Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Социјално дистанцирање – на два метри од вистината

Корона.

Паника.

Уште пред да се прогласи пандемијата со корона вирус, а посебно потоа, нѐ погоди цунами од информации кое го поплави нашето секојдневие. Тешко е да се дојде до воздух.

Многумина сметаат дека релевантен извор е СЗО, сепак тоа е приватна организација, којашто не е имуна на грешки – а уште помалку на донации. Грешките во науката се чести, впрочем и на тој начин се доаѓа до точен резулат. Но, признавањето на грешката е доблест за секој добар научник – поретко за политичар.

Агендата за сета оваа криза сигурно ќе се дознае наскоро. Можеме да шпекулираме, но тоа друг пат.

Во секој случај паниката наметната од „авторитетите“ и мејнстрим медиумите го доведе светот на работ на егзистенција – психичка, економска, морална. Морална бидејќи, овој пат, скоро секој сигурно се запрашал – Дали да им верувам на властите, дали да се повикам на авторитетите? Да, тешко е. Тешко е да се одговори, без сомнеж. Тешко е да се знае кој е „точниот авторитет“.

Несомнено е, според официјалната литература – рецензирани и во тек на рецензија студии дека:

1 Смртноста од корона вирусот е многу помала од прикажаното и предвиденото!

Факт е дека во билансот на смртни случаи има многу кои починале СО корона, а не ОД корона. Факт е дека смртноста оваа сезона не е поголема од претходните, како што може да се види и на страната на Европскиот систем за набљудување на смртноста. Факт е дека имало години со поголема смртност, но не бевме затворани.

Исто така смртноста од одредена причина, моментално корона вирусот, е односот помеѓу заразени и починати. Но, по сите студии до 80% од инфицираните, немаат симтоми или имаат благи симтоми на настинка. Сепак се тестира исклучиво доколку се присутни потешки симптоми, што значи бројот на инфицирани не соодветствува со реалната слика, следствено и процентот на смртност не може да е релевантен.

2 Тестовите не се секогаш точни!

За дијагноза се користат PCR тестови кои и самиот пронаоѓач на техниката потенцирал да не се користат за дијагностички цели, зошто детектира мал дел од вирусот. Ова е проблем зошто одредени сегменти се исти и кај други слични вируси. Значи имаме голем број на лажно позитивни и негативни резултати. Серолошките тестови даваат појасна слика, но и нивната сензитивност е ограничена. Сепак присуството на специфични антитела, означува имунитет или тек на болеста.

Потоа СЗО излезе со став дека присуството на антитела не е исто со имунитет кон заболувањето!? Чекајте, нели оваа изјава ги побива сите досегашни тврдења, според кои ефикасноста на вакцината се мереше со производство на антителата? Ова е признавање дека целата вакцинална програма се заснова на нешто што не е точно?!

3 „Единствен спас од страшниот вирус е вакцината!“

Само ова е решението за страшниот вирус. Човекот нема имун систем, природата не дала антивирални состојки, витамините и минералите, исхраната, псиихичката состојба, физичката активност, Сонцето… Не! Постојните медикаменти кои ги имаат минато сите фази за одобрување… Не! Витаминот Ц, како основен поддржувач на имуниот систем… Не!

Така успешно се сервира приказната, да мнозинството бараат вакцина на колена. Но, вакцината, за тие што ќе сакаат да пробаат како изгледа залажување на имуниот систем преку манипулирање на генетско ниво, сепак ќе треба да се стрпат година – две.

До тогаш дали е исправно ова социјално дистанцирање и карантин, со оглед на тоа дека смртноста од КОВИД 19 е во рамката на сезонскиот грип, со оглед на тоа дека имаме достапни поддржувачки и антивирални третмани и вакцина нема да има наскоро?

4 Карантинските мерки не се базирани на научни докази!

Со кои докази е оправдана масовната хистерија што се создаде и имаме едни од најригорозните мерки во светот? До кога ќе ја „растргаме кривата“? Дали психолошките последици се поголеми од самиот вирус? Економските секако се.

Листата на експерти од цел свет, кои секојдневно работат со респираторни болести и епидемии од ваков тип и чиешто мислење е во спротивност од сервираните наративи следува. Најдете време да прочитате, проследете и сами донесете заклучок.


Д-р Џон Ли е англиски консултант хистопатолог во општата болница Ротерам. Бил клинички професор по патологија на Медицинскиот факултет Хал Јорк.

„…Но, постои уште еден, потенцијално уште посериозен проблем: начинот на кој се регистрираат смртните случаи. Ако некој умира од респираторна инфекција во Велика Британија, специфичната причина за инфекцијата обично не се евидентира, освен ако болеста е ретка ‘забележлива болест’.

Значи, огромното мнозинство на респираторни смртни случаи во Велика Британија се евидентираат како бронхопневмонија, пневмонија, старост или слична ознака. Ние навистина не тестираме за грип или други сезонски инфекции. Ако пациентот има, да речеме, карцином, моторно-невронски заболувања или друга сериозна болест, ова ќе се евидентира како причина за смрт, дури и ако крајната болест беше респираторна инфекција. Ова значи дека сертификатите (причината за смрт) во Велика Британија обично имаат намалени пријавувања за смртни случаи како резултат на респираторни инфекции.

Сега погледнете што се случило од појавата на Ковид-19. Списокот на забележителни болести е ажуриран. Овој список содржи и вариола вера (кој е изумрен многу години) и состојби како што се антракс, бруцелоза, чума и беснило (што повеќето лекари од Велика Британија никогаш нема да го видат во целата своја кариера) – сега е изменет за да го вклучи Ковид- 19. Но, не грип. Тоа значи дека секој позитивен тест за Ковид-19 мора да биде пријавен, на начин што едноставно не би бил за грип или за други други инфекции“.


How deadly is the coronavirus? It’s still far from clear, The Specator, 28.3.2020

„Неколку тестови се спроведени кај пациенти со лесни симптоми. Ова значи дека бројот на позитивни тестови ќе биде далеку помал од бројот на луѓе кои заболеле од оваа болест“. Сер Патрик Валанс, главен научен советник на владата, се обидува да го истакне ова.

