Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Студија: Вакцинираните луѓе може да играат клучна улога во еволуцијата на поопасни варијанти на КОВИД

Според истражувањето објавено неодамна во Scientific Reports, најголем ризик за воспоставување вирус отпорен на вакцина се јавува кога голем дел од населението е веќе вакцинирано, но преносот не е контролиран, пренесеChildren’s Health Defense.


Истражувањето објавено минатата недела во Scientific Reports заклучува дека вакцинираните луѓе може да играат клучна улога во развој на САРС-КоВ-2 варијанти кои ќе можат да ги избегнат постојните вакцини против КОВИД.

Истражувачите идентификуваа три специфични фактори на ризик кои го фаворизираат појавувањето и ширењето на сој отпорен на вакцина. Тие се: голема веројатност за иницијална појава на отпорен сој; голем број заразени лица и ниска стапка на вакцинација.

Сепак, анализата исто така покажа дека најголем ризик за појавување на отпорен вид се јавува кога голем дел од населението е веќе вакцинирано, но преносот не е контролиран. Виролозите имаат име за варијации на вирус што се протнуваат преку имунолошката одбрана предизвикана од вакцини или болести. Тие се нарекуваат „ мутанти кои го заобиколуваат имунолошкиот одговор“ (escape mutants).

„Кога повеќето луѓе се вакцинираат, видот отпорен на вакцина има предност во однос на првобитниот вид“, рече Симон Рела од Институтот за наука и технологија од Австрија, за Си-Ен-Ен.

„Ова значи дека вирусот отпорен на вакцина се шири низ населението побрзо во време кога повеќето луѓе се вакцинирани“, потенцираше Рела, кој работеше на студијата.

Податоците се во согласност со студијата објавена минатата недела од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, која покажа дека вакцинираните луѓе можат да ја пренесат делта варијантата исто толку лесно како и невакцинираните.

Тимот научници кои ги објавија податоците во Scientific Reports рекоа дека нивните наоди го следат она што е познато како селективен притисок – силата што го тера секој организам да се развива и еволуира.

„Општо земено, колку повеќе луѓе се заразени, толку повеќе шанси да се појави отпорност на вакцина“, рече Фјодор Кондрашов од Институтот за наука и технологија Австрија.

„Значи, колку повеќе делта е заразна, толку повеќе е причина за загриженост“, рече Кондрашов. „Со тоа што ќе ги вакцинирате сите, мутант отпорен на вакцина всушност добива селективна предност“.

Експертите предупредуваа со месеци дека вакцините можат да предизвикаат поопасни варијанти на КОВИД

Врз основа на научните докази, наративот дека невакцинираните луѓе се вирусни фабрики за поопасни варијанти е лажен, според д -р Џозеф Меркола.

Меркола, лекар и бестселер автор, рече дека исто како што антибиотиците создаваат отпорност кај бактериите, вакцините вршат еволутивен притисок врз вирусите за да ги забрзаат мутациите и да создадат повеќе вирулентни и опасни варијанти.

Меркола објасни: „Вирусите мутираат постојано и ако имате вакцина што не ја блокира инфекцијата целосно, тогаш вирусот ќе мутира за да го избегне имунолошкиот одговор кај таа личност. Тоа е една од карактеристики на вакцините против КОВИД – тие не се дизајнирани да ја блокираат инфекцијата. Тие дозволуваат да се појави инфекција и во најдобар случај ги намалуваат симптомите на таа инфекција“.

„Кај невакцинирано лице, вирусот не наидува на ист еволутивен притисок да мутира во нешто посилно“.

„Значи, ако САРС-КоВ-2 навистина мутира во повеќе смртоносни видови, тогаш масовната вакцинација е најверојатниот двигател“, додаде тој.

Според д -р Роб Веркерк, основач, научен и извршен директор на Алијансата за меѓународно здравје, варијантите можат да станат повеќе вирулентни и преносливи, а исто така да вклучуваат имунолошки (или вакцинални) мутации ако продолжиме со неблагодарна работа – развивајќи нови вакцини за да го надмудрат вирусот.

Веркерк додаде дека „ако ги ставиме сите јајца“ во кошницата со вакцини што го таргетираат самиот дел од вирусот што е подложен на мутација, ние вршиме селективен притисок врз вирусот што го фаворизира развојот на варијанти кои можат да го избегнат имунолошкиот одговор.

Научниците и развивачите на вакцини се обидуваат да ги надминат овие вирусни варијанти, но нема гаранција за исходите. Тоа е експеримент во кој огромен број граѓани станаа ненамерни учесници, објасни Веркерк.

Во март, д -р Герт Ванден Боше, вакцинолог кој работеше со GSK Biologicals, Novartis Vaccines, Solvay Biologicals, тимот на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за глобално здравје во Сиетл и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација во Женева, упати повик до Светска здравствена организација-поддржана од документ на 12 страници што го опишува „неконтролираното чудовиште“ што ќе го создаде глобалната масовна вакцинација.

Ванден Боше рече: „Нема сомнеж дека продолжените кампањи за масовна вакцинација ќе овозможат нови, поинфективни вирусни варијанти да станат сѐ повеќе доминантни и на крајот да резултираат со драматичен наклон во новите случаи и покрај зголемените стапки на покривање со вакцините. Нема сомнеж ниту дека оваа ситуација наскоро ќе доведе до целосен отпор на циркулирачките варијанти на сегашните вакцини“.

Дел од интервју на д-р Герт Ванден Боше пренесе и Дел Бигтри во неговата емисија „The HighWire”.

The Defender објави на 26 март дека комбинацијата на заклучувања и екстремен притисок за селекција на вирусот предизвикан од интензивната глобална програма за масовна вакцинација може да го намали бројот на случаи, хоспитализации и смртни случаи на краток рок, но на крајот, ќе предизвика создавање на повеќе мутанти.

Ова е резултат на она што Ванден Боше го нарекува „имунолошко бегство“ (т.е. нецелосна стерилизација на вирусот од човечкиот имунолошки систем, дури и по администрација на вакцина). Ова ќе ги поттикне компаниите за вакцини дополнително да ги рафинираат вакцините што ќе го зголемат, а нема да го намалат притисокот за селекција, произведувајќи сѐ повеќе преносливи и потенцијално смртоносни варијанти.

Притисокот за селекција ќе предизвика поголема конвергенција во мутациите што влијаат на критичниот шилест (spike) протеин на вирусот, кој е одговорен за пробивање на мукозните површини на нашите дишни патишта, трасата што ја користи вирусот за да навлезе во човечкото тело, тврди Ванден Боше. Вирусот ефикасно ќе ги надмине високо специфичните вакцини базирани на антигени што се користат и менуваат, зависно од циркулирачките варијанти. Ова може да доведе до зголемување на сериозни и потенцијално смртоносни случаи – всушност, пандемија надвор од контрола.

„Ќе платиме огромна цена за ова. И станувам емотивен затоа што мислам на моите деца, на помладата генерација. Мислам, едноставно е невозможно тоа што го правиме. Не ја разбираме пандемијата“, рече Ванден Боше.

Извор:
Children’s Health Defense