Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Алуминиум во вакцините – историја и токсичност

Дали вакцините кои содржат алуминиум се безбедни или токсични? Зошто е алуминиумот во вакцините?

 

Еве го токсиколошкиот профил за алуминиумот, издаден од Агенцијата за токсични супстанции и регистар на болести вo Америка – ATSDR.

Ако ги прочитате преку 300 страници од овој извештај, ќе видите дека е полн со информации за научни истражувања кои имаат за цел да го одредат ефектот на изложеноста на алуминиум на телото – без разлика дали е проголтан, вдишан итн. На која граница на изложеност е најдено дека е безбедно или штетно, а и научното истражување кое ги поддржува предложените безбедносни граници. Исто така, ќе најдете дека количината на алуминиум што е дозволена во вакцината е 0,85 mg / доза (или 850 mcg). Сепак, постојат некои важни информации кои недостасуваат кога станува збор за разбирање зошто оваа количина е избрана.

Од каде доаѓа овој број?

Оваа доза е утврдена преку количината на алуминиум кој е најефикасен кога се користи како адјувант во вакцините. Поточно ова е износот на алуминиум кој бил утврден дека  предизвикува ефективен, одржлив имунолошки одговор на инјектираниот антиген. Избраната сума не се базира на безбедност! Всушност, во документот на ATSDR има нула референци за било кое објавено научно истражување, зошто границата од 0,85 mg се смета за безбедна. Односно, не постои експериментален научен доказ од кој било вид кој докажува дека оваа количина на алуминиум е безбедна за инјектирање.

Зошто е тоа така?

Во 1975 година, американската агенција за храна и лекови (FDA) им додели статус на „GRAS“ на единаесет различни алуминиумски соединенија, вклучувајќи го алуминиум хидроксидот и алуминиум фосфатот, двата алуминиумски адјуванти кои се користат како состојки во тековните вакцини.

„GRAS“ = „Generally Recognized as Safe“, односно „Општо прифатено како безбедно“.

Алуминиумски соли, прогласени за генерално безбедни

 

Затоа, од 1975 година, алуминиумот се смета за „безбеден“ од страна на FDA, поради историската употреба на одредени количини на алуминиум во разни производи. За жал, не само што се потпираме на науката од  пред 1975 година за препознавање на токсичноста на алуминиумот во телото, но го игнорираме влијанието на хроничната токсичност со ниски дози, а денес сме бомбардирани со многу повеќе алуминиум во нашата средина (и вакцини) од кога било досега. Интересно е, ако сакате да направите едноставно пребарување на научната литература достапна за алуминиум хидроксид и алуминиум фосфат пред 1970 година, можете да најдете студии како оваа, каде што се користат истите за предизвикување на експериментална епилепсија и напади кај мајмуните. Или оваа, каде што беше откриено дека предизвикува неурофибрилијарна дегенерација на нервните клетки (за која е познато дека доведува до развој на Алцхајмерова болест). Или оваа, во која е опишано дека има „потешкотии“ при масовно вакцинирање на деца со вакцини кои содржат алуминиум, поради појавата на фебрилни реакции, цисти од алуминиум на местото на инјектирање, пост-вакцинална енцефалопатија (мозочна дисфункција, болест или нарушување), паралитичен полиомиелитис на инјектираниот екстремитет и други неповолни резултати…

Постојат голем број на истражувања за експериментирање со алуминиум за разни намени, но кога станува збор за вистински информации за тоа што може да биде сигурна доза при инјектирање – литературата недостасува.

Утврдување на безбедна доза…

Во студиите за токсикологија, методот за изнаоѓање на безбедна граница е прво експериментално да се утврди акутната (краткорочна / еднократна ) и хроничната (долгорочна ниска) доза, на забележано ниво на несакани ефекти (No Observed Adverse Effect Level) или NOАEL за дадена супстанција, преку одреден пат (дермален, инхалиран, ингестиран или инјектиран – секој пат ќе даде многу различни резултати). Алуминиумско соединение би било администрирано на субјект на испитување (на пример – лабораториски стаорци) и научниците би вршеле проценка на здравствениот ризик. Сите забележани ефекти во споредба со контролната група би биле евидентирани. Дозата би се намалувала се додека не се забележат негативни ефекти. Користејќи го нивото на изложеност, маргината на безбедност би се применила со намалување на дозата за фактор 10, 100 или 1000. Ова би помогнало да се земат предвид разликите помеѓу различните родови (од стаорци на луѓе, на пример), а исто така да се обезбеди дополнителна заштита за нашата најчувствителна популација, доенчиња и бремени жени (поедноставено објаснување на процесот). Добиениот лимит на изложеност што се смета за „безбеден“ би бил многу помал од највисоката доза на која не биле забележани несакани ефекти. Кога станува збор за инјектирање на алуминиум во телото, ништо од ова досега не е направено. Не се изведени експериментални студии за да се утврди NOAEL и затоа не е разјаснето безбедното ограничување на изложеност или максимално дозволеното ниво по доза (MADL).

