Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Митови и факти за вакцините против грип

Анализата што следи на независниот новинар Џереми Р. Хамонд, е одговор на бескруполозната политика на здравствените власти во САД, која има само една единствена цел – да се вакцинирате, а најважниот сегмент како информирана согласност – вешто се избегнува, намерно прекривајќи ги сите информации. Иако овие наведувања кај нас не се толку агресивни, бидејќи ние единствено СЗО ги следиме, а тие се за степен поблаги во изјавите во однос на ЦКБ, сепак препораките остануваат исти. Треба да се вакцинираат децата до 5 години, бремените жени, возрасните над 65 години, здравствените работници и хронично болните, нагласувајќи повторно дека „вакцините се безбедни и ефикасни“ и дека „Најефективен начин да се спречи инфекција со грип или тешки компликации е вакцинацијата!“.


 

 

Вовед

 

Повторно е сезона на пропаганда против грип, затоа внимавајте на дезинформациите одобрени од владата, од вашиот лекар!

Како пример, земете го Munson Healthcare, провајдер во мојата родна држава Мичиген, кој ги упатува пациентите на својата страницата „Митови и факти“, наменета да ја надмине „колебливоста“ за вакцините против грип, бидејќи секоја одлука да не се прифати вакцина се нарекува така во литературата. Основната претпоставка зад истражувањето за „колебливоста на вакцината“ е дека не постојат легитимни причини да не се прифати ниту една вакцина препорачана од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦКБ), освен тесно дефинираните „контраиндикации“ на ЦКБ за вакцинација, кои не вклучуваат состојби како што се митохондријално нарушување, иако американската влада призна дека тоа може да биде генетска предиспозиција кај децата за повреда од вакцини.

Понатамошната претпоставка што лежи во основата на ова тело на литература е дека секој што ќе одлучи дека не би било во нивен најдобар интерес строго да се усогласат со препораките на ЦКБ, едноставно мора да биде погрешно информиран. Аксиоматично е дека никој што разбира колку се навистина чудесни вакцините, не може да донесе рационална одлука да не се вакцинира. Основната цел на истражувањето за „колебливоста“ на вакцините е да се обиде да открие како да создаде поефикасна пропаганда за да ги заведе луѓето да се усогласат. Со секоја вакцина, ќе видите дека истите основни точки за разговор се повторуваат постојано, без разлика дали изворот е службеник за „јавно здравство“, главен медиум, фармацевтска компанија или давател на здравствена заштита.

Страницата „Митови и факти“ на Мансон дава корисно резиме на клучните пропагандни тврдења за вакцините против грип, па ајде да ги погледнеме.

 

 

 

Мит: вакцините против грип не можат да го зголемат ризикот од развој на болест слична на грип

 

Првиот „мит“ претставен  на страницата е одличен пример за аргументација  „тресење празна слама“.

Мансон правилно истакнува дека не е вистина дека „вакцната против грип може да ви го даде вирусот на грип“. Станува збор за инактивирани вирусни вакцини, а не вакцини со „живи“ вируси и затоа вакцините против грип не го носат истиот ризик како вакцините со живи вируси да предизвикаат инфекција. Но, кој мисли дека вакцините против грип се вакцини со живи вируси потенцијално способни да предизвикаат инфекција? Длабоко ги истражував вакцините против грип и вакцините воопшто, и веќе години поминав длабоко вклучен во движењето за слобода на здравјето. Не можам да ја исклучам можноста случаите да ми избегале од сеќавањето, но не се сеќавам дека некогаш сум видел да се шири тврдењето дека вакцините против грип се вакцини со живи вируси. Оваа конкретна точка за разговор е намерно поставена за да ги одврати луѓето од она што знаат и со право го споделуваат со другите, дека годишната вакцинација против грип може да го зголеми ризикот од добивање грип.

