Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Отворено писмо од д-р Тереза Дајшер

 

Моето име е д-р Тереза Дајшер. Јас сум основач и главен научник во Sound Choice Pharmaceutical Institute, чија мисија е да ја едуцира јавноста за безбедноста на вакцините, како и да ги поттикнува  производителите да обезбедат подобра и побезбедна вакцина за јавноста. Докторската дисертација од Стенфордскиот универзитет за молекуларна и клеточна физиологија ја добив во 1990 година, а постдокторските студии ги завршив на Универзитетот во Вашингтон. Во текот на мојата кариера работев  во комерцијалната биотехнолошка индустрија и тоа од основни биолошки откритија и лекови, па се до клинички развој и тестирања.

Пишувам во врска со несоодветните научни факти за загадувањето со фетална ДНК во МПР вакцината, што мора да им се даде до знаење  на законодавците и на јавноста.

MMR II вакцинатата на Мерк (како и за варичела, Pentacel и сите вакцини за хепатит А) се произведени користејќи човечки фетални клеточни линии и се силно контаминирани со човечка фетална ДНК од производниот процес. Нивоата кај нашите деца може да достигнат до 5 ng / ml по вакцинацијата, во зависност од возраста, тежината и волуменот на крвта на детето. На тоа ниво е познато дека се активира Toll-like рецепторот 9 (TLR9), што може да предизвика автоимуни напади.

За да се илустрира автоимуната способност на многу мали количини на фетална ДНК, прочитајте го ова: Трудовите се поттикнати од фетална ДНК од бебето кoja се зголемува во крвотокот на мајката, што предизвикува масовно имунолошко отфрлање на бебето. Ова е почеток на пораѓањето.

Ова функционира вака: фетусните ДНК фрагменти [i] од бебето кои се со околу 300 базни парови во должина, се наоѓаат во серумот на бремената мајка. Кога ќе достигнат помеѓу 0,46-5,08 ng / мл, тие предизвикуваат трудови преку механизмот на TLR9 [ii]. Соодветните крвни нивоа се 0,22 ng / ml и 3,12 ng / ml. Нивоата на фетална  ДНК кај детето, откако се инјектира со вакцини произведени на фетус, достигнуваат исто ниво што предизвикува автоимуно одбивање на бебето од страна на мајката.

Секој кој вели дека феталната ДНК што ги контаминира нашите вакцини е безопасна,  или не знае ништо за имунитетот и Toll-like рецепторите, или не ја кажува вистината.

Ако феталната ДНК може да предизвика трудови (природно посакувана автоимуна реакција), тогаш истите тие нивоа во вакцините може да предизвикаат автоимунитет кај детето. Фрагментираната фетална ДНК, содржана во вакцините, е со слична големина – околу 215 базни парови. [Iii]

Ова е директен биолошки доказ дека феталните ДНК загадувачи во вакцините, не се во ниски безвредни количини. Тие се многу силни проинфламаторни активирачи.

Администрацијата на фрагменти од хумана фетална (примитивна), не сопствена ДНК на дете, може да генерира имунолошки одговор, преку кој исто така, би се вкрстила со сопствената ДНК на детето. Бидејќи загадувачката ДНК може да има делови кои се преклопуваат или се многу слични со сопствената ДНК на детето.

 

Децата со аутизам имаат антитела против човечка ДНК во циркулацијата, а истите ги немаат деца без аутизам. Овие антитела може да бидат вклучени во автоимуни напади кај деца со аутизам. [Iv]

Универзитетот Дјук демонстрираше, во неодамна спроведена студија, дека значителни подобрувања во однесувањето биле забележани, кога децата со нарушувања од аутистичниот спектар биле третирани со сопствена крв, земена од папочната врвца [v]. Овој третман јасно покажува дека повеќето деца со аутизам не се родени со него, бидејќи кај генетските болести, како Даунов синдром или мускулна фиброза, не можат да се лекуваат со матични клетки. Затоа, тригерите или предизвикувачите од околината, мора да се идентификуваат, елиминираат или да се барем намалат во околината.



