Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Зошто Луѓето Одлучуваат Да Не Вакцинираат?

Пред кратко време ме контактираше една водителка од една телевизиска куќа и ме праша дали би одговорил на неколку прашања за еден прилог на кој таа работела а во врска со вакцините, конкретно за малите сипаници. Еве ги моите одговори:

-Зошто некој би одбрал да не вакцинира?

Некои родители одбираат да не вакцинираат поради тоа што имале лично лошо искуство со кое се убедиле дека вакцините се опасни. Други луѓе прочитале рецензирани студии кои ги покажуваат недостатоците за безбедноста на вакцините и одлучиле дека ризиците се поголеми од придобивките на истите. На пример, бројни студии ја имаат потврдено поврзаноста на вакцините со канцерот. Децата на кои им е дозволено да се заразат со морбили по природен пат се значително позаштитени од повеќе типови на рак подоцна во животот. Всушност, вирусот на морбили од див тип има онколитички (анти-канцер) својства. Регресии на тумори после заразување со вирусот на морбилите се многу добро документирани во медицинската литература.

На децата кои се обврзани да се вакцинираат против морбили, оваа природна заштита од тумор им е скратена за цел живот. Нив им е наметнато да го заменат намалениот ризик да се заразат со морбили за зголемен ризик да се разболат од рак подоцна во детството или како возрасни.

Ќе набројам само неколку студии кои ја потврдуваат врската помеѓу вакцините и туморите:

Albonico et al најдоа дека возрасните се прилично позаштитени од сите видови на тумори (освен оној на дојката) на гениталиите, простата, гастро-интестиналниот тумор, на кожа, плуќа, уво-нос-грло и други, доколку се заразат со морбили (коефициент на шанса OR = 0.45), рубеола (OR = 0.38) или варичела (OR = 0.62)  порано во животот. [Med Hypotheses 1998; 51(4): 315-20].

Montella et al докажаа дека заразувањето со морбили во детство го намалува ризикот за развој на тумор на лимфните јазли на возрасни години. [Leuk Res 2006; 30(8): 917-22].

Alexander et al покажаа дека инфекцијата од морбили во детство игра значајна улога во заштита од – го намалува ризикот на пола –  Хоџкинсова болест (Hodgkin’s disease) (OR = 0.53) [Br J Cancer 2000; 82(5): 1117-21].

Glaser et al исто така докажаа дека шансите возрасна личност да се разболи од тумор на лимфните јазли се значително повисоки кај оние што немаат прележано морбили, заушки и рубеола како деца. [In J Cancer 2005; 115(4): 599-605].

Gilham et al покажаа дека новороденчињата со најмала изложеност на вообичаени инфекции имаат најголем ризик да заболат од леукемија во детство [BMJ 2005; 330: 1294].

Urayama et al исто така докажаа дека рана изложеност на инфекции делува заштитно против леукемија [Int J Cancer 2011; 128(7): 1632-43].

Во светот на науката, мошне е добро познато дека инфекциите кои се добиваат рано во детството штитат од повеќе типови на тумори подоцна во животот. Подоцна родените деца имаат поретко тумори од прво-родените затоа што се изложени на повеќе инфекции во раната фаза од животот за разлика од нивните браќа/сестри. Децата кои одат во градинка порано, се позаштитени од канцер од истата причина. Вакцините им оневозможија на бебињата природно да се заразуваат, и со ова намалување на изложеност на болести се случи компромис – зачестени стапки на тумор.

Со право луѓето може да дебатират на таа тема дали намалувњето на болестите во замена за зголемување на туморите е добра работа или не, но тој компромис е реалност која мора да се земе предвид кога се вага искрениот сооднос ризици-придобивки на вакцините. Родителите имаат право да ги имаат овие информации како би дале вистинска информирана согласност, би останале слободни да изберат дали ќе го вакцинираат своето дете или не и да им бидат заштитени основните човекови права.

-Кои се грижите?