Студиите во Канада покажаа дека примањето на вакцината против сезонски грип, за сезоната 2008-2009, е поврзана со зголемен ризик од болест поради новиот вид на грип А(Х1Н1) кој се појави и беше означен како пандемија. Се претпоставува дека овој ефект се должи на феноменот на „оригиналниот антигенски грев“, при што имуните системи на вакцинираните луѓе беа фиксирани на генерирање одговори на сезонскиот вид, а не против пандемскиот вид, како што би се случило доколку тие беа имунолошки наивни. Оригиналниот антигенски грев е забележан и кај инфекцијата со грип, но бидејќи природниот имунитет е супериорен, тој сепак претставува опортунитетен трошок за вакцинацијаta. Луѓето кои не примиле вакцина против сезонски грип имаа релативно поголема способност да подигнат соодветни имунолошки реакции на пандемијата.

Други студии ја поддржуваат хипотезата. Студијата од 2011 година во Journal of Virology покажа дека годишното вакцинирање против грип го попречува развојот на робусниот имунитет посредуван од клетките, кој инаку би бил добиен од инфекцијата. Авторите заклучија дека годишната вакцинација против грип „може да ги направи малите деца кои претходно не биле заразени со вирус на грип поподложни на инфекција со пандемичен вирус на грип од нов подтип“.

 

Рандомизирано, плацебо контролирано испитување објавено во 2012 година во Clinical Infectious Diseases покажа дека децата кои примале вакцина против сезонски грип, исто така, имале зголемен ризик од не-грипни инфекции  во деветте месеци по вакцинацијата. Ова е пример за она што во литературата се нарекуванеспецифични ефекти на вакцините. Со оглед на тоа што вакцината може да даде одредена заштита од целниот патоген, таа исто така може штетно да влијае на имунолошкиот систем на таков начин што ќе го направи поединецот поподложен на други болести.

Студијата на истражувачите на ЦКБ, објавена во Клинички инфективни болести, 2014 година, покажа дека колку повеќе луѓето биле вакцинирани во претходните години, толку помалку ефикасна вакцината против грип била во спречувањето на доминантната варијанта на грип А(H3N2) од последната сезона. Истражувачите на ЦКБ сугерираа дека „изложеноста на антигени на грип може преференцијално да ги прошири веќе постоечките мемориски одговори на историските вирусни антигени, на сметка на de novo одговорите на тековната вакцина или видот кој предизвикува инфекција во моментот. Кај повеќето луѓе, се чини дека вакцинацијата ги зајакнува веќе постоечките реакции на меморијата против антигенски поврзани, претходно циркулирачки соеви“. Тие, исто така, забележаа како нивното откритие „покренува релевантни прашања за потенцијалната интерференција на повторената годишна вакцинација против грип и можната резидуална заштита од вакцинацијата од претходната сезона“.

Студијата објавена во списанието Vaccine во 2018 година покажа дека децата кои примиле вакцина против сезонски грип немаат статистички значаен намален ризик од заболување од грип, но имаат зголемен ризик од респираторни патогени ( не од грип) во однос на невакцинираните деца. Значи, ако некогаш сте развиле симптоми слични на грип откако сте се вакцинирале против грип, не дозволувајте да ви кажат дека сѐ е во вашата глава. Навистина има податоци кои укажуваат дека ова може да биде ефект на вакцината. Ова е легитимна загриженост што ја имаат луѓето, но пропагандистите не можат да признаат каква било легитимна загриженост, па затоа настапуваат со нивниот слама аргумент дека вакцината не е жива вирусна вакцина.

 

 

Мит: Секому му е потребна годишна вакцина против грип

 

Аксиоматично е дека ако не сте примиле вакцина против сезонски грип и сте ја поминале сезоната на грип без да добиете грип, тогаш таа вакцина против грип не ви била потребна.

И покрај оваа логична вистина, Мансон инсистира на тоа дека е „мит“ дека „Јас сум здрав и никогаш не се разболувам, па затоа не треба да се вакцирам против грип“. Мансон, всушност, инсистира дека здравите луѓе кои никогаш не добиваат грип сепак треба да се вакцинираат против грип – како овие луѓе да немаат имунолошки систем способен да ја врши работата за која постои без оваа фармацевтска интервенција. Мансон тврди дека дури и екстремно здрави луѓе можат да заболат од грип и дека сериозни компликации „може да се појават кај секого“. Заклучокот на Мансон дека секому му треба вакцина против грип е сепак non sequitur заблуда. Таа не произлегува логично од премисата. За да се одговори на прашањето дали е потребен овој фармацевтски производ, потребна е индивидуализирана анализа на ризик-придобивка.