Тој посочи дека реалната бројка за бројот на случаи може да биде 10 до 20 пати поголема од официјалната бројка. Ако тој е во право, главната стапка на смртност поради овој вирус ќе биде 10 до 20 пати пониска отколку што се чини од објавените бројки.


How to understand & report figures for ‘Covid deaths’, The Spectator, 29.3.2020



Д-р Џон Оксфорд е англиски виролог и професор на Кралицата Мери, универзитет во Лондон. Тој е водечки експерт за грип, вклучувајќи птичји и шпански грип од 1918 година и ХИВ / СИДА.

„Лично, би рекол дека најдобриот совет е да поминете помалку време и да гледате ТВ-новости што се сензационални и не многу добри. Лично, на оваа појава на Ковид гледам како на лоша зимска епидемија на грип. Во случајов, минатата година имавме 8000 смртни случаи во групите ‘под ризик’, преку над 65% лица со срцеви заболувања, итн. Ние страдаме од епидемија на медиуми!“


“A VIEW FROM THE HVIVO / OPEN ORPHAN #ORPH LABORATORY”, blog post on Novus Communications website, March 31st 2020



Проф Кнут Витковски е германско-американски истражувач и професор по епидемиологија. Работел 15 години на Епидемиологија на ХИВ, а пред 20 години се префрли на Катедрата за биостатистика, епидемиологија и дизајн на истражување на Универзитетот Рокфелер, Њујорк.

„Со сите респираторни заболувања, единствената работа што ја запира болеста е колективниот имунитет. Околу 80% од луѓето треба да имаат контакт со вирусот, а повеќето од нив дури и не признале дека се заразени или имаат многу, многу благи симптоми, особено ако се деца. Значи, многу е важно училиштата да се одржуваат отворени, а децата да се мешаат да го шират вирусот за да добијат колективен имунитет што е можно побрзо.

…Ние доживуваме секакви контрапродуктивни последици од непромислената политика.

…Јас сум бил епидемиолог 35 години и моделирам епидемии веќе 35 години. Задоволство е да се има можност да им помогнеме на луѓето да разберат, но тоа е борба да се слушне“.



Д-р Клаус Пушел е германски форензички патолог и поранешен професор по судска медицина на универзитетот Есен и тековен директор на Институтот за судска медицина при Универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф. Работел на многу значајни обдукции, како и форензички археолошки студии од висок профил.

Наспроти упатствата на Институтот Роберт Кох, неговата канцеларија во Хамбург започна да прави разлика помеѓу смртните случаи СО и ОД корона вирусот, што доведе до намалување на смртните случаи на Ковид 19.

Овој вирус влијае на нашите животи на целосно прекумерен начин. Ова е несразмерно на опасноста што ја предизвикува вирусот. Астрономската економска штета што сега е предизвикана не е сразмерна со опасноста од вирусот. Убеден сум дека стапката на смртност од корона нема да се покаже како пик при годишната смртност.

Сите оние што досега ги испитавме имаа карцином, хронично заболување на белите дробови, беа тешки пушачи или сериозно дебели, страдаа од дијабетес или имаа кардиоваскуларно заболување. Вирусот беше последната слама што го скрши грбот на камилата, така да се каже … Ковид-19 е фатално заболување само во исклучителни случаи, но во повеќето случаи тоа е претежно безопасна вирусна инфекција“.

“Der streit ums richtige Mas”, Hamburger Morgenpost, 3.02.2020




Д-р Александар Кекуле е германски доктор и биохемичар. Тој е раководител на Катедрата за Медицинска микробиологија и вирологија при универзитетот Мартин Лутер Хале-Витнберг од 1999 година и е сегашен директор на Институтот за медицинска микробиологија при Универзитетската болница Хале.

„Невозможно е да се чека вакцина… Најбрзо што може да имаме подготвена вакцина е за шест месеци. Врз основа на искуство, би рекол дека реалноста е поблизу до една година. Не можеме да останеме под клуч шест месеци до една година. Ако го сторивме тоа, нашето општество и нашата култура ќе бидат уништени.
…Луѓето под 50 години е многу, многу веројатно дека нема да умрат или сериозно да се разболат од корона вирусот. Мораме да им дозволиме да се заразат за да можат да развијат имунитет“.

“‘Infect the young and isolate those at risk’ – One German scientist’s plan to end the lockdown”, The Telegraph, 11.4.2020



Д-р Клаус Кохнлејн е германски интернист со седиште во Кил и коавтор на книгата Вирус манија.

„Тестот е базиран на ПЦА, каде се програмираат лажни позитиви.

Половина (од позитивните тестови) би можеле да бидат погрешни. Тестовите на ПЦА често покажуваат лажни позитивни резултати. Може да го прашате професорот Гигернзер од Берлин за оваа проблематична област. Тестовите се многу чувствителни. Ако имате само една молекула на нешто, тестот може да покаже позитивен наод. Тоа не значи дека пациентот е болен или има корона вирус, не се изолира, но се потпира целосно на овие тестови.

…Во моментот не може да се каже колку е висока стапката на смртност, потребни се значително повеќе тестирања и значително повеќе болни или починати лица. Прерано е.

Јас сум клиничар и не гледам нова болест на хоризонтот. Ако немаше тест, животот би продолжил како порано, нема да имаше што да се види“.



Д-р Герард Краусе е раководител на Одделот за епидемиологија при Центарот за инфекција во Хелмхолц во Брауншвајг, директор на Институтот за епидемиологија на заразни болести при ТВИНКОР во Хановер и претседател на Програма за епидемиологија на Медицинскиот факултет Хановер. Тој исто така ја координира Транслационата епидемиолошка инфраструктура во Германскиот центар за истражување на инфекции (ДЗИФ).

Ние мора да ги задржиме овие сериозни социјални мерки што е можно пократки и што е можно пониски, затоа што тие би можеле да предизвикаат повеќе болести и смртни случаи отколку самиот корона вирус.

Иако фокусот ми е на заразни болести, верувам дека е императив да го земеме предвид влијанието врз другите области на здравството и општеството. Ние како општество не смееме да се фокусираме само на жртвите од вирусот на корона.

Знаеме дека невработеноста, на пример, предизвикува болести, па дури и зголемена смртност. Исто така, може да ги одведе луѓето во самоубиство. Ограничувањето на слободата на движење веројатно ќе има понатамошно негативно влијание врз јавното здравство.