Во САД и Канада докторите препорачуваат вакцини на 2, 4 и 6 месечна возраст. Овие вакцини се тестирани посебно, но не и во комбинација заедно. Никаде во светот не се спроведени студии кои ќе обезбедат доволно научни докази дека новороденчињата не се изложени на синергетска токсичност од истовременото аплицирање на 8 лекови. Всушност, постојат докази за спротивното. Колку повеќе вакцини бебињата примаат одеднаш, толку е поголем ризикот тие да бидат хоспитализирани или да починат. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22531966.

Многумина имаат изгубено доверба во организациите кои се одговорни за да ја надгледуваат безбедноста на вакцините. На пример, пред 15 години CDC спроведе студија која ја потврди врската помеѓу тимеросалот (живата) во вакцините и аутизмот. Kaj новороденчињата кои примаа вакцини со највисоки количини на тимеросал беше скоро 8 пати поверојатно да се појави аутизам отколку кај децата кои примаа вакцини без тимеросал (RR = 7.6). Наместо да ја објават ова студија, CDC ја поништи. Еве го абстрактот од таа студија: http://thinktwice.com/CDC_quashedбезбедносни _study.pdf Други истражувања нудат додатни докази за злоупотреба на службена должност во однос на некои добро-објавени студии кои наводно покажуваат дека не постои врска помеѓу вакцините и некои посериозни опасности по безбедноста.  На пример: http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4065774.

Исто така, многу луѓе кои не вакцинираат се свесни дека кога ќе ги купат вакцините, дел од тие пари одат во Конгресниот Фонд кој им исплаќа оштета на родителите чии деца се оштетени од вакцини или пак починале од истите. Владата на САД преку Националната Програма за Компензација при Повреда од Вакцина веќе има исплатено 3 билиони долари на илјадници родители чии деца се оштетени од вакцини или пак починале од истите:  http://www.hrsa.gov/vaccinecompensation/index.html. Оваа информација е фактор кој им придонесува во нивната лична калкулација на компромисот помеѓу ризиците и придобивките на вакцините.

Понатаму, поучно е да се забележи дека во САД имало 5078 несакани реакции од МРП вaкцинта за кои се известени ВАЕРС (VAERS = Vaccine Adverse Event Reporting System) во текот на 2011 и 2012 година. Тука се вклучени и 20 смртни случаи. Во последните 12 години во САД нема смртен случај од самиот вирус на морбили.

Што се онесува до МРП вакцината, губењето на анти-туморалната заштита е само еден од компромисите. На пример, неколку студии имаат покажано дека кај децата кои се вакцинираат со МРП значително е зголемен ризикот да заболат од идиопатска тромбоцитопенија пурпура (idiopathic thrombocytopenia purpura – ITP), сериозна автоимуна болест со крварење. Во една студија, кај децата што ја примија МРП вакцината, 6 пати поголема беше веројатноста да добијат ИТП во период од 6 недели по боцкањето, во споредба со невакцинираните деца или поодамна вакцинирани со МРП (релативен ризик РР=6.3) [Black et al. Br J Clin Pharmacol 2003 Jan; 55(1): 107 11.]. Неколку други студии потврдуваат сличен резултат. Други обемни истражувања покажуваат дека кај децата што примаат МРП вакцина статистички е значително поголем ризикот да бидат хоспитализирани на итна служба 1 до 2 недели после вакцинацијата отколку 20 до 28 дена подоцна.

-Кој е подобриот начин да се заштитите себе и децата од одредени болести и вируси?

Имунитетот предизвикан од вакцината е времен за разлика од имунитетот стекнат по природен пат со прележување на болеста. Исто, неодамнешна студија потврди дека морбилите се пренесуваат од целосно вакцинирани на други целосно вакцинирани луѓе. [Clin Infect Dis 2014 May; 58(9): 1205-10]. Неодамнешната епидемија на морбили во Дизниленд се случи кај вакцинирани и невакцинирани луѓе. Во некои случаи на епидемија на морбили најголемиот број на заразени се целосно вакцинирани. Значи имунитетот добиен од вакцина е мошне несигурен.

