Одговор: Врз основа на член 2, член 3, член 7, член 8, член 25, член 32, член 33 став (1) т. 3 и т.7 и член 38 од Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ број бр.82/2008, 12/2009, 53/2011 и 150/2015, 190/2019 и 122/2021), на одредбите од и согласно Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, секој пациент или во случајов родител/старател на малолетно дете – пациент има право на информирана согласност.
Доколку во диспанзерот ви понудат да потпишете веќе подготвена изјава каде пишува дека одбивате вакцина, НИКАКО не потпишувате ваква изјава бидејќи вие не одбивате вакцинација, туку го користите законското право да бидете информирани, односно барате информации пред да се изврши медицинска интервенција. Наместо тоа, појдете во диспанзер со подготвени два документа, Изјава-за-вакцинација-диспанзер и Барање_за_информирана_согласност_-1.
Двата документи треба да бидат пополнети во два примероци. Ги доставувате во архивата на диспанзерот и по еден примерок ви враќаат.
Архивираните примероци чувајте ги добро.
Доколку од некои причини, установата одбие да ги прими Барањето и Изјавата, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препрачана пратка во еден примерок (на опачината на обвивка (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со копии од Изјавата и Барањето.