Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

За д-р Среќко Сладољев

Роден во Загреб на 23 јуни 1954 година.

Со семејството во 1957 година се преселил во Сплит, каде што завршил основно училиште.

1973 година со одличен успех матурира на математичкиот смер, во средното училиште „Киро Гамулин“, Сплит.

Од 1973 до 1978 година студирал на Природно – математичкиот факултет (PMF), насока експериментална биологија и како најдобар студент на генерацијата, дипломира со просечна оценка од 4,6. Дипломската работа ја врши во Централниот институт за тумори во Загреб.

На покана на академик проф. д-р Андрија Каштелан, трансплантационен имунолог и основач на Институтот за типизација на ткива во КБЦ Ребро, стана асистент на новоформираниот Колеџ за имунологија на Катедрата за физиологија на животни, при ПМФ.

1979-1980 составува и пријавува магистратура од областа на експерименталната туморска имунолошка терапија, но се повлекува од одбраната , поради тоа што сметал дека темата е стереотипната.

1980-1982 година како стипендист на Еуроатом, престојува на Институтот за хематологија во Минхен, каде што како член на тимот ја воспоставува хибридомата технологија, која може да произведува моноклони антитела, во лабораториски услови од специфични или т.н. „живи организми“. Само неколку тимови во светот во тоа време ја совладаа оваа сложена технологија. Моноклоните антитела се т.н. интелигентна компонента на идните „паметни“ лекови. Докторира на сузбивање на имуниот одговор при трансплантација на несродна коскена срцевина кај примателот, со користење на првично произведените моноклони антитела. Методот сега се користи за трансплантација на коскена срцевина кај луѓето.

Во 1982 година, ЈНА го прогласи за воени бегалец поради одложување на воената служба. По враќањето во земјата завршува во воениот затвор Лора. Амнестиран со одлука на Претседателството на Југославија.

Од 1983 година е вработен во Имунолошкиот институт, каде што ја воведува хибридомата технологија и произведува повеќе од 100 генетски стабилизирани хибриди за комерцијални цели, но Имунолошкиот институт нема храброст за технолошки пробив во 21-от век. Во раните 1990-ти, кога технологијата хибридома го освои светот и ги потисна конвенционалните техники за производство на антисерум кај животните – е премногу доцна. На Институтот за имунологија му остана само  пофалба за соработка со лабораториите (Републички завод за трансфузија на крв, Клинички болнички центар Ребро), за квалитетните реагенси кои требаше одамна да бидат комерцијализирани.

Во 1990 година, како шеф на Одделот за дијагностицирање, прв во Југославија го претстави производството на комерцијални животински антисеруми со метода на плазмафореза.

1992-1994 учествува во граѓанската војна, прво во санитетскиот ешалон, а потоа на предлог на Командата на воената бригада, станува известувач на ПД и советник за боречки морал. Тој добива контингентен акт за капетан на Хрватската армија.

1995 година. Одборот на Институтот за имунологија го става на чело на тимот со задача да ги зголеми титарите во вакцините за анти-токсинските серуми. Индивидуализираните шеми за вакцинација и модифицираните адјуванти ги мултиплицираа антитетанусните и антидифтерија титрите на антителата.

Во 1998 година, управата на Институтот за имунологија му го довери целосно уништеното и напуштено производство на природен интерферон, што тој го создаде за кратко време и предложи серија клинички испитувања, поради ревидирање на употребата на оваа моќна сигнална молекула – за здравствени цели.

Поради бескомпромисна борба против корупцијата (1990-2014), целиот одбор на директори на Имунолошкиот институт ја спречува и систематски ја уништува неговата професионална работа, несудената компанија за  „лидерските производи“. Тој добива дури 7 предупредувања на работата, но исто така ги отфрла кривичните пријави за штетни дејствија, што ги добива од управата.

2010 година добива награди од три невладини организации, поради изразената граѓанска храброст во откривањето на фиктивниот пандемичен („свински“) грип, предупредувајќи за ризиците од вакцините против истиот  и повикувајќи го  населението да не се вакцинира. – Здружение за права на пациентите, Фондот Хипократ и GONG (како прв поединец кој во тоа успеал).

2012 година тој стана член на новоформираната Хрватска академија на науките и уметностите во Мостар, на којашто академија беше и кум.

2014 година, тој станува Советник на Одборот на Институтот за имунологија.

2016 година е назначен за раководител на Одделот за истражување и развој на Институтот за имунологија.

Во 2017 година, дирекцијата на Институтот за имунологија, официјално го испрати во Брисел, за да ги објасни на Европскиот парламент, механизмите со кои вакцините преку игла предизвикуваат дисфункција на имунолошкиот систем. Настанот е без преседан во историјата на фармацевтските производи и покрај тоа што имунолошкиот институт во Загреб е еден од најстарите производители на вакцини во светот.

 

За темата на излагање на конференцијата и работата на д-р Среќко Сладољев прочитајте овде.

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.