7. Имунитетот не е секогаш имунитет?
Поради вакцината со мртов вирус на морбили, недостатокот на разбирање на мајчините антитела и употребата на серумскиот глобулин, на голем број луѓе им беше кажано дека треба да бидат ревакцинирани во 1977 година.
„Следните лица не можат да се сметаат за соодветно заштитени и треба да бидат ревакцинирани: (1) деца кои претходно биле вакцинирани со жива вакцина против мали сипаници пред да бидат на возраст од 12 месеци (2) деца кои добиле жива, дополнителна атенуирана вакцина (SchwarzR или MoratenR соеви) со имунолошкиот серумски глобулин (ISG), без оглед на возраста во време на вакцинација (3) лица претходно вакцинирани со умртвена вакцина против морбили (4) лица претходно вакцинирани со жива вакцина против морбили во рок од 3 месеци по добивањето на умртвена вакцина против морбили …“ [32]
До 1989 година, поради бројни проблеми – вклучувајќи ја и детерминацијата дека постарите вакцини не беа широко ефективни – сите под 32-годишна возраст (секој роден по 1957 година) беше повикан да биде ревакциниран.
8. Имунитет без антитела
Научниците беа изненадени кога дознаа дека лицата со дефицит во производството на антитела, состојба наречена агамаглобулинемија, се опоравуваат од мали сипаници исто како и кај луѓето со нормално формирање на антитела. Ова „вознемирувачко” откритие било направено во 1960-тите, кога вакцинациите против мали сипаници почнаа да се употребуваат.
„Едно од најзачудувачките откритија во клиничката медицина беше откривањето дека децата со конгенитална агамма-глобулинемија, кои не можеле да направат антитела и имале само незначителни траги од имуноглобулинот во циркулацијата, ги прележале морбилите на нормален начин, ја покажале вообичаената низа симптоми и знаци , и последователно беа имуни. Ниту едно антитело на морбили не можеше да се забележи во нивниот серум“. [34]
Затоа делот од имунитет со антителата , воопшто не е неопходен за природно опоравување од мали сипаници, ниту претставува имунитет при повторно изложување.
И покрај тоа, научниците за вакцина и официјалните лица од јавното здравство го мереле „имунитетот” што се фокусира само на антитела. Производството на антитела се јавува по природна инфекција, но тоа е последното нешто што се случува, а не неопходен дел од обновувањето или долгорочниот имунитет. Познато е дека имунолошкиот систем реагира со повеќе од само антитела, но бидејќи маркерите на клеточно – посредуваниот имунитет се недофатливи, антителата станаа мерка за тоа дали некој е или не е имун.
Кога некој за прв пат добива заразна болест, имунолошкиот систем на телото ги користи своите вродени способности, кои најчесто вклучуваат клеточен имунитет. Во тој процес се подготвува за иднината. Следниот пат кога истиот инфективен агенс се појавува, телото ќе го искористи своето сеќавање на првото искуство, за да може да реагира побрзо. Ова се прави со или без антитела.
9. Витамините А и Ц се клучни за нормалното закрепнување од морбилите
Со еден единствен фокус на вакцинацијата и одговорот на антителата, сите други пристапи кои се занимаваат со мали сипаници во најголем дел се игнорирани. Сепак, од почетокот на 1900-тите беше познато дека одредени витамини имале значително влијание врз резултатите од инфекцијата со морбили.
Витаминот А го спречува вирусот на морбилите од брзото размножување во клетките преку регулирање на вродениот имунолошки систем во неинфицираните клетки што помага да се спречи вирусот да инфицира нови клетки. Денес е добро познато дека ниското ниво на витамин А корелира со зголемен морбидитет и морталитет. Витаминот А е добро докажана интервенција за намалување на смртноста, истовремени инфекции и престој во болниците.
Кога телото се бори против каква било инфекција, но особено со морбили, резервите на витамин А се намалуваат преку различни механизми. Инфекциите со морбили и вакцините кои предизвикуваат висок титар на мали сипаници го нарушуваат клеточно – посредуваниот имунитет, делумно поради намалувањето на витаминот А.
