Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Податоците за безбедноста на вакцината против хепатит Б за новороденчиња недостасуваат

Агенцијата за храна и лекови на САД ја одобри Recombivax HB, вакцината против хепатит Б за новороденчиња, врз основа на клинички испитувања извршени само на 147 доенчиња и деца кои биле следени само пет дена – објавено од д-р Мекола

 

 

На кратко:

-Податоците за безбедноста на Recombivax HB, вакцината против хепатит Б за новороденчиња, за жал, недостасуваат, бидејќи Агенцијата за храна и лекови (FDA) на САД ја одобри вакцината врз основа на клинички испитувања извршени само на 147 доенчиња и деца и следени само пет дена.

-Постојат четири вакцини против хепатит Б, од кои две се одобрени за доенчиња; втората одобрена вакцина за доенчиња е Engerix-B, а податоците за клиничката безбедност покажуваат дека доенчињата и децата биле следени само четири дена во овие испитувања.

-Повеќето доенчиња не се изложени на висок ризик за хепатит Б. Има подобра финансиска и здравствена смисла да се тестираат мајките пред раѓањето и да се вакцинираат само оние доенчиња родени од мајки со активна или хронична инфекција со хепатит Б, одложувајќи ја вакцинацијата кај другите доенчиња додека не пораснат. .

-Тековниот распоред за вакцинација кај децата, вклучува 19 потенцијални дози вакцини и една експериментална инјекција на mRNA до 6-месечна возраст на доенчето. Многу од нив содржат алуминиум, кој го зголемува ризикот кај детето од перзистентна астма во детството.

 

Со годините на пандемијата  многу  работи станаа очигледни, како што видовме дека резултатите од политички и финансиски водени политики за јавно здравје може да бидат поразителни. И, како што сѐ повеќе и повеќе вакцини се додаваат во Календарот на децата и на возрасните, станува јасно дека треба да има отворена и рационална дискусија за тоа како вакцините се вклопуваат во политиката за јавно здравје и што нудат за заштита од заразниte болести. Едно нешто што е сигурно е дека сите сакаме нашите деца да бидат здрави и безбедни од непотребна штета.

Како и да е, како водечки адвокат за Informed Consent Action Network (ICAN) – Арон Сири, објаснува дека само еден пример за небрежност во регулативите е жалниот недостаток на податоци за безбедноста на вакцината против хепатит Б за новороденчиња.

 

 

 

 

На новороденчињата им се дава вакцина за хепатит Б без соодветни податоци за безбедноста

 

Пред новороденчето да ја напушти болницата, му се дава една вакцина за хепатит Б, иако безбедносните податоци за неа се оскудни, ако дури и толку.

Според Сири, клиничките испитувања дизајнирани да ги заштитат новороденчињата вклучиле само 434 дози Recombivax HB дадени на 147 здрави доенчиња и деца до 10-годишна возраст, а овие деца биле следени само пет дена по секоја доза.

Со други зборови, тестирањето беше направено не само на доенчиња, туку и на постари деца чиј имунолошки систем е многу различен од оној на новороденчето. Дополнително, имало само 147 доенчиња и деца – вкупно, вклучени во три клинички студии, што значи дека имало многу помалку доенчиња кои ја примиле вакцината пред да биде пуштена и одобрена во детскиот распоред за вакцини.

Ако сакате подетално да ги погледнете клиничките испитувања и информациите за сите вакцини, можете да пребарате „FDA vaccines licensed for use in the United States“. Тоа ќе ве доведе до страна на веб-страницата на FDA со список на сите имиња на производи и трговско име. Кога ќе кликнете на специфична врска за вакцина, ќе ве однесе до страницата на FDA за вакцината на која ќе најдете врска за упатството. Како што опишува Сири, делот 6.1 од секое упатство во пакувањето вклучува информации за клиничките испитувања што АХЛ ги користела за одобрување на вакцина.

