивиот вирус што предизвикува ССПЕ во случаи кои биле имунизирани и немале познати природни инфекции на сипаници“. Оваа година, индиските истражувачи опишаа таков случај. Претходно здраво 26-месечено дете бргу напредувало кон вегетативна состојба, во рок од пет месеци од развој на напади. Момчето примило вакцина против сипаници на девет месеци, проследено со „заболувања слични на сипаници на возраст од 1 година“. Овој и други индиски извештаи за случаи на „ран почеток на ССПЕ“ кај мали деца укажуваат на необјасниво, но „постепено намалување на латентниот период помеѓу инфекцијата на сипаници и почетокот на симптомите забележани во случаи со ССПЕ“. Во минатото, беше „ многу невообичаено“ за ССПП да има толку краток период на латентност.
Мутирани вируси
Повеќе од 50 години, вакцините за морбили ширум светот се потпираат на еден „генетски ограничен“ вирус на сипаници – генотип А. И во овој период од половина век, „генотипните модели на циркулација“ значително се променија.
Луксембургшки виролог шпекулираше во 2017 година дека овие промени „може да рефлектираат имунолошкиот избор на ‘појаки’ вируси“ и исто така коментираше дека брзата генетска еволуција може „да доведе до појава на вирусни варијанти кои го избегнуваат имунолошкиот надзор“. Во 2001 година, истиот вирусолог објави дека типовите на морбили вирусот кои циркулираат во Африка „стекнале значително ниво на отпорност на вообичаената вакцина против сипаници што се користи на континентот“ и „барем половина од антителата на имунолошкиот систем произведени како одговор на вакцините, немаат никаков ефект врз овие видови“.
Исто така, во раните 2000-ти, истражувачите во Белорусија ги секвенционираа морбили вирусите, за да утврдат зошто републиката бележи бројни случаи на сипаници и покрај стапката на вакцинација од 98%. Додека нивната анализа откри генотип А во 2001 и 2002 година, до 2003 година, веќе беа присутни различни генотипови како Д6 и Д7, што ги доведе истражувачите да ги припишат повеќето случаи на морбили – на несупехот на вакцините.
Слична студија во Русија опиша „недостаток на заштитни титри на неутрализирачки антитела“ против циркулирачките генотипови на морбили и повторно го поврза генотипот Д6 со појава на сипаници кај високо вакцинирана возрасна популација. Во средината на 2000-тите години, Светската здравствена организација (СЗО) ги поврза епидемиите на мали сипаници во Европа со генотипите на морбили Д4, Д6 и Б3.
Генетиката на овие видови отпорни на вакцини кои се појавија, се слични на генетиката на многу опасна форма на вирусот што може да предизвика ССПЕ. Како што споменавме претходно, ова прогресивно, често смртоносно нарушување на мозокот одеднаш стана многу почеста појава.
Загрижувачки е што генетиката на типовите на морбили вируси кои се оптпорни на вакцината, вклучително и генотипот Д6, е слична на генетиката на мутантната форма на морбили вирусот поврзан со ССПЕ. Разгледувајќи ги случаите на ССПЕ кај лица вакцинирани против морбили, а подоцна изложени на див тип на морбили вирус, една група автори изјавија: „Ако вакцинираните лица … се подложни на инфекција со див сој на морбили вирус, ова предизвикува загриженост не само за невролошки компликации, туку исто така и за глобалното искоренување на морбилите“. Авторите заклучуваат дека ќе биде важно да се следат „новите видови вируси“.
Несовршени вакцини и адаптибилни вируси
Проблемот со мутацијата на вирусот не е ограничен на вакцините против морбилите. Во ноември 2019 година, весниците објавија дека вакцинална форма на полиовирус, мутирана од оралната вакцина против детска парализа – сега предизвикува повеќе случаи на детска парализа, отколку што се предизвикани од диви полиовируси. Во екстремно критичкиот извештај за тој месец, од страна на Независниот одбор за набљудување на СЗО (задолжени за проценка на „Глобалната иницијатива за искоренување на детска парализа“), авторите на извештајот го опишаа „неконтролираното“ ширење на полиовирусот, добиен од вакцини, низ Африка. Случаи на полио кои потекнуваат од вакцини се пријавени во 12 африкански земји и неколку азиски нации (вклучително и Кина) до октомври 2019 година. Во извештајот се забележува дека повторното појавување на детска парализа предизвикана од вакцини наметнува „основни прашања и предизвици за целиот процес на искоренување“. Овие истите грижи важат и за морбилите.
Во Journal of American Physicians and Surgeons, 2019, д-р Ендру Вејкфилд разговара за „избеганите мутанти“ и од вакцините за морбили и од детска парализа. Тој сугерира дека „вирусот како морбилите [или детска парализа] бара наша почит затоа што, како и другите заразни агенси, тој е исклучително разноврсен и опремен за опстанок“. Тој забележува дека вакцинацијата ги менува факторите поврзани со вирусот, на огромен број непредвидени начини кои вклучуваат вирулентност, доза, генотип, пат на инфекција, па дури и самите клетки што вирусот ги инфицира во организмот – а тоа е пред да се признае и влијанието на „конкурентските и синергетски варијабли, како што се другите вакцини“.
Но, како што коментира д-р Вејкфилд, веќе има многу докази кои укажуваат на тоа дека ова „воденичко тркало“ на повторена, субоптимална вакцинација не успева, освен создавање на временска бомба што може да овозможи „античките и појавата на новите форми на овој вирус“ да излезат победнички.
Наместо да ги обвинувате антиваксерите, време е епидемиолозите на ЦКБ да ги потврдат вистинските неуспеси во нивните напори за искоренување на морбилите, со поставување на прашањето што требаше да го постават во 1967 година пред да започне нивната кампања – „Дали треба да се направи?“