Не е толку лесно да се пресметаат ваквите последици директно, но сепак тие се случуваат и тие може да бидат посериозни од последиците од самите инфекции“.

Интервју за zdf.de, 29.03. 2020




Д-р Герд Гигерензер е германски психолог, професор по психологија и директор на Хардинг центароот за проценка од ризик во Институтот Макс Планк за човечки развој во Берлин.

„Епидемијата на свински грип во 2009 година уби стотици илјади, главно во Африка и Југоисточна Азија. Но, во Европа, каде заканата беше релативно мала, медиумите секојдневно ги обновуваа бројот на загинати и бројот на сомнителни случаи. Во Велика Британија, владата предвиде дека дури 65 000 граѓани може да умрат од оваа болест. На крајот, починале помалку од 500. Очекувано е дека ваквото секојдневно пресметување предизвика страв и ги натера политичарите да донесат избрзани, лошо советувани одлуки – како што е складирање лекови – без да ги испитаат доказите. Сите очи беа насочени кон новиот, непознат вирус, а не на заштита на луѓето од повеќе смртоносни закани, како што е сезонскиот грип, кој во 2009 година уби повеќе од свинскиот грип. Сеуште е така – како што би било јасно ако медиумите нè бомбардираа со часовни ажурирања на бројот на жртви од грип.
Слично на тоа, милиони луѓе, особено во земјите во развој, умираат од маларија и туберкулоза секоја година. И само во Соединетите држави, инфекции стекнати од болницата убиваат околу 99 000 пациенти годишно. Сепак, овие несреќни луѓе поминуваат без внимание.

Зошто повеќе сме исплашени од она што е помалку веројатно да нè убие?“

Why What Does Not Kill Us Makes Us Panic, Project Syndicate, 12th March 2020



Д-р Вело Марковски, инфектолог, редовен професор на Факултетот за медицински науки при УГД – Штип.

 

„Се надевам дека ќе стекнеме колективен имунитет. Не можеме да се чуваме од инфекции, треба да се навикнеме да живееме со нив. Секој од нас во себе носи барем по неколку вируси и голем број бактерии. Според мене, треба полека епидемиолозите и комисијата да размислат да ги олабават овие мерки за луѓето да се навикнат дека со оваа болест ќе живееме, сега таа ги напаѓа луѓето со намален имунитет.

…Да не бидеме заложници на овој вирус, треба да живееме нормално и да го прифатиме овој вирус. Да ги оставиме лекарите да се занимаваат со оваа болест и тие да се навикнат и да бидат спремни кога ќе дојде оваа болест“.



Д-р Среќко Сладољев, имунолог. Поранешен раководител на Имунолошкиот завод во Загреб.

Да го немаше тестот, што е дел од форензиката, никој немаше да знае за КОВИД. Вирусот може да предизвика благи симптоми, кои можат да се опишат како слични на грип.

…На еден заболен, кој сме го идентификувале дека е заразен со овој вирус, има стотици други кои не се откриени.

… Ако вака се однесуваме со вирусот (пријавување на инфицирани и починати) – можеме да бидеме во карантин цел живот.

Треба да се плашиме од човечкото его“.

Д-р Лидија Гајски, интернист. Автор на книгата „Лекови или приказна за измама“, што содржи  сеопфатна критика на модерната медицина, особено нејзината комерцијализација преку интеракција на фармацевтската индустрија, медицинската професија и политиката. Член на Хрватското здружение за биоетика, долгогодишен секретар и член на Управниот комитет. Со години е член и советник на Хрватското здружение за правата на пациентите. Од 2017 година, таа е член на Советот за ГМО на Владата на Република Хрватска.

„Кога се воведени мерки кои драстично го менуваат начинот на живот и функционирање на опшеството и претставуваат закана со тешки деструктивни последици – потребно е да се има јавна расправа.

…Се работи за болест чиј што причинител е вообичаен и 80% од инфицираните на развиваат или имаат благи симптоми, а кај дел од популацијата особено постарите или оние со хронични болести можат дасе јават компликации.

Не постојат податоци дека вирусот го зголемил светскиот морталитет“.




Д-р Сухарит Бакди е специјалист за микробиологија. Тој беше професор на Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц и раководител на Институтот за медицинска микробиологија и хигиена и еден од најпознатите цитирани истражувачки научници во германската историја

„Се плашиме дека 1 милион инфекции со новиот вирус ќе доведат до 30 смртни случаи на ден во текот на следните 100 дена. Но, ние не сфаќаме дека 20, 30, 40 или 100 пациенти позитивни за нормални коронавируси веќе умираат секој ден.
(Мерките на владата против КОВИД-19) се гротескни, апсурдни и многу опасни. Се скратува очекуваниот животен век на милиони луѓе. Застрашувачкото влијание врз светската економија се заканува на постоењето на безброј луѓе. Последиците од медицинската нега се големи. Веќе се намалуваат услугите за пациентите кои имаат потреба, се откажани операциите, празни практики, се намалуваат болничките кадри. Сето ова ќе влијае длабоко врз целото наше општество.
Сите овие мерки водат кон самоуништување и колективно самоубиство, засновано врз ништо друго, туку само на страв“.



Д-р Волфганг Водарг е германски лекар специјализиран за пулмологија, политичар и поранешен претседател на парламентарното собрание на Советот на Европа. Во 2009 година тој повика на истрага за наводните судири на интереси околу реакцијата на ЕУ на пандемијата co свински грип.

„Политичарите им се додворуваат на научниците. … научниците кои сакаат да бидат важни за да заработат пари за своите институции. Научниците кои само пливаат заедно низ мејнстримот и го сакаат својот дел. …А она што недостасува во моментов е рационален начин за разгледување на нештата.
Треба да поставуваме прашања како – Како дознавте дека овој вирус е опасен, како беше порано, зарем немавме исто нешто минатата година? Дури и дали е ова нешто ново? –
Тоа недостасува“.




Д-р Јоел Кетнер е професор по Здравствени науки во заедницата и хирургија на Универзитетот Манитоба, поранешен главен директор за јавно здравје во провинцијата Манитоба и медицински директор на Меѓународниот центар за заразни болести.

