Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19: ФАКТИ НАСПРОТИ НЕОБЈАСНЕТА ПРАКСА

Во „Авицена лабораторија“ ќе се работи високопрецизен молекуларен RT Real Time PCR тест. Овој тест е CE-IVD сертифициран, валидиран за целосно автоматизирана употреба и со него се прави истовремен скрининг и конфирмација на трите таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола, што е во согласност со нормативите дадени од СЗО, US-CDC и Ch-CDC.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, единствено во Македонија, се прават три вида тестови за Ковид-19.
Во најсовремена лабораторија која работи според светски признaени стандарди со сите безбедносни протоколи, изведуваме PCR молекуларен тест кој детектира присуство на коронавирусот (Sars-Co-2), брз молекуларен тест за присуство на вирусот Sars-CoV-2 кој се добива за само 60 минути и Rapid тест – брз серолошки тест за присуство на антитела на вирусот…


Погоре се извадени само дел од бомбардирањата во медиумите околу тестовите кои се користат во Македонија. Се изнаслушавме различни гласини околу валидноста на тестовите, па одлучивме дека е време да ги дознаеме фактите.

Во 1965 година, научниците го идентификуваа првиот човечки корона вирус. Тој беше поврзан со обичната настинка. Семејството Coronaviridae, именувано по својот изглед како круна, во моментов вклучува 36 вируси. Во рамките на таа група, постојат 4 вообичаени вируси кои предизвикуваат инфекција кај луѓето. Три пандемични корона вируси кои можат да предизвикат инфекција кај луѓето се: САРС, МЕРС и сега САРС-КоВ-2.

При идентификација на САРС-КоВ-2, најчесто се користат тестови RT-PCR и серолошки тестови преку крв.

Тестирање со RT-PCR

PCR – кратенка за полимераза верижна реакција, е високо специфична лабораториска техника. Со PCR-тестирањето може да се идентификува индивидуален специфичен вирус во рамките на вирусно семејство. Сепак пронаоѓачот на оваа техника – Кери Мулинс, кој доби Нобелова награда за овој процес во 1993 година – сам изјави дека техниката не служи за дијагноза.

Тестот со PCR може да идентификува само ДНК вируси, а вирусот САРС-КоВ2 е РНК вирус. Затоа, потребни се повеќе чекори за да се „зголеми“ количината на генетски материјал во примерокот.

Истражувачите користат метод наречен RT-PCR – обратна транскрипција со полимераза верижна реакција, за да се идентификува специјално вирусот САРС-КоВ-2. Тоа е комплициран процес. За да прочитате повеќе за тоа, одете овде и овде, но накратко следи.

PCR е лабораториска техника позната како верижна полимераза реакција. Во овој тест, целта е селективно да се засилат трагите на генетскиот материјал, идентификуваат специфични делови на ДНК. Исто како потсетник, ДНК е генетскиот код што е присутен во секоја клетка во телото. Кога ќелијата се дели, ја копира ДНК-та, одвојувајќи ги двата синџири и потоа создава нова низа на ДНК со копирање на шаблонот. PCR имитира што обично се случува во клетките при процесот на делба.

PCR работи само на ДНК, а вирусот КОВИД-19 е со РНК како свој генетски код. РНК е слична на ДНК, но има само еден синџир. За среќа, вирусните ензими за претворање на РНК во ДНК беа откриени пред неколку децении и беа искористени заедно со PCR да пронајдат уникатни потписи во РНК. Во овој случај, PCR се нарекува обратна транскрипција со PCR или RT-PCR.

Во лабораторијата, примерокот се обработува така што РНК е изолирана и собрана. Сè друго е треба да е отстрането. РНК се меша со други состојки: ензими (ДНК полимераза и обратна транскриптаза), ДНК градежни блокови, кофактори, сонди (флуоресцентни молекули) и прајмери кои препознаваат и се врзуваат за САРС-КоВ-2. Потоа РНК се претвора во ДНК копија, а таа единечна копија потоа се претвора во милиони примероци со употреба на PCR што може лесно да се открие.

Состојки за RT-PCR

Ако назален или крвен примерок содржи мал запис на РНК од вирусот САРС-КоВ-2, RT- PCR може да го идентификува. Ова доведува до голема веројатност дека лицето имало изложеност на вирусот САРС-КоВ-2.

