„Овој труд открива за прв пат дека раната вакцинација со хепатит Б, предизвикува пореметувања во однесувањето и хипокампалната неврогенеза. Оваа работа дава иновативни податоци кои ја поддржуваат долго сомневаната потенцијална асоцијација на ХБВ со одредени невропсихијатриски нарушувања како што се аутизмот и мултиплекс склерозата“.
Д-р Шибин Јао е образован во Америка (Универзитет во Питсбург) и автор на 33 рецензирани студии, но тој исто така е водечки автор на две од најважните биолошки истражувања што некогаш се направени, анализирајќи како, токму вакцината може да предизвика аутизам.
Во 2015 година, д-р Јао беше водечки автор на „Неонатална вакцинација со бацилот Calmette-Guerin и вакцините против хепатитис Б ја модулираат хипокампалната синаптичка пластичност кај стаорците“, првата студија која некогаш погледнала какво влијание вакцината може да има врз мозокот на стаорци. Јас детално разговарав за оваа студија во една обемна статија што ја напишав во април со наслов „Меѓународните научници најдоа причина за аутизам. Што ќе прават Американците?” Vaccine Papers, веб-страница посветена на ригорозна научна анализа на ризиците и придобивките од вакцините, ја објасни студијата на овој начин:
„Ова е прва студија за тестирање на ефектите од имунолошка активација со вакцинација врз развојот на мозокот. Сите други студии за имунолошка активација во суштина користеле патолошки состојби кои ја имитираат инфекцијата и предизвикуваат силна треска. Критика што често ја слушав од оние кои се залагаат за вакцините, е дека експериментите за имунолошка активација не се релевантни за вакцините, бидејќи вакцините предизвикуваат поблага имунолошка активација отколку инјекциите на поли-ИЦ или липополисахарид (два типа активирачи на имунолошкиот систем). Оваа нова студија покажува дека вакцините можат да влијаат врз развојот на мозокот преку имунолошка активација. Оттука, експериментите за имунолошка активација се релевантни за вакцините … Вакцината против хеп Б го зголеми ИЛ-6 во хипокампусот (единствениот мозочен регион кој е анализиран за цитокините)“.
И покрај нејзината важност, објаснувањето на студијата на д-р Јао за просечниот човек не беше лесно, делумно поради тоа што неговата студија опфаќа многу други теми, што значи дека мора да ги изолирате податоците што ја вмешаа вакцината против хепатит Б, а потоа да се објаснат. Меѓутоа, со неговиот следен труд, д-р Јао и неговиот тим направија многу полесно објаснување и многу малку остана за толкување.
Толку многу поголема од Вејкфилд и нула медиумска покриеност!
Во 1998 година, д-р Ендрју Вејкфилд заврши распнат за студија која забележа само што некои родители пријавиле – имено, дека нивните деца развиле аутизам по МРП вакцината. Втората студија на д-р Јао, од друга страна, спроведе темелна истрага за влијанието на вакцината против хепатитис Б врз мозокот на глувците и тоа го направи наспроти контролна група на глувци кои добиле плацебо солен раствор. Оваа студија на животни е „златен стандард“, што обично би ја направиле пред да се пушти во употреба лек кај човечката популација. Во светот каде што вакцините би биле третирани како и сите други лекови на рецепт, студијата на д-р Јао ќе испратеше џиновско црвено знаме за невротоксичноста на вакцината против хепатит Б. Се разбира, тоа не се случи и ова е прв пат што веројатно сте слушнале за оваа студија:
Како што можете да видите, оваа студија всушност беше објавена кон крајот на 2016 година. Го видов ова за прв пат неодамна и речиси не можев да поверувам во она што го читав. Д-р Јао и неговите колеги почнуваат со изјава од која сите родители би се вознемириле:
„Вакцината против хепатит Б се администрира на повеќе од 70% од новородените во светот. Дали оваа неонатална вакцинација влијае врз развојот на мозокот е НЕПОЗНАТО“.
