Д-р Владимир Трајковски е роден во Скопје, Македонија во 1968 година.
Редовен професор по Хумана генетика, Медицински основи на инвалидноста, Физиологија и функционална анатомија, Аутистичен спектар на нарушувања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, каде работи 22 години во рамките на Филозофскиот факултет, Институт за специјална едукација и рехабилитација.
Тој е основач и претседател на Македонското научно здружение за аутизам од 2005 година. Предава на додипломски и постдипломски студии во рамките на Универзитетот и ги надгледува докторските и магистерски студии во Македонија. Предметот Аутизам во постдипломските наставни програми на Филозофскиот факултет беше воведен од него во 2004 година. Тој има објавено бројни публикации за аутистичниот спектар на нарушувања и беше главен уредник на списанието за „Дефектолошка теорија и практика“ од ноември 2008 до септември 2017 година. Од април 2018 година, тој е главен уредник на списанието за ReAttach терапија и развојни различности.
Неговиот интерес за истражување е генетски и физиолошки аспекти на нарушувањата од спектарот на аутизам, но тој има објавувано и во областа на хуманата генетика и медицинските аспекти на инвалидноста.
Неговите најважни дела вредни да се споменат: „Прирачник за хумана генетика“ (2003), монографијата „Аутизам“ (2004), учебниците „Хумана генетика“ (2005), „Медицински основи за инвалидноста (2008)“ Физиологија и функционална анатомија (2009), „Аутизам и первазивни развојни нарушувања (2011), „Хумана генетика и физиологија“ (2018). За неговиот голем ангажман во областа, беше награден во ноември 2018 година, како еден од најдобрите научници во 2017 година во областа на медицината и здравствените науки на УКИМ.
Тој е активен член во Autism Europe, член во European Association of Service Providers for People with disabilities, член во International Association for the Scientific Study of Intellectual Disabilities. Објавил околу 100 трудови во домашни и меѓународни списанија.
За темата на излагање на конференцијата и неговата работа, дознајте овде.
Посетете го неговиот Youtube канал, Facebook, Тwitter, Linkedin или Instagram профил.