Д-р Елисон во 1932 година објави дека добро хранетите деца ретко умирале или имале сериозни инфективни компликации од мали сипаници, дури и без сулфонамиди и други примитивни антибиотици. Уште во 1932 година, научниците откриле дека смртноста е намалена за 58 %, кога децата хоспитализирани со мали сипаници добиле рибино масло, кое содржи витамини А , Д и омега-3 масни киселини. Подоцнежните студии во 1990-тите покажаа неверојатни резултати од употребата на витаминот А , намалувајќи ја смртноста за 60 до 90 проценти.
„Комбинирана анализа покажа дека масивните дози на витамин А, дадени на пациентите хоспитализирани со мали сипаници, биле поврзани со приближно 60% намалување на ризикот од смрт во целост и со приближно 90% намалување кај доенчиња … Администрација на витамин А кај деца кои развиле пневмонија пред или за време на болничкиот период, смртноста се намалила за околу 70% во споредба со контролните деца“. [36]
До 2010 година беше добро прифатено дека суплементирањето со витамин А за време на акутната болест на мали сипаници доведе до значителни падови кај несаканите исходи и смрт.
„Употребата на витамин А исто така ги намалува опортунистичките инфекции како што се пневмонија и дијареа поврзани со имунолошка супресија индуцирана од мали сипаници. Се покажа дека дополнувањето на витамин А го намалува ризикот од компликации поради пневмонија после акутна епизода на морбили. Морталитетот може да се намали за 80% кај акутните мали сипаници со компликации, по дополнување на високи дози на витамин А“. [37]
Што се случи со оваа мудрост во ерата на развојот на вакцината? Колку побрзо падот на кривата на смртта ќе се намалеше, ако овој основен факт беше широко прифатен кога првпат беше забележан во раните 1900-ти?
Достапноста на овошјето и зеленчукот богато со витамин Ц беше уште еден фактор во намалувањето на морбидитетот и намалувањето на морталитетот. Имаше подобрување на трендовите во севкупната исхрана, како што се гледа од паралела во намалувањето на смртноста од мали сипаници и болести на недостаток на витамин Ц.
Експериментите направени во 1940-тите покажаа дека витаминот Ц е ефикасен против мали сипаници, особено кога се користи во повисоки дози.
“За време на епидемијата (на мали сипаници) витаминот Ц беше употребуван профилактички, а сите оние кои примаа 1000 mg еднаш на секои шест часа, преку вена или мускулно, беа заштитени од вирусот. Дадено орално, 1000 mg во овошен сок на секои два часа било ефективно, доколку се даде во точен временски интервал . Уште било откриено дека 1000 мг. орално, четири до шест пати дневно, ќе го модифицира нападот, со појава треска и Копликови дамки. Доколку администрацијата е зголемена до 12 дози на секои 24 часа, сите знаци и симптоми ќе исчезнат за 48 часа“.[38]
Во 1917 година, д-р Драмонд користел цимет за лекување на настинки и го препорачал за лекување на морбили. Во тоа време, морбилите се уште се сметаа за сериозна состојба, при што околу 10.000 луѓе, главно деца под пет години, умираат секоја година во Англија и Велс.
„Д-р В.Б. Драмонд, во Британскиот медицински весник го опишува своето искуство со цимет во превентивниот третман на морбилите. Тој повикува на тоа да се користи циметот и сите да се вклучат во напорите да се спречат епидемиите на обичната сорта на сипаници … Циметот е лек чии терапевтски добродетели не се доволно препознаени. Маслото од цимет, во дози од дваесет и пет капки е еден од најефикасните лекови во случаи на акутна кориза, (воспаление на носните мукозни мембрани) .. Пред неколку години беше објавена статија во „The Journal“, која цврсто се залага за цимет како превентива за мали сипаници“.[39]
Во 1919 година, д-р Драмонд изјавил дека маслото од цимет е ефикасна профилакса против мали сипаници , а во случај на инфекција , таа станува поблага.
„ Тоа беше моја практика, кога се сретнував со случај на мали сипаници во едно семејство, да препишам цимет за сите незаштитени членови на семејството. Во поголемиот дел од случаите, лицето што се третирало (со цимет) целосно ја избегнало болеста (сипаниците), или на друго место го имало во многу блага форма“. [40]
Тешко дека се знаело тогаш зошто точно циметот бил толку корисен, но денес знаеме дека поседува многу корисни својства. Тој е антиоксиданс и содржи витамини А и Ц и минерали како цинк, калиум, магнезиум и манган.
