Ако одредена вакцина во однос на безбедноста има дигнато голема прашина – тоа е вакцината против хуман папилома вирус (ХПВ). Фактот што возраста на адиминистрирање е поголема и примателите можат да посведочат за несаканите реакции, создаде неоспориво поле од сведоштва и неможност од страна на научниците за негирање на истите.
Огромна количина на алуминиумски адјуванс, три дози, несоодветни студии за лиценцирање, пријавени и непријавени нус ефекти, промоција дека штити од рак на грлото на матката, кога тоа никогаш не е докажано – се само дел од приказната од воведувањето и задолжителноста на вакцината.
Нова студија објавена во списанието „Систематски прегледи“ (Systematic Reviews) под наслов „Предности и штети на вакцините за хуман папилома вирус (ХПВ): систематски преглед со мета-анализи на податоците од тестирањата во клинички студии“, се обидува да даде одредени одговори за контроверзната вакцина.
Користејќи ги извештаите од клиничката студија, добиени од Европската агенција за лекови (ЕМА) и ГлаксоСмитКлајн од 2014 до 2017 година, авторите на студијата Ларс Јиргенсен, Питер Гатче и Том Џеферсон се обидоа да ги проценат придобивките и штетите на вакцината против ХПВ.
Истражувачите разгледале дваесет и четири од 50 квалификувани извештаи од клиничките студии кои содржат 58 412 страници, од 22 испитувања и 2 последователни студии, вклучувајќи 95 670 учесници: 79 102 жени и 16 568 мажи на возраст од 7-72 години.
Ново објавените истражувања од Гатче и коавторите откриле повеќе од истите лоши однесувања при истражувањата:
„Сериозните штети биле нецелосно пријавени кај 72% од учесниците. Скоро сите учесници во контролата добија активни компаратори. Ниту еден извештај за клиничка студија не вклучуваше формулари за комплетни извештаи за случаи“.
Покрај тоа, истражувачите откриле:
„ХПВ вакцините ги зголемија сериозните нарушувања на нервниот систем и општите штети“.
Доказите и податоците анализирани во клиничките студии ги натерале истражувачите да заклучат:
„После 4 години следење, вакцините за ХПВ ги намалија претходниците на ракот и процедурите за третман поврзани со ХПВ, но ги зголемија сериозните нарушувања на нервниот систем и општите штети. Бидејќи вклучените испитувања првенствено беа дизајнирани да ги проценат придобивките и не беа соодветно дизајнирани за да проценат штети, степенот до кој придобивките од вакцините за ХПВ ги надминуваат штетите од нив е нејасно. Ограничениот пристап до извештаите за клинички студии и податоците од обрасците во испитувањата за извештаи за случаи – спречи темелна проценка“.
Значи покрај тоа што студиите не биле дизајнирани да ги проценат евентуалните несакани реакции и штетите предизвикани од нив, како и во многу други студии креирале формулари за несакани реакции каде ги ограничуваат и учесниците во студиите и оние кои ги водат – адекватно да пријават несакана реакција. Со други зборови ќе се пријави она што производителите мислат дека треба. А оваа е процес кој се одвива и во студиите за лиценцирање и пост лиценцирање. Ако се ограничи пријавувањето на несакани реакции на одредена листа и ако тоа трае многу краток период тогаш каква информација имаме?
Оваа нова студија не е првиот научен доказ или гласови што ја доведуваат во прашање вакцината за ХПВ. Целосна книга е напишана за контроверзиите, нецелосни научни истражувања и докази за штети поврзани со вакцината уште од своето појавување на пазарот. Книгата The HPV Vaccine On Trial: Seeking Justice For A Generation Betrayed, дава рамнотежа и подлабок увид во честопати строго контролираната, претерано оптимистичка и еднострана дискусија, дозволена од голем дел од медиумите и медицинската заедница во врска со безбедноста на вакцината.
Додека поборниците за вакцината тврдат дека таа е безбедна и ефикасна, критичарите на вакцината ХПВ укажале на нецелосни, ненаучни и едноставно измамнички дизајни за клиничката студија користена за да се добие лиценцата за вакцините.