Сепак и ова е важно, позитивен резултат на тестот RT- PCR не мора да укажува на присуство на целосен вирус. Вирусот мора да биде целосно недопрен за да премине од личност до личност и да предизвика болест.

Но, уште поинтересна е самата постапка.

Дејвид Кроу – канадски истражувач, со диплома по биологија и математика, ги предочи проблемите за тестовите врз основа на PCR, откривајќи еден свет на незамислива комплексност, но и измама.

Првата работа што треба да се знае е дека тестот не е бинарен. Всушност, мислам дека не постојат тестови за заразна болест кои се позитивни или негативни. Она што тие го прават е превземaат некаков континуум и тие произволно велат дека оваа точка е разликата помеѓу позитивните и негативните.Тоа е многу важно! Мислам дека луѓето го перцепираат тоа како една од двете работи: позитивно или негативно, како тест за бременост. Вие сте или не сте бремени“.

PCR е навистина производна техника“, објаснува Кроу. „Започнувате со една молекула. Почнувате со мала количина на ДНК и на секој циклус количината се удвојува, што не звучи толку многу, но ако ја повторите 30 пати, добивате приближно милијарда пати повеќе материјал отколку со што сте започнале. Така, како техника за производство, одлично е. Она што тие го прават е прикачуваат флуоресцентни молекули на РНК-та, додека се реплицира материјалот. Овие флуоресцентни молекули сјајат при осветлување со одредена бранова должина. Така, тие ја мерат количината на светлина што се враќа и тоа е нивни сурогат за тоа колку ДНК има. Јас го користам зборот ДНК. Има еден чекор во тест RT- PCR кој е местото каде ја конвертирате РНК до ДНК. Значи, тестот за PCR всушност не користи вирусна РНК. Користи ДНК, но тоа е како комплементарната РНК. Значи логично е истата работа, но може да биде збунувачки. Како зошто јас одеднаш зборувам за ДНК? Во суштина, има одреден број циклуси“.

Ова е местото каде што станува лудо.

„Во еден труд“, вели Кроу, „најдов 37 циклуси. Ако не добиете доволно флуоресценција за 37 циклуси, сметаат дека сте негативни. Во друг труд, прекинот беше 36. Триесет и седум до 40 беа сметани ‘неодредено’. И ако сте навлегле во тој опсег, тогаш сте направиле повеќе циклуси. Јас видов само два труда во кои е опишано што е границата. Значи, сосема е можно дека различни болници, различни држави, Канада наспроти САД, Италија наспроти Франција сите да користат различни стандарди за чувствителност на прекин на тестот ‘Ковид’ . Значи, ако прекинете на 20, сите би биле негативни. Ако продолжите до 50, можеби ќе имате позитивен тест кај сите“.

Значи дали тестот ќе е „позитивен“ или „негативен“ зависи од пресекот на тестот, односно кога процесот на производство на комплементарна ДНК ќе биде запрен.

Важноста на времето кога се прави RT-PCR тест

Друг аспект во однос на PCR тестовите е временскиот период кога се врши во однос на инфекцијата.

Дури и ако некое лице ги имало сите симптоми поврзани со корона вирусна инфекција или имало изложеност на лица кои имале дијагноза COVID-19, веројатноста дека тестот RT-PCR е позитивен се намалува со бројот на денови изминати од почетокот на симптомите.

Според студијата направена од Пол Викрамарата и соработници:

За назален брис, процентуалната шанса за позитивен тест се намалува од околу 94% на ден 0 (нулти) на околу 67% на ден 10. До ден 31, постои само 2% шанса за позитивен резултат.
За брисеви во грлото, процентуалната шанса за позитивен тест се намалува од околу 88% на ден 0, на околу 47% на ден 10. До ден 31, постои само 1% шанса за позитивен резултат“.

Со други зборови, колку е поголема временската рамка помеѓу почетокот на симптомите и времето кога лицето се тестира за КОВИД-19, толку е поголема веројатноста тестот да биде негативен.

Други проблеми со RT-PCR

Mногу фактори влијаат врз точноста, а секако и резултатот на тестот. Од земање на примерокот, местото на земање, контаминацијата на примерокот, како и текот на самата постапка, може да даде неточни резултати. Д-р Среќко Сладољев даде објаснување за овој дел неодамна.

Која е целта на повторното тестирање?

