Форест Мареди е автор на повеќе книги, како и на серијалите „My incredible opinion“ и „Vaxbaby “. Последна издадена книга му е The autisam vaccine.
Ретко кој автор има дарба за спојување на науката, медицината и раскажувањето, но Форест Мареди го најде својот глас во овој експлодирачки жанр. Маестрален раскажувач, кој е во состојба едноставно да го објасни сложениот медицински и научен феномен – вакцината. Длабоко пробивајќи се во историската литература, во потрага по интересни, навидум нејасни и застрашувачки настани – се обидува да го информира и едуцира читателот. Но неговите книги не се само дел од историјата. Неговото истражување резултираше и со одредени теории во медицината, кои допрва треба да се докажат или негират.
Болеста одеднаш се појави од никаде во 1800-тите и почна да ги парализира луѓето. Секогаш се прашував дали би можело да има нешто со нас, луѓето. Првиот дел од оваа серија ќе почне со одговор на прашањето: Дали полиото е болест создадена од човекот?
Ако полиото не можеше да парализира кон крајот на 1800-тите поради генетска промена или вирусни мутации, што беше тоа? Како можела „модерната медицина” од тоа време, да придонесе за раните случаи на полио?
Постојат најмалку три начини на кои човештвото предизвикува паралитична парализа. Јас објаснувам две од нив во ова видео – тие се малку познати концепти, но повеќето лекари неволно се согласуваат со нив.
Првите два момента предизвикани од човекот, кои довеле до паралитична парализа имаат нешто заедничко со третото: парализата скоро секогаш се случува на исто место како и „повредата”. Дали овој навидум нејасен факт нè информира за главниот начин на настанување на парализата? Така мислам!
Конечно! Вистинската причина зошто полиото почна да ги парализира луѓето во доцните 1800-ти. Во ова видео, јас ја објаснувам целосно. Тоа е лудо едноставен одговор кој е толку очигледен, па повеќето луѓе го одминуваат.
Ако се прашувате како можеме со сигурност да кажеме дека полиото е вештачка болест, ова последно парче од сложувалката ќе направи сè кристално јасно.