Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Над 28 000 смртни случаи, над 2.6 милиони повреди по КОВИД вакцините пријавени во EudraVigilance – Што велат членовите на Европскиот парламент?

Базата на податоци на Европската унија со извештаи за сомнителни реакции на лекови е EudraVigilance и тие сега известуваат за 28.103 жртви и 2.637.525 повреди, по инјекциите за КОВИД-19.


Базата на податоци што се опфатени во EudraVigilance се само за земјите во Европа кои се дел од Европската унија (ЕУ), која опфаќа 27 земји. Вкупниот број на земји во Европа е многу поголем, речиси двојно повеќе.

Значи, колку и да се овие бројки, тие НЕ ја одразуваат цела Европа. Вистинскиот број во Европа кои се пријавени за мртви или повредени по КОВИД-19 вакцина би бил многу поголем од она што е пријавено овде.

Базата на податоци EudraVigilance известува дека до 19 октомври 2021 година има 28.103 смртни случаи и 2.637.525 повреди пријавени по инјектирањето на една од четирите експериментални вакцини за КОВИД-19:

КОВИД-19 мRNA ВАКЦИНА НА МОДЕРНА (CX-024414)
КОВИД-19 мRNA ВАКЦИНА НА PFIZER-BIONTECH
ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19 НА ASTRAZENECA (CHADOX1 NCOV-19)
ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19 JANSSEN (AD26.COV2.S)

Од вкупно евидентираните повреди, речиси половина од нив (1.249.109) се тешки сериозни повреди.


„Сериозноста дава информации за сомнителниот несакан ефект; може да се класифицира како ‘сериозна’ ако одговара на медицинска појава која резултира со смрт, е опасна по живот, бара хоспитализација, резултира со друга здравствена важна состојба или продолжување на постоечката хоспитализација, резултира со постојана или значителна инвалидност или неспособност , или е вродена аномалија/вроден дефект“.


Еве ги податоците до 19 октомври 2021 година, поединечно и вкупно.

-Вкупни реакции за mRNA вакцината Tozinameran (код BNT162b2, Comirnaty) од BioNTech/ Pfizer: 13.271 смртни случаи и 1.168.872 повреди до 19.10.2021 година:

-Вкупни реакции за mRNA вакцината mRNA-1273(CX-024414) од Модерна: 7.543 смртни случаи и 341.634 повреди до 19.10.2021 година.

-Вкупни реакции за вакцината AZD1222/VAXZEVRIA (CHADOX1 NCOV-19) од Оксфорд/ AstraZeneca: 5.767 смртни случаи и 1.039.136 повреди до 19.10.2021 година

-Вкупни реакции за КОВИД вакцината JANSSEN (AD26.COV2.S) од Џонсон и Џонсон: 1.522 смртни случаи и 87.883 повреди до 19.10.2021 година.

Вкупно пријавени несакани реакции во EudraVigilance, до 19.10.2021

*Овие збирови се проценки врз основа на извештаи доставени до EudraVigilance. Вкупниот број може да биде многу поголем врз основа на процентот на пријавени несакани реакции. Некои од овие извештаи може да се пријават и во базите на податоци за несакани реакции на поединечна земја, како што е базата на податоци VAERS на САД и Системот на жолти картони на ОК. Смртните случаи се групирани по симптоми, а некои смртни случаи може да се резултат на повеќе симптоми.

Во Македонија сѐ уште немаме конкретни, официјални податоци за несаканите реакции од КОВИД вакцините, а немаме ни систем за прибирање и анализа на ваквите податоци. Несаканите реакции можат да ги пријават докторите (што не е често), но и пациентите на овој линк. Ве охрабруваме доколку сте имале Вие или Вашето дете несакана реакција од вакцините – пријавете затоа што така се регулира безбедноста на вакцините и лековите, а од друга страна е задолжително.

Европските пратеници почнаа да зборуваат против наложување на КОВИД-19 вакцините

Во очи на сѐ поголемиот раст на несакани реакции и смртни случаи и сѐ поголемиот притисок од државните власти за вакцинација и КОВИД пасоши, пратениците од Европскиот парламент искажаа противење за ваквите наложувања.

Неколку членови на Европскиот парламент изминатава недела се изјаснија во Брисел против задолжителни вакцини за Ковид-19. Погледнете го целото видео овде.

Изјавата на германската пратеничка во Европскиот парламент – Кристин Андерсон, погледнете ја во видеото подолу.

Меѓу другото таа рече:


„Нема да бидам сведена на обично заморче со вакцинирање со експериментален лек, а сигурно нема да се вакцинирам затоа што мојата влада ми го кажува тоа и ветува дека за возврат, ќе ми се даде слобода.

Да бидеме јасни за една работа: Никој не ми дава слобода затоа што сум слободна личност!“

Изјавата на европратеничката Франческа Донато во Европскиот парламент, погледнете ја во видеото подолу.

Обраќање на европратеничката Франческа Донато во Брисел

„Секој жител мора да биде слободен да одбере кои ризици сака да ги прифати за сопственото здравје, а со кои ризици не се подготвени да се соочат.

Барањето сертификат за КОВИД вакцина за работно место е изнудување на согласност за личен избор за сопственото тело, а тоа ги прекршува човековите права…“

Изјавата на европратеникот Кристијан Терхеш во Европскиот парламент:

Обраќање на Кристијан Терхеш во Брисел

„…ниту еден медицински третман не смее да ви биде наметнат, освен ако за тоа не одлучите слободно и со информирана согласност.

Разликата помеѓу тиранија и демократија е многу едноставна.
Кога владата знае сé за вас – тоа е тиранија.
Кога вие знаете сé за вашата влада – тоа е демократија.“

Извори:

http://www.adrreports.eu/en/index.html

https://off-guardian.org/2021/10/30/watch-meps-protest-vaccine-passports/

https://rumble.com/voiwmp-german-mep-christine-anderson-in-brussels-opposing-covid-19-vaccine-mandate.html?fbclid=IwAR2bc4c5NDsU8x918kfCxKGFjxdI4zeSnUxsUOcEZfYOEgPBAnETQIv-8O0

Vaccine Impact