Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Морбили – Што треба да знаат родителите

„Лекари за информирана согласност“ (PIC) е независна, непрофитна образовна организација посветена на заштита на информираната согласност за вакцинација. Тие изготвија рецензирани материјали за болеста и вакцината за морбили, овозможувајќи им на пациентите и докторите сами да ги проценат придобивките и ризиците од болеста, но и од вакцината.


Морбили – Информации за болестa

1.Малите сипаници се самоограничувачка вирусна инфекција во детството

  • Симптомите на морбили вклучуваат продромална (почетна) фаза на кашлица, течење на носот, надразнување на очите и треска, проследено со генерализиран осип на меѓу четвртиот и десетиот ден од болеста. (1)
  • Малите сипаници се заразни за време на продромалната фаза и 3-4 дена по појавата на осипот.(1)
  • Повеќето случаи на морбили се бенигни и не се пријавуваат во одделенијата за јавно здравје.(2)
  • Пред да се воведе програма за масовна вакцинација на мали сипаници, скоро сите лица до 15 години, заболувале од мали сипаници и добиле доживотен имунитет. (1)
  • Во ретки ситуации, малите сипаници можат да предизвикаат оштетување на мозокот и смрт.(3,4)

 2. Кои се ризиците?

Во модерната ера ретко е да се претрпи трајна инвалидност или смрт од мали сипаници во САД. Помеѓу 1900 и 1963 година, стапката на морталитет на мали сипаници се намалила од 13,3 на 100 000, на 0,2 на 100 000 во популацијата, поради напредокот во условите за живот, исхраната и здравствената заштита (пад од 98%).(2,5) Слабата ухранетост, особено дефицитот на витаминот А, е примарна причина за смртност од морбили на околу 90.000 случаи годишно во неразвиените земји.(6) Во САД и во други развиени земји, 75-92% од хоспитализираните случаи на мали сипаници се со ниско ниво на витамин А.(7,8)

Истражувачките студии и националното следење на мали сипаници го документираа следново:

  • 1 на 10 000 или 0,01% случаи на мали сипаници се фатални.(3)
  • 3-3,5 на 10.000 или 0,03-0,035% случаи на мали сипаници резултираат со конвулзии.(9)
  • 1 во 20.000 или 0,005% случаи на мали сипаници резултираат со енцефалитис предизвикан од истите.(4)
  • 1 во 80.000 или 0,00125% од случаите резултираат со трајна инвалидност од енцефалитис предизвикан од мали сипаници.(4)
  • 7 од 1.000 или 0,7% од случаите се хоспитализирани.(10)
  • 6 до 22 во 1.000.000 или 0.0006-0.0022% од случаите резултираат со субакутен склерозен паненцефалитис (SSPE).(11)

3. Кои третмани се достапни за морбилите?

Бидејќи малите сипаници се решаваат сами по себе во скоро сите случаи, обично е потребен само потпорен третман. Како такви, опциите за третман го вклучуваат следново:

    – Одмор
    – Хидратација
    – Високи дози на витамин А (12)
     – Имуноглобулин (достапен за имунокомпромитирани пациенти, како што се оние на хемотерапија) (13)

СЗО препорачува третирање на тешки случаи на морбили, со високи дози на витамин А (50000-200000 ИЕ – орално, во 2 последователни денови).

4. Дали има корист од прележување на морбили?

Постојат студии кои укажуваат на поврзаност помеѓу природно стекната инфекција со морбили и намален ризик од Хоџкин и не Хоџкин лимфоми, како и намален ризик од атопични болести како што се поленска треска, егзема и астма.(14-18) Покрај тоа, инфекциите со мали сипаници се поврзани со помал ризик од смртност од кардиоваскуларни болести во зрелоста.(19) Исто така, доенчињата родени од мајки кои имале природно стекнат имунитет на мали сипаници, се заштитени од морбили преку имунитетот на мајката подолго од доенчиња родени од вакцинирани мајки.(20)

5. Што со вакцината за мали сипаници?

Вакцината против мали сипаници беше воведена во САД во 1963 година и сега е достапна само како компонента на вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (MРП). Тоа значително ја намали инциденцата на мали сипаници. Сепак, вакцината не е способна да ги спречи сите случаи на мали сипаници. Пријавени многу неуспеси.(21) Упатството на производителот содржи информации за состојките на вакцината, несаканите реакции и проценките на вакцините. На пример, „MMR II вакцината не е евалуирана за канцероген или мутаген потенцијал или потенцијал да ја наруши плодноста“. (11) Исто така, ризикот од трајна повреда и смрт од MРП вакцината не е докажан дека е  помал од оној на мали сипаници.(22, 23)

Но, дали МРП вакцината е побезбедна од инфекцијата со морбили?

