Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

АХЛ на САД сè уште не може да го потврди нивото на алуминиумски адјувант во вакцините инјектирани кај бебињата

„После 6 месеци Агенцијата за храна и лекови на САД сѐ уште не може да го потврди количеството на алуминиумски адјувант во детските вакцини, покрај тоа што студија пронајде значителни дивијации во различни вакцини“ – Беше објавено на страната на ICAN (Informed Consent Action Network).


Поминаа шест месеци откако АХЛ (FDA) прими две петиции со кои се бара агенцијата да потврди дека производителите на вакцини откриваат точни информации за количината на алуминиумски адјувант во нивните детски вакцини. Одговорот на АХЛ по половина година е дека тие „не можат да ги комплетираат [нивните] конечни одговори во овој момент“.

Откако студија, објавена во Журналот за елементи во трагови во медицината и биологијата ( Journal of Trace Elements in Medicine and Biology), покажа дека многу детски вакцини имаат многу повеќе или многу помалку алуминиумски адјувант отколку што е наведено во нивните упатства на производите одобрени од FDA, ICAN поднесе петиција до АХЛ со исклучително разумно барање:

„…FDA јавно да објави документација доволна за да се утврди дека содржината на алуминиум во одредени вакцини е конзистентна со количината наведена во нејзиното упатство и доколку не може да го стори тоа, паузирајте ја дистрибуцијата на тие вакцини додека Агенцијата не ја потврди и јавно објави документацијата доволна за да се утврди дека содржината на алуминиум во вакцините е во согласност со количината наведена во упатството“.

Ова очигледно не е едноставно, лесно барање за АХЛ. Некој би помислил дека агенцијата задолжена да ја надгледува безбедноста на вакцините, производи што се инјектираат кај најмладите, лесно ќе може да обезбеди доказ дека она што е во вакцините, е она што треба да биде во вакцините.

Доказите дека родителите можат да веруваат во упатството треба да бидат лесно достапни и доброволно откриени. Наместо тоа, АХЛ наведува дека тие „ќе одговорат на петицијата штом ќе донесеме одлука за [барањето]“.

Ова е неверојатен одговор со оглед на тоа што барањето беше или да се докаже дека содржината на алуминиум во вакцините е конзистентна со нејзината етикета или да престане да се дистрибуира додека АХЛ не потврди дека тоа е вистина. Очигледно, тие не можат да потврдат дека алуминиумскиот адјуванс во вакцината се совпаѓа со одобрената етикета.

Што го поттикна ова барање? Наодот на тим експерти за алуминиум од Универзитетот Кил – предводен од Кристофер Ексли, професор по биоорганска хемија во последните 29 години, со преку 200 објавени рецензирани написи за алуминиум, беше дека шест детски вакцини содржат статистички значајно поголема количина на алуминиумски адјувант отколку што е наведено во упатствата на овие производи (Pentacel, Havrix, Adacel, Pedvax, Prevnar 13 и Vaqta), додека четири детски вакцини содржат статистички значајна помала количина на алуминиумски адјувант отколку што е назначено на овие производи ( Инфанрикс, Кинрикс, Педиарикс и Синфлорикс).

Овие отстапувања од етикетите на производите се крајно загрижувачки. Дозите со повеќе од одобреното количество алуминиумски адјувант предизвикуваат сериозни безбедносни проблеми, а дозите со помала количина од одобрената покренуваат прашања во врска со ефикасноста.

Сепак, алуминиумскиот адјувант е позната цитотоксична и невротоксична супстанција која се користи за индуцирање автоимунитет кај лабораториски животни и за која бројни рецензирани публикации имплицираат на различни автоимуни состојби.

Извор: ICAN