Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

ЦКБ одбива да ја објави корекцијата на својата студијата за маски

Институтот Браунстоун има објавено многу ригорозни, доверливи, висококвалитетни докази во последните две години, со кои се докажува и потврдува дека заклучувањата за КОВИД, затворањето на училиштата, наложувањата за носење маски за лице биле неефикасни, па дури и штетни во однос на спречување на инфекциите и смртните случаи (види овде, овде , овде).

 

Неодамнешен преглед од Џонс Хопкинс на Херби и сор. спроведе примерна работа во прегледување на доказите и објавување на она што отсекогаш Браунстоун Институтот го наведувале, а тоа е дека заклучувањето немало влијание врз стапката на смртноста.

„Заклучувањата во пролетта 2020 година имаа мало или никакво влијание врз смртноста од КОВИД-19… заклучувањата за време на почетната фаза на пандемијата со КОВИД-19 имаа разорни ефекти. Тие придонесоа за намалување на економската активност, зголемување на невработеноста, намалување на школувањето, предизвикување политички немири, имаа придонес кон зголемување на семејното насилство, губење на квалитетот на животот и поткопување на либералната демократија. Овие трошоци за општеството мора да се споредат со придобивките од заклучувањето, за кои нашата мета-анализа покажа дека се малку до ништо“.

Броунстоун Институтот ја покажа и  неефикасноста на вакцините против Ковид, а особено на mRNA вакцините на Фајзер и Модерна. Покажаа дефинитивни докази за супериорноста на природниот вроден и стекнат-адаптивен имунитет во однос на имунитетот од вакцините. Постојано пишуваа за дехуманизацијата и достоинството при задолжителните политики за контрола на вирусот, вклучувајќи го движењето и политиките на „НУЛА-КОВИД“, кои беа катастрофални неуспеси.

Написот на Џефри Такер за губењето на моралната јасност е неверојатно брилијантен во сензибилизирањето на она што може да се случи кога веќе ранливите лица ќе бидат дополнително изолирани и дехуманизирани, а целото донесување одлуки ќе им биде одземено, како што ни беше направено за време на лудилото со заклучување од КОВИД.

Пишуваа и за корупцијата на јавните здравствени агенции како што е Светската здравствена организација и нивната улога во катастрофите на КОВИД на глобално ниво.

Сега го предизвикуваат ЦКБ, директно и неговата директорка д-р Рошел Валенски да ја направат вистинската работа со објавување на новото истражување на Чандра и Хоег (LANCET) кое ја разоткрива нивната неодамнешна студија за маски (на ЦКБ) што се користи како клучна студија за креирање на политиката за носење маски денес.  Тие имаат единствен момент да покажат одредено лидерство и да разберат многу подобри методи на истражување од  досегашната псевдонаука што ЦКБ ја објавува на рутинска основа.

 

Потсетување за овој предизвик кон ЦКБ од страна на Браунстоун институтот

 

Студија на ЦКБ од Буџин и сор. објавена во MMWR на 1 октомври 2021 година (Педијатриски случаи на КОВИД-19 во окрузи со и без барања за маски во училиштата – Соединетите Американски Држави, 1 јули – 4 септември 2021 година), објавија дека „Окрузите без барања за училишни маски доживеале поголем пораст на стапки на случаи на  педијатрискиот КОВИД- 19 по почетокот на училиштето, во споредба со окрузите кои имаа барања за училишни маски (p<0,001)“.

Се знаеше веднаш  дека каузалноста не може да се заклучи од оваа студија за маските  и дека оваа студија опфати деца до 18 години, а беа  класифицирани како педијатриски случаи. Се знаеше веднаш  дека методите на истражување се лоши, што ги доведе во прашање наодите. Беа потребни податоци анализирани по старосни групи, а исто така, 17 и 18-годишниците не се исти со 5 или 10-годишниците. Оваа опсервациска студија (оптоварена со пристрасност во изборот) не можеше да ги контролира сите клучни потенцијални збунувачки фактори кои би можеле да ги искриват наодите. Не се споменуваше статистичко прилагодување за вакциналниот статус или статусот на претходна инфекција (природен имунитет), а се работи за многу ограничени податоци кои не можат да се екстраполираат на нацијата на кој било значаен начин.

