Ширењето на болести предизвикани од вакцини (вакцинален сој на вируси) не е ниту нова, ниту непозната појава кај „живите“ вакцини. Особено е изразена кај оралната полио вакцина. Иако здравствените власти секогаш велат дека е скоро невозможно вакцинирано дете да шири инфекција, праксата покажува друго. Дури и кога официјалните здравствени установи признаваат дека тоа се случува, многу медиуми сепак не пренесуваат, а докторската фела го игнорира она што не одговара на веќе добро воспоставената догма.
Пред една година на кратко се појави во медиумите веста дека оралната полио вакцина сѐ уште предизвикува полио епидемии.
По извештаите што се емитуваа во текот на целата 2019 година во врска со циркулацијата на полио вирусите добиени од вакцини, во бројни африкански и азиски земји, виролог на ЦКБ призна: „Сега создадовме повеќе нови епидемии на вирусот, отколку што запревме“.
Неодамна истите наслови повторнo осамнаа, со навидум „засрамената“ изјава на СЗО дека оралната вакцина против детска парализа е одговорна за алармантна епидемија на полио во Судан – „поврзана со тековна епидемија предизвикана од вакцини во Чад“. Оваа епидемија е придружена паралелно со епидемии во десетина други африкански земји како Ангола, Конго, Нигерија, Замбија… Всушност, помеѓу август 2019 година и август 2020 година, имало 400 евидентирани случаи на полио добиено од вакцини во повеќе од 20 земји во светот.
Иронично, СЗО го откри ова „уназадување“ едвај една недела откако го прогласи африканскиот континент за ослободен од див полио вирус – иако не е забележан во Африка од 2016 година.
Додека африканските епидемиолози повторно тврдат дека овие епидемии можат „да се стават под контрола со понатамошна имунизација“, а Судан се подготвува да започне масовна кампања за вакцинација против детска парализа, СЗО предупредува дека „ризикот од понатамошно ширење на полио од вакцина низ централна Африка и Рогот на Африка“ е висок.
Здравствените власти си зададоа цел да го ерадицираат полиото до 2000-та година. Како и за другите „вакцино-превентабилни“ болести, преку вакцина не успеаја. Овој рок за ерадикација се пролонгира секоја година, а со епидемиите што ги предизвикуваат – тешко дека тоа ќе се случи.
Дивиот сој на полио е ендемичен за Авганистан и Пакистан. И двете земји, исто така се борат против епидемии на детска парализа предизвикани од вакцини.
Вирус кој е ендемичен за 2 земји кои и немаат скоро никаква миграција во и од неа, вирус кој кај 95% од луѓето поминува асимптоматски, а се вакцинира целата детска популација?!
Оралните вакцини во Европа и САД се забранети за употреба пред многу години, поради несаканите реакции, добивањето на болеста против која се вакцинира и ширењето на вирусот (преку фецес).
Сепак, преку спонзорство на најзагрижениот „доктор“ на светот, масивни кампањи со орална полио вакцина се форсираат во сиромашните земји, каде со помош на вакцината се шири полиото поради немањето на основни хигиенски и санитарни услови. Како што СЗО веќе постојано известува. СЗО, не Од нас за нас.
Зарем не е време да се преиспита целата оваа кампања?
Зарем не време да се преиспита безбедноста и ефикасноста на СИТЕ вакцини?
Зарем детските животи во Африка чинат помалку?
Референци:
https://www.wionews.com/world/sudan-to-launch-mass-polio-vaccination-after-outbreak-323721
https://medicalxpress.com/news/2020-09-polio-outbreak-sudan-oral-vaccine.html
https://childrenshealthdefense.org/news/polio-vaccine-causing-polio-outbreaks-in-africa-who-admits/