Вкупно има четири вакцини против хепатит Б одобрени за употреба, но само две се одобрени за употреба кај доенчиња – Recombivax HB произведена од Merck и Engerix-B од GlaxoSmithKline Biologicals. Според упатството, најчесто пријавените несакани реакции вклучуваат треска од над 38 степени, дијареа, замор и слабост, намален апетит и ринитис. Сири, исто така, забележува дека нема индикации дека има контролна група во студиите. Тој го споредува недостигот на податоци во клиничките испитувања за Recombivax HB даден на новороденчиња со вакцините за КОВИД-19 кои беа лиценцирани по забрзана постапка. Споредбено, студиите за КОВИД-19, за кои знаеме дека не биле соодветни,  изгледаат восхитувачки.

На пример, Сири забележува дека инјекцијата за COVID-19 имала шестмесечни податоци за безбедноста, додека за вакцината Recombivax HB ги следеле децата само пет дена. Испитувањата за COVID-19 вакцината на Pfizer вклучија 46.331 учесник во клиничко испитување од Фаза 3, додека Recombivax HB тестираше само 147 доенчиња и деца. И, особено, „се чинеше дека нема контролна група за вакцината против хепатит Б“, вели Сири. „И дури и да имало, што ќе правите со податоците за 147 деца? Верувајќи дека ова можеби е грешка, групата на Сири поднесе Барање според Законот за слобода на информации, за студиите што АХЛ ги користела за одобрување на Recombivax HB. Податоците потврдија дека следењето за безбедноста се случувало само пет дена откако биле дадени инјекции на новороденчиња,  на 1-месечни и 6-месечни бебиња.

GlaxoSmithKline Biologicals беше уште полош, бидејќи за Engerix-B вакцината следењето за безбедноста  траеше само четири дена:

Ова се единствените две вакцини што може да ги добие новороденчето во Америка“, вели Сири.

„Тоа е првата инјекција што ја добиваат во животот. Значи, би рекол дека смешно може да биде премногу мека придавка за да се опише тој период на преглед на безбедноста“.

Во име на ICAN, фирмата на Сири поднесе петиција до FDA со барање за или соодветно клиничко испитување за да се утврдат несаканите ефекти и ефикасноста или повлекување на лиценцата на Мерк. Според законот, АХЛ имаа рок од шест месеци да одговорат на таквото барање кое, според Сири, е истечено. Откако не добија формален одговор од АХЛ, планот е да ја тужи АХЛ пред федералниот суд за ова прашање.

 

 

Повеќето доенчиња не се изложени на висок ризик за хепатит Б

 

Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), водечките начини на пренос вклучуваат ширење кога заразената крв, сперма или други телесни течности се пренесуваат на незаразено лице. Ова се случува преку заеднички игли или друга опрема за лекови, сексуален контакт или од мајка на бебе при раѓање. Со други зборови, веројатноста детето да се зарази со хепатит Б, освен при раѓање, е исклучително ниска.

За многу луѓе, тоа е краткотрајна болест, но може да стане хронична и да доведе до цироза на црниот дроб или рак на црниот дроб. Постои едноставен тест на крвта кој го открива присуството на вирусот, наречен површински антиген. Доколку тој тест е позитивен, потребно е дополнително тестирање за да се утврди дали инфекцијата е акутна или хронична. Тестот за површинскиот антиген чини помеѓу 24 и 69,99 долари во зависност од областа на земјата и лабораторијата што го прави тестот. За споредба, секоја вакцина против хепатит Б за доенчиња го чини давателот (педијатарот) помеѓу 26 и 27 долари по вакцина – но тие ја наплаќаат многу повеќе, до четири пати поголема од нивната цена. Може да платите од 118 до 140 долари по инјекција во зависност од вашиот провајдер.

Податоците покажуваат дека ризикот невакцинираното новороденче да добие хепатит Б за време на раѓањето може да биде до 100% кога е родено од мајка позитивна на антиген на хепатит Б. Меѓутоа, бидејќи имунолошкиот систем на новороденчето не функционира на ист начин како и на постаро дете или на возрасен, зарем нема да има пологично да се потрошат 25 долари за тестирање на мајките пред раѓањето и да се вакцинираат само оние доенчиња чии мајки имаат акутна или хронична инфекција со хепатит Б?

