Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Антиваксерите Се Опасни И Треба Да Бидат Уапсени?

„Можеби сте забележале еден неодамнешен напис во The Washington Post од Џулиет Н. Кајем со наслов – „Антиваксерите се опасни. Натаерајте ги да се соочат со изолација, казни, апсења“.(1)

Мојата првична реакција беше дека написот мора да е напишан од морон.

Сепак, моето мислење се промени кога го открив авторот, г-ѓа Кајем, која дипломирала на Правниот факултет во Харвард во 1995 година. Значи, се чини дека овој напис е внимателно изработена пропаганда на про-вакцинската индустрија. Со други зборови, голем куп бесмислености и дезинформации се маскираат како авторитативни информации. Пропагандните парчиња обично содржат бесмислици и бесрамни лаги. Тоа е во ред затоа што ‘големата лага’ станува вистина, ако се повторува доволно често. (Кој го рече тоа?) (9) Да ја разгледаме главната поента и најочигледната лага во статијата Антиваксерите се опасни“. – Д-р Џефри Дач.


Што е антиваксер?

Зборот „антиваксер“ стана популарен во пропагандната машина на  индустријата за вакцини,  како пејоративен термин за деца кои биле повредени од вакцина и чии мајки веќе не ги вакцинираат. Ова е соодветно опишано од Барбара Ло Фишер во нејзиниот напис: „Нема милост за мајките или нивните повредени деца од вакцина“. (2)

Големата лага –  невакцинираните се опасни!

Најлесен начин да се демонстрира големата лага дека „невакцинираните се опасни“, е да се побара одговор од CDC, Центарот за контрола на болести на САД.


Општо се согласуваaт сите дека оние кои се најмногу подложни на разорното дејство на заразни болести се имунокомпромитираните, како што се оние кои се подложени на трансплантација на коскена срцевина. Доколку „невакцинираните се опасност“, тогаш би се очекувало ЦКБ да советува да се чуваат невакцинираните од имунокомпромитираните, оние кои имаат трансплантација на коскена срцевина. Напротив, ЦКБ го вели токму спротивното. Неодамна вакцинираните, а не невакцинираните, мора да се чуваат подалеку од одделението за трансплантација.(3)

Документот на CDC – „Упатства за спречување на опортунистички инфекции кај примателите на трансплантација на хематопоетични матични клетки“. – го содржи овој цитат: (3)

„Посетителите кои би можеле да имаат заразни инфективни болести (на пр., URIs, болести слични на грип, неодамнешна изложеност на заразни болести, активен осип од херпес зостер –  незџависно дали е покриен или не, варичелен осип (Varcella, крупни сипаници). во рок од 6 недели примиле жива атенуирана варичела вакцина или имаат историја за примање на орална полио вакцина во претходните 3-6 недели, не треба да се дозволи влез во Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки (HSCT) или не е дозволено да имаат директен контакт со HSCT приматели или кандидати кои се подложени на клиничка терапија (AII) “.(3)

Не сум сигурен дека сакате да верувате на ЦКБ? Наместо тоа, да побараме што велат од трансплантационата служба при Универзитетот во Кентаки.(4) Дали невакцинираните се опасни и дали треба да бидат подалеку од одделението за трансплантација? Повторно, тие го велат токму спротивното – возрасните и децата кои неодамна биле вакцинирани со вакцина против варичела или полио, се опасни и треба да се чуваат подалеку од пациентите со имунокомпромитирани пациенти со трансплантација.

Сеуште не верувате? Можеби Универзитетот во Кентаки е исклучок? Сите трансплантациони одделенија низ целата земја, го следат упатството на Американското здружение за крв и трансплантација на коскена срцевина.(5) Што велат тие? Дали невакцинираните претставуваат опасност и треба да не им се дозволи посета на одделението за трансплантација? Не, повторно велат сосема спротивното. Оние кои се вакцинирани неодамна се опасни. Никаде во овој документ не велат дека невакцинираните се опасност. Напротив, тие велат дека оние неодамна вакцинирани со следните вакцини се опасни за трансплантационото одделение: МПР (вакцина против морбили, паротит, рубеола), вакцина против варичела, вакцина против ротавирус, вакцина против грип (LAIV).(5)

Упатството на Варивакс вели неодамна вакцинираните се опасност за другите

Овие информации се лесно достапни. Се што треба да направите е да го прочитате упатството на вакцината. Мерк, производителот на вакцината Varivax (крупна сипаница), отворено признава во упатството на својот производ, дека луѓето неодамна вакцинирани со Varivax вакцината претставуваат опасност за имунокомпромитираните, бремени мајки и доенчиња.(7) Опасноста се должи на пренесување на вирусот од живи вакцини, од оние неодамна вакцинирани на контакти околу нив. Ова е цитат од производот Varivax:

„Поради загриженост за пренос на вирусот од вакцината, примателите на вакцината треба да се обидат да избегнат секогаш кога е можно, блиски контакти со осетливи високоризични индивидуи, во период до шест недели по вакцинацијата со VARIVAX. Чувствителни лица со висок ризик вклучуваат: Имунокомпромитирани, бремени мајки и доенчиња“.(7)

Здравите невакцинирани луѓе не се опасни!

