Светската здравствена организација е специјализирана агенција на Обединетите нации, основана во 1948 година со цел понатамошна меѓународна соработка за подобрa состојбa во јавното здравство. Ѝ беше даденo широко овластување според нејзините начела за промовирање на постигнување „највисоко можно ниво на здравје“ на сите народи. Можеби ќе се сетите дека СЗО објави изјава во септември 2019 година дека тие работеле со Фејсбук за спречување на „дезинформациите“ на вакцините и узурпирање на слободен говор и одговорна демократија во Америка и во светот (1).
Во оваа статија, д-р Меркола објаснува дека СЗО е во конфликт на интереси и поради постојниот начин на финансирање, не успева да ја оствари својата цел. Уште полошо, СЗО им служи на своите корпоративни господари и во суштина го уништува, а не подобрува, здравјето на светот.
Пандемијата на свински грип во 2009 година – Фијаско на СЗО
Центарот за контрола и превенција на болести на САД проценува дека од 12 април 2009 год. до 10 април 2010 год. имало 60,8 милиони случаи, 274.000 хоспитализации и 12.469 смртни случаи (0,02% стапка на заболување од инфекција или стапка на морталитет) во САД заради вирусот Х1Н1 (свински грип).
11 јуни 2009 год., СЗО прогласи глобална пандемија на новиот грип А (Х1Н1)(2). Брзо се откри вакцина, а за неколку месеци, случаи на инвалидитет и смрт од вакцината Х1Н1 беа пријавени во различни делови на светот.
По разгледување на податоците, Парламентарното собрание на Советот на Европа (Council of Europe Parliamentary Assembly – PACE) го доведе во прашање ракувањето на СЗО со пандемијата. Во јуни 2010 год., истото заклучи „справувањето со пандемијата од Светската здравствена организација, здравствените агенции на ЕУ и националните влади доведе до ‘трошење големи количини на јавни пари, неоправдана паника и страв за здравствените ризици со кои се соочува европската јавност‘”.(3)
СЗО делуваше по инструкции на Фарма
Поточно, PACE заклучи дека има „огромен доказ дека сериозноста на пандемијата е преценета од СЗО“ и дека индустријата за лекови имала влијание врз донесувањето одлуки на организацијата. Како што е забележано во соопштението за печатот на Парламентарното собрание(4):
„ PACE… изложи низа итни препораки за поголема транспарентност и подобро управување во јавното здравство, како и заштитни мерки против, како што го нарекоа – НЕПОТРЕБНО ВЛИЈАНИЕ ОД СТРАНА НА ОВЛАСТЕНИ ИНТЕРЕСИ“.
Беше повикано на јавен фонд за поддршка на независни истражувања, испитувања и стручни совети, можеби финансирани од задолжителен придонес на фармацевтската индустрија. Исто така, ги повика медиумите да избегнуваат: сензационализам и заплашување во доменот на јавното здравство’“.
Очигледно, не научивме ништо од тоа фијаско. Вознемирувачки, додека беше утврдено дека СЗО има сериозни судири на интереси со индустријата за лекови, од тогаш ништо не се смени, па се поставува прашањето дали може да се верува во пандемискиот одговор на СЗО во врска со Ковид-19. Како што објавија од Natural Society во 2014 година(5):
„… Заедничката истрага на Британскиот медицински журнал (British Medical Journal BMJ) и Бирото за истражувачко новинарство (Bureau of Investigative Journalism BIJ) откри некои сериозни судири на интереси меѓу СЗО, која предложи вакцинација и фармацевтските компании кои ги создадоа вакцините.
Во извештајот на заедничката истрага се објаснува дека СЗО профитирала неизмерно(6) од тактиката на заплашување што ja користеле за промовирање на вакцини против свински грип. Создавањето масовна хистерија беше целта на Советодавниот комитет за итни случаи на СЗО … СЗО му соопшти на светот дека до 7 милиони луѓе би можеле да умрат без вакцините што ги туркаа …
Советодавниот панел беше задушен со лица кои се поврзани со фармацевтските компании со финансиски интереси и кај вакцините против грип, како и кај антивиралните лекови.
