Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Прашање: Добив потврда од диспанзер за (не)примени вакцини, но во неа исто така пишува дека родителите ОДБИВААТ да ги вакцинираат своите деца. Како да постапам?

Одговор: Доколку сте сигурни дека НИКОГАШ не сте потпишале изјава за одбивање на вакцинација (внимавајте, при породување ако сте кажале дека не сакате, можеби ви дале подготвена изјава, или подоцна во некој диспанзер), можете да барате да ви ја заменат таа Лекарска потврда како во училиштето при упис би однеле Потврда каде нема да стои дека ОДБИВАТЕ вакцинација. Овој момент можеби не ви изгледа важен во овој момент, но може да има идни последици. Затоа е добро никаде да не стои дека одбивате вакцинација, туку барате информации врз основа на кои ќе донесете информирана согласност, како што всушност го бара тоа од нас Законот за заштита на правата на пациентите.

Доколку сакате да ја замените Потврдата за вакцинален статус каде нема да стои дека одбивате вакцинација, испечатете го и пополнете го Барањето до диспанзер – одговор на потврда со ОДБИВА во два примероци и доставете го во диспанзерот од каде ви ја издале првата потврда каде е наведено дека одбивате. Со барањето барате да ви дадат копија од вашата изјава дека сте одбиле вакцинација, како и да ви издадат нова потврда каде нема да стои нивно неосновано, произволно мислење.

Барање_до_диспанзер_одговор_на_потврда_со_ОДБИВА

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.