Постои силна корелација помеѓу точките на зголемување на аутизмот и измената на производството на вакцините. И тоа од клеточни линии добиени од животни, на човечки клеточни линии (од абортирани фетуси) во доцните 70-ти [vi].




  • Најраната точка на промената во стапката на аутизмот, беше идентификувана во 1981 година, од податоците за Калифорнија и САД. На ова му  претходи промената во  процесот на производство. Во јануари 1979 година, FDA ја одобри промената на производниот процес за вирусот на рубеола. И тоа од базирано на животинско потекло (со високо пренослив сој HPV-77, одгледан на ембрионски клетки од патки), се преминало во производство на хуманата фетална клеточна линија WI-38 користејќи го сојот на вирусот RA27 / 3 [ vii]. Новоодобрената моновалентна рубеола вакцина и тривалентната вакцина за заушки, морбили и рубеола ја користат WI-38 феталната клеточна линија, за производство на делот од вакцината против рубеола.
  • Пред 1980 година, нарушувањето од аутистичкиот спектар беше многу ретка, речиси непозната болест. Според бројките на CDC, стапката на аутизам во 2014-та година изнесувала 1 од 59 деца, што претставува многу стрмно зголемување од 2000-та година, кога изнесувало 1 во 150. Од CDC: „Вкупните трошоци годишно за деца со ASD во САД, се проценува дека се меѓу 11,5 милијарди долари – 60,9 милијарди долари [viii]“.
  • Неодамна, дупликации и де ново делеции (дуплирање или загуба/отсуство на дел од молекула на нуклеинска киселина или хромозом), се препознаени кај 10% од оние со аутистичен спектар, со што се потврдува дека постои тригер од надворешната средина на генетиката кај нарушувањата од овој тип [ix].
  • Делот од рубеола од МРП вакцината, содржи човечки фетални ДНК загадувачи од околу 175 ng/на доза, што е повеќе од 10 пати од препорачаниот праг на СЗО од 10 ng по доза на вакцина [x].
  • Ниту еден друг лек на пазарот нема да добие одобрување од FDA без детално профилирање на токсичноста (FDA ги следи меѓународните ICH насоки). Тоа никогаш не било спроведено од страна на фармацевтската индустрија за контаминација со ДНК фрагменти во МРП вакцината.
  • Вакцините произведени на човечки фетални клеточни линии содржат клеточен отпад и се контаминирани со резидуална човечка ДНК, која не може целосно да се елиминира за време на процесот на прочистување на вирусот [xi]. Покрај тоа, ДНК-та не се карактеризира само со нејзината секвенца (ATCG), туку и со нејзината епигенетска модификација (на пример, шема на метилација на ДНК итн.). Ова својство  е многу специфично за видот, па затоа не-човечката ДНК ќе се елиминира преку активирање на TLR9 и последователно производство на антитела против не-човечката ДНК, додека ова не е случај со човечка феталната ДНК.

Инјектирањето на нашите деца со човечки фетални ДНК загадувачи е ризик да предизвика две добро воспоставени патологии:

  1. Инсерциона мутагенеза – феталната човечка ДНК се инкорпорира во ДНК-та на детето предизвикувајќи мутации. Генската терапија со користење на мала фрагментна хомолошка рекомбинација, покажа дека дури и 1,9 ng / ml ДНК фрагменти резултираат со вметнување во геномот на матичните клетки во 100% од инјектираните глувци[xii]. Нивоата на фрагменти од човечка фетална ДНК кај нашите деца по вакцинација со МПР, Varivax (варичела) или вакцини за хепатити А, достигнуваат нивоа над 1.9 ng / ml.
  2. Автоимуна болест – феталната човечка ДНК го поттикнува имунолошкиот систем на детето да го нападне сопственото тело.

Дополнителна загриженост – ретровирусна контаминација.

