Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Првата студија на невакцинирани и вакцинирани деца – Повлечена, избришана од интернет

Последниве години тежишната точка на скептицизмот е свртена кон темата вакцини, правејќи огорчена поделба меѓу родителите и жолчна расправа меѓу лекарите од современата медицина – ама, без разлика каков е вашиот став за вакцинирањето, фактот дека две револуционерни, научни, темелно прегледани истражувања, што ја бојат имунизацијата во не многу поволно светло, исчезнаа од интернет, е причина за загриженост.


Првично, истражувањето насловено „Споредбено пилот истражување за здравјето на вакцинираните и невакцинираните деца од 6 до 12 години во САД“ беше објавено во Опен Аксес Текст.

      Всушност, беше објавено се додека Опен Аксес Текст не го отстрани без објаснување од својата архива заедно со слично истражување од истите автори. The Free Thought Project се обиде да ги контактира Опен Аксес Текст во повеќе наврати барајќи објаснување за наглата одлука да се повлечат истражувањата, ама, до времето на објавување на овој текст, се уште не доби одговор.

      Водечкиот автор Ентони Р. Мосон, професор по епидемиологија и биостатистика на Катедрата за јавно здравје при Државниот универзитет Џексон, истакнува дека неговиот тим не ја проблематизира вакцинацијата, наведувајќи во воведот на истражувањето:

„Вакцините се меѓу најголемите достигнувања на биомедицинската наука и еден од најефикасните интервенции во јавното здравје на XX тиот век. Меѓу децата во САД родени меѓу 1995 и 2013, се проценува дека вакцинацијата има спречено 322 милиони болести, 21 милион хоспитализации и 732 илјади случаи на прерана смрт, со вкупна заштеда на трошоци во здравствениот систем од 138 милијарди долари. Околу 95 % од американските деца на претшколска возраст ги добиваат сите препорачани вакцини како предуслов за посетување градинка или училиште, со цел да се превенира појава и проширување на таргетираните заразни болести. Напредокот во биотехнологијата придонесува за развитокот на нови вакцини за широка употреба“.

      На барање на нашиот сајт за коментар за наглото исчезнување на истражувањата, Мосон преку електронска пошта кусо одговори: „За коментар вашето барање го препраќам на агенцијата што не финансираше. Во овој момент не сум во можност да ви добавам детали“.

Иако ова не ги расветлува побудите на Опен Аксес Текст да го повлече истражувањето, сепак дава дополнителен доказ дека истражувањата спротивни на долгоодржуваната претпоставка дека вакцинацијата не треба да биде преиспитувана, пречесто се толку експлозивни, што контроверзата што ги следи и нагонот на современата медицина – често поткрепени од фармацевтската индустрија – да ги напаѓаат ваквите резултати е моќен и брз.

      Истражувањето наведува:  „Според моменталниот педијатриски распоред за вакцинација, децата во САД до возраст од 6 години, примаат и до 48 дози вакцини за 14 болести, бројка што постојано расте од педесетите години на минатиот век, најзабележително по Програмата за вакцинација на децата, која беше создадена во 1994 година. Оваа програма започна со вакцини за девет болести: дифтерија, тетанус, голема кашлица (пертусис), полио, хемофилус инфлуенца тип Б, хепатит Б, морбили, заушки и рубела. Меѓу 1995 и 2013 година, за децата на возраст од 6 години и помали беа додадени вакцини за уште пет болести: варичела, хепатит А, болести предизвикани од пневмокока, грип и ротавирус вакцината“.

     Мосон и неговиот тим истражувачи вклучија девет табели и 71 референца во нивната споредба на долгорочното здравје меѓу вакцинираните деца, кои посетуваат јавни училишта и нивните невакцинирани врсници, школувани дома, за да утврдат дали, под општата претпоставка за сигурноста на вакцините, одредени последици од тогашниот распоред за вакцинација можеби биле превидени.

Резултатите биле зачудувачки:

„Проценката за долгорочните ефекти на вакционалниот распоред за морбидитетот и смртноста беа лимитирани“, наведува истражувањето, со пасуси вметнати за појаснување. „Во ова пилот истражување за вакцинирани и невакцинирани деца школувани дома, според очекуваното беа пронајдени намалени шанси за заболување од варичела и голема кашлица кај вакцинираните, но неочекувано кај нив беа најдени зголемени шанси за многу други состојби“.

     „Иако дизајнот на истражувањето ја ограничува последичната интерпретација, силината и конзистентноста на наодите, очигледната врска меѓу вакциналниот статус и неколку форми на хронични болести, како и значителната поврзаност меѓу вакцинацијата и невроразвојните нарушувања, ја поддржуваат можноста дека некои аспекти од сегашната вакцинална програма можат да придонесат за ризик од болести во детството“.

    „ Исто така, вакцинацијата останува значително поврзана со невроразвојните нарушувања дури и по контролата на други фактори; додека прераното раѓање, долго сметано за значаен ризик фактор за невроразвојни нарушувања, не беше поврзано со невроразвојни нарушувања по контролирањето на интеракцијата меѓу прерано раѓање и вакцинацијата“.

