Пронајдено е дека вакцината против ротавирус е контаминирана со ретровирус. Rotarix на GlaxoSmithKline и RotaTeq на Merck – се контаминирани со ДНК на свински вирус. Но, има разлика помеѓу двете вакцини: Rotarix содржи делови од свински вирус кој не предизвикува болест кај свињите, додека RotaTeq содржи делови од свински вирус што ги убива малите свињи.
Колку мајки знаат дека кога Мерк-овата вакцина против дијареа е испрскана во устите на нивните двемесечни бебиња, тие голтаат делови од свински вирус што толку силно го потиснуваат имунолошкиот систем на малите свињи, пропаѓаат и можат да страдаат од респираторни, бубрежни, репродуктивни и мозочни оштетувања пред да умрат? Всушност, FDA ги прогласила двете ротавирусни вакцини за безбедни, иако и двете остануваат контаминирани, а податоци за безбедноста, за ПВЦ2 контаминацијата на Ротатек – не се оценувани од советот на FDA.
„Американската академија за педијатрија и лекарите треба да ги информираат родителите дека имаат избор и дека една ротавирусна вакцина е контаминирана со ДНК на смртоносен свински вирус, додека другата не е“. – Барбара Ло Фишер, NVIC.
Опасностите од ретровирусите во вакцините – др Џуди Миковиц
Контаминација на рота-вирусна вакцина
Гледајќи го составот на вакцините, можеме брзо да видиме дека секоја вакцина може да биде загадена со најмалку една фамилија на ретровируси од животинско потекло, од кои сите се поврзани со рак, хронично заболување на црниот дроб, СИДА, ALS, ME/CFS и аутизам.
Како само еден пример меѓу стотиците ретровирусни контаминации на вакцините, погледнете ја историјата на ротавирусната вакцина. Во 2010 година, Агенцијата за храна и лекови (ФДА) свика панел на експерти, за да ги разгледаат заклучоците дека ротавирусните вакцини што им се дадени на доенчињата во САД, Ротатек и Ротарикс, се контаминирани со свински вируси.
Ротарикс, орално администрирана ротавирусна вакцина, содржеше нуклеински киселини од вирус на свински цирковирус-1 (PCV1) и покажа дека RotaTeq содржи нуклеински киселини од двата PCV1 и PCV2 патогени кај свињите, кои се поврзани со слабеење и имунодефициенција.
Иако признаа дека краткорочниот и долгорочниот ризик од свинските цирковируси PCV1 и PCV2 се уште не е познат, советодавниот панел одлучи:
„Придобивките од вакцината ги надминуваат овие ризици“.
Иако технологијата за откривање на генетски контаминати во вакцините не беше достапна до релативно неодамна, пионерите на генетскиот инженеринг ги предвидоа опасностите од генерирање на нови вируси и бактерии кои можат да предизвикаат болести. Хоризонталниот пренос на ген (HGT) се однесува на директно преземање и инкорпорирање на генетскиот материјал од неповрзани видови, во овој случај од вирусните загадувачи во живите вирусни вакцини, во човечки домаќин или бактерија поврзана со домаќинот, како што се оние кои колонизираат цревата.
За разлика од хемиските загадувачи кои се распаѓаат и се отстрануваат, ретровирусните нуклеински киселини се заразни, можат да ги нападнат клетките и геномите, да се размножуваат, мутираат и рекомбинираат на неодредено време. Потенцијалните опасности на HGT на слободни нуклеински киселини вклучуваат: создавање на нови вируси и бактерии кои можат да предизвикаат болест, ширење на гени за отпорност на лекови и антибиотици меѓу вирусни и бактериски патогени кои предизвикуваат нетретибилни инфекции, случајно вметнување во геноми на клетки што резултира со штетни ефекти вклучувајќи рак и реактивација на хибернирани вируси, присутни во сите клетки и геноми, што може да предизвика болест.
Истражувањата покажуваат дека патогениот потенцијал на PCV тип 2, да предизвика болест слична на СИДА кај свињите, се ослободува кога има истовремена активација на имуниот систем (на пример, истовремена вакцинација) кај овие животни. Така, истовремена инокулација на ротавирусна вакцина контаминирана со ДНК секвенци од PCV тип 2 заедно со DTaP, Hib, PCV, IPV и Hep B, како што во моментов се препорачува од ACIP, обезбедува високо ризично сценарио за болест кај луѓето.
PCV Тип 2 е лимфотропен вирус, кој ги инфицира примарно лимфоидните ткива. Неговото откривање во лимфното ткиво на изложени (вакцинирани) деца, треба да биде во фокусот на итни истражувања, но сепак релативно малку луѓе се свесни за ризиците.
Таквото ткиво е достапно во форма на цревни биопсии кај деца со различни состојби, вклучувајќи и аутизам. Лимфното ткиво е исто така достапно од резус макаки изложени на тековниот распоред на вакцини како дел од тековните студии за безбедност. Овие ткива треба да бидат прикажани со користење на истата технологија на метагеномна и пан-микробна низа, која ја користи Victoria et al, за да се идентификуваат адвентните секвенци во вакцините.
Секоја клеточна линија или животинско ткиво што се користи за производство на било какви биолошки производи, вклучувајќи ги и вакцините, прво мора да се исчистат од сите ендогени вируси со цел да се спречи зоонотичкиот пренос на ретровирусите кај луѓето и да се направат безбедни. Добивањето на една или две инјекции на адвантен ретровирус, веројатно предизвикува мало оштетување на здрав имунитет.
Сепак, моменталниот агресивен распоред на вакцинирање, значи дека бројот на ретровируси инјектирани во доенчиња, деца и тинејџери – вклучувајќи ги и ранливите / имунокомпромитираните, за време на нивниот живот – е непознат.
Референци:
1 National Vaccine Information Center (NVIC). Rotarix and Rotarix Vaccine.
https://www.nvic.org/Vaccines-and-Diseases/Rotavirus.aspx
2 FDA. News Release: Components of Extraneous Virus Detected in Rotarix Vaccine: No Known Safety Risk, FDA Recommends Clinicians Temporarily Suspend Use of Vaccine As Agency Learns More. March 22, 2010. http://www.fda.gov/NewsEvents/Newsroom/PressAnnouncements/ucm205625.htm
3 Racaniello V. Deep sequencing reveals viral vaccine contaminants. www.virology.ws. March 29, 2010. http://www.virology.ws/2010/03/29/DEEP-SEQUENCING-REVEALS-VIRAL-VACCINE-CONTAMINANTS/?
UTM_SOURCE=FEEDBURNER&UTM_MEDIUM=EMAIL&UTM_CAMPAIGN=FEED%253A+VIROLOGYBLOG
+%2528VIROLOGY
+BLOG%2529%0A
4 FDA. Detection of DNA from PCV1 in Rotarix. March 22, 2010. http://www.fda.gov/BiologicsBloodVaccines/Vaccines/ApprovedProducts/ucm205545.htm
5 Dr. Judy Mikovitis Chronic Disease and Retroviruses