Мансон ги манипулира луѓето со негирање на оваа дополнителна вистина, смешно изразувајќи мислење како некој вид научен факт. Дополнително, Мансон тврди дека вакцините се докажани дека спречуваат сериозни компликации од грипот. Напротив, систематскиот преглед и мета-анализата од 2010 година на објавената литература за вакцинација против грип на здрави возрасни лица не најде докази дека вакцините против грип го намалуваат ризикот од компликации.

Во врска со тоа, четвртиот „мит“ што го презентира Мансон е дека „Вакцините против грип се само за деца“. Ова е, се разбира, уште едно наведување. Никој не тврди дека вакцините против грип се наменети само за деца. Секој знае дека ЦКБ ги препорачува вакцините против грип за сите на возраст од шест месеци па нагоре. Сите ние, без разлика на возраста, непрестајно сме бомбардирани со пораката дека треба да се вакцинираме против грип, па тешко дека можеме да не сме свесни за универзалноста на препораката. Овде, Мансон повторно тврди дека вакцините против грип ги спречуваат пропуштените работни денови, хоспитализациите и смртта, без да прикаже никакви докази за поддршка на тие тврдења.

 

 

Мит: Вакцините против грип го запираат преносот на вирусот

 

Како и  „митот“ дека „вакцините против грип се само за деца“, Мансон исто така тврди дека вакцините против грип го спречуваат преносот на грип. И децата и возрасните, тврди Мансон, треба да се вакцинираат „не само за да се заштитат себе си, туку и другите околу вас“, бидејќи „вакцината против грип помага да се запре ширењето!“

Всушност, како што е забележано и во систематскиот преглед од 2010 година, „нема докази дека вакцините спречуваат вирусно пренесување“. Студијата од 2018 година објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, PNAS, ги спореди примероците од здивот од луѓе со инфекција со грип и откри дека луѓето кои примиле вакцини против грип и од тековната и од претходната сезона, исфрлиле шест пати повеќе аеросолизиран вирус од луѓето кои ги прескокнале вакцините. Ова уште еднаш ја потврдува супериорноста на природниот имунитет.

Како што е забележано во една статија од мај 2021 година во Annals of Internal Medicine за која постар автор не беше никој друг туку д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID) под Националниот институт за здравје (NIH) и Главниот медицински советник на претседателот (акцент е додаден):

„Разликата помеѓу имунитетот што го штити вакцинираното лице од развој на симптоматска болест и имунитетот способен исто така да го прекине преносот на вирусот од вакцинираното лице е важна грижа за имунитетот на населението. Оваа разлика често се губи во дискусиите за колективната општествена одговорност да се вакцинираат за да се постигне соодветно ниво на имунитет на населението (стадото) за да се елиминира преносот. Неуспехот да се сфати оваа разлика може да доведе до лажно чувство кај вакцинираните дека се заштитени од инфекција и затоа не можат да пренесат на подложни контакти. Самата администрација на парентерално администрирани вакцини обично не резултира со силен мукозен имунитет кој може да ја прекине инфекцијата или преносот“.

Како што е забележано во трудот од 2004 година за вакцините против грип, во Journal of Infectious Diseases, „парентералната имунизација на наивниот домаќин не е ефикасно средство за стимулирање на мукозниот имунитет“.

Вакцините кои се администрираат преку игли, забележуваат авторите на трудот од 2017 година во Clinical and Experimental Vaccine Research, го заобиколуваат природниот пат на инфекција бидејќи „повеќето патогени најпрво ги инфицираат мукозните површини“, што резултира со развој на мукозен имунитет. Ова уште еднаш ја илустрира потребата да се земе предвид супериорниот природен имунитет како опортунитетен трошок за вакцинација.

Накратко, Мансон се обидува да ги убеди луѓето да добијат вакцина против грип со едноставно лажење дека тоа ќе ги спречи да го шират вирусот.