  • Човечкиот ендоген ретровирус К (ХЕРВК) е загадувач во вакцина против морбили/ заушки / рубела [xiii].
  • ХЕРВК може да се реактивира кај луѓето [xiv]. Тој кодира протеин (интеграза) специјализиран за интегрирање на ДНК во човечкиот геном.
  • Неколку автоимуни болести се поврзани со активноста на ХЕРВК [xv].
  • Исто така, се наоѓа во истото семејство на ретровируси како што е MMLV вирусот, кој се користи во испитување на генската терапија, при што несоодветно генетско вметнување (инсерциона мутагенеза), доведе до последователни соматски мутации и рак кај 4 од 9 млади момчиња [xvi].
  • Затоа е можно дека фрагментот на ХЕРВК генот присутен во МРП вакцината да  е активен, да ја кодира интегразата и на тој начин, има потенцијал да предизвика инсерција на гени, поттикнување на вметната мутагенеза и автоимуност.

Присуството на високо ниво загадувачи како феталната ДНК и контаминација на ХЕРВК во МРП вакцината, е не доволно проучен ризик со огромни импликации и опасности за индивидуалното и јавното здравје.

Решението е да се изврши притисок на производителите да се префрлат назад кон вакцините развиени на животински клеточни линии, како што беше успешно направено во Јапонија:

  • Врз основа на соевите на Takahashi – жив атенуиран рубеола вирус, произведен на клетките на бубрезите од зајак. Една доза од оваа вакцина неодамна се покажа дека го задржува имунитетот најмалку 10 години [xvii].
  • Да се подели МРП вакцината во три поединечно понудени опции како што е направено во Јапонија.

Процесот на производство на вакцина против МРП треба да се промени за да се адресираат и да се елиминираат гореспоменатите ризици за јавноста.

Ви благодарам за вашето разгледување. Јас ќе бидам среќна да ги решам сите прашања што можеби ги имате во врска со горенаведеното.

Со почит,

Д-р Тереза Дајшер

Извор

Референци:

[i] Lo et al. Am J Hum Genet. 1998 Apr;62(4):768-75

[ii] Enninga et al. Front Immunol. 2015 Aug 26;6:424

[iii] Deisher et al. Issues Law Med. 2015 Spring;30(1):47-70

[iv] Mostafa et al. 2014, J Neuroimmunol , Vol. 272, pp. 94–98; Mostafa et al. 2015, J Neuroimmunol , Vol. 280, pp. 16–20

[v] Dawson et al. Stem Cells Transl Med. 2017 May;6(5):1332-1339

[vi] Deisher et al. Issues Law Med, 2015 Vol. 30, pp. 25-46

[vii] https://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/rubella.html; Plotkin, SA. 2006, Clinical Infectious Diseases, Vol. 43, pp. S164–168;

[viii] https://www.cdc.gov/ncbddd/autism/data.html

[ix] Sebat et al. 2007, Science., Vol. 316, pp. 445-449; Sanders et al. 2011, Neuron, Vol. 70, pp. 863-885

[x] Series, WHO Technical Report. WHO EXPERT COMMITTEE ON BIOLOGICAL STANDARDIZATION 941; Deisher et al. Issues Law Med. 2015 Spring;30(1):47-70

[xi] Kramberger et al. Hum Vaccin Immunother. 2015;11(4):1010-21.

[xii] McNeer, N A et al. “Systemic delivery of triplex-forming PNA and donor DNA by nanoparticles mediates site-specific genome editing of human hematopoietic cells in vivo.” Gene therapy vol. 20,6 (2012): 658-69. doi:10.1038/gt.2012.82

[xiii] Victoria et al. J Virol. 2010, Vol. 84, pp. 6033-6040

[xiv] Lee et al. PLoS Pathog. 2007 3(1):e10; Dewannieux et al. Biologicals, Vol. 38, pp. 366-70

[xv] Taietal.9,Nov2008, Mult Scler, Vol. 14, pp. 1175-80; Dickerson et al. 2008, Schizophr Res. 2008 Sep;104(1-3):121-6, Vol. 104, pp. 121-6

[xvi] Hacein-Bey-Abina et al. J Clin Invest. 2008 Sep;118(9):3132-42

[xvii] Jpn J Infect Dis. 2016 May 20;69(3):221-3