Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Пронајдена ДНК од фетални клетки во вакцина!

Италијанската организација Корвелва, неодамна објави нови податоци во врска со употребата на абортирани фетални клетки во производството на вакцините. Извештајот ги прикажува добиените резултати од анализата на MRC-5 клетките, особено оние што се содржани во тетравалентните вакцини против морбили – паротит-рубела-варичела (MMRV – GlacoSmithKline).


Тимот на Corvelva ги сумираше своите наоди во следниве заклучоци:

1- Утврдено е дека феталната клеточна линија му припаѓа на машки фетус.

2- Клеточната линија се презентира на таков начин што најверојатно е многу стара, оттаму конзистентна со декларираната линија од 1960-ите.

3- Феталната човечка ДНК претставена во оваа вакцина е целосно индивидуален геном, што значи дека геномската ДНК на сите хромозоми на индивидуата е присутна во вакцината.

4- Човечката геномска ДНК што се содржи во оваа вакцина е јасно, несомнено абнормална, претставувајќи значајни недоследности со типичниот хуман геном, односно, со тој на здрава индивидуа.

5- Тестирани се 560 гени за кои е познато дека се поврзани со форми на канцер и сите претрпеле значајни модификации.

6- Постојат варијации чии последици не се дури ни познати, сеуште не се пријавени во литературата, но кои сепак влијаат на гените инволвирани во предизвикување на човечки канцер.

7- Она што е очигледно абнормално е геномскиот остаток што покажува промени во бројот на копии и структурни варијанти.

Корвелва забележува дека, според директивите (кои се наоѓаат во извештајот), за присуството на ДНК од клеточните линии MRC-5 и WI-38, како диплоидни, не се предвидуваат горни граници – не постои ограничување на количината која тие можат да ја најдат во рамките на вакцина. Мотивацијата за ова лежи во фактот дека овие линии се сметаат дека не предизвикуваат тумори, затоа што имаат „конечен“ репликативен циклус.

Но, референтната литература е застарена. Првите генетски аномалии беа пронајдени на овие клеточни линии и се сметаа за занемарливи за безбедноста на вакцините пред 40 години. И како што е објавено во директивите на СЗО, од тогаш не се направени никакви ажурирања со нови технологии за секвенционирање, особено со Next Generation Sequencing (NGS).

Последица е што во вакцините што се аплицираат со децении е дозволено присуство на постепено генетски модифицирана ДНК и неконтролирано количество. NGS е методологијата што ја користи Corvelva за метагеномска анализа и лабораторијата што ја користевме се наоѓа во Соединетите Држави. Нашите анализи постојано се потврдуваат од повеќе лаборатории, континуираната верификација на првично добиените податоци доведува до консолидирање не само на самите податоци, туку и на самите методи.

Што велиме? Велиме дека ДНК што се содржи во овие вакцини е потенцијално ТУМОРОГЕНА и директивите на кои се повикуваат надзорните тела се НЕАДЕКВАТНИ. Уште повеќе, јавно објавуваме СЕРИОЗНО ОТСУСТВО на преземањето мерки на ПРЕТПАЗЛИВОСТ, кои од друга страна, се бараат за антацидните лекови.

Нашите резултати во голема мерка ги зајакнуваат експерименталните набудувања на д-р Тереза Дајшер, а особено фактот дека феталната ДНК е присутна во сите примероци анализирани и во различни количини (според тоа неконтролирани), е до 300 пати поголема од границата наметната од ЕМА за канцерогена ДНК ( 10 ng / доза, што одговара на ДНК содржано во приближно 1000 клетки на тумор, добиени од статистичка пресметка, додека границата на претпазливост е 10 pg / доза). Граница што исто така мора да се примени за ДНК на MRC-5 клеточните линии што несомнено ја контаминира Приорикс тетра.

Како резултат на ваквата контаминација, оваа вакцина треба да се смета за дефектна и потенцијално опасна по човековото здравје, особено за педијатарската популација која е многу поранлива во однос на генетски и автоимуни оштетувања.

Прочитајте го целосниот извештај на Corvelva или преземете го како pdf.

[Овие најнови анализи беа овозможени благодарение на активниот придонес на француското Здружение за слобода на избор при вакцинација Ligue Nationale Pour la Liberté des Vaccinations ) и Австралиската мрежа за ризици од вакцинација (Australian Vaccination-risks Network Inc.).]

Извор Childrens Health Defence