 

 

Мит: вакцините против грип се многу ефикасни

 

Следниот „мит“ што го подарува Мансон е љубопитно формулиран: „Вакцината против грип не спречува да добијам грип. Која е поентата да ја добијам?“

Поентата за разговор презентирана овде очигледно е наменета да ги измами луѓето кои разбираат дека вакцините против грип не се многу ефикасни во спречувањето на инфекција и болест од грип. Мансон едноставно одбива да го признае овој факт, само опишувајќи дека вакцините против грип нема „100% да гарантираат дека нема да добиете грип“, додека инсистира на тоа дека вакцините против грип се генерално „многу ефикасни“.

Всушност, вакцините против грип генерално не се многу ефикасни. Како што е забележано во систематскиот преглед и мета-анализа од 2010 година на објавената литература за вакцинација против грип на здрави возрасни лица, во типична сезона на грип, 100 луѓе треба да се вакцинираат за само  едно лице  да  избегне заболување од грип. За да размислиме поинаку, тоа значи дека 99 од 100 луѓе и онака немаше да развијат грип доколку никогаш не ја примиле вакцината против грип.

Всушност, со оглед на ограничената ефикасност на вакцините против грип, авторите на прегледот заклучија дека податоците „се чини дека го обесхрабруваат користењето на вакцинацијата против грип кај здрави возрасни лица како рутинска мерка за јавно здравје“.

Последователниот преглед објавен во 2018 година  забележа дека базата на докази за препораката на ЦКБ остана несоодветна, со податоци што укажуваат на „скромна“ придобивка во најдобар случај, со можеби „мал ефект во спречувањето на симптомите на грип“.

Во најдобар случај, во текот на годините кога формулацијата на вакцината се совпаѓаше со циркулирачкиот вид на грип, вакцините беа 59% ефикасни во спречувањето на грип, претворено –  71 лице што требаше да се вакцинираат за да спречат еден случај на грип. Проценетата придобивка кај здрави возрасни лица беше „1% помал ризик да се доживее грип во текот на една сезона на грип“, а безбедносниот профил на вакцините остана „неизвесен“, што беше „одраз на големината на базата на докази“.

 

Во случај да се прашувате колку добро властите од „јавното здравје“ погодија кои видови да се вклучат во вакцините во последниве години, еве неколку наслови:

2018: „Вакцијата против грип нуди лоша заштита од најлошиот вид оваа година. Виновни се јајцата“.

2019 година: „Вакцината против грип може да не се совпаѓа, но сепак таа ви е потребна“

2020: „Овогодинешното вакцинирање против грип не се совпаѓа со она што циркулира. Еве што значи тоа

2021: „Овогодинешната вакцина против грип е ‘големо несовпаѓање’, вели истражувач“.

 

 

Мит: Науката вели дека вакцините против грип се најдобриот начин да се заштитите од грип

 

Повторувајќи го ЦКБ, Munson Healthcare ја предлага својата листа на „митови“ со тврдење дека годишното вакцинирање против грип е „најефективниот начин“ за спречување на грипот. Веќе видовме неколку причини да се сомневаме во тоа тврдење, но едноставниот факт на предметот е дека не постојат студии кои ги споредуваат стапките на грип помеѓу луѓето кои избираат да се вакцинираат за грип секоја година и луѓето кои ги прескокнуваат инјекциите, но водат здрав начин на живот, вклучително и одржување на доволни нивоа на витамин Д.

Следствено, тврдењето дека вакцините против грип се најдобриот начин за спречување на грипот не е поткрепено со научни докази.

 

 

Мит: Се покажа дека вакцините против грип го намалуваат ризикот од смрт кај постарите лица

 

Како што веќе беше дискутирано, Мансон тврди дека сите на возраст од шест месеци или постари треба да се вакцинираат против грип и дека тоа ќе го намали ризикот од смрт од грип. Товарот на смртните случаи од грип првенствено го носат постарите лица, така што имплицитното тврдење од Мансон дека вакцините против грип го намалуваат ризикот постарите луѓе да умрат од грип бара внимание. ЦКБ тврди дека вакцините против грип им ја даваат оваа придобивка на постарите луѓе. Меѓутоа, за да го поддржи тоа тврдење, ЦКБ се потпира на набљудувачки студии кои се дискредитирани од научната заедница.