Повторното тестирање на лица кои имаат негативен тест може (на крајот) да го потврди присуството на вирусна РНК. Покрај тоа, повторното тестирање на истата личност може да доведе до уште повеќе збунувачки резултати. Тестот може да оди од негативен, на позитивен, потоа повторно да се врати на негативен, бидејќи имунолошкиот систем ја расчистува инфекцијата со корона вирус и се движи кон закрепнување.

И што го прави ова тестирање уште поинтересно е тоа што FDA признава дека: „Откривањето на вирусна РНК со RT-PCR не значи присуство на вирус кој може да предизвика инфекција“.

Да го разложиме ова:

1 ) Ги имате сите симптоми на COVID-19, но вашиот тест RT-PCR за SARS-CoV-2 е негативен.

Дали тоа значи дека сте „добро да продолжите“ – можете да одите на работа, да одите на училиште или да патувате? ИЛИ …

Дали тоа значи дека вашата болест слична на грип е предизвикана од некој друг патоген, можеби еден од четирите корона вируси кои се присутни? ИЛИ …

Дали тоа значи дека резултатот е погрешно-негативен и сè уште имате инфекција, но не може да се открие со тековните тестови? ИЛИ

Дали тоа значи дека се работи за примерок што беше несоодветно земен заради погрешната техника од страна на техничарот? ИЛИ …

Дали тоа значи дека не сте биле изложени и подложни сте на инфекцијата и треба да останете во карантин?

Значи, што значи PCR „позитивен“ тест? И тоа е проблемот – никој не знае со сигурност!

Tестирање преку присуство на антитела

Според непрофитната Фондација за иновативна нова дијагностика (FIND), повеќе од 200 серолошки тестови на крв за тестирање на антитела, се веќе достапни или се во развој.

Постојат две широки категории на испитувања на антитела: лабораториски тестови и брзи тестови. Една од најчестите техники што се користи во лабораториските тестови е ензимски имуно тест (enzyme-linked immunosorbent assay –ELISA), каде примерок – крв, серум или плазма, се става на чинија обложена со вирусен протеин. Ако некое лице има антитела против вирусот, тие ќе го врзат протеинот.

За да ги идентификуваат овие вирусни протеини – антитела комплекси, научниците воведуваат молекул што дава флуоресцентен отсјај во присуство на врзани молекули. Овие тестови можат да обезбедат квантитативна мерка на антителата присутни во примерок.

Брзите тестови пак, користат формат на анализа на латерален проток (lateral flow assay – LFA). Основниот принцип на LFA е сличен на ELISA, но се изведува на уред кој личи на тест за бременост. Обично, тие бараат мала количина на крв собрана од боцкање на прст. Крвта тече низ лента која има вирусни протеини на нејзината површина и ако антителата се присутни во крвта, тие се приврзуваат на протеините. Добиените комплекси потоа ќе се врзат со молекули имобилизирани на лентата и ако се достигне праг – кој варира кај различни производители – тестот ќе прикаже една или две обоени линии што укажуваат на позитивен резултат. За разлика од ELISA, овие тестови произведуваат само бинарен „да“ или „не“ резултат.

Два основни типа на антитела кои се подложени на проценка за скоро секој вид инфекција се IgM и IgG.

Прво антитело што се крева е IgM. Брзо се крева по почетокот на инфекцијата и обично е знак на акутна или тековна инфекција. Нивото на IgM се намалува брзо откако инфекцијата се реши. FDA признава дека не знаат колку долго IgM останува присутно за САРС-КоВ-2 додека инфекцијата се расчисти.

Толкувањето на антителото IgG е специфично. Ова антитело е показател за инфекција од минатото. Тестот честопати не е доволно специфичен за да се утврди дали вирусот САРС-КоВ-2 е причина за инфекција во минатото или една од четирите вообичаени корона вируси кои предизвикуваат заболувања слични на грип.

Негативни или позитивни серолошки тестови, што значат според FDA и CDC ?

FDA вели:

„Бидејќи серолошкото тестирање може да даде негативен резултат, дури и ако пациентот е активно заразен (на пр., телото сè уште не развило одговор на вирусот) или можеби е лажно позитивно (на пр., ако антителото укажува на инфекција во минатото од различен корона вирус) – овој вид на тестирање не треба да се користи за дијагностицирање на акутна или активна инфекција со COVID-19“.