„Никогаш не сум видел вакво нешто, нешто друго барем блиску како ова. Не зборувам за пандемијата, затоа што имам видено 30 од нив, по една секоја година. Се нарекува грип. И други вируси со респираторни заболувања, не знаеме секогаш какви се. Но, никогаш не сум ја видел оваа реакција и се обидувам да разберам зошто.
Се грижам за пораката до јавноста, за стравот од доаѓање во контакт со луѓе, да бидат во ист простор како луѓето, да се поздравуваат со рацете, да имаат средби со луѓе. Се грижам за многу, има многу последици поврзани со тоа.

Во Хубеи, во провинцијата Хубеи, каде досега имало најмногу случаи и премногу смртни случаи, вистинскиот број на пријавени случаи е 1 на 1000 луѓе, а вистинската стапка на пријавени смртни случаи е 1 на 20 000. Па можеби тоа би помогнало да се стават работите во перспектива“.



Д-р Џон Јоанидис, професор по медицина – Здравствени истражувања и политика и пo Наука за биомедицински податоци, на Факултетот за медицина на Универзитетот Стенфорд и професор по статистика на Универзитетот Стенфорд, Факултет за хуманистика и науки. Тој е директор на Истражувачки центар за превенција во Стенфорд и ко-директор на Центарот за иновации за мета-истражувања во Стенфорд (МЕТРИКС).

Главен и одговорен уредник на Европскиот весник за клинички истражувања. Тој беше претседател на Катедрата за хигиена и епидемиологија, на Факултетот за медицина на Универзитетот во Јанина како и асистент професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Тафтс.
Како лекар, научник и автор тој придонел за медицина базирана на докази, епидемиологија, наука за податоци и клинички истражувања. Покрај тоа, тој ја предводеше областа на мета-истражувањето. Тој покажа дека голем дел од објавените истражувања не ги исполнуваат добрите научни стандарди на докази.

Пациентите кои биле тестирани за САРС-КоВ-2 се несразмерно оние со сериозни симптоми и лоши исходи. Бидејќи повеќето здравствени системи имаат ограничен капацитет за тестирање, пристрасноста на селекцијата може дури и да се влоши во блиска иднина.
Една од ситуациите кога беше тестирана цела, затворена популација беше крстаречкиот брод Дијамантската принцеза и патниците во карантин. Стапката на смртност во случајот имаше 1,0%, но ова беше претежно постара популација, во која стапката на смртност од Ковид-19 е многу поголема…

Може ли стапката на смртност во случајот „Ковид-19“ да биде толку ниска? Не, велат некои, укажувајќи на високата стапка кај постарите луѓе. Како и да е, дури и некои таканаречени корона вируси со благ тип или настинка, кои се познати со децении, може да имаат стапка на смртност дури 8% кога инфицираат стари лица во старечки домови.

Ако не знаевме за нов вирус таму некаде и не ги проверивме индивидуите со PCR тестови, бројот на смртни случаи како резултат на „заболувања слични на грип“ не би изгледал невообичаено оваа година. А најмногу и можеби случајно сме забележале дека грипот оваа сезона се чини дека е нешто полош од просекот.

„Фијаско во изработката? Како што се одржува пандемијата на корона вирус, ние донесуваме одлуки без веродостојни податоци“ – Stat News, 17 март 2020 година



Д-р Дидиер Раул, според ISI Web of Knowledge, е најмногу цитиран микробиолог во Европа и седмиот во светот. Во 2020 година, веб-страницата Expertscape го рангира како прв експерт во светот за заразни болести. Дидиер има издадено над 2 300 публикации во еминетнти рецензирани списанија. Автор на многу книги за инфективни болести.

„Крајно време е да престанеме да шириме податоци кои ги плашат луѓето.

Сериозноста на болеста нема никава врска со претставената сериозност. … Треба да дијагностицираме и третираме, а да ги изолираме само болните. Не можете да ја изолирате целата популација.



Д-р Јорам Лас е израелски лекар, политичар и поранешен генерален директор на Министерството за здравство. Тој исто така работел како соработник на деканот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Тел Авив и во текот на 1980-тите го претстави научното телевизиско шоу Татзпит.

„Италија е позната по огромниот морбидитет од респираторни проблеми, три пати поголем од која било друга европска земја. Во САД околу 40 000 луѓе умираат во редовна сезона на грип и досега 40-50 луѓе починале од корона вирусот, повеќето од нив во старечки дом во Киркланд, Вашингтон…

…Во секоја земја, повеќе луѓе умираат од регуларен грип во споредба со оние кои умираат од корона вирус.

… има многу добар пример што сите го забораваме: свинскиот грип во 2009 година. Тоа беше вирус што стигна во светот од Мексико и до денес нема вакцинирање против него. Но што? Во тоа време немаше Фејсбук или можеби имаше, но сепак беше во развој. Корона вирусот, во спротивност, е вирус на односи со јавноста.“

„Кој и да смета дека владите ставаат крај на вирусите, грешат!“ – Интервју во Globes , 22 март 2020 година



Д-р Пјетро Вернаца е швајцарски лекар специјализиран за заразни болести во Кантоналната болница Сент Гален и професор по здравствена политика.

„Имаме релевантни податоци од Италија и дело на епидемиолози, кое е објавено во реномираното научно списание Science, кое го испитува ширењето во Кина. Ова јасно дава до знаење дека околу 85% од сите инфекции се случиле без никој да ја забележи инфекцијата. 90% од починатите пациенти се потврдени постари од 70 години, 50% над 80 години.
…Во Италија, една од десет дијагностицирани лица умира, според наодите од публикацијата Science, тоа е статистички еден од секои 1 000 заразени лица. Секој поединечен случај е трагичен, но честопати, слично на сезонскиот грип – тоа влијае на луѓето кои се на крајот од животот.

…Ако ги затвориме училиштата, ќе спречиме децата брзо да станат имуни“.

„Треба подобро да ги интегрираме научните факти во политичките одлуки“ – Интервју во Сент Галер Тагблат, 22 март 2020 година



Френк Улрих Монтгомери е германски радиолог, поранешен претседател на Германското медицинско здружение и заменик претседател на Светската медицинска асоцијација.