10. Вакцините за морбили кои предизвикуваат голем број на титери, ги зголемија стапките на смртност во сиромашните земји
Поради недоволното разбирање дека вакцината против мали сипаници ги користи резервите на витамин А и целосното фокусирање на одговорот на антителата, вакцинацијата понекогаш резултираше со повисока стапка на смртност.
„Претходните студии покажаа морталитет и имунолошки абнормалности кај девојчињата вакцинирани со вакцина за морбили, 2 до 4 години по имунизацијата … Нашите резултати покажаа дека концентрациите на серумскиот витамин А се истрошени по вакцинацијата против мали сипаници, без оглед на тоа дали таа била моновалентна или комбинирана вакцина против морбили“.[41]
Авторите на студијата заклучија дека наместо да бараат одговор на антитела, тие требало да бараат долгорочни исходи , за да ги измерат вистинските резултати од нивните експерименти.
„Вакцините кои предизвикуваат висок број на титари, предизвикуваат долготрајно нарушување на функцијата на имунолошкиот систем, вклучувајќи и дисбаланс во типот на помош на Т-клеточен одговор … Пораката е јасна – стратегии кои вклучуваат вакцинација кај доенчиња со мајчински антитела или нови вакцини против морбили, мора да се тестираат во рандомизирани испитувања во кои крајната точка е смртност, а не сурогат ефект, како што е титарот на антитела против сипаници“.[42]
11. Можете да добиете мали сипаници и да го ширите вирусот на морбили од МРП вакцината!
Конвенционалното размислување вели дека не би можеле да добиете морбили од вакцината против морбили или да ги пренесете на други лица.
Иако се мислело дека е невозможо, овој случај ја илустрира заканата од ширењето на морбилите што се поврзани со вакцината од двегодишен пациент во Британска Колумбија, Канада, во октомври 2013 година. Овој случај на морбили предизвикани од вакцинa (PRC-докажанo) се случил 37 дена по МРП вакцината.
“Во овој извештај го опишуваме случајот со болеста поврзана со вакцина против мали сипаници (МРП) … Помеѓу 29 август и 2 септември 2013 година, тројца неповрзани лица од целата долина Фрејзер, Британска Колумбија, Канада, пројавија болест со осип , која е конзистентна со клинички мали сипаници … Овој извештај го документира првиот случај на мали сипаници поврзани со вакцина против МРП, 37 дена после имунизација … Иако ова е прв ваков случај пријавен, веројатно претставува постоење на дополнителни, но неидентификувани исклучоци , на типичната временска рамка за ширење на вирусот на вакцина против морбили и болеста“.[45]
Здравствените работници беа толку загрижени за вирусното испуштање од вакцинираното дете, што им дале или вакцина или имунолошкиот глобулин на сите подложни контакти. За жал, оваа интервенција спречува точни следења на болеста предизвикана од вакцините.
12. Дали на прво место се морбилите?
Студија од 2002 година испитуваше 195 деца со осип и висока температура. Сеопфатната лабораториска истрага покажа дека никој не имал морбили или рубела. Потврдено беше дека децата имаат parvovius B19, стрептокок на групата А (GAS), вирус на хуманиот херпес тип 6, ентеровирус, аденовирус и С-стрептокок.
Инциденцата на морбилите секогаш се потпираше на клиничка дијагноза на лекарот без лабораториска потврда. Сега, кога се достапни лабораториски тестови, повеќето „морбили“ всушност не се. Кога мислите дека имате грип, всушност имате болест слична на грип и кога мислите дека имате мали сипаници, всушност имате болест слична на морбили. Тогаш колку точни беа статистиките за инциденцата на морбили во 1950-тите и после? Како уредник во 1997 година, можеше да ја знае ефикасноста на вакцината против морбили, ако дијагнозата на истите е толку тешка?
„„Морбилите се погрешно дијагностицирани во 97 % од случаите“. – според новите податоци од Лабораторијата за јавно здравје. Не велам дека лекарите се лоши при поставување на дијагнозата – овие наоди покажуваат како инхерентно тешко е да се направи дијагноза базирана само на клинички симптоми. Секој лекар има тешкотии при разликувањето на вирусите. Би било интересно да се знае колку време е погрешно дијагностицирањето на мали сипаници? Можеби последните триесет години или повеќе? – Во тој случај како можат да бидат сигурни во ефикасноста на вакцината против морбили?“ [50]
Откако вакцинацијата станала широко распространета, случаи на претпоставени мали сипаници сега веќе не се дијагностицираат како мали сипаници? Дали е ова префинетост да се дијагностицира голем дел од големиот пад на инциденцата на мали сипаници забележани со широко прифатените претходни вакцини со слаб квалитет?