Инвестирани се над 4 милијарди американски долари за развој на овие вакцини, а без пандемија нема да има потреба за нив. Користејќи ја пропагандата и стравот, лековите им се наметнуваа на луѓето кои воопшто не се сомневаа и се правеа пари“.
Зошто тајноста околу советниците на СЗО?
Заедничката истрага, предводена од уредникот на BMJ, Дебора Коен и новинарот Филип Картер, беше објавена во јануари 2010 год. во списанието BMJ Клинички истражувања. Во него, Коен и Картер истакнаа дека (7)(8):
„Клучните научници кои ја советуваа Светската здравствена организација за планирање на пандемија на грип, направија платена зделка за фармацевтските фирми. Овие судири на интереси никогаш не биле јавно објавени од СЗО…
Доказите отвораат вознемирувачки прашања за тоа како СЗО управува со судир на интереси меѓу научниците кои го советувале неговото пандемиско планирање и за транспарентноста на науката што се темели на нивните советувања на владите. Дали е соодветно СЗО да биде советуван од експерти, кои имаа забележителни финансиски и истражувачки врски со фармацевтски компании кои произведуваат антивирусни лекови и вакцини против грип? Зошто клучниот водич на СЗО e напишан од стручњак за грип, кој добил исплата за друга работа од Roshe -производители на оселтамивир и GlaxoSmithKline – производители на занимивир?
И зошто составот на комитетот за итни случаи останува тајна позната само за оние во СЗО? Остануваме да се прашуваме дали главните јавни здравствени организации се во состојба ефикасно да управуваат со конфликтите на интереси кои се својствени на медицинската наука“.
Пандемискиот план на СЗО беше производ на индустријата за лекови
Како што е објаснето од Коен и Картер(9), лошото работење во СЗО започнало 10 години пред пандемијата на свински грип, во 1999 год. – година во која СЗО го подготви својот план за пандемија на грип. Авторите ги детализираат конфликтите на интереси својствени на тој документ, така што за поцелосна слика, предлагам да се прочита целосната анализа(10).
Накратко, пандемискиот план го подготвија вработените во СЗО во соработка со Европската научна работна група за грип (European Scientific Working Group on Influenza (ESWI)), составена од „клучни експерти за грип“ која е „целосно финансирана од Roshe и други производители на лекови против грип. „Една од наведените улоги на ESWI е да лобира за политичарите“, велат Коен и Картер. Двајца од шесте вработени во СЗО исто така учествуваа на настани спонзорирани од Roshe претходната година.
Двајца од научниците на ESWI исто така работеа на материјали за маркетинг на Roshe и двајцата беа „ангажирани во рандомизирана контролирана студија за оселтамивир поддржана од Roshe“ во времето кога беше напишан пандемискиот план. Ниту еден од овие судири на интереси не беше откриен во документот за пандемски план. Уште по сомнително, дека судот за оселтамивир „останува една од главните студии за поддршка на ефективноста на оселтамивир“, пишуваат Коен и Картер (11), додавајќи го планот за политика на ESWI за 2006 до 2010 год.:
„… конкретно е наведено дека владините претставници треба да преземат мерки за да ја охрабрат фармацевтската индустрија однапред да го испланираат капацитетот за производство на вакцини / антивирусни средства, да охрабрат и поддржат истражување и развој на пандемична вакцина и да развијат политика за складирање на антивирусни лекови.
Исто така, додадено е дека владините претставници треба да знаат дека вакцинацијата против грип е корисна и безбедна … Во меѓувреме, во сопствениот маркетинг план на Roshe, една цел беше да се ‘усогласи Roshe со веродостојни застапници на трети лица’. Тие ги искористија истите да служат како портпароли и да ја зголемат свеста за Тамифлу и неговите придобивки“.
Во декември 2009 год., Викиликс исто така објави и голем број на документи(12)(13)(14)(15), протечени од фарма-трговска група, која откри како експертската работна група на СЗО за финансирање на истражување и развој, била многу отворена за лобирање во индустријата, дозволувајќи ѝ на индустријата за лекови да влијае на одлуките на СЗО за политика при истражување на лекови.