Извор

 

Референци

  1. Centers for Disease Control. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington D.C.: Public Health Foundation; 2015. 209-15.
  2. Помеѓу 1959 и 1962 година, годишно имало околу 4 милиони случаи, од кои 440.000 (11%) биле пријавени.
    • Centers for Disease Control. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington D.C.: Public Health Foundation; 2015. Appendix E3.
    • Centers for Disease Control. Measles prevention: recommendations of the Immunization Practices Advisory Committee (ACIP). Morbidity and Mortality Weekly Report. 1989; 38(S-9):1.
  3. Помеѓу 1959 и 1962 година, годишно имало 400 смртни случаи од морбили на 4 милиони случаи, околу 1 на 10.000 случаи.
    • Ист извор, како реферeнца 2.
    • Langmuir AD, Henderson DA, Serfling RE, Sherman IL. The importance of measles as a health problem. Am J Public Health Nations Health. 1962 Feb;52(2)Suppl:1-4.
  4. Следењето на морбилите во 1980-тите и 1990-тите покажало дека бројот на случаите на енцефалитис предизвикан од мали сипаници е 50% од бројот на смртни случаи од морбили, 1 во 20.000 случаи (50% од 1 на 10.000 случаи на смрт). Од овие случаи, 25% (1 во 80.000 случаи) резултираат со резидуална невролошка повреда.
    • Ист извор како 1 и 3.
  5. Grove RD; Hetzel AM; U.S. Department of Health, Education, and Welfare. Vital statistic rates in the United States 1940-1960. Washington D.C.: U.S. Government Printing Office;1968. 559-603.
  6. Стапката на смртност од мали сипаници во неразвиените земји, каде што недостигот на витаминот А е распространет, е околу 3-6% од пријавените случаи. Значи 30 до 60 пати повисоки отколку во развиените земји.
  7. Butler JC, Havens PL, Sowell AL, Huff DL, Peterson DE, Day SE, Chusid MJ, Bennin RA, Circo R, Davis JP. Measles severity and serum retinol (vitamin A) concentration among children in the United States. Pediatrics. 1993 Jun;91(6):1177-81.
  8. Hussey GD, Klein M. A randomized, controlled trial of vitamin A in children with severe measles. N Engl J Med. 1990 July;323(3):160-4.
  9. Ист извор како 1 и 3.
  10. Centers for Disease Control. Current trends measles—United States, 1989 and first 20 weeks 1990, June 1990. MMWR. 1990;39(21):353-5,361-3.
  11. U.S. Food and Drug Administration: M-M-R II (measles, mumps, and rubella virus vaccine live). Whitehouse Station: Merck & Co., Inc.; c1971 [cited 2017 June 21]. https://www.fda.gov/downloads/biologicsbloodvaccines/vaccines/approvedproduct/ucm123789.pdf.
  12. Perry RT, Halsey NA. The clinical significance of measles: a review. J Infect Dis. 2004 May 1;189 Suppl 1: S4-16.
  13. California Department of Public Health. Measles investigation quicksheet. May 2011.
  14. Alexander FE, Jarrett RF, Lawrence D, Armstrong AA, Freeland J, Gokhale DA, Kane E, Taylor GM, Wright DH, Cartwright RA. Risk factors for Hodgkin’s disease by Epstein-Barr virus (EBV) status: prior infection by EBV and other agents. Br J Cancer. 2000 Mar;82(5):1117-21.
  15. Glaser SL, Keegan TH, Clarke CA, Trinh M, Dorfman RF, Mann RB, DiGiuseppe JA, Ambinder RF. Exposure to childhood infections and risk of Epstein-Barr virus—defined Hodgkin’s lymphoma in women. Int J Cancer. 2005 Jul 1;115(4):599-605.
  16. Montella M, Maso LD, Crispo A, Talamini R, Bidoli E, Grimaldi M, Giudice A, Pinto A, Franceschi S. Do childhood diseases affect NHL and HL risk? A case-control study from northern and southern Italy. Leuk Res. 2006 Aug;30(8):917-22.
  17. Shaheenet SO, Aaby P, Hall AJ, Barker DJ, Heyes CB, Shiell AW, Goudiaby A. Measles and atopy in Guinea-Bissau. Lancet. 1996 Jun 29;347:1792-6.
  18. Rosenlund H, Bergström A, Alm JS, Swartz J, Scheynius A, van Hage M, Johansen K, Brunekreef B, von Mutius E, Ege MJ, Riedler J, Braun-Fahrländer C, Waser M, Pershagen G; PARSIFAL Study Group. Allergic disease and atopic sensitization in children in relation to measles vaccination and measles infection. Pediatrics. 2009 Mar;123(3):771-8.
  19. Kubota Y, Iso H, Tamakoshi A, JACC Study Group. Association of measles and mumps with cardiovascular disease. The Japan Collaborative Cohort (JACC) study. Atherosclerosis. 2015 August;241(2):682-6.
  20. Waaijenborg S, Hahné SJ, Mollema L, Smits GP, Berbers GA, van der Klis FR, de Melker HE, Wallinga J. Waning of maternal antibodies against measles, mumps, rubella, and varicella in communities with contrasting vaccination coverage. J Infect Dis. 2013 Jul;208(1):10-6.
  21. Poland GA, Jacobson RM. The re-emergence of measles in developed countries: time to develop the next-generation measles vaccines? Vaccine. 2012 Jan 5;30(2):103-4.
  22. Physicians for Informed Consent. Measles – vaccine risk statement (VRS). Dec 2017. https://www.physiciansforinformedconsent.org/measles/vrs.
  23. Demicheli V, Rivetti A, Debalini MG, Di Pietrantonj C. Vaccines for measles, mumps and rubella in children. Cochrane Database of Syst Rev. 2012 Feb 15;(2).
  24. 10 leading causes of death by age group, United States—2015. Atlanta: Centers for Disease Control and Prevention [cited 2017 June 21]. https://www.cdc.gov/injury/images/lc-charts/leading_causes_of_death_age_group_2015_1050w740h.gif.
  25. U.S. Department of Health, Education, and Welfare. Vital statistics of the United States 1962, volume 2—mortality, part A. Washington D.C.: U.S. Government Printing Office; 1964. 94.