Лекари за информирана согласност (Physicians for Informed Consent – PIC) е коалиција од лекари и партнер со многу непрофитни организации кои се борат за правото на информирана согланост при вакцинацијата. Мисијата на Лекарите за информирана согласност (PIC) е да достави податоци за заразните болести и вакцините и да ги обедини лекарите, научниците, здравствените работници, адвокатите и семејствата кои ја поддржуваат доброволната вакцинација. Визијата на Лекарите за информирана согласност е лекарите и јавноста да можат објективно да ги проценат податоците за заразните болести и вакцините и доброволно да се вклучат во информирано донесување одлуки за вакцинацијата.
ШТО Е ДИФТЕРИЈА?
Дифтеријата е бактериска инфекција.
- Дифтерија обично е асимптоматска (нема симптоми).(1)
- Во забележливите случаи, дифтеријата може да предизвика болки во грлото, губење на апетит и слаба треска. Некои случаи развиваат кашлица, оток на вратот и опструкција на дишните патишта. Во повеќето случаи, симптомите исчезнуваат по неколку дена. (2)
- Пред широката употреба на вакцината против дифтерија во доцните 1940-ти, околу 83% од смртните случаи од дифтерија се случиле кај деца на возраст од 9 години или помлади (3) и околу 9% од симптоматските случаи биле фатални. (4) Сепак, поради напредокот во животните услови, санитарните услови, и исхрана (5), стапката на смртност од дифтерија се намалила на 4% во 1970-тите (6) и инциденцата на дифтерија се намалила од 190 на 100.000 во 1921 година (7) на 13 на 100.000 во 1945 година (8) – околу 93% пад.
КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ?
Иако инфекцијата со дифтерија била широко распространета кон крајот на 19 век, до почетокот на 1940-тите, дифтерија станала болест со мала инциденца – годишниот ризик од заразување со дифтерија бил околу 1 на 7.500. (8) Во модерната ера, ретко е да се зарази некој со фатален исход на дифтерија во САД.
Помеѓу 1900 и 1945 година, пред широката употреба на вакцината против дифтерија, стапката на смртност од дифтерија падна од 40,3 на 100.000 на 1.2 на 100.000 население, поради напредокот во условите за живеење, санитарните услови и исхраната – пад од 97% (сл. 1). (9)
Високите стапки на дифтерија се поврзани со пренатрупаност и лоши санитарни услови. (10) Истражувачките студии проценуваат дека, во отсуство на масовна вакцинација, годишниот ризик за дете помладо од 10 години да добие фатален случај на дифтерија во САД во 21 век е околу 1 на 1,7 милиони или 0,00006%. (11)
Слика 1: Стапката на смртност од дифтерија се намали за 97% од 1900 до 1945 година, пред широката употреба на вакцината против дифтерија кон крајот на 1940-тите.
КОИ ТРЕТМАНИ СЕ ДОСТАПНИ?
Дифтерија може да се третира со дифтерија антитоксин и антибиотици (еритромицин или прокаин пеницилин Г).
Доколку е потребно, може да се користи и респираторна поддршка и одржување на дишните патишта.(1)
ШТО СО ВАКЦИНАТА ЗА ДИФТЕРИЈА?
Широката употреба на токсоидот за дифтерија (вакцина) во САД започна во доцните 1940-ти, а токсоидот за дифтерија беше комбиниран со тетанус токсоид и вакцина против пертусис како ДТП во 1948 година. Тоа значително ја намали инциденцата на инфекции со дифтерија; сепак вакцината не спречува асимптоматска инфекција или пренос.(12)
Упатството на производителот содржи информации за состојките на вакцината, несаканите реакции и проценките на вакцините. На пример, вакцината против дифтерија „не е проценета за канцероген или мутаген потенцијал или нарушување на плодноста“.(13)
Понатаму, ризикот од трајна повреда или смрт од вакцината против дифтерија не е докажано дека е помал од оној на дифтерија (Сл. 2). (14)
Слика 2: Овој графикон ја покажува стапката на смртност од дифтерија во отсуство на масовна вакцинација и ја споредува со водечките причини за смрт кај децата под 10-годишна возраст денес. Оттука, во отсуство на масовна вакцинација, стапката на смртност од дифтерија на 100.000 е 0,06 за деца под 10-годишна возраст. Во 2015 година, стапката на смртност на 100.000 за убиство беше 1,3, проследена со рак (2,0), СИДС (3,9), ненамерна повреда (8.2) и вродени аномалии (13.6). Стапката на смртност или трајна повреда од вакцината против дифтерија е непозната бидејќи достапните истражувачки студии не се во можност да ја измерат со доволна точност.