СЗО го повторуваше лажниот маркетинг за опиоиди на Пурду Фарма
Постојат и други докази кои сугерираат дека СЗО делува како фронтери на Big Pharma. На пример, само минатата година, во 2019 година, извештајот (16) „Коруптивно влијание: Перду и СЗО“, во продукција на американските претставници Кетрин Кларк (D-Mass.) и Хал Роџерс (R-Ky.), заклучи дека Purdue Pharma влијаеше на упатствата за опиоидите на СЗО (17)(18). Дел од заклучокот на прегледот „Коруптивно влијание“ гласи (19):
„Во 2017 година, неколку членови на Конгресот испратија писмо до СЗО, во кое предупредуваа дека Purdue Pharma L.P. се обидува да ја прошири својата продажба на лекови на меѓународните пазари, користејќи ги истите измамнички маркетинг тактики што ја поттикнаа опиоидната криза во САД.
Изразивме загриженост дека експанзијата на Purdue Pharma може да предизвика опиоидна криза на глобално ниво. Кога СЗО не успеа да одговори на писмото, ние почнавме да се прашуваме зошто молчат за толку значајна и уништувачка епидемија на јавното здравство. Одговорите што ги најдовме се многу вознемирувачки“.
Во извештајот се детали како СЗО, во водичот за возрасни 2011 год., како и во детскиот 2012 год., ги препишале лажните тврдења на Purdue дека зависноста од опиоиди „се јавува кај помалку од 1% од пациентите“ и дека „доколку е пропишано во согласност со воспоставените режими на дозирање, се безбедни и нема потреба за страв од случајна смрт или зависност“.
Неверојатно, во својот опиоиден водич за деца болни од рак во 2012 год., СЗО тврди дека „не постои максимална доза на силни опиоиди како што е OxyContin за деца“, забележуваат Кларк и Роџерс. „СЗО го објави ова тврдење и покрај фактот дека американските агенции за јавно здравје откриле дека фатално предозирање во огромен број на случаи кај возрасни пациенти, на кои им се препишани над 90 еквиваленти на милиграми морфиум на ден (MME)“, пишуваат Кларк и Роџерс, додавајќи:
„Мрежата на влијание што ја откривме, во комбинација со препораките на СЗО, дава слика на јавна здравствена организација која е изманипулирана од опиоидната индустрија. … Доколку се следат препораките во овие упатства на СЗО, постои значителен ризик да се појави светска криза на јавното здравје.
Повик за реформа на СЗО по кризата со ебола
СЗО исто така беше многу критикувана поради недостаток на лидерство при епидемијата на ебола од 2013 до 2015 год. во Западна Африка. Поминаа пет месеци пред СЗО да прогласи вонредна состојба од меѓународна загриженост, што „несомнено придонесе за невиден размер на појава на епидемија“, според академската проценка објавена во 2017 год. (20).
Два одвоени извештаи објавени во 2015 год. ги потенцираа неуспесите на СЗО, еден издаден од панел на независни експерти нарачани од самата СЗО(21) и еден од независна група од 19 меѓународни експерти, свикана од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (London School of Hygiene and Tropical Medicine -LSHTM) и Глобалниот здравствен институт на Харвард (22).
Експертите на LSHTM и Глобалниот здравствен институт на Харвард посочуваат дека СЗО досега изгубила толку многу доверба и дека ќе бидат потребни радикални реформи пред истата да биде во можност да превземе авторитативна улога.
„Неуспесите на СЗО за време на појавата на ебола создадоа егзистенцијална криза на доверба… Донаторите одвоија доброволни придонеси, ефикасно контролирајќи скоро 80% од буџетот на СЗО до 2015 година. Резултатот е организација што се чини дека го изгуби својот пат.