Слично на тоа, CDC го кажува следново во врска со тестирање на антитела:

„Ако тестот е позитивен:

-Позитивен резултат од тестот покажува дека имате антитела како резултат на инфекција со САРС-КоВ-2, евентуално сличен корона вирус.

Не е јасно дали тие антитела можат да обезбедат заштита (имунитет) од повторни инфекции. Ова значи дека во моментов не знаеме дали антителата на САРС-КоВ-2 ве прават имуни на САРС-КоВ-2.

Ако немате симптоми, веројатно немате активна инфекција и не е потребно дополнително следење.

-Можно е да имате тест позитивен за антитела иако можеби немате, или некогаш сте имале, симптоми на КОВИД-19. Ова е познато како асимптоматска инфекција [т.е. имате здрав имунолошки систем кој го елиминирал вирусот без да доживеете болест.]

Тестот за антитела не може да каже дали сте моментално болни со COVID-19“.

Ако тестот е негативен:

Ако тестот со антитела е негативен, веројатно сте немате претходна инфекција. Сепак, може да имате тековна инфекција бидејќи антителата не се појавуваат 1 до 3 недели по инфекцијата.
На некои луѓе може да им треба уште подолго време за да развијат антитела, а некои луѓе може воопшто да не развијат антитела.

Тестот за антитела не може да каже дали сте моментално болни со COVID-19“.

Што? Чекајте!

Зар индустријата за вакцини не го нарекува IgG „заштитно антитело“?

Зарем ова не е маркерот според кој се проценува откако имате инфекција со, на пример, морбили или варичела или заушки, да се утврди дали сте имуни од идните инфекции?

Зар не е тоа маркерот на индуциран имунитет што се обидуваат да го постигнат со примена на вакцина?

Ако FDA не знае дали IgG антитело на САРС-КоВ-2 по закрепнувањето од инфекцијата е заштита од идна инфекција, тогаш тие сигурно не знаат дали антитело предизвикано од вакцина ќе спречи инфекција.

Зарем ова не ја елиминира целосно теоријата дека антителата овозможуваат заштита и антитела од вакцини се неопходни за да спречи да се разболите?

Што всушност бараат тие?

Ако сте асимптоматски пациент, дали тестот треба да ви биде позитивен – велејќи дека сте изложени и сте закрепнале?

Или вашиот тест треба да биде негативен, значи дека сте здрави?

Или, дали е целосно негативен тест – негативен тест RT-PCR и нема антитело IgG – значи дека сте подложни на инфекција и треба да останете во карантин?

Вирусот брзо мутира, што е прилично типично за РНК вирусите. Во студијата објавена во април 2020 година, истражувачите откриле дека новиот корона вирус веќе мутирал во најмалку 30 различни генетски варијации. Доколку вашиот тест RT-PCR е позитивен, дали ова идентификува изложеност на оригиналниот пандемски вирус, или сте биле изложени на некоја од генетските варијации?

Истото може да се каже и за вакцините што се во развој: Со секоја мутација, дали вакцината е со поголема веројатност да има ризик и нема корист кога ќе стигне на пазарот?

Но, што велат официјалните институции за точноста на PCR тестовите

Бидејќи бројот на случаи е заснован на резултатите од овие тестови (или без воопшто да бидат направени тестови), целиот „пандемски ефект“ е создаден на основа на лажна наука.

Пропагандата кажува дека, имаме одличен дијагностички тест за вирусот кој испорачува секакви резултати кои кажуваат дали некое лице е заболено. Милиони заболени лица!!!

Но, тестот навистина не го мери тоа, туку ја гради сликата за глобалната пандемија. Изговор за да се заклучи планетата и да се уништат економиите и животот.

Бидејќи најраспростраенет тест за вирусот COVID-19 е PCR, да погледнеме што кажува официјалната објавена литература и да видиме што ќе откриеме.

Предупредување: признаените дупки и недостатоци на тестот се вознемирувачки!

Од извештајот на Центарот за контрола и превенција за болести ЦКБ: CDC 2019-Novel Coronavirus (2019-nCoV) Real-Time RT-PCR Diagnostic Panel“:


„Откривање на вирусна РНК не може да укаже на постоење на заразен вирус или дека 2019-nCoV е предизвикувачкиот агенс за клинички симптоми“.