Извор: Лекари за информирана согласност
DTaP – Податоци за ризик од вакцината DTaP (дифтерија, тетанус и пертусис)
Референци:
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2015. 111. https://physiciansforinformedconsent.org/cdc-pink-book-13th-edition-2015/.
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 14th ed. Hall E, Wodi AP, Hamborsky J, Morelli V, Schillie S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2021. 98. https://www.cdc.gov/vaccines/pubs/pinkbook/downloads/dip.pdf.
- United States Public Health Service. Vital Statistics of the United States 1945 Part 1. Table 5 — Deaths from each cause, by age, race, and sex: United States, 1945. Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office; 1947. 54. https://www.cdc.gov/nchs/data/vsus/vsus_1945_1.pdf; 1,321 of the 1,598 fatal cases of diphtheria (83%) were under age 10.
- Centers for Disease Control and Prevention. Annual summary 1980: Reported morbidity & mortality in the United States. MMWR Morb Mortal Wkly Rep. 1981 Sep;29(54):16. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/1484; in 1945, there were 18,675 cases of diphtheria of which 1,598 were fatal,3 resulting in a case fatality rate of about 9%.
- Schuman LM, Doull JA. Diphtheria infection and morbidity in Cleveland, 1937–1939. Am J Pub Health. 1940 Mar;30(3Suppl):16-24. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1530699/.
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2015. Appendix E-1. https://physiciansforinformedconsent.org/cdc-pink-book-13th-edition-and-appendix-e-2015-combo; between 1971 and 1975, there were about 1,174 cases of diphtheria of which 43 were fatal, resulting in a case fatality rate of about 4%.
- Centers for Disease Control and Prevention. Epidemiology and prevention of vaccine-preventable diseases. 13th ed. Hamborsky J, Kroger A, Wolfe S, editors. Washington, D.C.: Public Health Foundation; 2015. 112. https://physiciansforinformedconsent.org/cdc-pink-book-13th-edition-2015/; in 1921, there were 206,000 cases of diphtheria out of population of 109 million (190 cases per 100,000 population).
- Centers for Disease Control and Prevention. Annual summary 1980: Reported morbidity & mortality in the United States. MMWR Morb Mortal Wkly Rep. 1981 Sep; 29(54);16. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/1484; in 1945, there were 18,675 cases of diphtheria out of population of 140 million — 1 in 7,500 or 13 cases per 100,000 population.
- Grove RD; Hetzel AM; U.S. Department of Health, Education, and Welfare. Vital statistics rates in the United States 1940–1960. Washington, D.C.: U.S. Government Printing Office;1968. 559-96. https://stacks.cdc.gov/view/cdc/6200.
- Vitek CR, Wharton M. Diphtheria in the former Soviet Union: reemergence of a pandemic disease. Emerg Infect Dis. 1998 Oct-Dec;4(4): 540, 546, 547. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2640235/.
- Magno H, Golomb B. Measuring the benefits of mass vaccination programs in the United States. Vaccines. 2020 Sep 29;8(4):4. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33003480/; 83%3 (23) of the 28 diphtheria deaths reported in the study were less than 10 years of age. Because there are about 40 million such children in the population, the risk of fatal diphtheria for those children is 23 in 40 million (1 in 1.7 million).
- Miller LW, Older JJ, Drake J, Zimmerman S. Diphtheria immunization. Effect upon carriers and the control of outbreaks. Am J Dis Child. 1972 Mar;123(3):197-9. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/5026197.
- Sanofi Pasteur Limited. Toronto, Ontario, Canada: Sanofi. Daptacel (diphtheria and tetanus toxoids and acellular pertussis vaccine adsorbed); [cited 2023 Sep 4]. https://www.fda.gov/media/74035/download.
- Physicians for Informed Consent. Newport Beach (CA): Physicians for Informed Consent. DTaP — vaccine risk statement (VRS). DTaP vaccine: is it safer than diphtheria, tetanus, and pertussis? 2023 Nov. https://www.physiciansforinformedconsent.org/dtap-vrs
- Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. 10 leading causes of death by age group, United States — 2015; [cited 2017 Jun 21]. https://www.cdc.gov/injury/images/lc-charts/leading_causes_of_death_age_group_2015_1050w740h.gif.