Иако буџетот е двојно зголемен од 1,6 милијарди долари (1998-1999 год.) на 4 милијарди долари во 2012-13 год., самата организација контролира постојано намалување на уделот. Една жртва од неодамнешните одлуки беше намалената способност на СЗО да контролира прекугранични појави на болести, основна задача за која беше создадена во 1948 год.
Повикувањето за дополнителен персонал или поголем буџет нема да го реши ова. СЗО мора да најде начин да ги постави приоритетите на она што го прави и да го врати својот кредибилитет, независност и легитимност да ги извршува своите основни функции“.
Кој ја финансира СЗО?
Како што е објавено во изданието на Фармацевтска технологија во јануари 2016 год.(23), само една четвртина од финансирањето на СЗО доаѓа од земјите-членки. Останатите 75% доаѓаат од доброволни придонеси, а Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е најголемиот финансиер. Неговите донации дури и ги надминуваат оние на секоја земја-членка.
Вклучувањето на фондациите Гејтс во СЗО е во овој момент од посебен интерес. Во делот за мислење во Вашингтон Тајмс(24), објавено на 31 март 2020 год., Гејтс повикува на целосно затворање на сите држави од САД и карантин за сите Американци „сè додека бројот на случаи не започне да се намалува … што може да трае 10 или повеќе недели“.
Додека Гејтс несомнено може да си го дозволи тоа, малкумина Американци од работничката класа ќе можат да преживеат без приходи до крајот на месецот. И со оглед на стапката на морталитет на Ковид-19, која сега се верува дека е слична на грипот, што е околу 0,1%(25), затворањето на општеството за неколку месеци не изгледа како сигурен потег, освен ако не се случува нешто друго за кое ние не знаеме.
Чудни инвестиции и судири на интереси
Во март, на петок 13-ти, 2020 година, Гејтс поднесе оставка од одборот на Мајкрософт за да се фокусира на филантропските потфати, вклучувајќи го и глобалното здравство(26). Најверојатно, голем дел од неговото внимание ќе биде насочено кон Гејтс Фондацијата.
Во 2017 год., долг список на јавен интерес, здравство и граѓански групи испрати отворено писмо(27) до Извршниот одбор на СЗО, во кое го критикуваше предлогот на организацијата да ја признае Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ како надворешен актер во „официјални односи“ со СЗО и неговото раководно тело – Светското здравствено собрание(28). Според писмото:
„Според Комисијата за хартии од вредност и размена на Владата на Соединетите држави, Бил и Мелинда Гејтс Фондови – инвестира во многу производи поврзани со храна, алкохол и физичка неактивност што ја предизвикуваат или третираат тековната криза на срцеви заболувања, мозочен удар, рак и дијабетес. Директните инвестиции на фондацијата Гејтс вклучуваат:
• Регионална компанија Coca-Cola која работи во Америка јужно од САД (466 милиони долари);
• Walmart (837 милиони долари), најголемакомпанија замалопродажба на храна, фармацевтски производи и алкохолни пијалоци, во САД;
• Walgreen-Boots Alliance (280 милиони долари), голем мултинационален продавач на лекови;
• Две најголеми светски ТВ компании: Group Televisa (433 милиони долари) и Liberty Global PLC (221 милиони долари).
Покрај тоа, приближно една четвртина од Гејтс Фондови се инвестирани во Berkshire Hathaway Inc., холдинг компанија која поседува удел од 17 милијарди долари во американската компанија Coca-Cola и 29 милијарди долари удел во Kraft Heinz Inc., уште една од десетте најголеми светски компании за храна.
Овие инвестиции ја прават Фондацијата Гејтс, профитери од продажба на неколку категории на производи што се предмет на стандардите на СЗО, а преку организацијата и совети на владите поврзани со исхраната и физичката активност“.
Потписниците исто така ги повикуваат земјите членки да го финансираат СЗО соодветно, за да ја спречат организацијата да се потпира на донации од актери кои имаат голем удел во компаниите со храна, лекови и алкохол.
Додека Фондацијата Гејтс е „структура со два субјекти“ од 2006 година (29), каде Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс дистрибуира пари и Бил и Мелинда Гејтс Фондови кои управуваат со средства и инвестиции – конфликтите на интереси се јасно видливи.