 

 

Распоред на вакцини во детството: 20 вакцини пред 6 месеци

 

Во драгоцените рани месеци од животот, кога мозокот и имунолошкиот систем на доенчето продолжуваат да растат, повеќето добиваат до 20 инјекции вакцини за кои на родителите им е кажано дека ќе го заштитат нивното дете. Покрај вакцинацијата на новороденчето за хепатит Б, на 2 месеци добиваат шест дози вакцина, вклучувајќи втора вакцина против хепатит Б, дифтерија, тетанус, пертусис, Хемофилус инфлуенца тип б, пневмококен конјугат и инактивиран полиовирус. Некои од нив се повторуваат на 4 месеци и 6 месеци, кога го примаат и првото вакцинирање против грип и КОВИД-19. Сè што е кажано, има потенцијално 19 дози на вакцина и една доза на експериментална инекција со mRNA што доенчето би можело да ја прими до 6-месечна возраст.

Според секое упатство на вакцините, во Дел 6.1, податоците од клиничките испитувања не им нудат на родителите силна индикација за тоа што може да се случи кога нивното новороденче и мало дете ќе ги добијат овие дози:

Бидејќи клиничките испитувања се спроведуваат под широко различни услови, стапките на несакани реакции забележани во клиничките испитувања на вакцината не можат директно да се споредат со стапките во клиничките испитувања на друга вакцина и може да не ги одразуваат стапките забележани во пракса“.

 

 

Алуминиумот во вакцината против хепатит Б ја влошува астмата

 

Според ЦКБ, една негативна страна при следење на распоредот за детска вакцинација, е постојаната астма поврзана со изложеност на алуминиум. Алуминиумот е најчестиот адјуванс во вакцините, а вакцината против хепатит Б е една од оние вакцини што го имаат во својот состав.

И покрај неговата невротоксичност, производителите додаваат алуминиум во вакцините за да создадат засилен воспалителен одговор кој теоретски генерира повисоки заштитни антитела. Сепак, сè поголем број родители велат дека повторената изложеност на вакцини со алуминиум може да им наштети на нивните деца. Навистина, претходните студии на животни покажаа дека алуминиумот го зголемува ризикот од алергија со индуцирање на имунолошки одговор пристрасен кон Th-2 клетките. Со други зборови, алуминиумот предизвикува прекумерно активирање на Т-клетките, што потоа ги влошува алергиските одговори.

Познато е дека ова влијае на воспалението на дишните патишта и хиперреактивноста што се јавува кај децата со алергиска астма. Во јануарската студија со 326.991 дете родени од 2008 до 2014 година, тие тргнаа да ја проценат „поврзаноста помеѓу кумулативната изложеност на алуминиум од вакцините пред 24-месечна возраст и постојаната астма на возраст од 24 до 59 месеци“. Тие открија дека постои 1,26 и 1,19 пати поголем ризик од перзистентна астма за секој дополнителен милиграм изложеност на алуминиум поврзан со вакцината. Набљудувачката студија избегна да каже дека се докажува врската помеѓу вакцините што содржат алуминиум и астмата. ЦКБ, исто така, изјави дека нема намера да ги менува препораките за вакцините само врз основа на оваа студија.

Сепак, истражувачите истакнаа дека стапките на астма кај децата во САД постојано се зголемувале во 1980-тите и 1990-тите, а потоа останале стабилни од 2001 година. Датумот од 2001 година е значаен, бидејќи повеќето вакцини што содржат алуминиум беа додадени во распоредот за детски вакцини пред 2001 година. Ова ги вклучува, на пример, дифтерија, тетанус и ацелуларна пертусис (DTaP), хепатит Б, некои формулации на Haemophilus influenzae тип Б (Hib) и пневмококни конјугирани вакцини.

 

 

Време е за рационални дискусии за безбедноста на вакцините

 

Неофицијалните истражувања сугерираат дека високо вакцинираните деца може да имаат повеќе хронични здравствени проблеми од невакцинираните деца и дека невакцинираните деца имаат далеку помала стапка на инциденца на аутизам.

Студијата од 2014 година објавена во Весникот за јавно здравје и епидемиологија покажа дека зголемувањето на аутистичкото нарушување кореспондира со воведувањето вакцини кои користат човечки фетални клеточни линии и ретровирусни загадувачи.