13. Намалување на инциденцата на болеста?
По воведувањето на вакцината против малите сипаници од 1963 година, имаше очигледен пад во инциденцата на болеста. Ова може да се види во многу графикони на CDC . Овие графикони се основа за голем дел од пофалбите што вакцините за мали сипаници ги добија.
Имајте на ум дека откако сте примиле вакцина, дури и ако сте имале исто толку висока или повисока температура отколку што се очекува од природни мали сипаници, нема да сметааат дека сте имале мали сипаници. Статистичките податоци се чуваат за инциденцата на мали сипаници, но не и колку имаа негативни реакции. За потешката болест – атипични мали сипаници , инциденцата не била следена, така што тоа не било дел од статистиката. Дури и денес вакцината МРП има потврдена листа на реакции. Сепак, ако имате каква било реакција, тоа не е инкорпорирано во инциденцата на мали сипаници – дури и ако реакцијата е полоша од природните мали сипаници.
Пред воведувањето на вакцината во 1963 година, инциденцата на мали сипаници веќе беше во опаѓање.
Дали морбилите полека стануваат помалку распространети? Знаеме дека малите сипаници можат да бидат суб-клинички во 30 проценти од случаите [52] и стапката на смртност веќе опаднала. Како и вариола вера, дали болеста полека изчезнувала? Дали зголемувањето на доењето и подобрувањето на исхраната придонесоа за помалку дијагностицирани случаи? Колку случаи биле регистрирани како мали сипаници врз основа на клиничка дијагноза, а всушност се други вируси? Дали воопшто можеме да веруваме на статистиката за инциденцата на морбили на прво место?
Ако трендот продолжи како што се гледа во графиконот за појава на мали сипаници, тогаш инциденцата на мали сипаници ќе достигне нула во 2000 година без каква било програма за вакцинација. Случајно, 2000 година е истата година CDC објави дека морбилите се елиминирани од САД.
14. Морбилите не се сериозни кај луѓето со добра исхрана
Колку сериозно заболување се морбилите? Како што видовме, историски морбили биле сериозно проблематична болест, која често била смртоносна. Дури и денес во слабо ухранети деца смртноста поради мали сипаници е 200-400 пати поголема отколку кај луѓето во развиените земји. [53]
Во медицинската и историската литература веќе долго време е признато дека кај добро хранетите деца, малите сипаници не се главна причина за загриженост и обично се лесна болест. Пред појавата на вакцина против мали сипаници, фактот што тие повеќе не претставуваа голема закана беше добро признаен. Од Британскиот медицински весник во 1959 година:
„За да дадеме некоја идеја за главните карактеристики на болеста како што се појавува денес и за тоа како најдобро се третира, поканивме некои општи лекари да пишуваат кратки извештаи за случаите што ги виделе во нивните практики неодамна … Овие доктори се согласуваат дека малите сипаници вообичаено се благи инфекции и тие ретко имаат можност да дадат профилактички гама глобулин“. [55]
„Кај поголемиот дел од децата, целата епизода беше добра и завршувше во текот на една недела, од продромалната фаза до исчезнување на исипот. Исто така многу мајки забележаа дека всушност по болеста, децата изгледа многу подобро..Во оваа пракса морбилите се сметаат за релативно благи и неизбежни детски болести кои најдобро се среќаваат во секое време од 3 до 7 години. Во текот на изминатите 10 години имало неколку сериозни компликации во било која возраст и сите деца комплетно закрепнале. Како резултат на ова размислување не се направени посебни обиди за превенција дури и кај млади доенчиња кај кои болеста не е утврдена како особено сериозна“. [56]
Додека никаква заразна болест не треба да се третира тривиално, ако се води правилно со добра исхрана, витамин А во фармаколошки дози и соодветен одмор, не треба да се има страв од болест како што се морбилите, кои се со значителна здравствена придобивка и предност за стекнување на доживотен имунитет. Исхраната и санитарните услови отсекогаш се занемаруваат во однос на медицинските интервенции како што е вакцинацијата и покрај фактот дека тие беа во најголем број причини да опаднат инфетивните болести.. Сепак, кога постои пријавен случај на мали сипаници (што го научивме е навистина БЛМ), здравствените работници и медиумите стануваат апоплексични и ја полнат јавноста со ирационален страв, наместо да користат логични и разумни обиди за образование. На пример, функционерите од јавното здравство би можеле да препорачаат употреба на витамин А, витамин Ц, течности и одмор за да ги подобрат проблемите со морбили.