Во 2017 година, Индиската Национална техничка советодавна група за имунизација (NTAGI) ги прекина своите врски со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Според Индија Тајмс(30), имаше прашања околу врските на Фондацијата Гејтс со фармацевтските компании и можното влијание што може да го има врз стратегијата за вакцинирање на земјата“. Индиското Министерство за здравство потврди дека NTAGI ќе биде целосно финансиран од централната власт наместо од Фондацијата.
Односот на СЗО со Кина е под лупа
Справувањето со тековната пандемија Ковид-19, исто така, е под лупа. Во натпис на CNN, од 16 февруари, 2020 год., (31), генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, испрати „извртени “ пофалби на Кина за реакцијата за избувнување на епидемија во градот Вухан и покрај доказите според кои кинеските власти „се обидоа да ги минимизираат и контролираат вестите за вирусот, дури и заканувајќи се на медицинските укажувачи со апсење“.
„Пофалбите на СЗО за одговорот на Кина ги натераа критичарите да го доведат во прашање односот помеѓу двата ентитета. Агенцијата на ООН се потпираше на финансирање и соработка на членовите за да функционираат, давајќи им на богатите земји членки, како Кина, значително влијание.
Можеби еден од најочигледните примери на влијание на Кина врз СЗО е успехот во блокирање на пристапот на Тајван до институцијата, позиција што може да има многу реални последици за тајванскиот народ доколку вирусот се прошири таму.
Позицијата на СЗО во врска со Кина, исто така, ја обновува долгогодишната дебата за тоа дали СЗО, основана пред 72 години, е доволно независна за да и овозможи да ја исполни својата цел“, пренесува Си-Ен-Ен“. (32)
Според последната анализа, сомнително е дека СЗО е доволно независна за да го заштити јавното здравство ширум светот. Индустријата за лекови нема помалку влијание врз СЗО денес отколку во 2009 год, кога PACE ја обелодени организацијата како несоодветна и под влијание на личните интереси.
Во тоа време, СЗО ги натера земјите ширум светот да инвестираат во антивирални лекови и вакцини против свински грип со лоша ефикасност и безбедност. Денес, го имаме Гејтс, клучен финансиер на СЗО, повикувајќи на 10-неделно или подолго затворање на САД и брзо градење на нови погони за производство на вакцини, за да се произведат милијарди дози вакцини за Ковид-19.
Кој има корист, а кој губи со примената на тие две препораки? Размислете за тоа.
Автор д-р Џозеф Меркола, извор
Референци:
1 Childrens Health Defense CDC and WHO Corrupt Financial Entanglements with the Vaccine Industry
2 CDC.gov June 11, 2009
3, 4 Assembly.coe.int June 24, 2010
5 Natural Society February 23, 2014
6, 8, 9, 10, 11 Engineering Evil February 10, 2014
7 BMJ Clinical Research January 2010; 340(7759)
12 Wikileaks December 9, 2009
13 Wikileaks December 10, 2009
14 Prevent Disease December 10, 2009
15 Forbes December 23, 2019
16 Corrupting Influence: Purdue & the WHO May 22, 2019 (PDF)
17 Washington Posts May 22, 2019
18 The Guardian May 22, 2019
19 Corrupting Influence: Purdue & the WHO May 22, 2019 (PDF), Page ii
20 Philos Trans R Soc Lond B Biol Sci. 2017 May 26; 372(1721): 20160307
21 WHO.int Report of the Ebola Interim Assessment Panel July 2015
22 The Lancet November 22, 2015; 386(10009): 2204-2221
23 Pharmaceutical Technology January 1, 2016; 40(1): 16-17
24 Washington Post March 31, 2020
25 New England Journal Medicine 2020; 382:1268-1269 March 26, 2020
26 ARS Technica March 13, 2020
27 Open Letter to Executive Board of WHO January 2017 (PDF)
28 IP Watch January 29, 2017
29 Gatesfoundation.org Who We Are
30 India Times February 9, 2017
31, 32 CNN February 16, 2020