      „Дополнително, предвременото раѓање придружено со вакцинација е поврзано со засилување на шансите за невроразвојни нарушувања, што ги надминува шансите за добивање невроразвојно нарушување само од вакцинација. Сепак, наодите од истражувањето треба да се интерпретираат претпазливо“.

     „Прво, потребно е дополнително истражување за да ги потврди овие наоди со повеќе испитаници и подобро осмислено истражување. Второ, цел на истражувањата (треба да биде, заб. прев.) идентификација на можните штетни фактори поврзани со вакциналниот распоред и проучување на механизмите за подобро разбирање на истите. Вакви истражувања се клучни со цел да се оптимизира влијанието на вакцинацијата врз детското здравје“.

     Навистина експлозивно!

      Текстот продолжува: „Иако врз вакцините се врши краткорочно имунолошко и сигурносно тестирање пред да бидат одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД, долгорочните ефекти меѓу поединечни вакцини и оние од вакциналниот распоред остануваат непознати. Признато е дека вакцините носат ризици од тешки акутни и хронични нуспојави, како што се невролошки компликации и дури смрт, ама ваквите ризици се сметаат за толку ретки што се верува дека вакциналната програма е безбедна и ефективна за сите деца.“

      Мосон и неговиот тим откриле дека вакцинираните деца за разлика од навакцинираните значително повеќе биле склони кон развивање алергичен ринитис (10.4% наспроти 0.4%), други алергии (22.2% наспроти 6.9%), егзема/атопичен дерматитис (9.5% наспроти 3.6%), потешкотии со учењето (5.7% наспроти 1.2%), Нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание или АДХД (4.7% наспроти 1.0%), нарушувања од аутистичниот спектар (4.7% наспроти 1.0%), кој било вид невроразвојно нарушување (потешкотии со учењето, АДХД, нарушувања од аутистичниот спектар) (10.5% наспроти 3.1%) и „кое било хронично заболување“ (44.0% наспроти 25.0%).

      Децата кои примиле само дел од вакцините од вакциналниот распоред имале мешани резултати за овие состојби.

Вакцинацијата е силно поврзана со воспаление на средното уво и со пневмонија, што се најчестите компликации од инфекција со морбили. Шансите за воспаление на средното уво се речиси четирикратно зголемени меѓу вакцинираните (OR 3.8, 95% CI: 2.1, 6.6), а шансите за хируршка интервенција на средното уво се осумкратно повисоки отколку кај невакцинираните деца (OR 8.0, 95% CI: 1.0, 66.1). Акутно воспаление на средното уво е многу честа инфекција во детството, одговорна за околу 30 милиони посети кај лекар годишно во САД и најчестата причина за препишување антибиотици кај децата. Појавата на инфекцијата е најчеста на возраст од 3 до 18 месеци и 80% од децата имале барем една епизода до тригодишна возраст. Последниве декади стапката на инфекции се зголемува. На светско ниво, стапката е 10.9% со 709 милиони случаи секоја година, а 51% се појавила кај деца на возраст под 5 години. Воспаление на средното уво кај децата е загрижувачка во смисла на искористување на здравството на САД, при што се смета дека чини 2,88 милијарди долари годишно…“

     „Вториот дел од овој труд се фокусира на специфичните здравствени исходи и сака да утврди дали вакцинацијата останува поврзана со невроразвојни нарушувања по испитувањето и на други фактори. По прилагодувањето, факторите што остануваат значително поврзани со невроразвојните нарушувања се вакцинацијата, потекло од друга раса освен белата, машки пол и прерано раѓање. Очигледната силна поврзаност меѓу вакцинацијата и прерано раѓање во невроразвојните нарушувања укажуваат на можноста за интеракција меѓу овие фактори. Ова е покажано во крајниот прилагоден модел со интеракција (истражено со интеракцијата на прерано раѓање со вакцинација). Во овој модел, вакцинацијата, потекло од друга раса освен белата и машкиот пол остануваат поврзани со невроразвојните нарушувања, додека предвременото раѓање само по себе веќе не беше поврзано со невроразвојните нарушувања. Сепак, предвременото раѓање комбинирано со вакцинацијата се поврзува со 6,6 пати поголеми шанси за невроразвојно нарушување“.