Кога ќе земете предвид и дека САД беа првата нација што додели Овластување за итна употреба (EUA) за вакцини против COVID-19 за деца на возраст од 6 месеци и дека Советодавниот комитет за практики на имунизација на ЦКБ, или ACIP, штотуку ги додаде во Календарот на вакцини за деца (иако децата имаат најмал ризик од КОВИД-19 и затоа најмалку имаат потреба од вакцини) – јасно е дека е време за рационален дијалог за безбедноста на вакцините.

Но, за да имаме рационални дискусии, не можеме да ги игнорираме знаците дека задолжителната употреба на повеќекратни вакцини во раното детство НЕ е безбедна превентивна стратегија, особено затоа што немаме идеја колку животи на деца се жртвуваат во име на „поголемото добро“. Од моја гледна точка, нема сомнеж дека треба да ја разгледаме безбедноста и ефективноста на тековната програма за вакцинација, особено затоа што никогаш немало голема, перспективна, добро дизајнирана студија за да се оцени дали децата кои се невакцинирани или кои примиле помалку вакцини се повеќе или помалку здрави од децата кои ги примаат сите федерално препорачани вакцини.

Овие дискусии мора да вклучуваат методолошки издржани истражни студии кои не се компромитирани од конфликт на интереси во индустријата и владата. Добрата вест е дека денес има многу повеќе историски податоци за програмата за вакцини и ефектот што го има врз децата и семејствата. Само една студија која ги споредува здравствените резултати на вакцинираните и невакцинираните деца може да фрли поинаква светлина врз распоредот за вакцини во детството.

 

 

За да се обезбеди правна заштита, ја додадоа  „КОВИД вакцината“

 

Во уште еден приказ на жртвување деца за Биг Фарма и профит, САД станаа првата земја во светот што им додели Овластување за итна употреба  на Pfizer и Moderna вакцините за COVID-19 на мали деца и деца на возраст од 6 месеци.

FDA го издаде Одобрението (EUA) на 17 јуни 2022 година, а следниот ден ЦКБ  препорача сите мали деца да ја земат вакцината што е можно поскоро.

Сепак, како и со вакцината против хепатит Б, педијатриското Одобрение (EUA) се засноваше на исклучително слаби докази, дури и откако FDA ги намали барањата за ефикасност за педијатриската популација и иако децата имаат најмал ризик од COVID-19 и затоа имаат најмалку потреба од инјекциите.

Додавањето на нелиценцираните вакцини за COVID-19 на распоредот за вакцини за деца, адолесценти и возрасни беше одобрено со едногласно гласање 15-0 на Советодавниот комитет за практики на имунизација на ЦКБ.

Д-р Роберт Мелоун, пронаоѓач на основната платформа на технологијата за mRNA и ДНК вакцини, рече дека овој потег веројатно ќе ја уништи преостанатата доверба на Американците во ЦКБ, „како и што треба. Шокиран сум од злоупотребата. Воопшто немам доверба во нашиот јавно здравствен систем. Скршена е.“ -рече тој.

Зошто брзање за вакцини за мали деца?  – прашува членот на уредувачкиот одбор на Вол Стрит Журнал – Алисија Финли во авторски текст од 4 јули 2022 година. Навистина, го поставив истото прашање и мило ми е што WSJ како медиум имаше храброст да го објави.

Суровата вистина е дека АХЛ и ЦКБ повеќе не се занимаваат со заштита на јавното здравје. Тие обезбедуваат профит за индустријата за лекови, а Одобрувањето за доенчиња и мали деца беше првиот клучен чекор кон обезбедување трајна правна заштита за производителите на лекови. Со додавање на вакцините во распоредот за вакцини, се отвора патот за училиштата во САД да можат да ги бараат за да можат да присуствуваат децата.

Вакцините беа додадени и во програмата „Вакцина за деца“, која обезбедува вакцини за деца без или со ниска цена, со помош на федерално финансирање.

На Pfizer и Moderna, производителите на вакцини, ќе им се додели и трајно правно заштитување, кое инаку би исчезнало откако инјекциите за COVID-19 веќе не би биле заштитени со Одобрение за итна употреба. Значи, причината поради која АХЛ и ЦКБ постапуваа и продолжуваат да дејствуваат толку ирационално и ги игнорираат безбедносните сигнали е тоа што тие не работат за да ве заштитат. Тие работат за индустријата за лекови и штотуку ги продадоа нашите деца.