Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За д-р Лидија Гајски

Родена е во Загреб, каде што дипломирала на Медицинскиот факултет. Добитник на Ректоровата награда како најдобар студент на генерацијата. Специјализира интерна медицина при Универзитетската болница во Загреб. Работела како интернист на Универзитетската клиника за дијабетес „Вук Врховац“, а во последните 20 години работи во Здравствениот дом во Загреб – Центар.

Посебна област на интерес и активност и е биоетиката. Таа е член на Хрватското здружение за биоетика, долгогодишен секретар и член на Управниот комитет. Со години е член и советник на Хрватското здружение за правата на пациентите. Од 2017 година, таа е член на Советот за ГМО на Владата на Република Хрватска.

Во 2009-та година ја објави книгата „Лекови или приказна за измама“, што содржи  сеопфатна критика на модерната медицина, особено нејзината комерцијализација преку интеракција на фармацевтската индустрија, медицинската професија и политиката. Книгата доби големо внимание и јавна поддршка.  Од тогаш имаше стотици настапи во медиумите, на јавни трибини и предавања, како и на стручни и научни состаноци во Хрватска и во странство, вклучувајќи ја и презентацијата во Европскиот парламент. Таа е позиционирана како водечки критичар на современата медицина во Хрватска и во регионот.

Коавтор е на книгата „Корупцијата во хрватското здравство“ (2010).

Меѓу другото, се занимава со темата  вакцинација. Таа е првиот лекар кој го фокусира вниманието на оваа тема во хрватската медицинска заедница и јавноста, испитувајќи ја ефикасноста и безбедноста на вакцините и законската обврска за вакцинирање.

 

За темата на излагање на конференцијата и нејзината работа прочитајте повеќе овде.

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.