Ефикасноста на клеточниот имунолошки систем е поврзана со внесот на диететски хранливи материи, вклучувајќи витамин А, витамин Ц, цинк, селен и протеини богати со витамин Б. Лошата исхрана доведува до оштетување на клеточниот имунолошки одговор, што резултира во полоши исходи по инфекција или изложеност на морбили. [57]
Заклучок
Копајќи под тенката бајка на вакцината против мали сипаници, можно е да се откријат голем број факти кои ја доведуваат во прашање целата премиса за постојано вакцинирање на целата човечка популација од колевка до гроб.
Ни беше кажано дека вакцината е измислена за да ги скроти морбилите и сите заедно живеевме среќно. Како што видовме, тоа не е случај. За жал, терминот „вакцина” има постигнато статус на магичен култ во нашето општество. Едноставно додадете го терминот вакцина за нешто и веднаш станува „безбедена и ефикасна“ за огромното мнозинство. Не е важно што се состојките, кој ги произведува, како се направени, или која било од нејзините помалку ѕвездени истории. Вакцините се секогаш магично стапче за секоја болест. Без прашања.
Сега знаеме дека моментот кога вакцината против мали сипаници беше пуштена во употреба, стапката на смртност падна речиси на нула, заедно со опаѓачката инциденца на болеста. Беше ветено дека со една инјекција ќе се обезбеди доживотна заштита и дека ако само „вистинскиот“ број на деца се вакцинирани, болеста би била искоренета до 1967 година. Наместо тоа, сега треба да ги имаме сите деца подложени на најмалку 2 вакцини со помалку од доживотна заштита. Сега, додека природната изложеност на мали сипаници обично го остава лицето со сигурен доживотен имунитет, вакцините со сипаници го оставаат поединецот со имунитет кој исчезнува за кратко време.. Бидејќи навистина имуните постари луѓе умираат, на вакцинираните сега се препорачува да добијат вакцини за возрасни. [59] Оваа динамика на имунитет кој бледее, значи дека веројатно ќе видиме епидемии на сипаници во високо вакцинирани популации.
Поради раното и поедноставно разбирање на имунолошкиот систем, отсекогаш постоела миопична опсесија со еден аспект на имунолошкиот систем – антитела. Оваа опсесија продолжи и покрај раното разбирање дека закрепнувањето од мали сипаници бара само добро хранети клеточни имунолошки системи со апсолутно никакви антитела воопшто. Виталните хранливи материи, како што се витаминот А и Ц и сите други не-вакцини, практично се игнорираат. Тоа беа овие состојки кои беа клучни за здрав имунолошки систем и целосно опоравување од мали сипаници или дури и други инфекции. И што е најважно кога некој мислеше дека има мали сипаници, тие навистина имале MLI (болест слична на морбили), што можеби била резултат на различна причина, а не на вирусот на мали сипаници.
За жал, жртвите на медицинските експерименти никогаш не се бројат. Оние што претрпеле полошо отколку оние што имале природни мали сипаници, оние што развиле енцефалитис, оние кои претрпеле, па дури и починале од атипични мали сипаници, оние кои добиле високи титрични мали сипаници кои подоцна починале од други инфекции, никогаш не стигнале на страниците за бајките на јунаците „за да не стане графички роман“ – како што вели д-р Чарлс Кирил Окел во 1938 година:
„..без пропаганда не може, се разбира, да има голема стапка на имунизација, но колку е опасно да се измеша пропагандата со научните факти. Ако ние расипано (на обичен или основен јазик) ја раскажуваме целата вистина, се сомневаме дали јавноста ќе се подложи на имунизација … Несреќите и грешките мора неизбежно да се случат и кога ќе се случат, она што може да биде многу поучна лекција обично се потиснува или искривува од признавањето“. [60]
Автор Roman Bystrianyk
Морбилите И Вакцината За Морбили – Прв Дел
Референци:
32. Measles Outbreak Control, Morbidity and Mortality Weekly Report, September 9, 1977, vol. 26, no. 36, pp. 294-299.
33. Lawrence K. Altman, “2d Measles Shot Urged For Everyone Under 32,” New York Times, July 20, 1989.
34. “Measles as an Index of Immunological Function,” The Lancet, September 14, 1968, p. 611.
