Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За д-р Матеја Черниќ

 

Матеја Черниќ својата диплома по социологија ја доби во 2006-та година, на Факултетот за општествени науки (тема: „Подемот на (турбо) – капитализамот“.).

Од 2011 година работи како асистент на Факултетот за напредни социјални студии во Нова Горица и Факултетот за информатички студии. Вклучена е пред се во темите на социјална теорија и современата социјална теорија.

Во 2012 година беше вработена како координатор на проектот на Европскиот социјален фонд, реализиран од Универзитетот и Центарот за истражување на Ново Место.

Во 2014 година докторирала на Школата за напредни социјални студии во Нова Горица. Тема на нејзината дисертација беше „Идеолошки конструкции на вакцинацијата“.

Таа за прв пат се заинтересирала за темата вакцинација пред околу 10 години – многу години пред раѓањето на своето прво дете и без претходно претходно лично негативно искуство.

Книгата „Идеолошки конструкции на вакцинацијата“ содржи детали засновани врз докази, за несигурноста, сомнителноста, честопати дури и лажноста на најчестите, очигледни и длабоко вкоренети тврдења за вакцините – за нивната безбедност, ефикасност, ригорозно тестирање и регулирање и сл. – со што се прикажува вознемирувачка слика за работењето на државните и научните институции.

Нејзиното истражување е насочено кон моќта, контролата, идеологиите и дискурсите од областа на секојдневниот живот и медицината.

 

Повеќе за темата на излагање на конференцијата и нејзината работа – прочитајте овде.

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.