„Според Хипокритовата традиција, нивото на безбедност за превентивни лекови мора да биде многу високо, бидејќи има за цел да ги заштити луѓето од болести кои можеби никогаш нема да ги добијат“. – Marc Girard
Новото истражување објавено во весникот Apoptosis укажува дека вакцината против хепатит Б, која е дизајнирана да спречи оштетување на црниот дроб од хепатит Б, всушност предизвикува уништување на клетките на црниот дроб.
Во студијата насловена како „Вакцина против хепатит Б индуцира апоптотична смрт кај клетките Hepa1-6“, истражувачите поставија цел „да воспостават систем за ин витро модели подложни на механички истражувања на цитотоксичност, предизвикана од хепатит Б вакцина и да ги истражат механизмите на клеточна смрт предизвикана од вакцина”.(1)
Тие откриле дека вакцината против хепатит Б предизвикала „губење на митохондријалниот интегритет, индукција на апоптоза и смрт на клетките“ во црниот дроб изложени на мала доза на вакцина против хепатит Б, која содржи засилувач алуминиум. Адјувантот кој се користел бил алуминиум хидроксидот, кој се повеќе се идентификува како причина што придонесува за автоимуно заболување кај имунизираните популации.
Откритието дека вакцината против хепатит Б го оштетува црниот дроб (хепатотоксичност), ги потврдува претходните наоди (1999) дека вакцината ја зголемува инциденцата на проблеми со црниот дроб кај деца во САД помали од 6 години, до 294% наспроти невакцинирани контроли.
Друга студија објавена во списанието Hepatogastroentology во 2002 година, забележа дека вакцинацијата против хепатитис Б била статистички поврзана со гастроинтестинални реакции, вклучувајќи: хепатитис, гастроинтестинални заболувања и абнормалности на тестот за функцијата на црниот дроб, во споредба со другите контролни групи за вакцина.
Во студија објавена во јуни 2011 година во списанието Molecular Biology Reports, истражувачите покажаа дека вакцината против хепатитис Б го менува изразувањето на 144 гени во црниот дроб на глувците, во рок од 1 ден по вакцинацијата, од кои 7 гени се поврзани со воспаление и метаболизамот. Авторите забележале:
„Фармацевтските компании обично вршат тестирање на безбедноста на вакцините, но сите барања на Светската Здравствена Организација и фармакопеите на лекарствата, зависат од општото тестирање на токсичноста. Додека студија за промена во изразувањето кај одредени гени предизвикана од вакцината против хепатит Б, не се прави рутински за да се тестира квалитетот на вакцината“.
Дали влијанието на вакцината против хепатит Б врз експресијата на одредени гени, е една од причините зошто има над 60 сериозни штетни здравствени ефекти поврзани со вакцината, како што е документирано во рецензираната и објавена биомедицинска литература, вклучувајќи и ненадејната смрт на доенчиња?
Други потенцијални механизми на дејство зад опасните несакани ефекти на вакцината против хепатитис Б, се следните:
– Вакцините против хепатитис Б може да содржат хепатит Б вирус полимераза како загадувач, што може да предизвика автоимун процес против миелинот (заштитната обвивка на нервите) кај некои вакцинирани субјекти;
-Вакцината против хепатитис Б може да предизвика автоимуна демиелинизирачка болест преку молекуларната мимикрија која постои помеѓу вакцинскиот антиген, вирусот Епстејн-Бар и човечкиот миелин.
Зошто новороденчињата се вакцинираат против хепатит Б?
Вистинската опасност тука е дека универзалната вакцинација против вирусот на хепатит Б, може да предизвика многу поголема штета отколку добро. Тоа се, всушност, нашите најмлади – доенчињата, кои најмногу се изложени на ризик да бидат непоправливо повредени. Распоредот на вакцината според ЦКБ и кај нас, за вакцинација против хепатит Б е: 24 часа од раѓање, на 1-2 месеци, а потоа повторно на возраст од 3-6 месеци.
Универзалната вакцинацијата против хепатит Б стана задолжителна за новороденчињата од САД, во 1991 година и покрај контрадикторните наоди за безбедноста. Можеби не случајно, распространетоста на аутизмот денес е 1500% повисока од онаа што била во периодот непосредно пред воведувањето на оваа вакцина. Додека не постои такво нешто како „генетска епидемија“, во традиционалната наследна смисла на зборот „генетски“, постојат еколошки индуцирани промени во експресијата на одредени гени, како што е опишано погоре. Со други зборови, адјувантите (на пример, жива и алуминиум) и антигените во вакцините, можат да влијаат врз стабилноста на генетската инфраструктура, од која зависи нашето здравје.
Според еден преглед објавен во Journal of Toxicology и Environmental Health во 2010 година, машките новороденчиња вакцинирани против хепатит Б, пред 1999 година, имале 3 пати повисока стапка на аутизам, пријавен од родителите. Зошто пред 1999 година? На 27.08.1999 година CDC, со премолчена потврда за невротоксичноста поврзана со употребата на тимеросал, ја одобри првата вакцина без жива за хепатит Б. За жал, дури и по отстранувањето на живата (која беше заменета со друг невротоксичен агенс – алуминиум хидроксид), преваленцата на аутизмот сеуште била неколку пати поголема од онаа што беше пред сè поголемиот распоред на CDC да ги достигне сегашните пропорции (60+ вакцини до 6 годишна возраст).
Уште еден блескав проблем со хепатит Б вакцината за новороденчињата, е тоа дека вирусот на хепатит Б се пренесува само преку крв или сперма од оние кои се заразени. Ова се два можни патишта на изложеност кај новороденче, кои се невозможни доколку тоа е родено во болница – освен ако, се разбира, мајката е носител и може да ја пренесе заразата на нејзиното потомство. Но, болниците можат и треба да ги набљудуваат мајките за хепатит Б превентивно, поради што непотребно е да се вакцинира секое новороденче.
Дополнително, не постојат контролни испитувања по случаен избор, кои би ги процениле ефектите од вакцината против хепатит Б администрирана за време на бременост, за спречување на инфекцијата кај доенчињата и покрај тоа што на бремените жени им се препорачува вакцината, токму поради оваа причина.(2) Исто така, постои и истражување кое покажува дека вакцинацијата против хепатитис Б не гарантира заштита од инфицирање со истата, односно инфекцијата навистина не може да спаѓа во категоријата на болест што може да се спречи со вакцина.(3)
Истражете повеќе за вакцината против хепатит Б овде.
Референци:
1 Hepatitis B vaccine induces apoptotic death in Hepa1-6 cells. Apoptosis. 2012 Jan 17. Epub 2012 Jan 17. PMID: 22249285
2 Cochrane Database Syst Rev. 2011(3):CD007879. Epub 2011 Mar 16. PMID: 21412913
3 Postgrad Med J. 2006 Mar;82(965):207-10. PMID: 16517803