Сега објавената студија за маски на Чандра и Хоег (LANCET) ги доведува во прашање наодите од претходната студија за маски на ЦКБ. Нивната методологија беше многу поригорозна и подетална и тие ги репродуцираа методите на ЦКБ со проширување на студијата, користејќи многу поголем примерок од различни области и многу подолг временски интервал. Тие, наводно, користеле речиси „шест пати повеќе податоци од првичната студија“. Чандра и Хоег ја процениле статистичката поврзаност помеѓу мандатите за маски и педијатриските случаи по глава на жител, со примена на повеќе техники на статистичка регресија за контрола и прилагодување на потенцијално важните разлики во училишните области. Тие без сомнение признаваат дека нивното набљудувачко проучување е исто така оптоварено со ограничувања, методи, но нивната работа е многу поцврста и посигурна. Тие заклучија дека „реплицирањето на студијата на  ЦКБ покажува слични резултати; сепак, инкорпорирањето на поголем примерок и подолг период не покажа значајна врска помеѓу мандатите за маски и стапките на случаи. Овие резултати опстојуваа кога се користат методи на регресија за контрола на разликите во областите. Толкување: Училишните области кои избираат да наложат маски веројатно ќе бидат систематски различни од оние што не го прават на повеќе, честопати ненабљудувани начини“.

Клучниот наод како што беше објавено, е дека тие „не успеаја да воспостават врска помеѓу маскирањето во училиштата и педијатриските случаи користејќи ги истите методи, но поголема, национално разновидна популација во подолг интервал“. Ова беше спротивно од она што ЦКБ го извести и тие го материјализираа тоа со подобрување на методологијата и основните докази што ЦКБ претходно ги користеше.

 

Сега д-р Пол Александер отворено ги предизвикува д-р Рошел Валенски и ЦКБ во целина, да преземат чекор да ја објават оваа анализа на Чандра и Хоег (LANCET) и да го поправат постојниот погрешен MMWR извештај што го користат за да ја поттикнат политиката за маскирање. Овие истражувачи Чандра и Хоег се со врвен квалитет и нивната работа ја следел и испитувал, а методолошки и статистички е незабележан. Висококвалитетен, транспарентен, експлицитен, доверлив и многу отворен за научно испитување и репродуктивност.

Позицијата на највисоко ниво  што некогаш ја имаше ЦКБ во САД и глобално повеќе не постои. Кредибилитетот драстично опадна и ова има многу врска со КОВИД и како неговото раководство функционираше за да ја измами нацијата со задржување важни информации за КОВИД, постојано.

Клиничарот и епидемиологот од највисоко ниво на Џон Хопкинс, д-р Марти Макари, дури отиде дотаму што изјави дека ЦКБ се потпира на одредени информации за да одговараат на нејзиниот наратив. Тоа е код за ЦКБ да ја лаже и ја мами нацијата, за да одговара на нејзините цели. Доаѓајќи од Макари, ова е катастрофално обвинение.

„За вас Рошел и ЦКБ, дозволете ни да видиме дали сте доволно храбри и принципиелни за да ја направите вистинската работа и да ја објавите ажурираната студија за маски на Чандра и Хоег (LANCET) во вашиот MMWR. Отстранете го неисправниот MMWR извештај и поставете ја поправената верзија на Чандра и Хоег“ – порачаа од Броаунстоун институтот.

 

Дали непристрасните истражувања ќе допрат до релевантните институции или ќе се продолжи со тенденциозниот наратив, останува да видиме.

 

 

Извор

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.