Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Д-р Стенли Плоткин – „таткото на вакцинологијата“ го потврди неуспехот на вакцините

На 1 ноември 2019 година беше објавена статија (1) за која малку е да се каже дека е ексползивна, сепак, чудно, помина незабележано – никој не зборува за тоа, барем не јавно. Можеби затоа што влијанието на нејзината содржина е значајна. Како и да е, гласините кажуваат дека Светската здравствена организација е загрижена за овие црно на бело признанија, кои недвосмислено ги потврдуваат проблемите кои се пријавуваат долго време – од една страна од доктори, епидемиолози и истражувачи – од друга страна, голем дел од населението кои имаат сомнежи за масовноста на денешната практика на вакцинирање.

Како прво, тежината на овие размислувања е значителна заради авторот. Не станува збор за ниту еден универзитетски професор или кој било имунолог во светот, туку за Стенли А. Плоткин, кој во сите погледи се смета како „таткото на светската вакцинологија“ – автор на книгата „Вакцини“ (2), што е референтен текст во однос на вакцините воопшто.

Плоткин неодамна направи серија на исклучително важни изјави во јавноста. Тој беше повикан како вештак во прилог на правен спор меѓу родители, поделени околу тоа дали да ја вакцинираат нивната ќерка или не. Арон Сири, адвокатот на мајката, која се противеше нејзината ќерка да се вакцинира, го испрашуваше докторот под заклетва во Њу Хоуп, Пенсилванија на 11 јануари 2018 година. Снимките од 9 часовното сведочење на Плоткин се достапни на youtube. (3)

Минатиот ноември, самиот Плоткин ја објави статијата со наслов: „Дали постои корелација за заштитата од вакцините против морбили?“, којашто има за цел да ја врати ефикасноста (што значи разгледување на сегашните верувања за ефикасност) на вакцините против морбили, во однос на најновите „епидемии“ пријавени во Европа и САД. Написот содржи информации и заклучоци кои ја демонстрираат лошата верба на целиот пропаганден систем, во однос на светските програми за вакцинација.

Во пракса, многу од сомнежите што ги имаат родителите кога критички ја оценуваат соодветноста на давање вакцини на своите деца – се покажаа како основани.

Изложени се многу заклучоци, ајде да одиме точка по точка. Како што следат:

1, Не е можно да се потпрете на титрите на антитела, досега сметани како основа во создавањето на имунитет. Поточно: „Нивото на целосна заштита на неутрализирачки антитела е непознато“.

Па, како да ја утврдиме ефективноста на вакцината?

2, Не е можно со сигурност да се каже дека вакцината за морбили дава постојан имунитет (за цел живот), како што е при природно заболување – и ова е спротивно на она што досега се сметаше за вакцините: „Вакцината генерира атенуирана (ослабена) инфекција и антителата не остануваат покачени (во доволен број, како би обезбедиле заштита) кај вакцинираните. Оваа состојба е одговорна за повторна проценка на долгорочната ефективност на вакцината против морбили“.

Па што да правиме? Да се вакцинираме постојано без да знаеме во која мерка сме заштитени и до кога? Исто така, какви последици може да има ова врз имунолошкиот систем?

3, Немаме прецизна идеја за тоа како точно функционира заштитата со антитела, каква е улогата на антителата, ниту што конкретно од самите клетки има улога во обезбедувањето заштита на различни нивоа од инфекции.

Да се каже дека не сме сигурни како функционираат овие имунолошки процеси, тогаш невозможно е да се зборува со сигурност за ефикасноста на вакцините … Ако не ги знаеме овие механизми, како можеме да поддржиме априори можност за вакцинирање на сите и да се преправаме дека не постои сомнеж?

4, Како да не беше доволно, конечно признава дека циркулацијата на нови генотипови на вирусот на сипаници (како и заушки) ги прават кампањите за вакцинација неефикасни, бидејќи вакцинираните не се имуни на новите вируси што тековно кружат!

Дали овие нови генотипови отсекогаш постоеле или дали се можеби „деца“ на масовните кампањи за вакцинирање против генотипот А? Одговорот веќе постои: добро е позната можноста на вирусите да мутираат, особено во услови на селективен притисок (т.е. токму она што го практикуваме со кампањите за вакцинирање) и токму од оваа причина да се зборува за искоренување на „сипаниците“ е една огромна шега. Зошто вакцинираме милијарди луѓе против генотип што веројатно не е повеќе одговорен за епидемиите? Но, пред сè – зошто да не продолжиме со генотипирање на сите субјекти дијагностицирани со болеста? Дали е целта имунизација и здравствена заштита или да се вакцинираат сите, без оглед на потребата или ефективноста на оваа интервенција?

