Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Прашање: Ми ги примија документите во училиште, но инсистираат да им однесам Изјава дека детето ќе го однесам на вакцинација. Како да постапам?

Одговор: Училиштето нема основ за вакво барање ниту има законски одредби според кои може да се повикува за да ви бара таква изјава, вклучувајќи го и Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, според кој училиштата само ги собираат потврдите за вакциналниот статус, а не преземаат никакви активности во врска со тоа.

Според нашите сознанија, во некои училишта им велат и да ги заверат на нотар, во други дури им кажуваат да наведат и краен датум до кога би вакцинирале, односно до 31 август.

Од пракса: Доколку ви бараат ваква изјава, прашајте да ве поучат според кој член и Закон да се повикате кога би ја пишувале таа Изјава бидејќи во Законот за основно образование не наоѓате такво нешто. Ако вака постапите, најчесто се повлекуваат и велат дека не мора да ја однесете, но да бидете контактирани ако тоа го побара инспектор.

Доколку сепак службите од училиштето инсистираат да однесете таков документ, ние подготвивме Изјава за вакцинација при упис која можете да ја симнете подолу.

Имајте на ум дека вакцинацијата е пропишана во повеќе закони од здравствената заштита, помеѓу кои и Законот за заштита на правата на пациентите. Според последниот секој има право на информирана согласност откако ќе биде известен за сите користи и ризици од вакцината.

ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДОКОЛКУ НОСИТЕ ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО УЧИЛИШТЕ, ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕТЕ И БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ ДО ДИСПАНЗЕР КОЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА ИСТАВА ОВАА СТРАНИЦА.

Изјава-за-вакцинација-за-упис