Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Корвелва за ситуацијата со корона вирусот

Со оглед на ситуацијата во Италија со корона висусот, Ви го пренесуваме обраќањето до јавноста на италијанското здружение Корвелва.

Здружението КОРВЕЛВА е формирано 1993 година и како свој принцип го има слободниот избор при вакцинацја.

Активностите на здружението се фокусираат на помагање на оние кои претрпеле штета како резултат на задолжителни и незадолжителни вакцини и истражувања поврзани со вакцините.


Драги наши, членови и симпатизери, деновиве добиваме многу е-пошта, пораки, кои во основа бараат помош да се разбере повеќе за оваа прилично екстремна состојба во која се наоѓаме.

Затоа, го објавуваме ова соопштение до јавноста за да одговориме на сите прашања.

Да започнеме со тоа што ќе речеме, дека ние, како што сите знаете – сме едноставни родители и следствено, во моментот ги доживуваме истите проблематични ситуации и многу често ги имаме истите прашања што ги изразувате со пишување на нас.

Затоа, ова се „лични“ размислувања, но поддржани од целиот тим на Корвелва, кои ги споделуваме со Вас.

Како прво, општа порака е да се смириме, да останеме фокусирани, да не ја изгубиме емотивната и психолошката рамнотежа.

Паника никогаш не помага, а камоли во ситуации кога прашањата се натрупуваат и немаме сигурност, немаме одговори.

Оние што нè познаваат и нè следат со години, знаат дека ние секогаш сме останале закотвени на докази, без да си дозволиме да одиме во фантазии или хипотези, заборавете на реториката на катарзата во моментот и проследете ги одговорите на прашањата што следат:

1 За вакцина – во моментот има повеќе реклами за вакцини кои се тестираат кај луѓето. Значи, пред сè, трката за вакцина е совршено нормална, поради очигледната економска придобивка што ќе ја добијат оние што први ќе ја произведат. По најавите во медиумите, веднаш видовме како акциите на берзата скокнаа високо на компаниите кои започнаа да зборуваат за студии за вакцината „Ковид-19“, па затоа не изненадува што постои и трката за „најдобра“ вакцина.

Всушност, можноста во однос на ефективноста на вакцина за високо мутаген РНК вирус останува да се разбере. Но, повеќе или помалку ефективна, скоро е сигурно дека вакцината ќе пристигне.

Дали ќе се прескокнат клиничките испитувања? Делумно, во одреден дел – да. Во случај на пандемија, како сега, веќе видовме сценариото да се повтори, вакцината може да се стави на пазарот со исклучително брза процедура, ефикасно да се прескокнат повеќето испитувања, а секако оние во голем број. Ефективноста и безбедноста по секоја веројатност ќе бидат помалку верификувани.

2 Дали вакцината ќе биде задолжителна? До денес нема причина да се плашиме од тоа, ги напуштаме апокалиптичните сценарија со визии за присили и санитарни кордони, не толку многу затоа што хипотезата не е веродостојна, туку заради фактот дека е неизвесно: може да се случи – може да не се случи. Ако се случи, може да биде повеќе или помалку ограничувачки, но невозможно е да се предвиди иднината во принцип, а камоли во детали. Смирени сме затоа што денес немаме причина да се плашиме од најлошото.

3 Дали има тестови за антитела за Covid-19? – Не, нема достапни тестови.

4 Тестови со брисеви: нивната сигурност е непозната, бидејќи се нови и брзо се направени. Првата студија излезе пред неколку дена, во која се проценува дека 80% од позитивните тестови – се лажно позитивни. (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/32133832). За проценките во голем број, треба да почекаме, исто како што треба да почекаме за разумни податоци за смртноста и стапката на смртност. И овде, нема сигурност.



Смирени сме затоа што грижата за непозната иднина не помага на никој и нема да ве натера да бидете „подготвени“, туку само исцрпени, во отсуство на конкретни решенија. Конкретните решенија не можат да постојат сè додека не ја знаеме големината на проблемот, така што, како што можете да видите, си ставате штетна јамка.

Сите сме заедно во оваа ситуација, ќе се обидеме да ви дадеме новости и да го објавиме она што ќе изгледа повеќе од „основано“ на ниво на предвидувања и новости. Ако објавуваме помалку, тоа е затоа што како и секогаш, сакаме да одржуваме колку што е можно конкретен, поддржан став во оваа ситуација, кој нужно се претвора во чекање … чекаме настаните да се разјаснат, да се добијат податоци и потврди и само по извлекување конкретни заклучоци, ќе дадеме насоки.

Во меѓувреме, животот продолжува!

Еден последен совет: оттргнете се колку што е можно повеќе од екраните, информациите не бегаат, нема да пропуштите ништо од витално значење со малку тргање, но веројатно ќе се здобиете со спокојство.

Виртуелна прегратка за сите вас од персоналот на Corvelva.