Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Пертусис: неуспех на вакцината, а не неуспех да се вакцинира

Со зголемување на „актуелноста“ на одредена болест, а секако со цел зголемување на стапката за вакцинација, секогаш е потребно да се разгледат двете страни. Подобната за наративот, но и другата затскриена, не толку достапна за јавноста, страна. Сепак се работи за здравјето на нашите деца.

Во моментот „актуелна“ е магарешката (голема) кашлица. Бидејќи неуморно се инсистира на вакцинацијата како единствен спас од оваа страшна болест, редно е да се запрашаме дали вакцината функционира и дали постојат некои неспецифични ефекти од самата вакцинација. Доколку Вашето дете сепак се инфицира, препорачуваме да го прочитате написот од д-р Сузан Хемфрис за тоа како да се справите со болеста. Повеќе за придобивките и несаканите ефекти од ДТП вакцината прочитајте ја одличната анализа на Марсела Пајпер – Тери.

Во Македонија се користи ацелуларната вакцина против пертусис како компонента од поливалентната вакцина Пентаксим и Хексаксим за примовакцинација и ревакцинација со ДTаП-ИПВ – Тетраксим.

Календарот за имунизација и подетално за вакцините кои ја содржат оваа аП компонента погледнете овде.

 

Календар за имунизација

Ова е само дел од неодамнешна научна рецензија – а не „дезинформација за вакцините“. Овие студии покажуваат дека вакцината против пертусис (голема кашлица) не функционира баш како што ни е кажано. Овие студии потврдуваат дека вакцината против пертусис не само што го губи својството за заштита по одреден период, не само што ги прави вакцинираните деца поподложни на пертусис и други сродни инфекции, туку ја потврдува и можноста вакцинираните деца несвесно да ја шират инфекцијата со Бортадела пертусис – нешто што вообичаено е индицирано за невакцинираните деца.

За линковите од студиите кликнете на сликите од презентацијата.

 Пертусис студии презентација.pdf

Бидејќи вакцините се наложуваат законски, но и морално, со оглед на тоа дека дејството на вакцината со текот на времето исчезнува, со оглед на тоа дека вакцинираните деца после овој период стануваат поподложни на инфекција со пертусис  (до 15 пати) и парапертусис, со оглед на тоа дека вакцинираните деца можат да ја шират бактеријата непројавувајќи било какви симтоми – време е  вистинската наука, а не политичарите да го има последниот збор. Време е родителите да престанат да бидат малтретирани, уценувани и обележувани за својот избор во врска со имунизацијата на своите деца.

Наложувањето на вакцините, без притоа да се земат во предвид и несаканите реакции и несаканите ефекти, односно да се даде точен доказ дека штетата од вакцината не ја надминува нејзината корисност – го прави влогот за граѓаните превисок. Време е здравствените службеници, но и политичарите, односно они кои ги донесуваат овие закони да ги проверат своите извори.