Всушност, како што е забележано во една студија од 2005 година во Archives of Internal Medicine (која сега е JAMA Internal Medicine), и покрај значителното зголемување на опфатот со вакцинација кај постарите лица помеѓу 1980 и 2001 година, стапката на смртност од пневмонија и грип всушност значително се зголеми.

Еден преглед од 2008 година во Virology Journal на сличен начин забележа дека „стапките на смртност од грип и хоспитализација кај постарите Американци значително се зголемија во 80-тите и 90-тите години, во исто време кога стапките на вакцинација против грип за постарите Американци драстично се зголемија“.

Ефектот на вакцините против грип врз смртноста од грип – уште помалку нивниот ефект врз смртноста од сите причини – никогаш не бил проучен во клиничките испитувања, а подоцнежните студии покажале дека студиите на кои се потпира ЦКБ за да го поддржат своето тврдење биле фатално погрешни поради пристрасност во изборот познат како „пристрасност на здрави корисници“. Накратко, не беше тоа што постарите луѓе кои примиле вакцина против грип имаа помала веројатност да умрат таа сезона на грип, туку дека постарите луѓе кои беа толку изнемоштени што веројатно наскоро ќе умрат, имаа помали шанси да добијат вакцина против грип. Како што беше забележано во написот од 2006 година во International Journal of Epidemiology, големината на оваа покажана пристрасност за селекција „беше доволна за целосно да се откријат набљудуваните асоцијации“.

Со други зборови, не постојат добри докази за да се поддржи тврдењето за придобивка во смртноста од вакцинацијата против грип кај постарите лица.

 

 

 

Мит: Вакцините против грип се докажано безбедни за бремени жени

 

Навраќајќи се на првиот претставен „Мит“, Мансон го изразува мислењето – да не се меша со факт,  дека сите на возраст од шест месеци па нагоре треба да се вакцинираат, вклучувајќи ги и „бремените жени“. Импликацијата е дека вакцините против грип се покажале како безбедни за бремените жени и нивните бебиња во развој. Всушност, според системот за класификација што го користи американската Агенција за храна и лекови (FDA), што е задолжително означување на сите лекови за да се опише нивната безбедност и ефикасност за време на бременоста, сите лиценцирани инактивирани вакцини против грип се категоризираат како производи за кои „нема соодветни и добро контролирани студии кај бремени жени“.

Производителите на вакцини против грип избегнуваат правна одговорност за штетите предизвикани од нивните производи кај бремени жени со вклучување на предупредувањето во упатството на пакувањето: „Безбедност и ефикасност …не се утврдени кај бремени жени или доилки“.

Како што е забележано во прегледот од 2012 година во American Journal of Obstetrics & Gynecology, „податоците од предлиценсурата за безбедноста и ефективноста на вакцината против грип за време на бременоста практично не постојат“ бидејќи бремените жени обично се исклучени од рандомизирани, плацебо-контролирани испитувања. За да ги поддржи сопствените тврдења за безбедноста на вакцините против грип кај бремени жени, ЦКБ наместо тоа се потпира на постмаркетиншки набљудувачки студии. Така, ЦКБ лудо усвои понизок стандард на докази за безбедност конкретно за бремени жени.

Исклучувањето на бремените жени од клиничките испитувања на етичка основа покренува очигледно прашање: ако се смета дека е неетички бремените жени да учествуваат во клиничките испитувања, како не е исто така неетички да се препорача сите бремени жени да се вакцинираат во отсуство на клиничко испитување? Податоци кои покажуваат дека ова е безбедна практика и за мајката и за детето? На кој начин препораката за вакцинација против грип на ЦКБ не ја третира популацијата на бремени жени како субјекти на масовен неконтролиран експеримент без нивна соодветно информирана согласност?