Во сите епидемии на морбили враќајќи се до 1980-те, без разлика дали биле помали (како во Дизниленд околу 100 заразени) или помасовни од неколку илјади случаи, помеѓу 10% и 99% од сите случаи беа кај целосно вакцинирани луѓе – ги имаат примено препорачаните 2 дози МРП. Денес, 90% до 95% од сите деца во САД и Канада кои се подобни да ја примат МРП вакцината, ја примаат. Сепак, властите ни кажуваат дека за да се спречи ширењето на заразата треба да се вакцинира и тој мал остаток. Па, според ова размислување, мора да се невакцинираните клучната причина дали вакцинираните ќе останат заштитени или не!

Една од причините зошто вакцините се неуспешни, како што неодамнешни истражувања покажуваат, е поради тоа што дивиот вирус треба да е порaспространет за да го поттикне имунитетот предизвикан од вакцината. Заштитните антитела се губат побрзо кога не се повремено предизвикувани од слободно-циркулирачкиот вирус. Ова се случи со варичела вирусот (крупната сипаница). Студиите покажуваат дека намалувањето на циркулирање на природниот варичела вирус поради високите стапки на вакцинација, предизвика епидемија на херпес зостер што ќе трае следните 50 години. Повозрасните особено, зависат од овие периодични егзогени поттикнувања на нивниот имунитет (кога излегуваат надвор) со цел да спречат појава на хепрес зостер. Вакцината за варичела ги намали случаите на крупна сипаница, но циркулирачките случаи всушност обезбедија поголема функција.

Здравствените власти треба да престанат да ги обвинуваат невакцинираните луѓе дека се тие предизвикувачи на епидемии кога дизајнот на самите вакцини е вистинскиот проблем. Научниците треба да се вратат во своите лаборатории и да направат вакцина која нема да биде неуспешна кога вакцинираните ќе дојдат во контакт со болеста. Таа вакцина тогаш ќе може да им се даде на оние кои навистина ја сакаат, а малиот процент на оние што не сакаат да вакцинираат ќе си ги задржат своите човекови права. Ние исто така треба да ги поттикнеме научниците да направат вакцини специфични за луѓе со нарушен имун систем. За оваа идеја има преседан.  

Вакцината за варичела првично беше дизајнирана од производителот за луѓе со леукемија и слаб имунитет, така што би требало да е можно научниците да направат вакцина за морбили специфично за луѓе со слаб имунитет. Сепак, призводителот на вакцината за варичела побара поширок пазар за неговиот производ и ја притисна да биде употребувана и на луѓе со нормален имунитет. Уделот на пазарот е многу поголем кога вакцината се употребува кај сите здрави деца отколку кај помала група на имуно-компромитирани деца, особено со ваков налагачки пазар – па каков поттик имаат здравствените власти и производителите на вакцини кога е полесно да се употреби сила и да се принудат на вакцинирање сите деца, а да се исмејуваат невакцинираните?

Исто така е неетички да се принудат невакцинираните луѓе да го ризикуваат сопственото здравје во обид да се заштитат луѓето со слаб имун систем. Неколку студии докажале дека вакцините го имаат зголемено ризикот на автоимуни болести. Значи, вакцините предизвикаа некои луѓе да имаат компромитиран имунитет и сега на здравите невакцинирани луѓе им се наложува да ги примат истите тие вакцини како би ги заштитиле оние со оштетен од вакцина имунитет.

Многу луѓе што не вакцинираат го паметат времето пред воведувањето на вакцината за морбили кога докторите всушност препорачуваа децата да се мешаат со други заразени деца. Докторите знаеја дека ситната сипаница го стимулира имуниот систем и е вообичаено сосема бенигна болест кога ќе се прележи во детство. Новороденчињата ретко се разболуваа од морбили бидејќи нивните мајки природно биле инфицирани со вирусот кога самите тие биле деца и ги пренесувале своите антитела на бебињата во матката што ги штити до нивна 15-месечна возраст. Денес, повеќето мајки се вакцинирани со МРП вакцина и немаат мајчини антитела да им пренесат на своите бебиња, па затоа новороденчињата се поподложни на болеста, што може да биде со потешки последици отколку кога би се фатила подоцна во детството. (Морбилите се поопасна болест во земјите во развој каде мајките и нивните бебиња имаат лоша исхрана и дефицитарни со витамин А)