35. P. J. Lachmann, “Immunopathology of Measles,” Proceedings Royal Society of Medicine, vol. 67, November 1974, p. 1120.
36. Wafaie W. Fawzi, MD; Thomas C. Chalmers, MD; M. Guillermo Herrera, MD; and Frederick Mosteller, PhD, “Vitamin A Supplementation and Child Mortality: A Meta-Analysis,” Journal of the American Medical Association, February 17, 1993, p. 901.
37. Prakash Shetty, Nutrition Immunity & Infection, 2010, p. 82.
38. Fred R. Klenner, MD, “The Treatment of Poliomyelitis and Other Virus Diseases with Vitamin C,” Southern Medicine & Surgery, July 1949.
39. “Cinnamon Stops Measles,” New York Times, August 12, 1917.
40. “Cinnamon as a Preventive of Measles,” American Druggist Pharmaceutical Record, New York, November 1919, p. 47.
41. S. Songül Yalçin, MD, and Kadriye Yurdakök, MD, “Sex-Specific Differences in Serum Vitamin A Values After Measles Immunization,” The Pediatric Infectious Disease Journal, 1999, p. 747.
42. AJ Hall and FT Cutts, “Lessons from Measles Vaccination in Developing Countries,” British Medical Journal, vol. 307, November 1993, pp. 1205.
43. N. P. Thompson, S. M. Montgomery, R. E. Pounder, and A. J. Wakefield, “Is Measles Vaccination a Risk Factor for Inflammatory Bowel Disease?” The Lancet, April 29, 1995, p. 1073.
44. “Vaccines in Immunocompromised Patients,” Pediatrics in Review, vol. 31, no. 1, January 2010, pp. 38-40.
45. Case of vaccine-associated measles five weeks postimmunisation, British Columbia, Canada, October 2013
46. Tom Jefferson, Cochrane Vaccines Field, Clinical Evidence, October 5th, 2009
47. M Ramsay, M Reacher, C O’Flynn, R Buttery, F Hadden, B Cohen, W Knowles, T Wreghitt, D Brown, “Causes of morbilliform rash in a highly immunized English population,” Archives of Disease in Childhood, 2002, p. 205
48. David WG Brown, Mary E B Ramsay, Alison F Richards, Elizabeth Miller, “Salivary diagnosis of measles: a study of notified cases in the United Kingdom, 1991-3,” British Medical Journal, vol. 308, April 1994, p. 1016.
49. Wang, et al., “Evaluating measles surveillance using laboratory-discarded notifications of measles-like illness during elimination,” Epidemiol. Infect. 2007, p. 1366.
50. “GPS MISDIAGNOSE MEASLES IN 97% OF CASES,” PULSE, January 18, 1997.
51. http://www.cdc.gov/vaccines/vac-gen/side-effects.htm
52. S.D.Kandpal, K.S.Negi, Z.Khan, and A. Malik, “Measles Antibody Status Amongst Nine Months Five Years Unvaccinated Children,” Indian Journal of Preventive and Social Medicine, vol. 34, no. 1, 2003
53. M. Gabr, “Undernutrition and Quality of Life,” World Review of Nutrition & Dietetics, vol. 49, 1987, pp. 1–21.
54. Paul D. Hoeprich, Infectious Diseases: A Modern Treatise of Infectious Processes, Harper and Row Publishers, 1977, pp. 691, 696.
55. Measles Epidemic, British Medical Journal, February 7 1959, p. 354.
56. Vital Statistics, British Medical Journal, February 7 1959, p. 381.
57. D. N. McMurray, “Cell-Mediated Immunity in Nutritional Deficiency,” Progress in Food & Nutrition Science, 1984, p. 193.
58. Ronald W. Sutter, et al., “Measles among the Amish: A comparative Study of Measles Severity in Primary and Secondary Cases in Households,” Journal of Infectious Diseases, 1991, p. 15.
59. Recommended Adult Immunization Schedule, by Vaccine and Age Group, CDC, United States, 2014,
60. Charles Cyril Okell, “From a Bacteriological Back-Number,” The Lancet, January 1, 1938, pp. 48–49.