5, Конечно, се признава дека вакцинираните можат да го шират вирусот!!! Ова признание е епохално. Со години се демантираше (без докази) дека тоа би можело да се случи, игнорирајќи ги истражувањата што покажаа присуство на вирусот од вакцината во орофаринксот и урината на вакцинираните, исфрлајќи ги егзантемичките манифестации кај вакцинираните до „сипаници кои не се заразни“ ( и продолжувајќи да ги означуваат како случаи само оние кои не се вакцинирани), додека сега, чујте и почујте, излегува дека тоа е – и секогаш било – вистински и веродостоен ризик од зараза кај неодамна вакцинираните! Плоткин пишува: „Можноста дека може да се појави субклиничка или инфекција со неколку симптоми на вирус од морбили кај вакцинирани лица, треба да се земе во предвид. Иако не сум запознаен со какви било докази за екскреција на вируси од вакцинирани со некои, но не сите симптоми на сипаници, треба да се обиде да се изолира вирусот од овие пациенти“.

Па, дали масовните вакцинации предизвикуваат епидемии? Веродостојно и логично е да се заклучи, од тоа што е објавено … како и лесно е да се замисли.

Заклучокот на Плоткин е исто така интересен: „Епидемиите на морбили кои се појавија во Европа и САД, би можеле да бидат корисни доколку се добиени примероци од оние кои се изложени на контакт, пред да бидат или не заразени. Научната заедница треба да ја искористи сегашната состојба предизвикана од отпорноста и игнорантноста кон вакцините, за подобро дефинирање на корелатите на имунитетот на сипаници“.

Мислам дека тоа значи повеќе или помалку: немаме идеја како се менува ситуацијата, немаме идеја дали вакцините се ефикасни, немаме идеја како имунолошкиот систем на вакциниран реагира, а како на оној што не е вакциниран – затоа треба да ги искористиме невакцинираните субјекти и тековни епидемии за да се откреиме.

Затоа, вистинската вест е дека светската популација ја подложуваме на масовно експериментирање, исто така и со законите за задолжителна вакцинација, без да имаме најмала идеја за последиците што ова ќе ги донесе на јавното здравство.

И сега можеби најважното прашање: како ќе реагира „научната заедница“ на овие размислувања? Дали ќе молчи? Дали ќе се преправа дека не се случува ништо? Дали ќе се повика на уште построги, па дури и помасовни програми за вакцинација?
Што ќе каже СЗО за овие изјави?

Забележете една работа: овде не зборуваме за „нови откритија“ или за единствена ново објавена студија; едноставно, овие податоци со години се достапни на секого, чисти докази, само дека сега тие се собрани и писмено прогласени од субјект кој „научната заедница“ не може ниту да се му потсмева, ниту да го обвини за пропагирање на „лажни вести“. Најмногу што големите стратези ќе можат да одлучат е да игнорираат сè, како што обично се прави со непријатни теми што тешко може да се негираат…

Овој напис во основа покажува дека оние што шират лажни вести и оние кои работат на заплашување, оние што игнорираат научни докази не се оние кои се против вакцинацијата, туку оние што се преправаат дека имаат проверени податоци и сигурност. Оние кои си играат со животот на луѓето не се родителите кои се загрижени за здравјето на своите деца, туку надлежните, научната заедница, меѓународните тела што ги прикажуваат овие вакцини како „безбедни и ефикасни“, без да имаат научен доказ за тоа што велат.

Затоа заклучокот од наведените точки е дека здравствените организации од сега ќе се борат со нови проблеми, кои не се поврзани со отпорот кон вакцинацијата, но проблеми кои веројатно се ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ВАКЦИНИТЕ.

Автор Насим Лангруди, Корвелва

Извор


Референци:

(1) https://www.corvelva.it/en/approfondimenti/pubblicazioni/esiste-un-correlato-di-protezione-per-il-vaccino-contro-il-morbillo.html

(2) https://www.elsevier.com/books/T/A/9780323357616

(3) https://www.corvelva.it/en/approfondimenti/video/il-padrino-dei-vaccini-la-deposizione-di-stanley-plotkin.html