Д-р Јадранка Бибан е родена на 31 03 1964 година, СФРЈ, СРМ.
Медицински Факултет и Специјализација по Гинекологија и Акушерство заврши во Скопје (Универзитет Кирил и Методиј).
Во своето 28 годишно работно искуство, работела како:
1991 до 1998 Лекар по општа пракса;
1998 до 2004 Специјалист по Гинекологија и Акушерство во Јавно Здравство – Примарна медицинска дејност;
2004 до 2010 Специјалист по Гинекологија и Акушерство во сопствена приватна здравствена установа – Примарна медицинска дејност;
2010 до денес се бави со здравствена едукација и промоција на медицината ЖИВОТЕН СТИЛ во превенција и лекување на хроничните болести.
Д-р Јадранка Бибан е пионер и промотор на Медицината Животен Стил и нејзиното значење во превенција и лекување на хроничните болести. Таа промовира здрав начин на исхрана и здрави животни навики во борбата со таканаречените неизлечиви хронични болести.
Основач е на проектот „8 – КА“ чија програма се заснова на едукативна дејност на населението во врска со животните навики и хроничните болести.
Д-р Бибан е автор на 400 здравствено – едукативни ТВ емисии кои се емитуваа на национални ТВ канали.
Уредник и автор е на месечнотото списание 8КА кое излегуваше во 25 броја.
Автор е на две книги:
ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ СО ХРАНА НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ
ПРОГРАМ „Д-Р БИБАН“ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ НА ГИНЕКОЛОШКИ БОЛЕСТИ
Го уредува својот веб сајт 8КА каде има публикувано над 4000 пишани страни со здравствено едукативна содржина од областа на животните навики и хроничните болести.
Во врска со вакцинацијата како дел од превенцијата на тешки заразни болести неколку пати јавно говори и го изнесува својот личен став во врска со тоа, каде напоменува дека вакцините како фармациски производи можат да бидат дел од процесот на имунизација, но и за нив мора да важат сите правила на стручна и етичка примена како фармацевтски производи.
Таа се залага за право на избор и напоменува дека вакцината не може да го заземе примарното место во превенција на болестите, туку превентивната медицина мора да се комплетира и да понуди севкупна стручна помош на населението во процесот на создавање на природниот имунитет на поединецот и колективната заедница.
За темата на излагање и нејзината работа, прочитајте овде.