Реалноста е дека здрави невакцинирани лица НЕ СЕ ОПАСНИ и им се дозволени права за посета на одделенија за трансплантација низ целата земја. Неодамна вакцинираните се тие кои се „опасни“ и се ограничени од посета на трансплантационите одделенија. Можеби некој што ќе го прочита ова би можел да ги информира Џулиет Кајем и Вашингтон пост за оваа информација, па затоа нивната очигледно неточна статија, да биде повлечена, или барем да се измени за да се поправат лажните информации што се содржани.

Невакцинираните предизвикуваат епидемии на мали сипаници

Друга голема лага во оваа статија од Вашингтон пост е тоа дека вината за неодамнешната епидемија на морбили,  паѓа директно на невакцинираните. Поради оваа причина, невакцинираните треба да бидат обележани како криминалци кои треба да бидат уапсени, прогласени за виновни и испратени во затвор. За момент да го игнорираме очигледниот контра аргумент дека прогонувањето на невакцинираната личност е прекршување на речиси секоја форма на национални и меѓународни закони за човекови права и граѓански слободи, кој може да се замисли.

Епидемиите на морбили се предизвикани од самата програма за вакцина

Ајде да погледнеме што др. Леви во Епидемиологијата од 1984 година, има да каже за ова во својата статија: „Иднината на малите сипаници во високо имунизирани популации.“ (6) Д-р Леви не е сам во нагласувањето на очигледното. Поради ограничувањата и неуспесите во програмата за вакцинација против мали сипаници (т.е. примарниот и секундарниот неуспех на вакцината), создаваме поголема популација на осетливи лица, отколку пред епидемијата на вакцина. (6) Д-р Леви вели дека самата програма за вакцина против морбили создава поголема популација на луѓе кои се подложни на мали сипаници и ова е причината поради која се појавуваат периодични епидемии на морбили,  кои се предвидува дека ќе се зголемат.

Д-р Леви вели:

     „…и покрај краткорочниот успех во елиминирањето на болеста (мали сипаници), проекциите на долг период покажуваат дека процентот на подложни во 2050 година, може да биде поголем отколку во ерата на пред вакцинацијата. Тековната технологија за вакцина и политиката за јавно здравје, мора да се сменат за да се справат со ова“.(6)

Она што д-р Леви кажува е дека невакцинираните НЕ се виновни за периодичните повторливи епидемии на морбили. Ќе видиме повеќе и повеќе од овие епидемии, како резултат на примарниот и секундарниот неуспех на вакцината.

Др. Грегори Поланд, светски експерт за вакцина против мали сипаници, во „Вакцина 2012“ вели дека појавите на мали сипаници кај високо вакцинирани популации се јавуваат поради примарниот и секундарниот неуспех на вакцината. (8) Еве еден цитат:

„Епидемиите на мали сипаници се појавуваат дури и кај високо вакцинираните популации поради примарниот и секундарниот неуспех на вакцината, што резултира со постепено поголеми групи на осетливи лица и појава на епидемии откако се импортираат мали сипаници. Ова води кон парадоксална ситуација во која морбилите во високо имунизирани општества, се јавуваат првенствено меѓу оние кои претходно биле имунизирани“. (8)

Слични епидемии на морбили се документирани и кај други високо вакцинирани популации во земјите како што се Израел, Нигерија, Кореја, Чешка, Австралија и Јапонија, кои вклучуваат вакцинирани, како и невакцинирани.(8) Ова е подетално разгледано во мојот претходен напис.

Заклучок: Пропагандата на провакциналната индустрија достигна нова екстремност која се заканува да ги етикетира невакцинираните како криминалци, да бидат уапсени и испратени во затвор. Во случај да не сте забележале, официјално е – сега живеете во полициска држава.

                                                                  Автор Д-р Џефри Дач

Извор

Референци:

 Barbara Loe Fisher, CDC, Centers for Disease Control and Prevention, Gregory Poland, Jeffrey Dach, Joseph Goebbels, Juliette N. Kayyem, National Vaccine Information Center, NVIC, The Vaccine Reaction, The Washington Post, Varivax