„Јас не сум обожавател на карантинот. Секој што наметнува вакво нешто, исто така, мора да каже кога и како повторно ќе врати се од почеток. Бидејќи мора да претпоставиме дека вирусот ќе биде со нас долго време, се прашувам кога ќе се вратиме во нормала? Не можете да ги одржувате училиштата и дневните центри затворени до крајот на годината. Затоа што ќе потрае барем толку долго додека не добиеме вакцина. Италија воведе карантин и има спротивен ефект. Тие брзо ги достигнаа границите на нивниот капацитет, но не го забавија вирусот што се шири во рамките на карантинот.

– Интервју во General Anzeiger, 18 март 2020 година



Проф. Хендрик Стрејк е германски истражувач за ХИВ, епидемиолог и клинички судски истражувач. Тој е професор по вирологија и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ, на Универзитетот во Бон.

Новиот патоген не е толку опасен, тој е уште помалку опасен од Сарс-1. Посебно нешто е што Сарс-КоВ-2 се реплицира во пределот на горниот дел на грлото и затоа е многу поинфективен, затоа што може да се каже дека вирусот „скока од грло до грло“. Но, тоа е и предност: Бидејќи Сарс-1 се реплицира длабоко во белите дробови, не е толку заразен, но дефинитивно се навлегува во белите дробови, што го прави поопасен.

Исто така, треба да земете во предвид дека смртните случаи од Сарс-КоВ-2 во Германија биле исклучиво стари луѓе. На пример, во Хајнсберг, 78-годишен маж со претходни болести починал од срцева слабост, а тоа без Сарс-2 да ги зафати белите дробови. Бидејќи бил заразен, тој природно се појавува во статистиката „Ковид 19“. Но, прашање е дали тој не би умрел како и да е, дури и без Сарс-2“.

– Интервју во Frankfurter Allgemeine , 16 март 2020 година



Д-р Јанис Русел и др. – Тим истражувачи од Institut Hospitalo-universitaire Méditerranée Infection, Marseille и на Institut de Recherche pour le Développement, Assistance Publique-Hôpitaux de Marseille, спроведувајќи рецензирана студија за смртноста на корона вирус за владата на Франција под програмата Инвестиции за иднината.

„Проблемот со САРС-КоВ-2 е веројатно преценет, бидејќи 2,6 милиони луѓе умираат од респираторни инфекции секоја година во споредба со помалку од 4000 смртни случаи за САРС-КоВ-2 во време на пишувањето.

…Оваа студија ја спореди стапката на морталитет на САРС-КоВ-2 во земјите на ОЕЦД (1,3%) со стапката на морталитет на вообичаени корона вируси идентификувани кај пациенти во АП-ХМ- болница во Франција (0,8%) од 1 јануари 2013 година до 2 март 2020 година. Беше изведен тест со чи-квадрат, а Po-вредноста беше 0,11 (не значајна).

… Треба да се напомене дека систематските студии на други корона вируси (но сеуште не се за SARS-CoV-2) открија дека процентот на асимптоматски носители е еднаков или дури и поголем од процентот на симптоматски пациенти. Истите податоци за САРС-КоВ-2 може наскоро да бидат достапни, што дополнително ќе го намали релативниот ризик поврзан со оваа специфична патологија.

„САРС-КоВ-2: страв наспроти податоци“- Меѓународен весник на антимикробни агенси, 19 март 2020 година



Д-р Дејвид Катц е американски лекар и основачки директор на Центарот за истражување за превенција на Универзитетот Јеил.

Длабоко сум загрижен дека социјалните, економските и јавните здравствени последици од ова скоро целосно топење на нормалниот живот – училиштата и деловните активности затворени, собирите забранети – ќе бидат долготрајни и катастрофални, можеби и полоши од директната загуба од самиот вирус. Берзата ќе отскокне назад во времето, но многу бизниси никогаш нема. Невработеноста, осиромашувањето и очајот што веројатно ќе резултираат, ќе бидат јавни здравствени проблеми од прв ред.

„Дали нашата борба против корона вирусот е полоша од болеста?“, 20-ти март 2020 година во New York Times



Мајкл Т. Остерхолм е професор на Регент и директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минесота.

„Разгледајте го ефектот на затворање канцеларии, училишта, транспортни системи, ресторани, хотели, продавници, театри, концертни сали, спортски настани и други места на неодредено време и оставајќи ги сите нивни работници невработени и на јавна социјална помош. Веројатно резултатот не би бил само депресија, туку целосен економски прекин, со безброј трајно изгубени работни места долго пред да се подготви вакцината или да се одржи природниот имунитет.

…Најдобрата алтернатива веројатно ќе значи дека им се дозволи на лицата со помал ризик од сериозни заболувања да продолжат да работат. Да работат на деловно работење и производство и да „ го водат“ општество, а во исто време да ги советуваат поединците со повисок ризик да се заштитат преку физичко дистанцирање и зајакнувајќи го нашиот здравствен капацитет што е можно поагресивно. Со овој борбен план, ние би можеле постепено да изградиме имунитет без да ја уништуваме финансиската структура врз која се темелат нашите животи“.

„Соочувајќи се со реалноста на КоВ-19: Национално заклучување не е лек“, пишува „Вашингтон пост“ на 21 март 2020 година



Д-р Питер Готче е професор по Клинички истражувачки дизајн и анализа на Универзитетот во Копенхаген и основач на Кохран Медицинска Колаборација. Напишал неколку книги за корупција во областа на медицината и моќта на големите фармацевтски компании.

„Нашиот главен проблем е што никој веќе нема да се соочи со мерки што се премногу драконски. Тие ќе се соочат со проблеми само ако направат премалку. Значи, нашите политичари и оние кои работат со јавно здравство прават многу повеќе отколку што треба.

Во текот на пандемијата на грип во 2009 година не беа применети вакви драконски мерки и тие очигледно не можат да се применат секоја зима, која е преку целата година, бидејќи секогаш е некаде зима. Не можеме да го затвориме целиот свет трајно.