     „Да сумираме, вакцинацијата, потекло од друга раса освен белата и машкиот пол се значително поврзани со невроразвојно нарушување, откако е компензирано за другите фактори. Предвременото раѓање, иако силно поврзано со невроразвојните нарушувања во прилагодените и неприлагодените анализи, веќе не беше поврзано со невроразвојните нарушувања во последниот модел со интеракција. Сепак, предвременото раѓање комбинирано со вакцинацијата беше силно поврзано со невроразвојните нарушувања во крајниот прилагоден модел и ги удвојуваше шансите за невроразвојни нарушувања споредено само со вакцинацијата.  Предвременото раѓање одамна е познато како значителен фактор во невроразвојните нарушувања, ама бидејќи прерано родените новороденчиња рутински се вакцинираат, засебните ефекти на вакцинацијата и на предвременото раѓање не биле испитани. Сегашново истражување укажува дека вакцинацијата може да биде придонесувачки фактор во појавата и развојот на невроразвојните нарушувања, ама исто така и дека предвременото раѓање може да има помала улога во невроразвојните нарушувања отколку што моментално се верува. Наодите, исто така, укажуваат дека вакцинацијата заедно со предвременото раѓање можат да ги зголемат шансите за невроразвојни нарушувања повеќе отколку само оние од вакцинацијата“.

     Очигледно, овие резултати биле неочекувани и го преиспитувале зголемениот број на препорачани вакцини, а некогаш и задолжителни од медицинската заедница.

Кај канцер, депресија и многу други заболувања и состојби не е најдено дека има значителна разлика кај вакцинираната наспроти невакцинираната популација. Мосон продолжува: „Можната придонесувачка улога на вакцините во развојот на невроразвојните нарушувања останува непозната бидејќи податоците за здравствените исходи на вакцинираните и невакцинираните недостасуваат. Потребата за вакви истражувања е сугерирана од фактот што Програмата за оштета од повреди од вакцини има исплатено 3,2 милијарди како компензација за повреди од вакцини од нејзиното основање во 1986 година.

Проучување на побарувањата, компензирани од Програмата за оштета од повреди од вакцини за енцефалопатија и нарушувања со напади предизвикани од вакцини, покажува дека 83 побарувања се признаени како последица од оштетување на мозокот.  Во сите случаи Судот за федарални побарувања нашол, или тоа се подразбирало од исплати надвор од судот, дека децата имале аутизам или нарушувања од аутистичниот спектар. Од друга страна, бројни епидемиолошки истражувања не нашле врска меѓу примањето на одредена вакцина (особено тровалентната за морбили, заушки и рубела) и аутизмот, како и прифатен механизам по кој вакцините можат да предизвикаат аутизам.“

      И додека истражувањето на Мосон веднаш наишло на напаѓачи – од кои многумина ги доведувале во прашање резултатите и методите на испитувањето – претходниот пасус покажува дека истражувачите немале намера да докажат дека вакцинацијата е одговорна за астрономскиот пораст на дијагностицираните со аутизам. Тоа не било намера филмот „Вакцинирани“ да се покаже како точен.

      Всушност, додека најчеста загриженост и поплаки меѓу оние кои се прашувале дали или не нивните деца треба да примат толку многу вакцини поради нивната можна поврзаност со нарушувања од аутистичниот спектар, авторот јасно истакнува дека поврзаност или корелација не била пронајдена.

Ова не е прв пат ова истражување да се повлече од интернет. Истото се случи и минатата година под слични околности т.е. бесни забелешки за методолгијата и примероците, но, мора да се забележи, не и поради резултатите. Додека опонентите навистина можат да најдат одредени пропусти во анализата на тимот на Мосон, вџашувачката разлика меѓу вакцинираната и невакцинираната популација во најмала рака би требало да покаже потреба за понатамошно истражување.

      Вакцинацијата, како што Мосон јасно тврди, има направено чуда при елиминирањето на некои од најопасните болести, со кои човештвото се соочило, но категоричното зголемување на бројот на вакцините што лекарите го препорачуваат, придружено со недостаток на студии за можни реакции меѓу нив, во најдобар случај невнимателниот налет да се имунизираат децата и адолесцентите со што повеќе вакцини го прави глупав.

      Вакцинирањето на децата останува одлука на родителите, но навистина информирана согласност доаѓа единствено со обемно истражување, проценка и проучување на секој замислив исход, без разлика дали позитивен или негативен.

      Овие супстанци, откако се вбризгани, не можат да бидат отстранети од човечкото тело. Одлуката дали целосно или делумно да се вакцинира – или пак да не се вакцинира воопшто – не треба слепо да се донесе само зашто мнозинството од медицинската заедница го препорачува тоа.  

      Науката има донесено иновација, напредок и подобрување на здравјето незамисливи пред век или два – но, науката не е совршена. После се, науката беше онаа што еднаш одамна ја имаше прогласено земјата за рамна плоча, околу која се врти универзумот.

      Да, за да донесеме информирана одлука за кој било медицински зафат, освен кон нас самите, навистина треба да се свртиме кон оние со поголемо знаење и едукација на темата – но, должност на сите нас е да разбереме дека нови сознанија можат драматично да ја сменат медицината.

     Знаејќи го ова и со бришењето на уште едно контроверзно истражување што ја преиспитува доминантната парадигма за вакцинирањето – изборот да ги вакцинирате Вашите деца е Ваш.

      Следат листи од истражувањето на Мосон, снимени пред да бидат избишани од Опен Аксес Текст.

 

 

 

 

 

 

 

 

Автор Клер Берниш

Извор