Особено загрижувачки е фактот што ЦКБ не ги советува бремените жени барем да добијат верзија на вакцина против грип што не содржи конзерванс тимеросал, што е околу половина етил жива по тежина. Како што признаа истражувачите од FDA во 2001 година, откако се дозна дека рутинскиот распоред за детска вакцина на ЦКБ ги изложува доенчињата на кумулативни нивоа на жива што ги надминуваат сопствените безбедносни упатства на владата, „не се спроведени контролирани студии за да се испита токсичноста на ниските дози на тимеросал кај луѓето“. Сепак, истражувачите од FDA понатаму признаа, „слични токсиколошки профили помеѓу етил живата и метилживата“ – од кои последната е форма на жива пронајдена во рибите поради контаминација на животната средина, поради што на бремените жени им се советува да го ограничат внесот поради ризик од токсичност – „што сугерира дека невротоксичноста може да се појави и при ниски дози на тимеросал“.

За да го поддржи своето тврдење дека живата во вакцините против грип е „многу безбедна“, вклучително и за бремени жени, ЦКБ наведува шест опсервациски студии и преглед од 2004 година од Институтот за медицина, кој всушност ги признал методолошките ограничувања на набљудувачките студии; го опиша тимеросалот како „познат невротоксин“ кој ги поминува и крвно-мозочните и плацентарните бариери; призна дека дел од живата од изложеноста на тимеросал „се акумулира во мозокот“; и призна дека „тешките метали, вклучувајќи го и тимеросалот, можат да го повредат нервниот систем“.

На својата страница „Често поставувани прашања“ за тимеросал, ЦКБ ги упатува посетителите на дополнителна листа на студии кои наводно го поддржуваат тврдењето на ЦКБ дека етилживата е „многу безбедна“. Сепак, првата цитирана студија е истата студија на истражувачите на АХЛ, објавена во 2001 година во списанието Pediatrics, во која тие признаа дека етил живата е невротоксична дури и при мали дози и дека е можно изложеноста на жива од вакцините да предизвика невроразвојни абнормалности кај децата. .

Втората студија на списокот на ЦКБ, објавена во 2005 година во Environment Health Perspectives, всушност покажа во модел на примати дека, иако побрзо се елиминира од крвта од метилживата, етилживата е поупорна во мозокот. Така, самиот цитиран извор на ЦКБ директно противречи на неговото тврдење дека етилживата е „многу безбедна“ затоа што лесно се елиминира од телото. Далеку од тоа да го извлечат истиот заклучок како ЦКБ, авторите на студијата всушност заклучија дека владината употреба на токсикологијата на метил живата како референца за проценка на ризикот од изложеност на тимеросал е научно невалидна и дека употребата на жива во вакцините претставува значајна причина за загриженост.

Истакнувајќи дека „многу поголем дел“ на неорганска жива е пронајдена во мозокот на мајмуните изложени на тимеросал, тие понатаму забележале дека неорганската жива во мозокот е „поврзана со значително зголемување на бројот на микроглија во мозокот“ и дека „Докажан е ‘активен невроинфламаторен процес’ кај мозоците на аутистичните пациенти, вклучително и значително активирање на микроглија“. Во нивните заклучни забелешки, тие исто така изразија вознемиреност што Институтот за медицина, во својот извештај од 2004 година, имплицитно препорача да не се преземаат понатамошни истражувања за тестирање на биолошки веродостојната хипотеза дека вакцините можат да предизвикаат аутизам. „Овој пристап е тешко да се разбере“, забележаа тие, „со оглед на нашето сегашно ограничено знаење за токсикокинетиката и развојната невротоксичност на тимеросал, соединение кое било (и ќе продолжи да се инјектира) кај милиони новороденчиња и доенчиња“.

Далеку од поддршката на тврдењето на ЦКБ дека науката покажала дека изложеноста на жива од вакцините е „многу безбедна“, оваа студија всушност заклучи дека повеќе истражувања за невротоксичниот потенцијал на тимеросал и неговиот производ на распаѓање, етил живата, биле „итно потребни“ за да може да се извлечат какви било значајни заклучоци за „потенцијалните развојни ефекти од имунизацијата со вакцини кои содржат тимеросал кај новороденчиња и доенчиња“.