Доколку испадне дека епидемијата исчезнува предолго, ќе има редица луѓе што сакаат да земат заслуга за ова. И можеме да бидеме проколето сигурни дека драконските мерки ќе бидат применети повторно следниот пат. Но запомнете ја шегата за тигрите. -Зошто удираш со рогот? -Да ги задржам тигрите настрана. -Но, тука нема тигри. -Таму, гледајте!“

„Корона: епидемија на масовна паника“, блог пост на Deadly Medicines на 21 март 2020 година



Д-р Сунетра Гупта е дел од истражувачки тим со седиште во Оксфорд кој гради епидемиолошки модел за појава на корона вирус. Нивниот труд допрва треба да биде рацензиран, но резимето е достапено преку Интернет.
Д-р Гупта е професорка по теоретска епидемиологија на Универзитетот во Оксфорд со интерес за агенсите за заразни болести кои се одговорни за маларија, ХИВ, грип и бактериски менингитис. Таа е добитник на наградата Сахитиа Академи, Научен Медал од Зоолошкото друштво во Лондон и наградата „Кралското друштво Розалинд Френклин“ за нејзиното научно истражување.

„Многу важно, резултатите што ги презентираме овде укажуваат дека тековните епидемии во Велика Британија и Италија започнале барем еден месец пред првата пријавена смрт и веќе довеле до акумулација на значителни нивоа на колективен имунитет во двете држави. Инверзна врска има помеѓу соодносот на имуни во моментот и дел од популацијата подложна на тешка болест. Основните принципи на ширење на епидемијата ја потенцираат непосредната потреба од големи серолошки истражувања за проценка на фазата на епидемија САРС-КоВ-2, 24 март 2020 година

…Истражувањето претставува многу поинаков поглед на епидемијата од моделирањето во Империал Колеџ во Лондон. …јас сум изненадена што имало такво неквалификувано прифаќање на моделот Империјал “, рече д-р Гупта.
„Резултатите од Оксфорд би значеле дека земјата веќе стекнала значителен имунитет преку непрепознатливото ширење на КОВИД 19 во текот на повеќе од два месеци“.
Иако некои експерти се сомневаат во јачината и должината на човечкиот имунолошки одговор на вирусот, проф. Гупта рече дека достапните докази ја уверија дека човештвото ќе изгради колективен имунитет против КОВИД 19.

„Корона вирусот можеби го има заразено исклученото население“, Фајненшал Тајмс, 24 март 2020 година



Д-р Карин Мелинг е германски виролог чие истражување се фокусираше на ретровируси, особено вирус на имунодефициенција на луѓе (ХИВ). Таа беше редовна професорка и директорка на Институтот за медицинска вирологија на Универзитетот во Цирих од 1993 година до пензионирање во 2008 година и доби повеќекратни почести и награди за нејзината работа.

„Сега ви се кажува секое утро колку смртни случаи има од САРС-Корона 2. Но, тие не ви кажуваат колку луѓе се веќе заразени со грип оваа зима и колку смртни случаи предизвикал.

Оваа зима грипот не е тежок, но околу 80 000 се заразени. Воопшто не ги добивате овие бројки. Нешто слично се случи пред две години. Ова не е ставено во вистинскиот контекст.

…Секоја недела едно лице умира во Берлин од мулти-отпорни бактерии. Тоа достигнува до 35 000 годишно во Германија. Ова воопшто не се споменува. Верувам дека имавме вакви ситуации неколку пати и дека мерките кои сега се преземаат се преголеми.
Јас сум на мислење дека можеби не треба да се прави толку многу против младите луѓе што имаат забави и се заразуваат меѓусебно. Мораме некако да градиме имунитет. Како може тоа да биде можно без контакти? Помладите се справуваат со инфекцијата многу подобро. Но, ние мора да ги заштитиме старите лица и да ги заштитиме на начин што може да се испитува; дали е разумно она што го правиме сега, да ја исцрпиме епидемијата на начин што ја парализира целата светска економија?

Институтот Роберт Кох ги дава бројките. Седите таму како слушател или гледач: 20 мртви повторно, колку страшно! Дали знаете кога би започнал да паничам? Ако таму има 20 000. Потоа се приближуваме до она што се одвиваше потполно тивко пред две години.
Епидемијата на грип во 2018 година, со 25 000 смртни случаи, беше неусогласена со печатот. Клиниките требаше да се справат со дополнителни 60 000 пациенти, што не беше проблем за нив!

Тоа е главниот страв: болеста е претставена како ужасна болест. Болеста сама по себе е како грип во нормална зима“.

Интервју на Anti-Empire.com, 23 март 2020 година



Д-р Андерс Тегнел е шведски лекар и државен службеник, кој е државен епидемиолог во Агенцијата за јавно здравје на Шведска од 2013 година. Д-р Тегнел дипломира на медицинско училиште во 1985 година, специјализира на за заразни болести. Подоцна се стекнал со докторат по медицинска наука од Универзитетот во Линкпинг во 2003 година и магистер во 2004 година.

„Сите мерки што ги преземаме мора да бидат изводливи за подолг временски период. Во спротивно, населението ќе изгуби прифаќање на целата стратегија за корона.
Постарите лица или лицата со претходни здравствени проблеми треба да бидат изолирани колку што е можно повеќе. Значи, нема посети на деца или внуци, нема патувања со јавен превоз, доколку е можно и да нема шопинг. Тоа е едно правило. Другото е: Секој со симптоми треба да остане дома веднаш, дури и со најмала кашлица.
Ако ги следите овие два правила, не ви требаат дополнителни мерки, чиј ефект е сепак многу маргинален“.

,„Светот сеуште стои … освен Шведска“, Zeit.de, 24 март 2020 година



Д-р Пабло Голдшмит е аргентинско-француски виролог специјализиран за тропски заболувања и Професор по молекуларна фармакологија на Университи Пјер и Мариа Кири во Париз. Тој е дипломиран на Факултетот за фармација и биохемија на Универзитетот во Буенос Аирес и Медицински факултет на Болничкиот центар Питие-Салпетриере, Париз.

Тој во моментов престојува во Франција, каде што работел скоро 40 години како истражувач во клинички лаборатории кои развиваат дијагностичка технологија.

„Неоснованите мислења изразени од меѓународни експерти, реплицирани од медиумите и социјалните мрежи, ја повторуваат непотребната паника што претходно ја искусивме. Корона вирусот, идентификуван во Кина во 2019 година, не предизвикува ништо повеќе од силна настинка или грип.