На пример, во студијата на Мерк за пред лиценцирање од 2006 година за вакцината Гардасил, ја инјектира својата „плацебо“ група од скоро 10 000 здрави девојчиња со аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат (AAHS) – познат невротоксин кој нема терапевтски придобивки. Групата инјектирана со AAHS подоцна беше комбинирана со вистинска плацебо група од само 320 девојчиња, една од единствените во сите студии за пред лиценцирање на вакцини кои се во препорачаниот распоред на ЦКБ, да се создаде „контролна група“ со цел да се маскираат сериозните безбедносни прашања за Гардасил, кои требаше да го спречат нејзиното лиценцирање.
За време на прегледот на Кохран од 2018 година, во кој беше опфатена вакцината за ХПВ, сите 26 испитувања користени во нејзината анализа, беше откриено дека користеле активни компаратори – или разни алуминиумски адјуванти или вакцини против хепатитис – наместо инертни плацеба. Прегледот на ХПВ на Кохран беше бргу одвоен во критиката објавена во BMJ Journals, во која се посочуваат докази дека е под влијание на известување за пристрасност, пристрасно дизајнирање на студиите и не идентификување на ограничувања на студиите. Сепак авторите на 1.6.2020 дадоа одговор во кој уште еднаш ја потврдуваат транспарентоноста и објективноста во дизајнот на нивната студија и валидноста на нивните резултати.
Каде и да се активираат кампањи за вакцинирање против ХПВ, придружени се со големи штети по здравјето на примателите, а сепак обележани и отфрлени како анегдотски докази. Безброј родители и нивните тинејџери синови и ќерки на глобално ниво ги раскажаа истите приказни и ги прикажаа истите симптоми и уништување на животот, честопати во форма на сериозни нарушувања на нервниот систем од ХПВ вакцината, само за да бидат исмејувани и игнорирани од оние кои се на позиции за да помогнат.
Неодамна, Светската здравствена организација зазема став и ги обележи повредите од вакцината како психосоматски – со други зборови, секоја тешка несакана реакција што ја искусиле вакцинираните – им е во главата?! Можеби е прв пат во модерната историја регулаторното тело да се одлучи да игнорира голем број на жртви, обвинувајќи ги за своите повреди и омаловажувајќи ги нивните страдања.
Студии како неодамнешните напори од Јиргенсен, Готче и Џеферсон се очајно потребни за да се донесе рамнотежа во разговорот за повредите кои се системски и институционално игнорирани од вакцината што рапидно се шири во сите возрасни и родови групи.
Се надеваме дека храбрите гласови од научните и медицинските заедници редовно ќе објавуваат истражувања и зборуваат за транспарентност, информирана согласност и вистинско научно откритие.
Во меѓувреме погледнете дел од многуте документарни филмови и сведоштва за последиците од ХПВ вакцината и проценете дали еден ден на сите групно им текна, гледајќи видеа на Јутуб, дека веќе нема да го живеат својот живот, дека ќе се во незамисливи болки секојдневно, дека решиле својот живот да го минат во инвалидска количка…
The Vaccinated Girls – Sick and Betrayed (Documentary, 2015)
Sacrificial Virgins – The Dangers of the HPV Vaccination
Colombia 2017: “Fue el Gardasil” (Gardasil Did It)
VaxXed Stories: Colton in Utah
Gardasil killed my 16 year old daughter
Gardasil HPV vaccine killed my daughter
hpv vaccine gave me cervical cancer
VaxXed Stories: Sydney in Iowa (GARDASIL)
Gardasil: extreme side effects and death
HPV Gardasil Vaccine Proves Lethal – Many Girls Now Dead
Ashley Ryburn’s life ruined by HPV (Gardasil) vaccine
Gardasil Victims Memorial — Don’t become One More Girl!
Hundreds of Colombian girls hospitalized after vaccinations
The Dark Side Of Gardasil: My Story
Gardasil Injured Girl Speaks Out – part 2
UK Families Speak: HPV Vaccines Changed Our Lives
Gardasil Primer: Doctors & vaccine injured families speak out!
Hannah M. Robinson My Gardasil injury
International Symposium “The Current Status of Worldwide Injuries from the HPV Vaccine”5 (3/24,2018)
Листата, за жал, продолжува…