Ова значи дека позитивниот тест не гарантира дека вирусот КОВИД воопшто предизвикува инфекција и дека истиот можеби воопшто не е во телото на пациентот.

Од Светската здравствена организација (СЗО): „Coronavirus disease (COVID-19) technical guidance: Laboratory testing for 2019-nCoV in humans“:

„Неколку испитувања за откривање на 2019-nCoV беа и во моментов сѐ уште се во фаза на развој, како внатрешно, така и на комерцијално ниво. Некои испитувања можат да го откријат само новиот вирус (КОВИД), а некои може да детектираат и други видови (на пр. САРС-КоВ) кои се генетски слични”.

Ова значи дека некои PCR тестови резултираат позитивни за типови на корона вируси кои немаат никаква врска со КОВИД – вклучително и обични познати корони што не предизвикуваат ништо повеќе од настинка.

Документот на СЗО го додава и следното:

„Ограничувања за употреба на протоколот: Клиничките примероци кои се земаат предвид за тестирање, сè уште не се валидирани“.

СЗО сè уште нема информација за тоа кои примероци од ткивото треба да се земат од пациентот, за да може тестот да биде валиден!

Од Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA): „LabCorp COVID-19RT-PCR test EUA Summary: ACCELERATED EMERGENCY USE AUTHORIZATION (EUA) SUMMARYCOVID-19 RT-PCR TEST (LABORATORY CORPORATION OF AMERICA)“:

„… SARS-CoV-2RNA (КОВИД вирусот) генерално може да се открие кај примероци од респираторниот систем за време на акутната фаза на инфекцијата. Позитивните резултати се индикативни за присуството на SARS-CoV-2 RNA; клиничка корелација со историјата на пациентот и други дијагностички информации се неопходни за да се утврди статусот на инфекција на пациентот… Агентот што е откриен може да не биде дефинитивна причина за болеста. Лабораториите во Соединетите држави и нејзините територии се обврзани да ги пријават сите позитивни резултати до соодветните јавни здравствени власти“.

Значи, од една страна, тврдат дека тестот може „генерално“ да открие присуство на вирусот КОВИД кај пациент. Но, признаваат дека „откриениот агент“ на тестот, кој се однесува на КОВИД, „можеби не е дефинитивна причина за заболување“. Исто така, признаваат дека, освен ако пациентот нема акутна инфекција, не можат да најдат КОВИД. Затоа, идејата за „асимптоматски пациенти“ потврдена со тестот е глупост. И покрај тоа што позитивниот тест за КОВИД може да не ја означи вистинската причина за заболување, сите позитивни тестови мора да бидат пријавени – и тие ќе бидат сметани како „случаи на КОВИД“.

Од производителот на комплети за PCR тестови, Креативна дијагностика (Creative Diagnostics), „SARS-CoV-2 Coronavirus Multiplex RT-qPCR Kit“:

„Регулаторна состојба: Само за истражувања, а не за употреба во дијагностички процедури“.

Со ова кажуваат дека резултатот од тестот не треба да се користи како изолиран показател за целите на дијагностицирање инфекција или болест.

КАРАКТЕРИСТИКИ: Неспецифична интеракција на вирусот на грип од тип А (N1H1), вирусот на грип од тип Б (Yamagata), респираторниот синцијален вирус (тип Б), респираторниот аденовирус (тип 3, тип 7), параинфлуенца вирусот (тип 2), микоплазма пневмонијата, кламидија пневмонијата, итн.“

Значи дека иако оваа компанија наведува дека тестот може да открие КОВИД, таа исто така наведува дека тестот може да резултира со грешно позитивен резултат доколку пациентот има еден од многуте други нерелевантни вируси во своето тело. Тогаш, што докажува тестот? Кој би знаел? Фрлете паричка за да дознаете.

„ПРИМЕНА: Квалитативна“

Ова јасно значи дека тестот не е соодветен за да одговори колкава е концентрацијата на вирусот во телото на пациентот. Што значи ова признание?


„… Дијагностичкиот резултат добиен од овој производ е само за клиничко референцирање и не треба да се користи како единствен доказ за клиничко дијагностицирање и третман. Клиничкото управување со пациенти треба да се разгледа во комбинација со нивните симптоми/знаци, историјата на пациентот, други лабораториски тестови и реакции од претходни третмани. Позитивните резултати не треба директно да се користат како доказ за клиничка дијагноза и служат само за упатување на клиничарите“.