Кои научни истражувања или докази ги имаме за применлива „безбедна“ граница?

Во FDA кодексот на федерални регулативи за TPN терапија (  при хранење на една личност интравенозно), се вели:

Новороденчињата кои примаат парентерални нивоа на алуминиум поголеми од 4 до 5 μg / kg / ден –  акумулираат алуминиум на ниво на токсичност на централниот нервен систем и коските“.

Исто така,


„Акумулирање во  ткивото може да се случи со уште пониски стапки на администрација“.

Врз основа на горенаведеното, може да се констатира дека нивото на изложеност на дури 5 микрограми алуминиум (по килограм телесна тежина, на ден) е доза која ќе предизвика забележливи несакани ефекти кај доенчињата. Оваа доза е многу повисока од експериментално утврдената безбедна граница. Сепак, ова е најблиску што имаме за потенцијална референтна доза за инјектирање и за тоа колку се приближува до „несомнено премногу“.

Неколку пресметки:

Просечното новороденче тежи околу 3,5 килограми.
„Безбедно ограничување” = 5 микрограми / кг / ден.
Множено по тежината на новороденчето: (5mcg / kg / ден), 3.5kg = 17.5 микрограми / ден.
Количина на алуминиум во вакцината против хепатит Б, дадена на првиот ден од животот = 250 микрограми.


Демонстративно, износот на алуминиум во само една вакцина против хепатит Б е 14 пати поголема од „безбедната граница“ за еден ден.


Просечно бебе од 2 месеци тежи околу 5 килограми.
„Безбедно ограничување” = (5 микрограми / кг / ден), 5 кг = 25 микрограми / ден.
Постојат неколку вакцини администрирани на 2-месечна возраст, според распоредот на CDC.
Дифтерија, тетанус, пертусис. (DTaP) / Полио (IPV) / Haemophilus b (HIB) / Хепатитис Б , Пневмок (PCV),Ротавирус.
Вакцините кои содржат алуминиум кои можат да се администрираат на 2 месеци вклучуваат:
Педијарикс: DTaP, IPV, HepB (850mcg), PCV (125mcg), PedvaxHIB (225mcg)
850mcg + 125mcg + 225mcg = 1200mcg алуминиум

„Безбедното ограничување” за старост од два месеци во еден ден, според FDA = 25mcg.
 Инјектираната количина преку вакцини препорачани од CDC = 1200mcg.
Според ова , количината на алуминиум што може да се администрира на новороденче од 2 месеци во еден ден, го надминува безбедносниот лимит утврден од страна на FDA за 48 пати.

Според распоредот на CDC, се препорачува овој ист сет на вакцини на 4 и 6 месеци, додавајќи уште една вакцина за грип на 6 месеци. Дури и кога би се прилагодило нивото на изложеност на нула микрограми, за деновите помеѓу вакцинирањето на  2, 4 и 6 месеци, долгорочната или хроничната безбедна граница сеуште е надмината. На 25mcg / ден од 2 месеци до 6 месеци (120 дена), безбедното ограничување на изложеноста би било 3000mcg. (1200mcg) (3 комплети вакцини, еден сет за секоја посета) = 3600mcg. Технички, оваа споредба не е со научен призвук поради драматичното надминување на безбедносната граница за еден ден, но дава доста добра слика.

Количество на алуминиум во одредени вакцини.

Автоимуност

Додека не постојат истражувања или експериментални научни податоци за тоа што е навистина безбедна граница на алуминиум за инјектирање преку вакцина, има доста истражувања за негативните здравствени ефекти од инјектирањето на алуминиумските адјуванти.

Во научната литература, адјувантите од алуминиум во вакцините се поврзани со развојот на различни автоимуни болести, како што се ревматоиден артритис, лупус, болест на тироидната жлезда или автоимун тироидитис, фибромијалгија, хроничен замор, мултиплекс склероза, миокардитис, антифосфолипиден синдром / тромбоза (ризик од крвни згрутчувања), Сјогренов синдром (суви очи, сува уста) и многу повеќе.

Добро е истражено и потврдено дека вакцините што содржат алуминиум предизвикуваат состојби како што се автоимун, авто-инфламаторен синдром индуциран од адјувантите (ASIA) и макрофагичен миофасцитис (MMF), кој може да се манифестира како било кој од горенаведените автоимуни состојби кај деца или возрасни, или се презентираат како когнитивна дисфункција во прилог на хронично и зголемено воспаление и болка лоцирана во зглобовите и мускулите.

Dr. Romain Gherardi, специјалист за невромускулни болести, веќе неколку години врши  истражување и лечење на  MMF на клиника во Франција. Неговите наоди и понатаму се поддржани преку нови докази и истражувања. Ова е извадок од една од неговите студии, објавена во 2012 година:

„Алуминиум оксихидроксид се користи во вакцините за неговиот имунолошки адјувантен ефект од 1927 година. Toj  е најчесто користен адјувант во хуманите и ветеринарните вакцини, но механизмите со кои го стимулира имунолошкиот одговор остануваат нецелосно разбрани.