Во САД епидемијата од 100 заразени во Дизниленд и уште неколку други случаи расфрлани низ целата земја, е минорна во популација од 324 милиони луѓе. Производителот на вакцината е во моментов под истрага за научна лага поврзана со неговата МРП вакцината. Нели изгледа иронично што цела нација ја вознемирија со еден паничен страв за 100 случаи на морбили кога МРП вакцината е под правна истрага? 

-Дали сте загрижени да не се разболите?

Некои болести дефинитивно позагрижувачки од други. Секако дека би сакал да ги видам сите луѓе на светот здрави, но не верувам дека присилната вакцинација е решението. Премногу луѓе се оштетени од вакцини. Вистинскиот однос ризик – придобивка многу е потценет и негиран од здравствените власти чија главна цел е задржување на висок процент на вакцинирани деца. Пред неколку дена нашиот локален весник го цитираше педијатарот кој изјави дека „не постои научен доказ дека вакцините се штетни за децата”. Тоа е гола лага. Јас лично имам прочитано стотици студии кои покажуваат штетни ефекти поврзани со вакцините. Кога на родителите нема да им ги дадете овие информации, тие не можат да дадат вистинска информирана согласност и нивните човекови права се нарушени.

-Што им велите на оние кои го критикуваат вашиот избор?

Здравствените власти имаат направено се во нивна моќ да ги малтретираат и засрамат оние што не вакцинираат. Тие поттикнуваат страв и непријателство кон семејствата што одбиваат да вакцинираат и нивната лутина погрешно се насочува кон овие луѓе.  Секој поединец има одговорност да го одбере она што мисли дека е најдобро за своето семејство, без разлика на она што другите мислат. И едните (што вакцинираат) и другите (што не вакцинираат) мислат дека го прават најдоброто за своите деца. Но, треба да се напомене дека најмалку 10 различни студии имаат потврдено дека родителите кои не вакцинираат се значително поедуцирани на оваа тема за разлика од оние што се придржуваат до вакциналниот распоред.

Луѓето што се заложуваат сите деца да бидат вакцинирани, а да се укинат ослободителните околности за оние што не сакаат да вакцинираат, можеби се следни во редот. Што ако не сакате да примите некоја нова вакцина за возрасни што излегува на пазарот за некоја година, но мора да ја примите за да ја задржите работата или осигурувањето или пак да си пазарите слободно во јавните места? Зарем навистина сакаме да живееме во држава или свет во кој не смееме да одбиеме медицинска интервенција со документирани ризици по здравјето? Дали навистина сакаме медицинската индустрија и фармацевтските компании да диктираат кои лекови мора да ни бидат вбризгани во нашите тела? Вокалните застапници против информирана согласност и правото да се одбие вакцинирање на нашите деца, можеби ненамерно ги повикуваат притаените медицински тирани против децата и возрасните. Премногу ревносните про-ваксери мора да бидат повнимателни околу она како ја замислуваат иднината на нашето општество или може да дојде време, наскоро, кога никој од нас нема да може слободно да прифати или одбие здравствена интервенција која не е поддржана од нашите врвни здравствени работници барајќи комплетна послушност кон нивниот авторитет.

Извор

Автор: Нил З. Милер

Нил З. Милер е новинар кој истражува во областа на медицината и автор на повеќе книги, меѓу кои: Прирачник за Безбедноста на Вакцините за Загрижени Семејства и Здравствени Работници, Милеров Преглед на Критични Студии за Вакцините и Вакцините – Дали се Навистина Безбедни и Ефикасни?. (Vaccine Safety Manual for Concerned Families and Health Practitioners, Miller’s Review of Critical Vaccine Studies: 400 Important Scientific Papers Summarized for Parents and Researchers,Vaccines Are They Really Safe and Effective?)