…Респираторните вирусни состојби се многубројни и се предизвикани од повеќе вирусни семејства и видови, меѓу кои респираторниот синицијален вирус (особено кај новороденчињата), инфлуенца (грип), човечки метапнеумовируси, аденовируси, риновируси и разни корона вируси, веќе опишани пред години. Зачудувачки е што претходно оваа година се активирани глобални здравствени предупредувања како резултат на инфекции од страна на корона вирус откриен во Кина, КОВИД-19, знаејќи дека секоја година има 3 милиони новороденчиња кои умираат во светот од пневмонија и 50 000 возрасни во Соединетите држави со иста причина, без да бидат издадени аларми.

…Нашата планета е жртва на нов социолошки феномен, научно-медиумско вознемирување, предизвикано од експерти само врз основа на резултатите од лабораториската молекуларна дијагностичка анализа. Комуникациите издадени од Кина и Женева беа реплицирани, без да бидат соочени од критична гледна точка и пред сè, без да се нагласи дека коронавирусите секогаш ги заразувале луѓето и секогаш предизвикувале дијареја и она што луѓето го нарекуваат банална настинка или обична настинка. Апсурдните предвидувања беа екстраполирани, како во 2009 година со вирусот на грип Х1Н1.

Нема докази за да се потврди дека корона вирусот во 2019 година е посмртоносен отколку респираторниот аденовирус, вируси на грип, корона вируси од претходните години или риновируси одговорни за обичната настинка“.

Интервју на Clarin.com, 9 март 2020 година



Д-р Еран Бендавид и д-р Џеј Батачарија се професори по медицина и јавно здравје на универзитетот Стенфорд.

„Проекциите за бројот на жртвите веројатно може да бидат превисоки… Вистинската стапка на смртност е дел од заразените кои умираат, а не смртни случаи од идентификувани позитивни случаи.

Последната стапка е погрешна поради изборната пристрасност при тестирањето. Степенот на пристрасност е неизвесен затоа што достапните податоци се ограничени. Но, тоа би можело да направи разлика помеѓу епидемија што убива 20 000 и она што убива два милиони.

…Универзалниот карантин може да не вреди за трошоците што ги наметнува на економијата, заедницата и индивидуалното ментално и физичко здравје. Треба да преземеме непосредни чекори за да ја процениме емпириската основа на тековните заклучувања“.

„Дали Коронавирусот е толку смртоносен како што велат тие?“- Wall Street Journal , 24 март 2020 година



Д-р Том Еферсон е британски епидемиолог, со седиште во Рим. Тој работи за Кохранската Колаборација, каде е автор и уредник на групата за акутни респираторни инфекции на Институтот Кохран, како и дел од четири други Кохран групи. Тој е исто така советник на Италијанската Национална Агенција за регионални здравствени услуги.

Па, не можам да одговорам на моите непријатни сомнежи, се чини дека нема нешто посебно во врска со оваа посебна епидемија на заболувања слични на грип.

Сепак, постојат две последици од оваа состојба што ме вознемируваат.

Првата е недостаток на институционален кредибилитет како што го гледаат моите пријатели. Тие се движат од пожарникари, полицајци, па дури и од општи лекари – не се оние луѓе што би сакале да ги отуѓат во итни случаи. Сопственик на ресторан ми рече дека никогаш нема да се пријави на здравствениот орган, бидејќи тоа ќе значи затворање најмалку две недели и неговиот бизнис ќе пропадне.

Втората е дека штом ќе се привлече вниманието, дали ќе има сериозен и концентриран меѓународен напор за да се разберат причините и потеклото на заболувања слични на грип и животниот циклус на неговите агенти?

Минатата форма ми кажува не и ние ќе се вратиме на туркање на грипот како универзална чума под покривот на топлата куќа од комерцијален интерес. Забележете ја разликата: Грип (предизвикан од инфлуенца А и Б вируси, за кои имаме лиценцирани вакцини и лекови) и не грип – слични на оние болести против кои треба да ги миеме рацете преку целата година, не само сега.

Во меѓувреме, сеуште не можам да одговорам на прашањето на Марио: што е различно овој пат?“

„Ковид 19 – многу прашања, без јасни одговори“, British Medical Journal, 2 март 2020 година



Д-р Мајкл Левит е професор по биохемија на Универзитетот Стенфорд. Тој е член на Кралското друштво (ФРС), член на Националната академија на науките и ја доби Нобеловата награда за хемија во 2013 година за развој на повеќекалкулативни модели за комплексни хемиски системи.

Во февруари годинава, тој правилно моделираше дека епидемијата во Кина завршува, предвидувајќи околу 80 000 случаи и 3250 смртни случаи.

„Не верувам на броевите во Израел, не затоа што тие се направени, туку затоа што дефиницијата за случај во Израел продолжува да се менува и тешко е да се проценат броевите на тој начин…
Има многу неоправдана паника во Израел. Не верувам во броевите овде, сè е политика, а не математика. Ќе бидам изненаден ако бројот на смртни случаи во Израел надминува десет, па дури и пет сега со ограничувањата.

…Да ги ставиме работите во пропорција, бројот на смртни случаи на корона вирус во Италија е 10% од бројот на смртни случаи на грип во земјата помеѓу 2016-2017 година.

Дури и во Кина е тешко да се процени бројот на пациенти затоа што дефиницијата за „пациент“ варира, па затоа гледам во бројот на смртни случаи. Во Израел ги нема, па затоа не е ниту на светската мапа за болеста“.

„Нобеловец: изненаден ако Израел има повеќе од 10 смртни случаи на корона вирус“, Ерусалим Пост, 20 март 2020 година

Левит анализирал податоци од 78 држави кои пријавувале повеќе од 50 нови случаи на КОВИД-19 секој ден и гледаат „знаци на закрепнување“ кај многу од нив. Тој не се фокусира на вкупниот број случаи во една земја, туку на бројот на нови случаи што се идентификуваат секој ден – и особено, на промената на тој број од еден во друг ден.

„Бројките сеуште се бучни, но има јасни знаци на забавен раст. Она што ни треба е да ја контролираме паниката“, рече тој. Во грандиозната шема, „ние ќе бидеме во ред“.