Имајќи го во предвид „непознатото“, за тоа дали вакцината за хепатит Б влијае врз развојот на мозокот, д-р Јао и неговите колеги си поставија задача да одговорат на прашањето, а нивните одговори се вознемирувачки на толку многу нивоа! Дозволете ми да се обидам да сумирам:
1. ХБ вакцината негативно влијаеше врз однесувањето на глувците;
Конкретно, глувците на ХБВ (оние кои биле вакцинирани со вакцина против хепатитис Б) покажале „значително намалување на локомоториката“ и „зголемена анксиозност“.
2. Глувците вакцинирани со ХБВ, доживеале скок во цитокинот IL-6;
Авторите забележале дека глувците со ХБВ покажале „значително зголемен“ IL-6, за кој знаеме дека е биомаркер за аутизам.
3. Потребно е време за невролошкото влијание од ХБВ да се манифестира;
Ова ги вознемири авторите на студијата. Тие разговараа за „латентноста“, што значи огромно време помеѓу вакцинирањето на глувците и невролошките нарушувања кои се појавуваат (Запомнете дека испитувањата за безбедноста на вакцината против хепатитис Б кај доенчиња, траеле една недела или помалку, за следење на несаканите рекции):
„… значајната разлика што се наоѓа во оваа студија е тоа што се врши помеѓу имунизирани и контролни глувци, а не помеѓу глувците од 8 недели старост и глувците од друга возраст. Затоа, оваа разлика ги одразува ефектите на неонатална вакцинација. Механизмот кој е во основата на латентноста и транзиентниот феномен е многу сложен и бара понатамошни студии за добро разбирање, бидејќи таквата латенција вклучува многу аспекти на имунолошкиот одговор на периферниот и ЦНС, како и на невронската пластичност“.
4. Заклучија дека во нормален свет, оваа студија ќе го поттикнеше непосредниот прекин на администрацијата на вакцина против хепатит Б кај бебињата.
Прочитајте што тие напишаа:
„Ова студија за првпат открива дека раната вакцинација за ХБ, предизвикува пореметувања во однесувањето и неврогенезата на хипокампусот. Оваа работа обезбедува иновативни податоци за поддршка на долгото сомневање за потенцијална асоцијација на ХБВ со одредени невропсихијатриски нарушувања како што се аутизмот и мултиплекс склерозата“.
ЗАКЛУЧОК
Сè е таму, црно на бело. Многубројни, релевантни принципи на работа кои ги врзуваат вакцините со аутизмот, преку биолошка наука. Студијата на д-р Јао бара малку толкување, но таа е присутна, направена – само треба некој да ја прочита. Неодамна, група научници објавија едиторијал, нагласувајќи колку важни се студиите со животни, за разбирање на невротоксичноста на адјувантот со алуминиум кој се користи во вакцините. Тие истакнаа дека „Епидемиологијата тешко може да утврди невро – имунолошки негативни ефекти при повеќе администрации на вакцини“. Епидемиологијата, проучувањето на голем број луѓе и резултатите од здравството со помош на табеларна пресметка, е распространета со потенцијал за злоупотреба, манипулација и сигнали што недостасуваат. Затоа биолошката наука е толку важна и затоа оваа нова студија од д-р Јао и неговите колеги обезбедува катастрофален удар за секој кој тврди дека вакцината не може да предизвика оштетување на мозокот или аутизам. Како што д-р Јао и неговите колеги заклучиле:
„Оваа студија ја користеше истата вакцина и сличен временски распоред како и оние кои се користат за вакцинација кај новороденчињата во Кина. Затоа, овие наоди укажуваат на тоа дека може да има слични ефекти на неонатална ХБ вакцинација врз развојот на мозокот и однесувањето кај луѓето“.
Автор
J.B. Handley
Во The High Wire, Дел Битри разговараше со Џеј Би Хандли за заклучоците од студиите на д-р Јао и Гудман и Галагер.