Би било излишно дополнително да се илустрира како цитираните извори на ЦКБ директно се во спротивност со тврдењата на ЦКБ за кои се цитирани тие извори. Заклучокот е дека доколку самите производители на вакцини ги кажат истите тврдења како ЦКБ за безбедноста на вакцинирањето бремени жени, тие би можеле да бидат тужени за измама. (За многу други примери кои ја демонстрираат навиката на ЦКБ за грубо погрешно карактеризирање на студиите, видете ја мојата статија „Криминалната препорака на ЦКБ за вакцинација против грип за време на бременоста“.) Додека установата за „јавно здравје“ им кажува на бремените жени да се вакцинираат за да ги избегнат потенцијалните воспалителни ефекти на инфекцијата со грип, вакцинацијата всушност гарантира дека овие жени ќе доживеат воспалителна имунолошка активација, што се подразбира дека е фактор на ризик за развојни абнормалности.

 

Студијата од 2017 година во JAMA Pediatrics покажа дека кај група од 196.929 деца родени помеѓу 2000 и 2010 година, на идните мајки им бил дијагностициран грип само во 0,7 проценти од случаите (а повеќето од нив не биле лабораториски потврдени и можеле да бидат предизвикани од било кои други вируси кои предизвикуваат болести слични на грип). Целта на студијата беше да се испита дали постои поврзаност помеѓу инфекцијата со грип или вакцинацијата за време на бременоста и ризикот од аутизам. Не беше пронајдена поврзаност помеѓу инфекцијата и аутизмот. Сепак, вакцинацијата против грип во текот на првиот триместар „беше поврзана со зголемен ризик“, што укажува на четири дополнителни случаи на аутизам на секои 1.000 вакцинирани жени. Авторите потоа несоодветно ги „поправале“ своите податоци со третирање на потенцијалните кофактори во развојот на аутизмот како конкурентни хипотези, со што несоодветната „корекција“ го исчезнала статистичкото значење на нивното откритие.

Во писмото –  одговор објавено во JAMA Pediatrics во кое се критикува студијата за користење на несоодветен метод за наводна „корекција“ на податоците, тим од италијански истражувачи понатаму забележал дека, со оглед на проценетите 100 здрави возрасни лица кои треба да се вакцинираат за да се спречи еден случај на грип, откритието на само две од секои 1.000 жени биле дијагностицирани со грип за време на бременоста, а набљудувањето дека 297 од секои 1.000 жени биле вакцинирани, вакцинацијата веројатно ќе предизвика повеќе воспалителни ефекти од грипот кај популацијата на бремени жени.

Со оглед на наодот пред „корекција“ на четири дополнителни случаи на аутизам на секои 1.000 жени вакцинирани за време на бременоста, истражувачите забележаа, „се чини разумно да се примени принципот на претпазливост и да се воздржи од вакцинирање жени или барем да се избегне вакцинација во првиот триместар од бременост“.

 

 

Заклучок

 

Се разбира, давателите на здравствени услуги како Мансон не можат да се мачат да ја запознаат јавноста со она што всушност е во медицинската литература и треба да се задоволат со регургитирање на дезинформациите одобрени од владата. Ова е едноставно затоа што целта на буквално целата таканаречена „јавна здравствена“ институција, вклучително и давателите на здравствени услуги, не е соодветно да ги едуцира поединците за да можат да направат сопствен избор, информиран. Наместо тоа, нивната цел е да создадат согласност за владините политики за вакцини преку залажување на луѓето за науката. Како и секогаш, она што тие велат дека науката го кажува за вакцините и она што всушност го знаеме од научната литература се две сосема различни работи. Установата за „јавно здравје“ едноставно не сака да знаете што навистина вели науката, и затоа продолжуваат да се преправаат како да нема легитимни причини да не се вакцинираат според препораките на ЦКБ. Транспарентноста на пропагандните говорни точки е особено просветлена кога станува збор за тврдењето дека на сите им е потребно годишно вакцинирање против грип.

 

 

Автор: Џереми Р. Хамонд

Извор

 

 

 

2024 © Developed by PROCESS IN. Hosted by  INHOST.