Со ова јасно се кажува дека тестот не смее да се користи како ексклузивна основа за дијагностицирање на лице со КОВИД. А сепак, ова е токму она што го прават здравствените власти низ целиот свет. Сите позитивни тестови мора да бидат пријавени до владините агенции и истите се сметаат за случаи на КОВИД.

Само овие цитати, од официјални извори, ја оспоруваат целата „научна“ основа за тестовите.

Дополнително: тестот никогаш не бил проверен како инструмент за откривање на болести. Дури и да претпоставиме дека може да открие присуство на вирусот КОВИД кај пациент, не покажува колкава е концентрацијата на вирусот во телото. А тоа е клучно, затоа што за да можат да започнат да зборуваат за вистинска болест во реалниот свет, а не во лабораторија, пациентот треба да има милиони и милиони вируси кои активно се реплицираат во своето тело.

Поддржувачите на тестот тврдат дека може да ја измери концентрацијата на вирусот во организмот. Одговорот на ова би бил: Докажете! Докажете на начин како што требаше да се докаже пред неколку децении – но никогаш не беше.

Земете петстотини луѓе и земете примероци на ткивата од нив. Луѓето кои земаат примероци НЕ го прават тестот. Тестирачите никогаш нема да знаат кои се пациентите и во каква состојба се наоѓаат.

Тестирачите го спроведуваат PCR тестот врз примероците на ткивата. Во секој одделен случај, тие кажуваат кој вирус го пронашле и колкава е неговата концентрација.

„Добро, кај пациенти 24, 46, 65, 76, 87 и 93 откривме многу вирус“.
Сега ние ги откриваме тие пациенти. Сите треба да бидат болни, затоа што имаат толку многу вируси кои се реплицираат во нивните тела. Дали се болни? Дали трчаат маратони? Ајде да дознаеме.
Ова очигледно проверување, контрола на тестот никогаш не било спроведено. Тоа е огромен скандал. Каде се контролните резултати од тестот кај 500 пациенти, илјада пациенти? Никаде!

Тестот е неиспитана измама.

Значи серолошките тестови честопати не се доволно специфични за да се утврди дали вирусот САРС-КоВ-2 е причина за инфекција во минатото или е една од четирите вообичаени корона вируси кои предизвикуваат заболувања слични на грип! Не можат да одредат дали во моментот има активна инфекција со САРС-КоВ-2!

PCR тестовите НЕ служат за дијагностика!


Тогаш зошто секојдневно се бројат позитивни тестови за КОВИД 19? На што се базира ова светско заклучување, манипулирање со броевите на „активните“ и смртните случаи, секојдневната репресија и психичко дотепување? На релевантни тестови – сигурно НЕ!

Референци:

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/5000-besplatni-testovi-za-kovid-19-vo-laboratoriite-na-avicena

https://tocka.com.mk/vesti/342624/bez-zakazuvanje-vo-avicena-laboratorija-dostapni-2-razlicni-tipa-na-testovi-za-kovid-19
https://acibademsistina.mk/vo-adhibadem-sistina-tri-vida-testovi-za-kovid-19-paket-od-dva-testa-za-4-000-denari/

https://vaxxter.com/covid19-testing-what-are-we-doing-what-does-it-mean/

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31607599

https://www.sciencedaily.com/releases/2020/05/200526173832.htm

https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/lab/resources/antibody-tests-guidelines.html?fbclid=IwAR2FWKSSINC7SsiIK0kTKhsHCQDFIpzBSFbBIH1oDD0c1TceQkM7Gihe0q8

https://www.fda.gov/media/134922/download

https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/technical-guidance/laboratory-guidance

https://www.fda.gov/media/136151/download

https://www.creative-diagnostics.com/sars-cov-2-coronavirus-multiplex-rt-qpcr-kit-277854-457.htm

https://www.greenmedinfo.com/blog/was-covid-19-test-meant-detect-virus?fbclid=IwAR2D-U1n5IxGHB6YoEJdoIZS6Nfs0qw8H4Vssp9HPnGT_YW2_TvqCTUq0EU

https://blog.nomorefakenews.com/2020/04/08/corona-creating-illusion-of-pandemic-through-diagnostic-test/?fbclid=IwAR1R84uDf513Lntgv63k0FgkZ32e_rknUd_tefEJzQidth7y7VyO2SJItqA