„Зошто овој Нобеловец предвидува побрзо закрепнување од корона вирусот: Ние ќе бидеме добро“, Los Angeles Times , 22 март 2020 година



Германската мрежа за Медицина Базирана врз Докази е Здружение на германски научници, истражувачи и медицински професионалци.
Мрежата е основана во 2000 година за дистрибуирање и понатамошно развивање на концепти и методи на медицина базирана на докази и ориентирана кон пациентите во пракса, настава и истражување, а денес брои околу 1000 членови.

„Во повеќето случаи, КОВИД-19 е во форма на блага настинка или е дури и без симптоми. Затоа, малку е веројатно дека се регистрирани сите случаи на инфекција, за разлика од смртните случаи кои се скоро целосно регистрирани. Ова доведува до преценување на CFR.
Според студијата на 565 јапонци евакуирани од Вухан, сите биле тестирани (без оглед на симптомите), само 9,2% од заразените лица биле откриени со моментално користен мониторинг на COVID-19 ориентиран кон симптоми. Ова би значело дека бројот на заразени лица веројатно ќе биде околу 10 пати поголем од бројот на регистрирани случаи. CFR тогаш ќе биде само една десетина од моментално откриените. Други претпоставуваат уште поголем број на непријавени случаи, што дополнително би го намалило CFR .
Распространетата достапност на тестовите САРС-КоВ-2 е ограничена. На пример, во САД, соодветен, државно финансиран објект за тестирање за сите сомнителни случаи е достапен само од 11.3.2020 година. Исто така, во Германија, имаше повремени тесни грла што придонесуваат за преценување на ЦФР.

Како што се шири болеста, станува се потешко да се идентификува осомничен извор на инфекција. Како резултат, обичните настинки кај луѓе кои несвесно имаат контакт со пациент КОВИД-19 не се поврзани со КОВИД-19 и заболените воопшто не одат на лекар.
Преценувањето на CFR се јавува и кога починато лице е заразено со САРС-КоВ-2, но тоа не било причина за смрт.

CFR од 0,2% тековно измерени за Германија е под пресметаниот CFR на грип од Роберт Кох-Институтот од 0,5% во 2017/18 година и 0,4% во 2018/19 година, но над широко прифатената бројка од 0,1% за што нема сигурен доказ.

Надвор од (прилично сомнителните) заклучоци извлечени од историскиот пример, има малку докази дека НПИс за КОВИД-19 всушност доведуваат до намалување на целокупната смртност. Прегледот на Кохран од 2011 година не најде цврст доказ за ефективноста на прегледите на гранична контрола или за социјалното растојание.

Со систематски преглед од 2015 година се пронајдени умерени докази дека затворањето на училиштата го одложува ширењето на епидемијата на грип, но по висока цена. Изолацијата дома го забавува ширењето на грипот, но доведува до зголемена инфекција на членовите на семејството. Сомнително е дали овие наоди можат да се пренесат од инфлуенца во КОВИД-19.

Сосема е нејасно колку долго мора да се одржуваат НПИ и какви ефекти може да се постигнат во зависност од нивното времетраење и интензитет. Бројот на умрени може да се одложи само во подоцнежна временска точка, без никаква промена во вкупниот број.

Многу прашања остануваат неодговорени. Од една страна, медиумите секојдневно се соочуваат со алармантни извештаи за експоненцијално зголемен број на болни и мртви луѓе ширум светот. Од друга страна, медиумското покривање во никој случај не ги разгледува нашите потребни критериуми за комуникација со ризик базирана на докази.

Во моментот, медиумите комуницираат со сурови податоци, на пример, има заразени лица „Х“ и смртни случаи „Y“ до денес. Сепак, оваа презентација не успева да направи разлика помеѓу дијагнозите и инфекциите“.

„Ковид19: Каде се доказите?“, Изјава на нивната веб-страница, 20 март 2020 година



Д-р Ричард Шабас е поранешен главен медицински офицер во Онтарио, на Хастингс и на Јавно здравје – Принц Едвард, началник во Централната болница во Јорк.


„Има далеку повеќе случаи отколку што се пријавени. Ова е затоа што многу случаи немаат никакви симптоми, а капацитетот за тестирање е ограничен. Досега имало пријавено околу 100.000 случаи, но, доколку екстраполираме од бројот на пријавени смртни случаи и претпоставена стапка на смртност од 0,5 проценти, реалниот број е веројатно поблизу до два милиони – огромното мнозинство со блага или асимптоматска слика.
Исто така, реалната стапка на нови случаи е веројатно најмалку 10,000 на ден. Ако овие бројки звучат големи, запомнете дека светот е многу големо место. Од глобална гледна точка, овие бројки се многу мали.
Второ, епидемијата во Хубеи – далеку од најголемото и своевидно сценарио со најлош случај – се чини дека се сведува надолу. Колку беше лошо? Па, бројот на смртни случаи беше споредлив со просечна сезона на грип. Тоа не е ништо, но не е катастрофално и нема да може да презасити компетентен систем на здравствена заштита. Ниту одблизу.

Јас не проповедам самозадоволство. Оваа болест не исчезнува во скоро време; треба да очекуваме повеќе случаи и повеќе локални епидемии. И КОВИД-19 сeуште има потенцијал да стане главен глобален здравствен проблем, со општ товар споредлив со оној на грип. Треба да бидеме будни во нашиот надзор.

Но, исто така, треба да бидеме разумни. Карантинот припаѓа во средниот век. Зачувајте ги маските за ограбување на банки. Останете смирени и продолжете. Да не ги направиме нашите обиди за лекување полоши од болеста“.

„Строго од бројките, корона вирусот не се регистрира како сериозна глобална криза“, Globe and Mail, 11 март 2020 година


Сепак сеуште сме затворени и подредени на глобалното застрашување и манипулирање со информациите, донесувајќи го народот на работ од психичка и егзистенцијална криза.

Извори:

https://off-guardian.org/2020/04/17/8-more-experts-questioning-the-coronavirus-panic/

https://off-guardian.org/2020/03/28/10-more-experts-criticising-the-coronavirus-panic/

https://off-guardian.org/2020/03/24/12-experts-questioning-the-coronavirus-panic/