Иако генерално добро се толерира, повремено може да предизвика здравствени проблеми кај веројатно осетливи лица. Кај мал дел од вакцинираните луѓе се презентираат со одложен почеток на дифузна миалгија, хроничен замор и когнитивна дисфункција и покажуваат многу долготрајна перзистенција на макрофагите оптоварени со алуминиум на местото на претходната интрамускулна  имунизација, формирајќи грануломатозна лезија наречена макрофагичен миофасцитис (ММФ). Клиничките симптоми поврзани со ММФ се парадигматични за неодамна обележаниот „автоимун / воспалителен синдром индуциран од адјувантите (ASIA)“. Стереотипизираната когнитивна дисфункција потсетува на когнитивните дефицити опишани кај леарските работници кои се изложени на инхалирање Ал честички.

Загриженоста за безбедноста на алуминиумот во голема мера зависи од тоа дали соединението останува локализирано на местото на инјектирање или се дифундира и акумулира во останатите органи. Експериментите со животни укажуваат на тоа дека биоперзистентни наноматеријали земени од клетки од моноцитни лози во ткивата, како флуоресцентни алуминиумски сурогати, прво можат да се пренесат преку лимфата до лимфните јазли, а потоа циркулираат во крвта преку фагоцитите и стигнуваат до слезината, за да на крајот полека се акумулираат во мозокот“.

Macrophagic myofasciitis: characterization and pathophysiology. Lupus. 2012.

Друг аспект на токсичноста на адјувантите од алуминиум, е и тоа дека алуминиумот може да остане на местото на инјектирање и по неколку години. Не само што ова може да предизвика постојано чешање и контактна алергија, но мозокот постепено го акумулира инјектираниот алуминиум. Како резултат на оваа долгорочна биоперсистенција, автоимуните и невролошките состојби се покажаа како последица и десет години поствакцинација.

Невротоксичност

Документирано е дека адјувантите од алуминиум предизвикуваат невролошки оштетувања. Штетата е обично одложена и хронична, уште еднаш поради долготрајната упорност на алуминиумот на местото на инјектирање. Алуминиумот ги уништува моторните неврони во мозокот и полека предизвикува поголемо и поголемо количество на невроинфламација. Во една студија, штетата дури се поистоветува со амиотрофичната латерална склероза (АЛС).

Набљудуваното невролошко оштетување, исто така, сугерира дека адјувантите на алуминиум можат да играат значајна улога во зголемувањето на стапката на аутизам. Д-р Расел Блејлок, невролог, кој со години го истражува овој проблем, всушност предложи механизам за развој на аутизмот поради имуно-екцитотоксичност. (Повеќе за врска вакцина-аутизам овде).

Дали алуминиумот во вакцините е безбеден?

Алуминиумот во вакцините не е безбеден. Никогаш не постоела валидна причина да се тврди за неговата безбедност. Дури и на инјектираните нивоа на микрограми, овие износи се штетни и нема начин да се знае дали вие или вашето дете ќе бидате значително засегнати – недели, месеци или дури години подоцна. Со зголемување на бројот на вакцини што содржат алуминиум, кои се очекува да ги добиеме, инциденцата на автоимуни и невролошки заболувања се зголемува заедно со неа. Се повеќе и повеќе деца развиваат хронични состојби/болести. Независното научно истражување за адјувантите од алуминиум што предизвикува автоимуност и невротоксичност расте и сè помалку се сомнева дека вакцините кои содржат алуминиум предизвикаа хронична болест кај значителен дел од популацијата. Трагично  е тоа што научното истражување продолжува да потврдува дека алуминимот всушност предизвикува Алцхајмерова болест, а сепак лекарите и медицинските сестри ги поттикнуваат постарите да ја добијат вакцината  за пневмонија со алуминиум секоја година.

„Секојдневно има се повеќе докази дека овој однос е повеќе од случаен. Кај луѓето, адјувантите може да предизвикаат неспецифични, мускулно-скелетни или невролошки клинички манифестации и во одредени случаи можат да доведат до појава или забрзување на автоимуно заболување кај субјекти со генетска подложност. “

Adjuvants- and vaccines-induced autoimmunity: animal models.
Ruiz JT, et al. Immunol Res., 2017.

Има голем број научни истражувања за негативните здравствени ефекти на алуминиумот. Можеби е мала количината на истражувања овде, во врска со адјувантите за вакцини. Ве охрабруваме да одите на PubMed.gov и сами да ја пребарате огромната литературата.



* Забелешка: Ако сакате да тврдите дека конзумирањето на храна и мајчино млеко контаминирани со алуминиум, се поголема опасност отколку вакцините од алуминиум, прочитајте го следниот текст и видете дека токсичноста зависи од начинот на изложеност (ингестија, вдишување, дермално или инјектирање). Зошто не можете да го споредувате количеството на алуминиум во мајчиното млеко со количеството на алуминиум во вакцините?

Исто така, погледнете го  документарниот филм, Инјектирање алуминиум.

Извор